Корисник:Тиверополник/Книга:Османлиска империја

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Османлиската империја исто така од современите историчари позната и како Турска империја, претставувала мулти-етничка држава што постоела во периодот од 1299 до 1922 година, или вкупно 624 години како империјална монархија, или до 24 јули 1923 година, де јуре како држава .Таа била наследена од страна на Република Турција, која официјално била прогласена на 29 октомври 1923 година. Таа е една од најголемите империи што било кога владееле со границите на Средоземното море. Во својот зенит, таа се простирала на териториите на Анадолија, Блискиот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа. Била основана од страна на туркиското племе Огузи во западна Анадолија, а на нејзино чело стоела Османлиската династија. Основач на династијата бил Осман I (неброејќи го неговиот татко Ертугрул), иако како династија не била прогласена сѐ до 1383 година кога Мурат I се самопрогласил за султан. До тогаш, владетелите се нарекувале бегови или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал Турци-Османлии. Империјата своето име го добила по својот основач, првиот султан Осман I. На турски јазик, Осман се вика Отоман (Uthmān) од каде доаѓа и името на Империјата. Во дипломатијата, многу често била нарекувана и Висока Порта или само Порта, кое води потекло од францускиот превод за зборот Баб'и'али (турски: Bâb-i-âlî) кое значи “висока капија“, според интегрирањето на империјата од Европа во Азија. Империјата во многу аспекти се смета за исламски наследник на Источната Римска империја.

Содржина

Анадолски бејлици[уреди]

Анадолските бејлици или туркменистанските бејлици биле мали мали турски кнежества кои биле регулирани од страна на бегови и кои биле основани во Анадолија во текот на 11 век, како и по распаѓањето на султанатот на Селџуците во 13 век. По селџучката победа во битката кај Манцикерт и по освојувањето на Анадолија, Огузите започнале со населување на териториите на денешна Турција. Овие бејлици во текот на следните години добивале голема помош од Селџуците во замена за нивните услуги. Но со монголската инвазија од истокот силата на Селџуците се намалила а ова овозможило овие бегови да прогласат независност. По падот на централизираната моќ во Конија, голем дел од беговите започнале да создаваат сојузи и со подршка од Монголија прогласиле емиратства. Овие гази воини со слабеењето на Византија започнале да ги зазимаат нејзините територии.

До 1300 година, овие туркиски сили стигнале до Егејско Море. Во почетокот како најсилни се издвојувале Караманија и Гермијан. Османоглу пак се наоѓал во северозападниот дел од Анадолија, со седиште Согут и во почетокот оваа земја била многу мала и незначајна по моќ. По должината на егејскиот брег од север кон југ се наоѓале Кареси, Сарухан, Ајдин и Теќе. Исфендијар се наоѓач во регионот на Црното Море.

Осман бег започнал со освојување на византиските територии во првите години од 14 век. Со анексија на соседните бејлици Османоглу станале главни ривали на Караманија. До крајот на 14 век, Османогглу започнал со стекнување на останатите бејлици преку освојување, сојузништво или преку склучување на династички бракови. Следувал период на меѓусебни конфликти меѓу Караманија и Османоглу. По основањето на Империјата во времето на Мехмед I и неговиот син Мурат II поголемиот дел од овие територии биле вклучпени во Империјата. Конечниот удар на Караманија бил даден во времето на Мехмед II кога поголемиот дел од Анадолија бил вклучен во империјата на Османлиите. Целосното обединување на Анадолија се случило во времето на Сулејман Величенствениот. Голем дел од поранешните анадолски бејлици станале основа при административната поделба на Империјата.

Подем на Империјата (1299-1453)[уреди]

Ертугрул[уреди]

Ертугрул (1191 / 1198 Ахлат - 1281 Согут) бил татко на Осман I, основач на Империјата. Тој бил водач на едно племе кое имало потекло од Огузите. Тој пристигнал во Анадолија, заедно со уште 400 коњаници за да им помогне на Селџучкиот султанат во нивните борби против Византија. Ертугрул често пати се нарекувал и како Гази, кое во превод значело борец за исламската кауза, . Во 1277 година, тој како заслуга за неговата борба против Византија добил една област по име Караја Даг, која се наоѓа во близина на денешниот град Анкара. По ова, во 1231 година бил освоен Согут, кој во 1299 година станал престолнина на идната Отоманска Империја.

Подемот на Империјата (1299-1453) се однесува на периодот кој започнал со слабеење на Селџучкиот султанат кон почетокот на 14 век, а завршил со пропаѓањето на Византиската империја по падот на Константинопол во 1453 година. Создавањето на империјата било во момент кога била распадната старата Римска империја. Голем дел од териториите на Римската империја биле освоени од страна на Империјата. Така, наместо христијанската државна религија, на нејзино место била воведена муслиманската. Почетокот на создавањето на Империјата се карактеризира со постојани Отоманско-византиски војни кои траеле околу 1,5 век. Во текот на тој период, Османлиите ја презеле контролата врз Анадолија и Балканот. Овој период од историјата на Империјата според поголем дел од историчарите завршува по заземањето на Константинопол во 1453 година. По крајот на овој период во Империјата следува период познат како раст на империјата кој траел од 1453 до 1683 година.

Првиот период од османлиската историја го наметнува прашањето како едно мало погранично кнежество на Осман со идеја за света војна против Византија се развила во една голема империја. Според една теорија се смета дека грчкото население околу Мраморниот регион го примил исламот и влегол во составот на муслиманската држава. Сепак, според поголемиот дел од историчарите сметаат дека корените на Османлиите треба да се бараат во политичката, културната и демографската политика на Анадолија во текот на 13 век. Првата етапа од овие настани биле со монголските освојувања на муслиманскиот Блиски исток во текот на 13 век. Во периодот до средината на10 век турските племиња ја населувале Централна Азија по текот на реката Сир Дарја (денешен Туркменистан). Кон крајот на 11 век под притисок на Монголите се раздвижиле и по освојувањето на повеќе азиски земји на просторот од Палестина и Сирија до Ерменија (источниот дел на Мала Азија) создале голема држава, Селџучко султанство. По победата на Монголците во битката кај Ќосе Даг во 1243 година, Султанатот на Селџуците во Анадолија станал вазална држава на Илханат кое ханство било дел од Монголската империја. Како последица од оваа монголска инвазија започнала туркменска миграција кон западните делови на Азија. По потекло од Централна Азија, овие племиња најпрвин се доселиле во Персија и источна Анадолија, а по ова продолжиле кон западот населувајќи се по должината на границата меѓу Византија и Селџучкиот султанат во планинските предели на Западна Анадолија Потеклото на Отоманците може да се проследи назад во 11 век, кога на територијата на Анадолија опстојувале неколку мали муслимански емирати со туркиско потекло. Главната цел на овие т.н. Анадолски бејлици била да ги одбранат своите територии од страна на Византија. Меѓутоа, во 1073 година и победата на Селџучката империја во битката кај Манцикерт, овие анадолски Бејлици добиле можност да прогласат своја независност од Селџуците. И покрај тоа што Византија продололжила да опстојува на овие простори, сепак нејзините територии значително започнале да се намалуваат. Крстоносните војни и задале голем удар на Византија, бидејќи таа привремено престанала да постои по заземањето на Константинопол од страна на Латинската империја. Битката кај Манцикерт го означил почетокот на византиското истиснување од Анадолија. Од друга страна пак и муслиманите имале свои проблеми. Тие најмногу се појавиле помеѓу Селџуците и Фатимидите кои владееле во Египет и Сирија. Овие проблеми најмногу биле искористени од анадолските бејлици, кои успеале да се обединат во едно кнежество. Меѓу овие помали кнежества било е кнежеството со престолнина во Согут. Тоа било предводено од страна на Ертугрул. Кога во 1281 година починал, неговиот син Осман станал негов наследник. Многу бргу по ова, новиот водич се прогласил за султан и основал нова династија, наречена според него Османлиска династија. Така, Осман станал првиот владетел на Империјата во 1299 година.

