Корисник:Kolibri~mkwiki

Од Википедија — слободната енциклопедија


Тејт е национален музеј на Обединетото Кралство на британска и модерна уметност и претставува мрежа од четири уметнички галерии во Англија: Тејт Британија (отворена 1897 и преименувана во 2000), Тејт Ливерпул (1988), Тејт Сент Ив (1993) и Тејт Модерн (2000), со дополнителна веб-страница, Тејт Онлајн (1998). Тоа е државен орган без одделенија.

Тејт се користи како оперативно име за правно тело кое беше основано со Законот за музеи и галерии од 1992 год. како Одбор на доверители на Тејт галеријата.

Галеријата беше основана во 1897 како Национална Галерија на Британската Уметност. Кога улогата му беше сменета вклучувајќи ја и модерната уметност, беше преименувана во Тејт Галерија по Хенри Тејт, кој ги постави основите за колекцијата. Тејт галеријата беше сместена во зграда на Милбанк, Лондон. Во 2000 год. ја подели својата колекцијата во четири музеи: Тејт Британија (сместена во првобитната зграда) прикажувајќи колекција на британска уметност од 1500 год. до денешен ден; Тејт Модерн која што исто така е во Лондон и во неа се наоѓа колекцијата на Тејт на британска и интернационална модерна и современа уметност од 1900 год. до денешен ден. Тејт Ливерпул што се наоѓа во Ливерпул ја има истата цел како и Тејт Модерн, но во помал размер и Тејт Сент Ив прикажува модерна и современа уметност од уметници кои се поврзани со областа. Сите четири музеи ја споделуваат колекцијата на Тејт. Еден од најпубликуваните уметнички настани на Тејт е годишната Награда Тарнер, која се оддржува во Тејт Британија.


Историја и развој[уреди | уреди извор]

Оригиналната Тејт галерија, сега преименувана во Тејт Британија

Првобитната уметничка галерија Тејт беше наречена Национална галерија на британската уметност и беше сместена на Милбанк,Пимлико , Лондон на страната на поранешниот затвор на Милбанк. Идејата за Национална Галерија на Британска Уметност за првпат беше предложена во 1820 год. од Сер Џон Лејчестер, Барон де Таблеј. Чекор напред беше направен кога Роберт Вернон ја даде неговата колекција на Националната галерија во 1847 год. Декада подоцна Џон Шипхенкс ја даде својата колекција на Музејот на јужен Кенсингтон ( подоцна Викторија и Алберт музеј ), со години познат како Национална Галерија на Уметноста (истото име кое што го имаше и галеријата Тејт). Четириесет години подоцна Сер Хенри Тејт кој беше магнат за шеќер и голем колекционер на уметност од Викторијанската доба, понуди финансирање на зградата на галеријата во куќа на британска уметност под услов државата да ги поднесе трошоците за локацијата и даноците. Хенри Тејт исто така и ја подари на галеријата својата колекција. На почеток беше колекција само од британска уметност, концентрирајќи се на делата од модерните сликари, тоа ест Викторијанската доба. Колекцијата беше раководена од Националната Галерија сé до 1954 год. Во 1915 год. Хју Лејн неговата колекција од европска модерна уметност ја остави во наследство на Даблин, но колекцијата контроверзно отиде во Тејт, која ја зголеми својата колекција вклучувајќи странска уметност и продолжи да се здобива со дела од современа уметност. Во 1926 год. и 1937 год. дилерот на уметнички дела и покровител Јозеф Дувин плати за две големи проширувања на зградата на галеријата. Неговиот татко порано имаше платено за проширување на зградата за голем дел од наследството на Тарнер, кое во 1987 год. беше трансформирано во крило што го плати Сер Чарлс Клор. Хенри Кортаулт исто така го потпомогна Тејт со набавување на средства. До средината на 20-тиот век исполнуваше двојна функција претставувајќи ја историјата на британската уметност како меѓународна модерна уметност. Во 1954 год. галеријата Тејт конечно беше одделена од Националната галерија.

