Корисник:Ivona Petreska

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Бб 1= има веќе постоечка статија

Лого на СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
Лого на СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
Овој корисник е член на вики-проектот
ППЃП, СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп


карлица[уреди | уреди извор]

коски на карличен појас[уреди | уреди извор]

Коските на карлицата се цврста основа на трупот и на органите во долниот дел на стомачната празнина, вклучувајќи ги мочниот меур, внатрешните полови органи и делови на цревата. Женската карлица е приспособена за бременост и раѓање на детето, таа e поширока за разлика од машката карлица.Карличниот појас го поврзува долниот екстремитет со трупот.Тој се состои од карлична коска (os coxae).

карлична коска[уреди | уреди извор]

Таа е парна плочеста коска,составена е од три меѓусебно сраснати коски:бедрена коска(os ilium),седална коска(os ischii) и срамна коска(os pubis).Tие коски до 16та година се одделени до 16та година со помош на рскавица,а потоа сраснуваат во единствена карлична коска.Телата на сите три коски ја образуваат зглобната чашка(acetabulum) која има рскавица и се зглобува со бутната коска.

БЕДРЕНА КОСКА(OS ILIUM)[уреди | уреди извор]

Бедрената коска го составува горниот дел од карличната коска.Се состои од масивен дел или тело(corpus osis ilii) што го гради покривот на ацетабулум и горен плочест дел наречен крило на бедрената коска(ala ossis ilii).На внатрешната страна од крилото се наоѓа илијачна јама(fossa iliaca) за поврзување на истоимениот мускул;а зад неа зглобна површина налик на уво(facies auricularis) за зглобување со сакрумот.Крилото горе завршува со гребен(crista iliaca).На неговиот преден крај се наоѓа преден шилец (spina iliaca anterior superior),а на задниот крај се наоѓа заден шилец (spina iliaca posterior superior).На надворешната седална страна (facies glutea) од крилото се гледаат седални линии за поврзување на седалните мускули.

СЕДАЛНА КОСКА(OS ISCHII)[уреди | уреди извор]

Седалната коска е составена од тело(corpus ossis ishii) кое го гради задниот дел од ацетабулум и гранка(ramus ossis oschii) која учествува во ограничувањето на запречниот отвор(foramen opturatium) .На темето од гранката се наоѓа рапава седална ѓумка за поврзување на задните бутни мускули.Од задниот раб на телото косо наназад се протега седален шилец(spina ischiadica) која одделува два засека горен-голем и долен-мал седален засек.Коскените засеци со помош на две врски се преобразени во коскено-фиброзни отвори за премин на крвни садови и нерви.

СРАМНА КОСКА[уреди | уреди извор]

Се состои од тело(corpus ossis pubis) и две гранки:долна и горна.На спојот меѓу двете гранки се наоѓа валчеста зглобна површина(facies symphysialis)кој се зглобува со истата од спротивната коска и гради неподвижен зглоб(simphysis publica).Телото го гради предниот дел од ацетабулумот,а двете гранки учествуваат однапред во ограничување на запречниот отвор.

КАРЛИЦА(PELVIS)[уреди | уреди извор]

Карличните коски споени со сакрумот и тртичната коска формираат масивен коскен појас-карлица.Таа има улога да ја пренесува тежината на телото од рбетниот столб на долните екстремитети.Служи за поврзување на мускули и ги штити органите сместени во неа.Со помош на гранична линија е поделена на голема(pelvis major) и мала карлица(pelvis minor).Од задната страна во малата карлица стрчи промонториумот.Горниот отвор е во кружна форма кај мажите,а напречно валчест кај жените.Неговата големина кај женската карлица има големо значење поради текот и исходот од породувањето. {никулец}