Осман I[уреди]

Осман I (1258 - 1326) бил основач на Империјата, првиот нејзин султан. Бил роден во 1258 година, ја добил титулата бег од својот татко Ертогрул како владетел на Согут во 1281 година кој град од страна на неговиот татко бил заземен во 1231 година и кој град станал негова престолнина. Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на Отоманците во Империјата, која постоела шест векови. Осман на чело дошол во 1281 година. Се оженил со ќерка на богатиот бег Омер од кој брак се родил наследникот Орхан I. Во тоа време биле регрутирани голем број на војници од исламскиот свет за да се борат против се повеќе слабата Византија. Турското население во Анадолија значително се зголемило по доаѓањето на голем број на бегалци кои бегале од Монголската инвазија. Под негово раководство овие борци многу бргу се покажале како сериозна сила и темелите на новата империја биле многу бргу поставени. Во 1284 година селџучкиот султан Алаедин III починал и како главни претенденти за неговата територија останале Осман и емирот на Караманија. Долгата и жестока борба меѓу потомците на Осман и Караманогулари започнала во текот на животот на Осман. Самиот Осман имал поголеми предности во однос на својот ривал главно поради неговата местоположба и блискоста со Византија. Првите воени дејствија Осман ги презел против Византија. Во 1281 година станал бег на племето Каји, и како цел поставил да ги обедини сите туркиски народи во една држава. Териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на Византија. Во исто време, Осман успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Во 1291 година ја зазел тврдината Кулача. Во 1299 година дошло до распаѓање на Селџучката империја и територијата во голема мера паднала под негова власт. Во 1300 година паднала тврдината Јенишехир. Реоните кои ги освоил биле управувани од страна на неговите синови и браќа. Така со Ескишехир управувал неговиот брат Ѓундуз, со Караџахисер Хасан, Инеѓул од Тургут. Подалечните територии биле управувани од страна на неговите команданти. На тој начин Осман ги направил своите поделени територии зависни едни од други. Кон почетокот на 14 век, Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини . Во 1302 година била издвојувана голема победа во битката кај Бафеј. Алармирани од растечкото влијание на Осман, Византијците постепено започнале да ги напуштаат селата во Анадолија и своите воени ресурси ги насочиле кон морнарицата. Византиското раководство било решено да го спречи на Осман да премине во Европа и се очајнички се обидувало да ги држи силите на Осман на западната граница. Осман сепак продолжил со напредувањето и започнал со опсада на Ефес во Егејско море . Дополнително засилен од приливот на емигранти на негова територија, Осман исто така се преселил и кон исток каде слободно ги запленил византиските поседи во реонот околу Црно море во Анадолија. По паѓањето на Енишехир, започнала опсадата на Бурса и Никеја . Зазимањето на византиските територии продолжило и во 1306 година бил потпишан првиот воен договор на империјата со Византија. Во текот на овој период голем дел од населението на овие простори го примил исламот, а меѓу нив имало дури и византиски принцови како Косе Михаил на пример. Заедно со својата армија тој се присоединил кон силите на Осман и по тој начин неговите тврдини Ефке, Мезек и Акхисар преминале под управата на Осман. Во 1320 година Осман се разболел и власта преминала во рацете на неговиот син Орхан Гази. Во негово време за прв пат започнал да се собира данок од продадените стоки наречен тимар. Осман починал во 1326 година во Согут. Негов наследник станал неговиот син Орхан I. Посмртно ја добил титулата Гази, односно свет исламски војник од страна на своите наследници. Во времето кога новиот султан се качил на престолот, неговите поданици го благословиле со зборовите Да бидеш голем како Осман. Желбата на Осман била да почива во новата престолнина Бурса. Денеска неговиот мавзолеј (турбе) претставува голема атракција за туристите. За разлика од неговиот татко пред него, Осман оставил на својот син независна држава. Неизвесно е дали ковањето на монети и изрекувањето на молитви во домот на Осман, знаците за независност, започнало во последните години од владеењето на Осман или во почетокот на владеењето на неговиот син . Сепак, од времето на неговата смрт Осман создал независна држава која не била под влијание ниту на Византија ниту на Монголија. Препознавајќи ја слабоста на Византија, Осман своите напади ги насочил кон стекнување на територии на сметка на Византија. Од клучно значење за опстанок на неговата држава било неговата способност да привлече војници кои биле во голема мера мотивирани да војуваат против христијанските неверници.

Тестамент “ "Сине! Биди внимателен во врска со верските прашања пред сите други. Врз основа на верските прописи изгради силна држава. Религиозните прашање не ги препуштај на невнимателни, неискусни и грешни луѓе. И исто така не ја препуштај државната администрација на такви луѓе, зошто тие немаат страв од Алах и неможат да бидат лојални. Научниците, уметниците се моќта на државната структура. Однесувајте се кон нив со добрина и чест... Како главна цел постави си ги религиозните и политичките обврски. Земи поука од мене, кога дојдов на овие места како слаб лидер и стигнав со божја помош до успехот. Не двоуми се да ги известиш и твоите следбеници на овој начин. Заштити се од инвазијата на непријателот и од неговата суровост а задоволи го народот и нивната војла ” Мечот на Осман (турски: Taklide-Seif ) претставувал важна реликва во земјата во времето кога биле крунисувани новите султани на Империјата . Оваа традиција започнала уште во времето на воената кампања на Осман а била извршена од страна на неговиот шејк Едебали. Овој меч се наоѓа во гробниот комплекс во Ејуп, на Златниот Рог во Константинопол.

Орхан I[уреди]

Орхан І бил вториот султан на Империјата од 1324 година до 1359 година, син на Осман I. Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на Византија. Така во 1331 година паднала Никеја, а во 1337 паднала Никомедија. Бурса станала новата престолнина на султанатот. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично. Орхан бил син и наследник на Осман I, вториот султан на Османлиската држава, и првиот султан кој ја проширил Османлиската држава на сметка на територијални освојувања во Европа и ја институционализирал османлиската војска и управувањето. Наследството на Орхан- Османлиската држава, се наоѓало во Мала Азија и на брегот на две мориња – Црно и Мраморно. Орхан создал империја што ја опфаќала Мала Азија и дел од Европа, а се протегала до три мориња – Егејското, Мраморното и Црното Море. Во 1336 тој го освоил просторот пред Босфор кај Константинопол и егејскиот брег од спротивната страна на полуостровот Галиполе, победувајќи ги византиските владетели, пресечени од страна на Османлиите од својата престолнина. До крајот на 1337, Орхан ги присоединил последните византиски поседи во Западна Анадолија. Византија во тоа време била ослабена со внатрешните верски судири и политичка борба, но и со војната со силните бугарски и српски царства на Балканот.

