Корнишки јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Корнишки Cornish Kernewek, Kernowek, Curnoack |
||
|---|---|---|
| Зборуван во: | Јужна Англија | |
| Регион: | Корнул | |
| Вкупно зборувачи: | 3 500 | |
| Јазично семејство: | Келтски индоевропско Корнишки |
|
| Писмо: | Корнишка азбука | |
| Јазични кодови | ||
| ISO 639-1: | нема | |
| ISO 639-2: | — | |
| ISO 639-3: | — | |
Корнишкиот јазик (Kernowek, Kernewek или Curnoack) спаѓа во групата на келтските јазици од британската подгрупа на келтските јазици. Се до 18 век, овој јазик бил зборуван на полуостровот Корнул, Јужна Англија. Во моментот овој јазик не е во употреба, но се прават некои обиди за да може повторно да биде вратен во употреба. Така, во 2006 година, бројот на население кои го зборуваат корнишкиот јазик изнесувал 3 500, но сепак, овие луѓе го познавале само основите на овој јазик.