Тејт Ливерпул отворена во 1988

Во периодот од 1950-те и 1960-те год. визуелниот уметнички ресор на Советот за Уметност на Велика Британија финансираше и организираше привремени изложби во галеријата Тејт вклучувајќи ја и ретроспективата на Марсел Дишан во 1966 год. Подоцна Тејт почна да ја организира својата привремена изложбена програма. Во 1979 год. со финансии од страна на јапонска банка беше отворено големо модерно проширување коешто би сместило поголеми профитабилни изложби. Во 1987 год. се отвори крилото Клор за да смести поголем дел од наследството на Тарнер, а исто така обезбеди сала со 200 седишта. (“Стогодишниот Развој” во 2001 год. обезбеди подобрен пристап и јавни погодности.)

Тејт Сент Ив (on right), отворена во 1993, има поглед на Портмеор Бич

Во 1988 год. во зафрлена населба во северозападна Англија се отвори Тејт Ливерпул. Тој прикажува различни дела од Тејт во Лондон како и зголемување на неговите привремени изложби. Во 2007 год. Тејт Ливерпул беше угостен со наградата Тарнер, која за првпат се оддржа надвор од Лондон. Ова е увертира во постанувањето на Ливерпул европска престолнина на културата во 2008 год.

Во 1993 год. се отвори друг огранок, Тејт Сент Ив. Таа изложува дела на модерни уметници, особено оние од училиштето Сент Ив. Тејт исто така управува и со Музејот Барбара Хепворт и Скулпторска градина кој е отворен во 1980 год.


Тејт Модерн е отворена во 2000та година.

Ниедна од овие две нови галерии на Тејт немаше значајно влијание врз функционирањето на првобитната Тејт галерија во Лондон, чијашто големина како што растеше колекцијата сé повеќе се покажуваше како ограничување. Логичен чекор беше “британските” и ”модерните” аспекти од колекцијата, да се одвојат и тие сега се наоѓаат во одвоени згради во Лондон. Првобитната галерија сега е Тејт Британија и е национална галерија за британска уметност од 1500 год. до денешен ден и нешто од модерната британска уметност. Тејт Модерн, во Бенксајт Пауер Стејшн на јужната страна на Темза, е отворена во 2000 год. и изложува национална колекција на модерна уметност од 1900 год. до денешен ден, вклучувајќи дел модерната британска уметност. Првата година, Тејт Модерн беше најпопуларниот музеј на светот со 5 250 000 посетители. Сер Николас Серота беше директор на Тејт од 1988 год.


Тејт Онлајн[уреди | уреди извор]

Тејт Онлајн е веб-страницата на Тејт. Сé до неговата промоција во 1998 год., страницата нудеше информации за сите четири (физички) Тејт галерии (Тејт Британија, Тејт Сент Ив, Тејт Ливерпул и Тејт Модерн) под истиот домејн. Тејт Онлајн ги припрема посетителите и ги продолжува посетите на физички локации, но исто така дејствува како дестинација самата за себе. Другите извори вклучуваат илустрирани информации за сите дела од колекцијата на британска и модерна интернационална уметност на Тејт, можности за структурно и неформално електронско учење за сите посетители, над 400 часа на архивирани интернет настани, сите статии од весникот Тејт ЕТЦ и серии од нарачани уметнички работи по интернет. BT Group(British Telecommunications Group) е ексклузивен спонзор на Тејт Онлајн од 2001 год. Покрај тоа што нуди информации за галериите и организацијата, Тејт Онлајн се користеше како платформа за изложби на интернет уметност, наречена Нет Арт[1], кои се организирани како дел од иницијативата на Тејт Интермедиа Арт[2] која ја покрива новата медиска уметност. Досега 13 интернет уметнички изложби беа прикажани сé до започнувањето на иницијативата во 2000 год. вклучувајќи Тејт во Вселената (2002) која беше номинирана во интерактивната уметничка категорија за БАФТА Интерактивни Награди во 2003 год.


Администрација[уреди | уреди извор]

Тејт добива годишно финансирање од Министерството за Култура, Медиуми и Спорт. Со него управува Одборот на доверители кој е одговорен за функционирањето на галеријата и назначувањето на директорот (за период од 7 години). Според [[Законот за добротворност од 1993]] год. Тејт е ослободен од добротворност директно од владата, наместо Добротворната комисија да враќа финансиски приходи итн. Меѓутоа, од Доверителите сé уште се очекува наполно да ги следат одговорностите на Доверителите за добротворност и може да подлежат на надзор на Добротворната Комисија оние елементи што се дел од нивните активности.