Кога Орхан го наследи својот татко, тој предложил на неговиот брат, Алаедин паша, дека тие треба да ја поделат својата империја. Алаедин паша го одбил ова со образложение дека нивниот татко го назначил Орхан како единствен наследник, и дека империја не треба да се подели. Тој само се префрлил во едно село во близина на Бурса. Орхан тогаш му рекол: "Бидејќи како брат не ги преземаш стадата што јас ти ги поседуваме, тогаш ти предлагам да бидеш овчар на мојот народ, односно да ми бидеш везир." Зборот везир на отомански и персиски јазик значи носител на товар. Алаеддин по ова ја прифатил оваа функција односно станал првиот Голем везир на идната Отоманска империја. Алаеддин, како и многу од неговите наследници на таа функција, не често командувал со војската директно, но самиот бил одговорен во регрутирањето, основањето и управувањето на цивилните и воените институции на државата.

Според некои автори, во времето на Алаедин Османлиите престанале да дејствуваат како вазали на Селџуците по кое следувало воведување на нови законски прописи, создавање на систем за финансирање, основање на постојана војска. Во времето на Орхан бил основан и јаничарскиот корпус, институција која европските автори погрешно ја препишуваат на Мурат I. Орхан не без сопствена корист се вмешал и во во византиските династички спорови. Орхан се оженил за Теодора, ќерка на византискиот принц Јован VI Кантакузин. По овој брак почнал период на силно византиско влијание врз животот и обичаите на отоманскиот двор, кое траело сè до крајот на 14 век. Во 1346 година Орхан отворено го подржал Јован VI во симнувањето од престолот на Јован V Палеолог. Кога тој дошол на престолот, на Османлиите им било дозволено да го окупираат напуштениот полуостров Галиполи. Во следната деценија, Османлиите започнале колонизација на Тракија со муслиманско население. Сепак, византискиот император бил принуден да потпише договор со Орхан, според кој Византија ја признала загубата на Тракија. Орхан починал во 1360, а на престолот се искачил неговиот син Мурат I.

Воените сили на империјата биле организирани со постојана војска на редовни платеници и дисциплинирани пешадии и коњаница. Претходниците на Орхан, Ертугрул и Осман, својата војска ја организирале на начин што вазалите биле одговорни за регрутирање, а по крајот на секоја воена кампања истите биле распуштувани. Алаедин сакал да обезбеди односно да формира постојана војска. Така бил основан јаничарскиот корпус кој станал најелитнала војска на султанот. Самиот Кара Халил паша предложил на Орхан да се создаде армија во која ќе учествуваат децата од освоените места: "Се што е освоено е одговорност на освојувачот, кој е законски владетел на нив, на нивните земји, на нивните стоки, на своите сопруги, а на нивните деца. Ние имаме право да го правиме тоа исто како што постапуваме и со нашите деца, и третманот што го предлагам не е само законско туку и добротворно при уписот во редовната армија бидејќи ќе се застапуваат и нивните интереси преку нивно едуцирање и предлагање на подобар начин на живот". Тој исто така тврдел дека со формирањето на овој корпус ќе бидат доброволно регрутирани и деца не само од освоените области. Постапувајќи по ова, Орхан избрал илјадници најсилни момчиња од христијански семејства. Регрутите биле обучени според нивните индивидуални способности. Дел од овие јаничари станувале големи везири.

Орхан своите освојувања ги продолжил најпрвин на запад на територијата на Византија во северозападниот дел од Анадолија. Најпрвин во 1321 година била освоена Муданја, територија на Мраморно море. Османлиите издвојувале големи победи зазимајќи ги Пелеканон во 1329 година, Никеја во 1331 година, Никомедија во 1337 година. Бил постигнат мировен договор со Византијците. Со овој договор Османлиите се обрзале да не ги напаѓаат градовите што биле под византиска власт. Од друга страна Византијците се обврзале да и платат на Османлиите 20000 перпери за тврдините помеѓу Никомедија и Константинопол

Кареси[уреди]

По овие серија од успешни победи во 1345 година наместо да се здобијат со земјите на христијаните, Орхан го презел турското кнежество Кареси, денешниот град Баликесир и околината. Во овој случај, Османлиите морале да имаат посебно оправдување поради своите освојувања на муслиманските кнежества. Така во овој случај, владетелот на Касери починал и бил наследен од страна на неговите два синови кои требало да имаат еднакви делови. Сепак во кнежеството владеело граѓанска војна меѓу двата браќа па поради ова била потребна и намесата на Орхан. Едниот од браќата се наоѓал во кнежеството, а другиот кај Орхан. Народот на Кареси не го прифаќал владеењето на првиот брат и наводно го повикале вториот брат, Дурсун бег да ги ослободи. Тој го предложил на Орхан Кареси во замена на други земји. Кога пристигнале во Кареси разбрале дека неговиот брат побегнал во Бергама по кое следувало насочување на силите кон таа тврдина. Но додека да пристигнат, принцот бил убиен од страна на локалните жители. Така, Орхан се објавил за султан на Кареси и го примил доброволното потчинување на народот. Најраниот извор датира од 1421 година од Календарот. Според овој податок, Касери паднал во 1349 година кое сосема не е сигурно. Овие територии биле сосема важни за Орхан бидејќи бил осноено Чанакале, кое се наоѓа на Дарданелите. Со освојувањето на Кареси, речиси целата територија на северозападниот дел на Анадолија била вклучена во империјата, а четири градови Бурса, Измит (Никомидија), Изник (Никеја), и Бергама (Пергам) станале упориште на моќта на империјата. Во истата година, Јован Кантакузин напишал дека Сулејман, синот на Орхан повел голема војска против галатјаните од Источна Скитија и во летото завладеале со два од најважните градови, Анкира и Кретрја. Најверојатно галатјаните се однесува на династијата Еретна од Сивас.

Консолидација[уреди]

По освојувањето на Кареси следувал периодот на консолидација на новата империја. Отоманците започнале да оддаваат големо значење кон усовршувањето на цивилните и воените институции, во обезбедувањето на внатрешниот ред, во градење на џамии и училишта и огромни јавни објекти, од кои многу сеуште стојат. Орхан не продолжил со други освојувања во Анадолија освен преземањето на денешна Анкара од Ахис. Во целина, на Анадолија во тоа време и се заканувала монголската инвазија бидејќи монголците веќе ги имале заземано Централна Азија, Иран, а потоа започнале и со источна Анадолија. Туркиските народи во Анадолија живееле во голем број на кнежества вклучувајќи ги и Османлиите, по пропаѓањето на Румелискиот султанат. Сите овие мали кнежеста сеуште плаќале данок на Персија, и од друга страна и покрај тоа што сите биле муслимански, тие се бореле крваво за доминантен статус во Анадолија.

