Корисник:Angelovska Aleksandra/Морков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Морков

Морковот (Daucus carota subsp. sativus, етимологија: од доцниот латински carōta, од грчки καρότον karōton, од Индоевропски оригинал koren ker- (рог), поради неговиот облик во вид на рог) е зеленчук со корен, обично со портокалова боја, па се до виолетова, црвена, бела, а постојат и разни видови со жолта боја. Кога е свеж е крцкав. Делот кој најчесто се јаде од морковот е коренот, иако и зеленилото исто така може да се јаде. Тој е припитомен од дивиот морков Daucus carota, со потекло од Европа и југозападна Азија. Припитомениот морков е селективно одгледуван поради својата проширеност и пријатното, помалку меко ткиво кое се користи за јадење.

Опис

Тоа е растение кое се развива на секои две години, кое расте розета од листови во пролет и лето, создавајќи жилав корен, во кој се складира голема количина на шеќери за растението да процвета и наредната година. Стеблото расте и до 1 метар во височина, со умбел од бели цветови кои произведуваат овошје кое ботаничарите го нарекуваат мерицарп, еден вид на шизокарпиум.


Методи на консумирање и употреба

Морковите може да се јадат на многу начини. Само 3% од β-каротенот од суровите моркови се ослободува за време на варењето на храната. Ова може да се подобри до 39% преку раскашувањето, готвењето и додавањето на масло за готвење. Алтернативно, тие може да се сецкаат или варат, пржат или барат на пареа, да се варат во супи и чорби, како и да се употребуваат во бебешка храна и храна за миленици. Добро позната мешавина на морковот е т.н. julienne. Зеленилото може да се јаде како зеленчуков лист, но ретко кога луѓето го користат во исхраната. Заедно со кромидот и целерот, морковите се едни од основните мешавини кои се користат за да се направат разни супи. Во Индија морковот се употребува на многу начини, во салати или како зеленчук кој се додава во зачинет ориз или дал(традиционално вегетаријанско индиско јадење). Најпопуларната варијанта во Северна Индија е Gaajar Kaa Halwaa десертот од моркови, во кој се ставаат рендани моркови кои се подготвуваат со млеко се додека се соедни целата смеса, и потоа се додаваат ореви и путер. Салатата од морков обично се прави од рендани моркови во западните делови и се зачинува со сенф и зелено чили потопено во врело масло, а морковите кои се додаваат во оризот обично се исецкани на долги правоаголни ленти.

Разните видови на морков кои се пронајдени во Северна Индија се ретки насекаде, освен во Централна Азија и другите гранични региони, и сега се зголемува во поголемите градови во Јужна Индија. Морковот кој вирее во Северна Индија е розево-црвен, споредено со бојата на сливата или малината, па се до темно црвено јаболко (без допир на жолто или сино), додека повеќето варијанти на морков во светот имаат портокалова или жолта боја, слична на бојата на тиквата.

Уште од доцните 80-ти, мини-морковите (моркови кои се излуштени и исечкани во цилиндрична форма) биле популарна готова храна достапна во многу супермаркети.

Блажината на морковот дозволува зеленчукот некогаш да се корити и во улога на овошје. Ренданиот морков се користи во тортите со моркови, како и во пудинг од моркови, стара англиска мешавина за која се верува дека потекнува од почетокот на 19 век. Морковот, исто така, може да се користи и сам, или со некое друго овошје во слатко и конзерви. Сокот од морков е широко распространет, особено како здрав напиток, и засебно, а и во комбинација со некое друго овошје или зеленчук.


Придружни растенија

Морковите се корисни како придружни растенија за градинарите. Има експериментален доказ дека насадени меѓу доматите го зголемуваат производството на домат. Доколку се остави да цвета, (како и секое друго ароматично растение) привлекува оси кои убиваат многу градинарски штетници.


Исхрана

Морковот ја добива својата карактеристична и светла боја од Б-каротенот кој е метаболизиран во витамин А кај луѓето кога жолчните соли се присутни во утробата. Преголемото консумирање може да предизвика каротеноза, безопасна состојба каде кожата добива портокалова боја. Морковите, исто така, се богати со диетални влакна, антиоксиданси и минерали.

Недостигот од витамин А може да предизвика намалување на видот, вклучувајчи го тука и гледањето во темно, а видот може да се поврати доколку го вметнете повторно во исхраната. Урбаната легенда вели дека јадењето големи количини на морков ќе ви овозможи да гледате во темница. Легендата започнала од приказните на британските артилеријци за време на Втората Светска Војна кои можеле да пукаат во германските авиони во темнина. Приказната потекнува од Британската битка кога низ Кралските Воздушни Сили кружела приказната за консумирањето на моркови кај нивните пилоти како обид да се прикрие откритието и ефективната употреба на радар кон привлечните авиони на непријателот, како и употребата на црвеното светло (кое не го попречува видот во темница) во воздухопловните апарати. Тоа го засилило постојниот германски фолклор и помогнало да се охрабрат британците во обидите да ја подобрат својата моќ за гледање во темно – да растат и јадат зеленчук.

Во древната медицина, корените се користеле за лекување на дигестивните проблеми, цревни паразити, ангина или запек.