Се основаа различни органи за поддршка на Тејт вклучувајќи ги Тејт членовите за општа јавност, каде годишната членарина дава права како што се слободен влез плаќајќи за изложбите и просториите на членовите. Исто така Тејт има Тејт Покровители за поголема членарина и Тејт Фондација. Постојат и голем број на заеднички спонзори. Меѓутоа често се спонзорираат индивидуални прикажувања.

OUTSET Фонд за Сoвремена Уметност беше основан 2003 год. од покровители на Тејт, Јана Пил и Кандида Гертлер. Во соработка со Уметничкиот Панаѓур Frieze фондот купува дела од панаѓурот за Тејт.


Контроверзии[уреди | уреди извор]

  • Во 19 век имаше недоразбирања околу добивките од наследството на Чантреј и обвинувања кога наклонетоста резултира

со купување на слабо неинтересно дело од Кралските Академици.

  • Во 1971 год. по пет дена беше затворена изложба на Роберт Морис поради здравствени и безбедносни причини.[3] [4]
  • Во 1972 год. галеријата Тејт купи дело од Карл Андре наречено ''Еквивалент VIII''. За време на изложбата на делото

во 1976 год. весникот Тајмс објави статија користејќи го делото да се пожали за институционално трошење на пари од данокот. Статијата го направи делото неславно и беше предмет на потсмев во медиумите и вандализам. Делото сé уште е популарно како “Тули” и влезе во Британскиот државен лексикон.

  • Секоја година, Наградата Тарнер се оддржува во галеријата Тејт (историски во Тејт Британија) и наградува уметник

под 50 години кој е или Британец или кој првенствено твори во Велика Британија. Предмет е на голема контроверзија и создава големо медиумско внимание за Современата Британска Уметност, како и прикажувања што предизвикуваат внимание.

  • Во 1995 год. се откри дека Тејт прифатил подарок од 20 000 фунти од уметничкиот измамник Џон Дру. Галеријата му

даде пристап на Дру до нејзините архиви кои потоа тој ги искористи да фалсификува документи авторизирајќи фалсификувани модерни слики кои подоцна ги продал.

  • Во 1998 год. Сер Николас Серота, директор на Тејт смисли “Операција Кобалт”, тајно и крајно успешно купување на

две слики на Тејт од Џ.М.В. Тарнер што ги украде германската галерија во 1994 год. Види во [[Франкфуртска уметничка кражба ( 1994 )]].

беше одбиена и Тејт беше обвинет за “одбивање на една од најистакнатите британски колекции”. [5]

  • Во 2005 год. имаше скандал кога Тејт за 705 000 фунти го купи делото Горната Соба од артистот и тогашен доверител Крис Офили, како и обвинувања за конфликт на интереси.[6] Во јули 2006 год. Добротворната Комисија ја заврши истрагата и ја критикуваше галеријата за дејствување надвор од нејзината законска моќ.[7]
  • Во 2006 год. беше дадено легално мислење дека Тејт и Националната Галерија немаат законско право на сопственост на Наследството на Тарнер, бидејќи условите на Тарнер никогаш не беа исполнети и сé уште се обврзувачки.[8]
  • Во 2006 год. се откри дека Тејт беше единствениот музеј финансиран од државата, кој не е акредитиран од Советот на музеи, библиотеки и архиви (eng:MLA), бидејќи не сакаше да ги почитува правилата дека за отстранување на дело од колекција би требало прво да се понуди на други музеи. MLA се закануваше да го спречи Тејт од набавување на дела според Согласноста во Лиу (eng:AIL), при што делата се дадени на државата да го подмири данокот за наследство. 1800 музеи се овластени од MLA. [9]


Референци[уреди | уреди извор]

  1. Tate: Net Art
  2. Intermedia Art
  3. [1]
  4. tate.org Пристапено во Ноември 10, 2008
  5. Alberge, Dalya (2005)"Тејт одбива £500,000 подарок од 'неоригинални' Стакисти", The Times, 28 Јули 2005. Превземено 10 Јули 2007.
  6. Печатот за скандалот со “Горната Соба“ Превземено 19ти Март, 2006
  7. Alberge, Dalya (2006)"Купувањето на Офили од Тејт го прекрши законот за добтротворни цели" The Times online, July 19, 2006. Пристапено Јули 19, 2006
  8. jmwturner.org
  9. The Art Newspaper Превземено 19ти Март, 2006


Види исто[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]