Односи со Византија[уреди]

По византискиот пораз во битката кај Пелеканон, Орхан развил пријателски односи со Андроник III Палеолог, како и со неговите наследници. Во следните дваесет години отоманците внатрешно се зацврстиле. Во Византиската граѓанска војна од 1341 до 1347, Византија ги потрошила можеби и своите последни ресурси. Во 1341 година починал Андроник III. Негов наследник бил Јован V кој бил малолетен. Истата година Јован VI Кантакузин се прогласил за император на Византија давајќи го почетокот на граѓанската војна меѓу Ана Савојска и Алексиј Апокавк. И двете страни се стремиле да ги придобијат како сојузници туркиските владетели во Анадолија. Ана најверојатно својата делегАција кај Орхан ја испратила во 1345 година. Во 1346 година, императорот Јован VI Кантакузин го признал Орхан како најголем емир меѓу муслиманските кнежества. Тој се стремил да ги држи османлиските сили постојано до неговите интереси. Во 1346 година османлискиот владетел испратил делегација кај Кантакузин посакувајќи ја неговата ќерка Теодора за сопруга а во замена ветил дека ќе му помогне во бунтот против Ана. Според историчарите, Јован ова го прифатил дури откако се согласиле и поголемиот дел од семејството, служителите и другиот туркиски сојузник Умур . По добивањето на согласност, Орхан испратил во Селиврија, денешен Силиври, западно од Константинопол воена помош. Самата свадба била многу раскошна и опишана од страна на многу византиски историчари . Сојузот меѓу Орхан и Кантакузин ја принудил на Ана да побара помош од емирот на Сарухан. Тие откажале и се придружиле кон силите на Орхан. На 2 февруари Јован влегол во Константинопол и по шест дена се прогласил за нов император. Јован V добро ги одржувал врските со Орхан. Во 1348 година српскиот цар Стефан Душан ја зазел Тесалија. Јован побарал помош од Орхан кој испрратил околу 10.000 пешадиска војска на чело со неговиот син Сулејман паша. Кога пристигнале блиску до Солун османлиите неочекувано се обрнале повторно кон Дарданелите, притоа вршејќи големи грабежи. И покрај тоа, во 1352 година Јован повторно побарал помош од Орхан кога Јован го нападнал Матеј кај Адријнопол. На страната на Матеј застанале османлиите и оствариле голема победа. Во 1352 година повиканата од Кантакузин подкреп на синот му зазима тракиската тврдина Цимпе. Јован се обидел оваа тврдина да ја одзеде од Орхан, на кое тој му рекол дека не тој, а неговиот син Сулејман ја зазел тврдината. Како резултат на ова, императорот испратил голема војска а од друга страна истото го сторил и Орхан. Во тој момент настапило голем хаос. Во една грчка кратка хроника од 1392 година за овој настан пишува: На 2 март 1354 година... вечерта на православниот празник се случи голем земјотрес. Ѕидините на Галиополи и околните градови паднаа во турски раце. Земјотресот беше толку силен што беа разрушени не само куќите туку и самите фортификации. Локалните жители разбраа дека без нив нема да можат да ги задржат на турците и затоа започнаа да го напуштаат градот. Голем дек од населението почина од големиот студ... Многу мал дел успееа да преживеат, а останатите беа заробени од страна на турците. Еден друг извор пак вели: Незапирливото напредување на исламот од исток на запад е очигледен доказ дека господ им помага и дека исламот е вистинска вера

Во тоа време, Сулејман Паша бил во Пеге, на анафолскиот брег од Мраморно море, каде дознал за големиот земјотрес. Тој ги преминал Дарданелите и ги населил полупразните градови со муслиманско население. Според Матео Вилани, османлиите во тоа време ја направиле и првата опсада на Константинопол која траела многу кратко. Византискиот император му се обратил на Орхан да неговиот син Сулејман ги врати одземаните градови, на кое Орхан одговорил дека тие градови не биле заземани со сила. По интензивни преговори, султанот наредил на својот син да се повлече а за возврат да добие 40.000 златни монети. За да се потврди договорот двајцата владетели требало да се состанат во денешен Измит но до тоа не дошло бидејќи Орхан наводно се разболел, а тракиските градови во крајна сметка останале под власта на османлиите. Кон крајот на 1354 година византискиот императот абдицирал. Така, падот на Галиполи заедно со тврдината Цимпе станале првите заземани места на османлиите во Европа. По абдикцијата, на византискиот престол застанал Јован V Палеолог. Бидејќи Орхан немал никаков договор со новиот император, неговите напади продолжиле пожестоко. Но во 1357 година синот на Орхан, Халил бил заробен. Орхан се обратил кон византискиот император кој пак како услов му напишал да се откаже од помошта на Кантакузин. Кога настанало ослободувањето Халил бил одведен во престолнината на Византија и бил венчан со десетгодишната ќерка на Јован, Ирина. Императорот го придружил османлискиот принц до Измит и го предал на Орхан со молба тој да го објави на Халил за престолонаследник со цел да осигури мир меѓу двете земји. Овој план не се остварил бидејќи кога починал во 1361 година, Орхан бил наследен од Мурат. Орхан бил еден од најдолгите владетели на Империјата . Во последните години од својот живот своите овластувања му ги препуштил на својот втор син Мурат I, бидејќи претходно во инцидент починал најголемиот син, Сулејман по пад од коњ. Орхан починал на 80 години во престолнината Бурса.

Мурат I[уреди]

Мурад I (1326 – 15 јуни 1389, Косовско поле) бил третиот султан на империјата од 1359 до неговата смрт во 1389 година. Роден бил во 1319 или 1326 година, син на Орхан I и византиската принцеза Елена.

Според еден коментар во хрониката на Ахмеди, Мурат го зазел отоманскиот престол кога ги убил останатите синови на Орхан I. Според Ахмеди: „Неговите браќа станаа негови најголеми ривали... и сите тие беа убиени по неова заповед". Според истиот извор, денешна Анкара била заземана од Мурат, но според историските извори Анкара била заземана од страна на Орхан во 1354 година. Се смета дека по смртта на Орхан, Анкара била нападната и освоена од емирот на Еретна, Мехмед. Сепак, скоро сите воени походи на Мурат во Анадолија многу тешко можат да бидат идентифицирани.

Анадолија[уреди]

Историски е познато дека веќе во 1368 година султанот ги контролира сите византиски територии околу Босфорот, бидејќи во истата година Венецијанската република преговарала со Мурат за отстапување на Ускудар на азискиот брег од денешен Истанбул, а не со византискиот император Јован V Палеолог. Сепак можно е да овие територии биле освоени уште од времето на Орхан. Во целина, најголемите освојувања во Анадолија се случиле на сметка на малите кнежества, но не и на Византија. Првото туркиско кнежество кое се присоединило кон султанот, најверојатно кон средината на седумдесетите години е Гермијан. Историскиот календар од 1421 година е најраниот извор за присоединувањето и според овој извор тоа се случило во 1379 година. Подетално ова присоединување било опишано од страна на Ашакпашазеде. Според него гермијанскиот владетел го посоветувал својот син Јакуб доколку сака оваа земја да остане негова ќе мора да се присоедини кон османлиите, а за да го оствари ова ќе мора да ожени некоја од своите ќерки за синот Бајазид. По ова, Јакуб ја упатил својата понуда кон Мурат за женидба на гермијанската принцеза Султан Хатун и Бајазит. Мурат го прифатил предлогот. По само неколку месеци османлиите го презеле Хамид, јужниот сосед на Гермијан, со поважните центри како Егридир и Испарта. Според Ашакпашазеде, во времето на свадбата, емирот на Хамид предложил на Мурат да му го предаде неговите територии, по кое Мурат се согласил. Овој расказ можеби бил измислен за да се скријат намерите на Мурат за зазимање на териториите од друг муслимански владетел. Проширувањето на отоманските територии кон југоисточниот дел довело до конфликт со Караман. Овој конфликт се продлабочил во 1386 година. Според Нешри, во времето кога Мурат војувал во Србија емирот Алаедин ги нападнал неговите територии. Кога султанот разбрал за ова, веднаш своите сили ги насочил кон Караман за да зимата во 1385 година ја поминал во Бурса. Самата армија на Мурат била составена од контигентите на неговите синови Бајазид и Јакуб, како и српските вазални одреди. Во близина на Конја отоманските сили ги поразиле силите на Караманија. По ова следувала опсадата на Конја. Според Нешри, султанот не го зазел градот поради неговата ќерка која била сопруга на самиот Алаедин. Османлиите го зазеле Бејшехир на западната граница со Караманија и го напуштиле кнежеството. Паѓањето на Бејшехир му овозможило на Мурат да пристигне до брегот на Медитеранот. По ова следувало и зазимање на малиот бејлик Теке во 1386 година , по кое пристигнале до брегот на Анталија. До крајот на својот живот, Империјата во Анадолија се простирала од Анталија на југ до престолнината Бурса и босфорскиот брег на север.

