Косовски Црногорци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Црногорците се Јужно Словенски луѓе од Црна Гора. Тие формираат етничко малцинство во Косово, провинција со нерешен статус де јуре во составот на Република Србија.

Црногорците беа прво населени во општините Пеќ, Приштина, Косовска Митровица, Исток, Дечани и Ѓаковица, до 1961 година. Во периодот од 1961 до 1981ва година, Црногорците исчезнаа од 243 места, кои, комбинирано со 760 места кои немаа Црногорски жители до 1961ва, дава вкупно 1,003 места без ниту еден Црногорец. Поради конфликтите и етнички доминантните Албанци, повеќето Црногорци се одселија од Косово во Црна Гора или во Република Србија

Во Декември 2008, Република Косово официјално го призна Црногорското малцинство во Косово.[1][2][3]

Историја[уреди]

Наводи за дискриминација од Албанците[уреди]

Во текот на албанските демонстрации во Косово, црногорците заедно со србите беа наводно цел на напад, посебно во регионите каде беа помалку, а албанците повеќе. Одговарајќи во анкета презентирана од САНУ, еден граѓанин изјавил, "Односите во местото беа лоши. Младите Албанци почнаа да бидат етнички настроени и да носат националистички симболи, плукајќи кон србите и црногорците, тепајќи ги српските и црногорските деца, заканувајќи се, и напаѓајќи со ножеви". Еден Косовско Црногорски возач на автобуси кажа " Еднаш возев Албанец во автобусот до неговата куќа, далеку од главната автобуска линија. Ако кажеш Не, тие само ќе го земат пиштолот и ќе речат: Оди си во Црна Гора, оди си од кај што дојде, ќе ти ги убиеме децата ако престанеш да почитуваш"

Жените од српските и црногорските фамилии кои беа анкетирани се жалеа дека страдале од навреда и физички напади, посебно кога одеа надвор без машки придружувач, дури и во поголемите градови. Според многуте Косовари, српските и црногорските девојчиња не беа безбедни на училиште. Поради опасностите кои ги следеше на патот до и од училиште, и во самото училиште, многу девојчиња престанале да посетуваат настава.

Истотака имаше наводи за економска дискриминација, кадешто србите и црногорците биле бојкотирани или кадешто српските и црногорските купувачи биле навредувани или неферски третирани од страна на албанските продавачи. Српските и Црногорските жени и мажи се жалеа за дискриминирање на работа, со, еден пример, каде од Србите и Црногорците беше барано да знаат Албански јазик, додека Албанските вработени воопшто не беа тестирани за знаење на српскиот јазик. Црногорците и Србите истотака репортираа дека порано биле испратени во пензија или едноставно му ги затворале продавниците — посебно во областа на образованието, каде имаше наводи дека нивните сервиси се помалку потребни и ова резултираше со одселување на Србите и Црногорците од јужниот дел од Косово.

Демографија[уреди]

  • 1948 попис - 28,050 (3.9%)
  • 1953 попис - 31,343 (3.9%)
  • 1961 попис - 37,588 (3.9%)
  • 1971 попис - 31,555 (2.5%)
  • 1981 попис - 27,028 (1.7%)
  • 1991 попис - 20,365 (1%)
  • 1995 неофицијална пресметка - околу 7,000 (0.3%)

Видете исто така[уреди]

Референци[уреди]

  1. Crnogorci priznati na Kosovu“, „Radio Slobodna Evropa“, 21 декември 2008 (конс. 25 декември 2008).
  2. Kosovski Crnogorci“, „BRAND“, 24 декември 2008 (конс. 25 декември 2008).
  3. Crnogorci priznati na Kosovu“, „Radio Television of Montenegro“, 21 декември 2008 (конс. 25 декември 2008).