Хемија

Полиацетиленот може да се најде во некои зеленчуци, како морковот, каде што го покажува своето цитотоксично дејство. Фалкаринол и фалкариндиол (cis-heptadeca-1,9-diene-4,6-diyne-3,8-diol)се такви компоненти. Втората состојка покажува антифугални дејства кон Mycocentrospora acerina and Cladosporium cladosporioides. Другите состојки како 6-метоксимелин, eugenin, 2,4,5-trimethoxybenzaldehyde (gazarin) or (Z)-3-acetoxy-heptadeca-1,9-diene-4,6-diin-8-ol (falcarindiol 3-acetate) исто така може да се најдат во морковот. Фалкариндиолот е главната состојка одговорна за горчливоста на морковот.


Историја

Дивиот претходник на морковот се смета дека потекнува од Иран или Авганистан, кои остануваат центарот на разните видови на D. carota див морков. Селективното одгледување во текот на вековите на природно настанатите подвидови на дивиот морков Daucus carota, подвид sativus, за да се намали горчливоста, а да се зголеми сладоста и да се минимизира крцкавото јадро, ги има произведено познатите градинарски зеленчуци.

Во почетокот, морковите се одгледуваа поради нивните ароматични листови и семе, а не поради нивните листови. Некои зеленчуци од групата на морковот сеуште се одгледуваат поради тоа, како магдоносот, анасонот, копарот и кимот. Првото споменување на коренот во класичните извори е во првиот век. Морковот се чини дека е донесен во Европа во 8-10 век. Во 12 век, арапско-андалузиски агрономец, Ibn al-'Awwam, ги опишува и црвениот и жолтиот морков; Simeon Seth исто така ги споменува двете бои во 11 век. Портокаловиот морков се појавил во Холандија во 17 век. Овие, модерни моркови, биле споменати од страна на John Aubrey (1626–1697г.) кога тој во својот мемурандум забележал: „ Морковите прво се сееле во Beckington во Somersetshire. Некои многу стари луѓе сеуште го паметат нивното доаѓање овде (1668г.).

Во прилог на дивиот морков, алтернативни имиња кои се користеле (најчесто историски) за Daucus carota се: bee's-nest, bee's-nest plant, bird's-nest, bird's-nest plant, bird's-nest root, carota, carotte (француски), carrot, common carrot, crow's-nest, daucon, dawke, devil's-plague, fiddle, gallicam, garden carrot, gelbe Rübe (германски), gingidium, hill-trot, laceflower, mirrot, Möhre (германски), parsnip (погрешно), Queen Anne's lace, rantipole, staphylinos, and zanahoria (шпански).


Одгледување

Најдобро растат на сонце, но можат да поднесат и сенка. Со цел да се избегне можноста да пораснат деформирани моркови, подобро е да ги посадите на голема површина каде што нема камења. Семето, кое е 1-3мм во пречник, треба да се сее на околу 2 цм длабочина. На морковите им е потребно околу 4 месеци за да созреат и се претпочита тие да се сеаат од средината на февруари до јули.


Сорти

Морковите може да се групираат во две големи класи, источни и западни моркови. Во поново време, голем број од поновите сорти се одгледуваат поради некои одредени карактеристики.

Градот Хотвил, Калифорнија, се промовира како „Главен град на морковот“ и таму секоја година се оддржува фестивал кој е целосно посветен на морковот.


Источен морков

Источните моркови се припитомени во Централна Азија, веројатно во денешен Иран и Авганистан во 10-от век, или можеби порано. Примероци од источниот морков кои опстојуваат до ден-денес се најчесто виолетовиот или жолтиот, и најчесто имаат разгранети корени. Виолетовата боја, која често се сретнува кај овие моркови доаѓа од пигментот антоциан.


Западен морков

Западниот морков се појавил во Холандија во 17 век, од Иран со виолетова боја, неговата портокалова боја го напрвила популарен во оние земји кои како амблем го имале Домот на портокалот и борбата за независност на Холандија. Портокаловата боја е резултат на изобилството на каротен во овие сорти. Сортата на западниот морков најчесто се одредува според формата на коренот:

  • Chantenay морковот е пократок од другите сорти, но има поголема дебелина, некогаш расте и до 8цм (3 инчи) во диаметар. Тие имаат широки рамена и тесен, остар и заоблен врв. Најчесто се користат сечени на коцкички во конзервирана храна.
  • Danvers морковот има конусна форма, добро дефинирани рамена и изострени кон врвот. Тие се малку пократки од сортата Imperator, но се поиздржливи на тешка почва. Danvers морковот често се користи за да се направи пире за храна за бебиња. Тие се развиени во Danvers, Ма.

Во една посебна варијанта недостасува вообичаениот портокалов пигмент од каротен, поради својата бела боја на рецесивен ген за токоферол (витамин Е). Добиен од Daucus carota L. и патентиран на Универзитетот во Вискосин – Медисон, оваа варијанта е наменета за дополнување на консумирањето на витамин Е.


Трендови на производство

Во 2009 година, според Организацијата за храна и земјоделие во светот биле произведени 33.582 милиони тони морков и репа. Со 15.168 милиони тони, Кина беше најголемиот производител со пресметани 45.2% од глобалното производство, следена од Русија (1.518 милиони тони) и Соединетите Американски Држави (1.304 милиони тони).


Складирање

Морковите неколку месеци може да се чуваат во фрижидер или преку зимата во влажен песок и на ладно место.