Балканско освојување[уреди]

Османлиската инвазија продолжила кон Западна Тракија. Денеска нема прецизни податоци кога точно се случило ова, но се смета дека било во времето кога византискиот император Јован V бил принуден да побара сојузници за заштита на неговата веќе одамна уништена империја. Со оваа цел во 1364 година кај Елисавета, вдовицата на српскиот цар Стефан Душан во Сер пристигнал константинополскиот патријарх Калист. Целта на овој состанок била да ги надминат своите несогласувања и со заеднички сили да им се спротистават на муслиманските сили. Но во Сер починал самиот патријарх без да ја исполни својата цел. Во 1365 година императорот заминал во Буда за да побара помош од страна на унгарскиот крал но и овде не постигнал ништо. На враќање му останало да побара помош од бугарскиот цар Иван Шишман, но наместо тоа, тој бил заробен и однесен во затвор. По кратко време Јован добил мала помош од страна на српските и бугарските сили главно благодарение на фамилијарните односи. Во 1366 година неговиот роднина Амедиј Савојски од Венеција заминал кон исток каде во Егејско море кон неговите сили се присоединиле и силите на џеновскиот управител Франческо Гатилузо. Нивната главна цел била ослободување на Галиполи. Така во август 1366 година тие постигнале успех против османлиските сили и пристигнале во Бугарија за да го ослободат византискиот император . Во 1367 година Амадеј си заминал а во октомври истата година во Рим пристигнала византиска делегација за да бара воена помош од римскиот папа Урбан VI. Сепак римскиот папа одбил да даде помош на Византија. Додека византиската делегација била во Рим, отоманскиот султан Мурат во 1366 година го зазел градот Едрене. Ова овозможило на отоманските сили достап до Маричката долина, која води на запад кон Пловдив и Софија. Во тоа време Македонија била раководена од страна на браќата Волкашин и Углеша. Знаејќи за големата опасност тие со заеднички сили заминале кон реката Марица. Така на 26 септември 1371 година се одвила Маричката битка каде христијанските сили доживеале катастрофален пораз. Овој пораз довел до брз напредок на отоманските сили на териториите на денешна Македонија и Бугарија.

Маричка битка[уреди]

Маричката битка позната и како Втора Маричка битка, се одиграла на реката Марица близу до селото Черномен (денес Орменио во Грција) на 26. октомври 1371. помеѓу Отоманската војска предводена од Лала Шахин Паша и македонската војска на Волкашин Мрњавчевиќ и неговиот брат, деспотот Јован Углеша. Според еден од најстарите српски извори, како причина за почетокот на овој конфликт бил намерата на Углеша заедно со својот брат Волкашин да ги протера Османлиите од Македонија. Според германскиот историчар Цинкајзен оваа битка започнала поради зазимањето на градот Пловдив кој денеска се наоѓа во Бугарија. Според турските извори пак, војната започнала поради обидот за зазимање на Едрене и обидот за протерување на турските сили од Балканот односно од Румелија. Сепак, современите историчари сметаат дека не постои конкретен повод за избувнувањето на оваа војна. Според нив, деспотот Углеша чија земја се наоѓала во правецот на османлиската инвазија на Балканот сватил дека Османлиите се голема опасност за него. Углеша со својата мудрост го избрал најидеалниот момент за напад. Султанот Мурат заедно со својата војска се наоѓал во Мала Азија а Лала Шахин Паша се наоѓал во Едрене. Освен двајцата браќа, според турските извори во битката учествувале и неверници од Босна, Унгарија и Блашко. Според Стојан Новаковиќ, браќата биле подржани од Дејановичи и војводата Богдан. Според изворите може да се заклучи дека силите на Волкашин биде собрани во делот на Шар Планина а еден дел од нив се наоѓал помеѓу реките Вардар и Струма. Турските сили од друга страна биле четири пати помалку и биле околу градот Едрене. Според изворите силите на браќата броела од 20.000 до 70.000 додека пак османлиите биле околу 11.000 војници. Христијанската војска се собрала во главниот град на деспот Углеша - Сер, по кое тргнала кон Едрене. Кога дознал румелискиот берлејбег Лала Шахин Паша побарал помош од султанот Мурат I. Султанот се упарил од Анадолија кон Едрене но по патот го опседнал градот Бига кој во тоа време бил под власта на каталаните и во тој град се наоѓал претендентот за османлискиот престол и внук на Мурат. Главно поради оваа причина султанот не успеал да пристигне на време. Христијанските војски биле распоредени во камп кај Черномен на реката Марица. Бидејќи христијаните биле уверени во својата големина, тие не земале доволно претпазливост, а сигурно и не очекувале напада пред да пристигне султанот со анадолската војска. Сето ова станало една од причините за станало причина лошата дисциплина меѓу христијанската војска и нејзиниот пораз. Румелиската војска на чело со Шахин Паша била распоредена во околината на Едрене во очекување на султанот. Лала Шахин го свикал воениот совет, на кој била донесена одлука Хаџ Илбеги заедно со неговиот одред од 4.500 војници да го започне нападот. Вечерта на 25 и 26 септември 1371 година согледувајќи го кампот на христијанската војска, Илбеги забележал дека таа е многу голема, но според изворите христијанската армија тонела во ноќното пијанство и ваквата состојба била многу добра за напад. Според Халкондил, обезбедувањето на кампот не било организирано . Илбеги ги разделил своите сили на четири делови и ги испратил да нападнат во четири различни насоки. Нападот од сите четири страни создал паника и впечаток кај христијаните дека се опкружени од голема муслиманска војска. Изворите раскажуваат дека во паниката тие почнале да се убиваат меѓусебно. Благодарение на добрата и организирана муслиманска тактика, реката наместо заштитен ѕид се претворила во сериозна пречка за прегрупирање на христијанскитње сили. Христијанската војска била целосно разбиена: Тие не само што не ги истераа Турците, туку и самите тие настрадаа бидејќи беа убиени и коските таму си ги оставија непогребени; Други пак загинаа од сечилото на мечот или пак беа одведени во ропство; Трети пак, малкумина, добија можност да се спасат и да побегнат Мавро Орбини пак битката ја опишал малку поразлично за разлика од Лаоник Халкондил. Според него првично Турците се сокриле во планините, а христијанската армија ги опустошила новите турски земји. Сепак, кога христијанската армија се враќала назад, тие ги нападнале силите на Углеша . Во борба загинале и двајцата претставители на походот - браќата Волкашин и Углеша. Околностите околу нивната смрт не е позната и нивната смрт е станала легенда. Според Мавро Орбини деспотот Углеша се удавил во обид да побегне преку реката Марица. Волкашин успеал да ја премине реката, но додека пиел вода бил задавен од страна на неговиот војсководец Никола Хрсојевиќ. Подоцна неговите останки биле однесени во манастирот Свети Димитар кај Сушица. Лала Шахин не можел да се помири со големиот успех кој го направил Хаџи Илбеги па наредил да биде убиен. Воените успеси на Лала Шахин и султанот Мурат продолжиле. Синот на Волкашин, Крале Марко, го наследил татка си на престолот на прилепското кралство, но сега како вазал на Турците. Бугарија исто така останала во вазалски статус. Со ова, Македонија и делови од јужна Србија потпаднале под Отоманска власт. Битката била дел од напредувањето на Отоманците во освојувањето на Балканот. Битката била проследена со заземањето на градовите Драма, Кавала и Сер во денешна Егејска Македонија.

Препораките на Мурат I при назначувањето на Евренос-бег за заповедник (1386) Запомни го и овој мој совет, знај дека местата од покраината Румелија се далеку едно од друго. За управувањето и задоволувањето на нивните потреби и за држењето ред, секако, ќе ти требаат многу луѓе од сабја и перо. Чувај се никако да не го посакаш богатството на својот народ... Кој затвора очи на овој свет во верски поглед, го заборава стравот од Бога. Во тие прашања никогаш не чепкај. Немој да се потпираш врз никого и не доверувај се никому. Мнозина можат да се видат што дење постат, ноќе се на нозе, макар што му се клањаат на идолот. Од такви, чувај се. Не давај да те прелаже надворешноста...И кога ќе сакаш да поставиш некого на свое место немој да се потпираш врз она што го знаеш за него од порано. Може да се изменил подоцна. Зашто телото на синот човечки се менува од една состојба во друга...Според тоа, за оној што ќе го овластиш за некаква работа, отвори ги и очите и ушите. Погледни дали неговата сегашна состојба одговара на неговата претходна состојба, па според тоа мери му ги зборовите.Знај го уште и овој совет: Намесниците што ќе ги назначуваш во внатрешноста на земјата, ако бидат вредни луѓе, на рајата ќе биде положбата добра... И нареди секому, муслиманите што му се во крајот да ги смета за браќа. И другата раја нека ја држат благо. Нека не им се прави зулум и нека не им се додева. Нека се сетат за денот кога ќе паѓаат списоците за делата сторени воминатото, како што паѓа снегот на денот на Страшниот суд. Нека се грижат за народната сиромаштија. Нека подготват за нив доволно средства за живот. Сиромавиот му е на Господа мил. Бедата на неговите сиромашни ќе ја сноси тој. Нема да гледа на оние што имаат големо овоземно богатство.Особено многу да го почитуваш славниот меѓу учените Елвана Фекиха - нека му се наголеми знаењето - кој е назначен за шејх-ул-ислам на цела Румелија. И грижи се за своите духовници кои се наследници на пророковите потомци. Дај им полна љубов имилост, почитувај ги и заштити ги...Отвори ја вратата за награди и подароци наспахиите. Чувај се од растурањето, како иод стегањето. Не мешај се во назначувањето на спахиите и не земај ни најмала дреболија за положбата што би им се давала. Ни волја за земање немој да покажуваш. Највнимателно да се трудиш. Со своето јунаштво и храброст не фали се, но, сепак својата сабја држи ја остра. Коњот свој раниси го. Немој да престанеш да се покажуваш како човек со изобилие на своето богатствои подароци да делиш. Исто така, немој да се обеспокојуваш поради тоа што за приходите од земјата кои си ги собрал со својата сабја, би рекол: „Не ми се доволни за моите давач-ки!“ Во случај на потреба, пиши ни ваму. Штоќе има кај нас нема да браниме. Колку ќе семоже ќе се испрати...Напишано во благословениот месец шевал во годината 788 (1386)

Западна Тракија и граѓанска војна[уреди]

Во 1373 година бил склучен сојуз меѓу Мурат и византискиот император Јован V. Ова зближување било потикнато од истовремените бунтови на нивните синови Савчи Бег и Андроник. Една кратка хроника од 1377 година соопштува дека Андроник во мај 1373 година го напуштил Константинопол бегајќи од сопствениот си татко и се сретнал со султановиот син. Бунтот започнал на 25 мај, но истиот бил задушен уште пред да започне. На 29 септември 1373 година востание повторно дигнал султановиот син, по кое Мурат го заробил и наредил да биде ослепен, а Андроник бил затворен. Вестите за овој сојуз стигнале до папата во Рим, кој во следните години го нарекол сојуз на нечестта, и покрај тоа што папата претходно не сакал да му помогне на византискиот император. Во 1376 година најверојатно со помош на Џенова, Андроник заедно со неговиот син и сопруга успеале да побегнат од затворот. Со помош на отоманците тие успеале да влезат во Константинопол и да ги поразат неговиот татко и брат Мануел и Теодор и да ги затворат. Како знак на благодарност тој ја дал својата сестра на отоманскиот султан. Султанот исто така го посакал Галиполи и Андроник му го предал полуостровот во 1377 година. Освен тоа, императорот му платил и огромен данок.

Бугарија[уреди]

Според историските податоци, заземањето на Бугарија од страна на Османлиите започнало веднаш по паѓањето на Едрене. По падот на Едрене, Мурат наредил на својот полководец Лала Шахин да се упати со своите сили кон Пловдив и Стара Загора кои најверојатно биле заземани во седумдесетите години. Во тоа време градот Софија бил под власта на Иван Шишман. Се смета дека истовремено отоманските сили напредувале и кон градот Јамбол и кон бреговите на Црно море. Султанот Мурат I својата власт во Бугарија ја наметнал не преку војна, туку преку брак. Според анонимната бугарска хроника, по смртта на бугарскиот цар Иван Александар на 17 февруари 1362, еден од неговите синови, Шишман, го добил Трновското царство. Од друга страна пак Видинското царство било управувано од страна на Срацимир. Во хрониките е запишано дека по смртта на Александар, Тамара, сестрата на Шишман станала жена на султанот. Можеби и поради овој брак Мурат очекувал од страна на бугарскиот цар да стане негов вазал. Но, поради неисполнувањето на неговите обврски кон султанот, во 1388 година султанот ги испратил своите сили кон Трново. Според историчарот Нешри, Мурат ја собрал својата армија за да ја нападне Србија, по кое следувало повик кон анадолските и европските вазали за учество во воената кампања. На тој повик не се јавиле Шишман и неговиот син Иванко. Поради ова османлиите се откажале од кампањата и Мурат го испратил на везирот Али Чандар на чело со војска од 30.000 луѓе да ја заземат Бугарија. Али тргнал од Едрене кон Јамбол и стигнал до Провадија (Варненска област). По ова следувало зазимање на Мадара, Шумен и Варна. Иван Шишман гледајќи дека неможе да ги победи отоманските сили започнал преговори со султанот Мурат и за втор пат се заколнал дека ќе му биде вазал. Условот бил да се предаде градот Дрестар, но сепак бугарскиот цар повторно не го одржал зборот. Али по ова ги зазел сите тврдини меѓу Трново и Дунав и поставил свои гарнизони. Според податоците, по 1388 година Иван Шишман делувал како отомански вазал.

Македонија[уреди]

Во времето на византиската граѓанска војна, османлиите своите територии ги прошириле до Епир и Македонија. Во 1383 година во Македонија навлегле силите на везирот Хајредин Чандарли. Според една кратка хроника од 16 век, османлиите го опседнале Сер и го презеле на 19 септември 1383 година. По ова следувала и опсадата на Солун. Блокадата на градот траела доста долго. Мануел, византискиот нов император кој се наоѓал во градот не добил никаква помош од неговиот брат Теодор, ниту од папата Во крајна сметка градот бил заземен, а Мануел успеал да побегне преку морето . Падот на Солун се случил по четири години, односно во 1387 година. Во времето на опсадата на Солун и по неа, Мурат спровел и други воени кампањи во Македонија. Според еден документ од Метеора, градот Бер паднал во 1385 година . Според османлиските хроники, Битола паднала истата година, а најверојатно и Охрид. Според Календарот од 1439 година, целата јужна Македонија била под власта на османлиите во 1387 година.

Србија[уреди]

Османлиското напредување на Балканскиот полуостров стигнале до земјите на Лазар Хребелјановиќ, кнез на Србија. Најверојатно конфликтот меѓу двете страни започнал во 1385 година, кога Нешри Мурад го зазел градот Ниш кај река Морава, кој се наоѓал југоисточно од тогашната престолнина Крушевац. Следната година, 1386 година, Мурат се вратил во Анадолија, војувајќи со Караман, во и покрај ова следната 1387 година Ниш паднал. Следниот конфликт се случил кај река Топлица, каде според српските летописи Мурат побегнал, а најверојатно Лазар ги повратил Ниш и Пирот. До 1388 година, градот Пирот бил под власта на Шишман, кој доброволно го предал на лазаровите сили. Кога за ова научил султанот, тој ја испратил својата војска на чело со Тимурташоглу Јахпи, по кое околината на Пирот била повторно заземана. Во исто време започнале и првите воени кампањи на османлиите во Босна. Најраните извори за овие напади датираат од 1386 година кога граѓаните на Дубровник научиле за турската инвазија во Босна. На 27 август 1388 година, кај Билеча босанската армија доживеала пораз од страна на османлиите На 15 јуни 1389 година започнала Косовската битка. На страната на Лазар застанал и босанскиот владетел Тврдко. Првиот расказ за конфликтот го дал босанскиот владетел на 1 август: Мурат дојде со своите синови. На 20 јуни започна битката со нив... и победата ја одржувавме. Ги тепавме, ги поразивме така да малку од неверниците останаа живи. И ова, фала му на Господ, стана без многу жртви од наша страна... Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Според сите извори, во битката загинал и самиот султан Мурат I. Според српските извори, султанот бил убиен од страна на Милош Обелиќ.

Косовска битка[уреди]

Косовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 23 јуни 1389 година според григоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912.

Периодот непосредно пред битката е исклучително важен и за Србија и за Османлиите. Српската држава прераснала во најсилна на Балканот, така што во 1345 кралот Стефан Душан се прогласува за „цар на Србите и Грците“. Но по смртта на Душан во 1355, неговиот син и наследник Урош I не бил способен да го одржи унитарниот карактер на Царството иако никој не му ја оспорувал титулата. Со неговата смрт царството дефинитивно престанало да постои (воедно Урош не оставил наследник), а месните велможи станале суверени господари над своите територии. Така дошло до раздробување на српската држава и опаѓање на нејзината моќ. Најпознати владетели на вака настанатите формации биле браќата Мрњавчевиќ, Волкашин (срп. Вукашин), владетел на западна Македонија со престолнина во Прилеп, и Јован Углеша (срп. Јован Угљеша), деспот на егејска Македонија со престолнина во Сер, Вук Бранковиќ, господар на Косово и Метохија, и кнезот Лазар Хребелјановиќ, владетел на Рашка и денешна централна Србија со престолнина во Крушевац. Од сите нив Лазар имал најголем авторитет, но останатите не му биле потчинети што дополнително довело до тоа војничката моќ на српските војски во непосредната битка уште да опадне. Османлиите, пак, уште од многу поодамна постепено ја потиснувале Византија. Во 1352 го освојуваат своето прво упориште на европска почва, а во 1365 веќе имаат освоено толку територија на Балканот што султанот Мурат I ја пренесува престолнината од Бурса во Едрене (Адрианопол, тур. Edirne). Првите судири меѓу Србите и Османлиите се случиле уште во времето на царот Душан, кој прв ја согледал опасноста од османлиската држава како сила во подем . Но, по неговата смрт во 1355, па сѐ до 1371, Србите не презеле никакви конкретни чекори за справување со Османлиите, чија држава непрестојно јакнела. Токму таа 1371 година браќата Мрњавчевиќ се решиле на своја рака да преземат борбени мерки - директно целејќи кон османлиската престолнина: Едрене, искористувајќи го фактот што султанот Мурат заедно со поголемиот дел од војската војувал во Мала Азија. На 26 септември 1371, Османлиите кај местото Черномен на реката Марица целосно ја уништиле седумдесет илјадната српска војска, благодарение на изненадувачкиот ноќен напад и супериорната тактика. Оваа битка позната во историјата како Маричка битка го означува всушност почетокот на долгиот српско-османлиски судир. По битката Србија е војнички осакатена што силно ќе се чувствува до Косовската битка. По Маричката битка Турците-Османлии вршеле само повремени пљачкања низ поранешното српско царство. Наскоро потоа Византија и Бугарија станале османлиски вазали. Со погибието на Балша II, господарот на Зета во битката на Саурското поле, Османлиите ја потчиниле и денешна Албанија, а започнале и со напади на Босна. Меѓутоа се случувало и османлиските напади да завршат со нивен пораз; најпознати вакви примери се турските порази во битките кај Плочник (1386) и Билеќе (1388) . Околу ова време ситуацијата за решавачки судир веќе била созреана и било само прашање на време кога и каде ќе дојде до пресудна битка.

  • Движењето на војските и почетниот распоред

Лазар како главен заповедник на српската војска очекувал турско настапување, но не знаел од каде. Мурат, од друга страна, во пролетта 1389 ја концентрирал главнината на својата војска во Пловдив (грч. Филипополис). Движејќи се преку Ихтиман и Велбужд (Ќустендил), извесно време задржувајќи се во Кратово, преку Куманово ѝ пришол на Лазаровата територија од југ. Српската војска најверојатно била првично распоредена во околината на Ниш (долините на Нишава и Јужна Морава), очекувајќи напад од правец на Средец (Софија). Иако за српското движење има оскудни податоци, може да се претпостави дека кога Лазар дознал за настапувањето на турската војска, преку Плочник и Бела Црква (Куршумлија) и на 14 (27) јуни 1389 пред мрак избил на Косово Поле северно од Приштина каде се влогорил. Изборот на Косовското поле за боиште бил правилен заради неговата стратешка и поволна географска положба. Српската војска била распоредена на левиот брег на реката Лаб. Центарот на војската се состоел од трупите на Лазар, десното крило од трупи на Вук Бранковиќ, а левото од босанските трупи на Влатко Вуковиќ. Првите борбени редови биле од коњаници кои српската војска ги имала неколку илјади, а и неколку стотини модерни, тешки коњаници. Турската војска се распоредила спроти српската. Центарот - најквалитетните турски трупи, бил под команда на султанот Мурат, десното крило (европските трупи) под команда на Муратовиот наследник Бајазит, додека левото крило (азиските трупи) под команда на Муратовиот помлад син Јакуб. Турскиот почетен распоред, за разлика од српскиот, ги имал пешаците во првите редови, додека коњаниците во позадина. Дополнително, турската војска имала и одреден број стрелци.

  • Текот на битката

При разгледувањето на текот на Косовската битка, важен и неминовен е еден настан: убиството на турскиот султан Мурат I. Општо прифатен е фактот дека убиството се случило пред почетокот или, барем, пред решавачкиот момент на битката. Сите извори се согласни дека бил убиен со измама: српски благородник под изговор дека пребегнува на страна на Турците бара да биде примен од Мурат, кога всушност и успева да го убие, чин по кој и тој самиот е убиен. Во српското народно творештво овој лик е познат како Милош Обилиќ или, поретко со презиме Кобилиќ. Не е утврдено дали ова убиство било планирано од српското благородништво или пак е самоиницијативен чин. Тактички, Србите имале поповолна положба дочекувајќи ги Турците на благо наведена ширина. Битката ја отвориле турските стрелци (иако според многу извори, а согласно и со тогашната турска тактика, „Турците на Косово воделе одбрамбена битка“ ) стрелајќи кон српската коњаница. Србите ја прифатиле провокацијата, извршувајќи директен фронтален напад долж целата линија на боиштето. При овој напад особени успеси имале српскиот центар и десното крило кои успеале во целост да го разбијат турското лево крило, но не и да го уништат благодарејќи на подвижноста на турските единици. За разлика од овој успех, турскиот центар (составен од муратовата лична гарда и од јаничари) и десното крило успеале да го издржат првичниот налет на српските единици. По ова настанува критичниот (решавачкиот) момент на битката: турскиот центар и десното крило преминуваат во противнапад. При ова српското лево крило (составено од трупи на Влатко Вуковиќ) е отфрлено назад, додека српскиот центар е опколен. Што точно се случува непосредно по ова е нејасно; имено, веројатно е дека одбиениот Вуковиќ со релативно малку жртви го напушта боиштето и се повлекува во Босна, додека исто така се претпоставува дека и Вук Бранковиќ бил потиснат и се повлекол кон Дреница. По ова веќе сѐ било јасно: српската војска била разбиена, иако и самите Турци претрпеле големи загуби. Кнезот Лазар и дел од благородништвото се заробени и веднаш погубени: Србија била поразена.

  • Последици

Со победата во Косовската битка, Османлиската држава го разбила единствениот доволно моќен соперник на Балканот во тоа време. Но и на самата османлиска војска ѝ требало време да закрепи од битката. Косово и Метохија заедно со скопската околина биле ставени под војничка управа на Османлиите, а поголем дел од преживеаните српски благородници станале турски вазали. Иако српските држави ќе продолжат да им пружаат отпор на Османлиите сѐ до падот на Смедерево во 1459 година, за Османлиите патот кон Панонската Низина бил отворен.

  • Косовската битка во народното творештво

За настаните непосредно пред, за време и непосредно по Косовска битка е испеан еден од најубавите циклуси на српската народна епика. Во песните народниот пејач им придава полубожествени моќи на директните учесници, а битката (согласно нејзиниот значај во српската историја) е претставена како судир од колосални размери. Некои од песните споменуваат судир на повеќе стотини илјади борци (што е секако невозможно).

  • Смртта на Мурат

Со оглед на тоа што Мурат починал на бојното поле, а тоа не бил чест случај во средниот век, самата битка и неговата смрт одекнале широко во Европа. Христијанските и муслиманските извори се разликуваат според начинот на кој бил убиен Мурат. Според турските, султанот бил убиен со измама по крајот на битката, додека пак христијанските извори се темелат на легенда според која еден војник го жртвувал својот живот за да го убие на султанот. Косовската легенда ја запишал Мавро Орбин во книгата Кралството на Словените од 1601 година. Освен овие, постојат и други верзии за смртта на султанот. Босанскиот крал Тврдко на 1 август објавил за својата победа на Косово при кое султанот го испратил од овој свет со многу негови војници. Тој не навел кој го убил на султанот, но според писмото ова дело го препишал себе си. Во едно писмо на Фиренската општина од 20 октомври се говори за нападот на дванаесет војници кои во текот на битката успеале да се пробијат до султановиот шатор }} и да го убијат. Белтрами Минанели во своите Спомени од истокот пишува за истиот настан околу шаторот, но се ова се случило по крајот на битката. Според овој извор, војниците одбиле да дадат заклетва дека ќе бидат вазали на султанот па го нападнале султановиот шатор и смрттно го раниле.

Територијално проширување на Империјата[уреди]

Територијално проширување на Империјата (1453-1683) претставува период од историјата на империјата кој следел по создавањето и подемот на империјата (1299-1453). Овој период го одбележува проширувањето на империјата кон Северна Африка, како и војните со Сафавидите од исток. По завршувањето на овој период следувал стагнација во Империјата (1683-1827).

Бајазит I[уреди]

Бајазит I бил четвртиот султан на Империјата од 28 јуни 1389 до 28 јули 1402. Власта ја презњел по битката на Косово поле и смртта на татко му Мурат I. Во негово време бил изграден Анадолски Хисар, најстарата отоманска тврдина во денешен Истанбул.

  • Потекло и детство

Бајазит е роден во 1354 година и бил третиот владетел од Османлиската династија. Тој бил син на Мурат I и Ѓулчичек Хатун, за која се смета дека имала грчко потекло. Според некои извори, најпрвин неговата мајка била сопруга на владетелот на Кајсери, но кога таткото на Мурат, Орхан I во 1344 година го зазел Кајсери, таа била испратена во османлискиот харем, а подоцна и омажена за Мурат I. По примањето на исламот, таа го демонстрирала својата посветеност кон новата вера кога во османлиската престолнина Бурса изградила џамија.

  • Провинциски управител

Според османлиските обичаи, синовите на султаните биле испраќани да управуваат со провинциските градови. Во 1381 година Бајазит бил испратен во Кутахија. Во Анадолија, Османлиите како главни противници ги имале емиратите Ертене во Сивас и Караманија со центар во Конија. Неговиот татко не сакал да покрене поход против овие две земји, Во 1375 година Бајазит бил оженет со ќерката на управителот на Гермијана. Кога Османлиите го зазеле емиратот Хамидилија, Караманија објавила војна. Во 1387 година Мурат ги поразил а по таа битка идниот султан Бајазит бил наречен Јилдрим односно муња. По зацврстувањето на своите позиции во Анадолија, Мурат направил инвазија на Балканот, каде биле заземани Едрене (1369), Сер (1383), Софија (1385), Ниш (1386) и Солун (1387), а по ова се одвила и Косовската битка.

  • Косовска битка и смртта на Мурат

Во историјата денеска е познато дека во Косовската битка бил убиен султанот Мурат I. Според османлиската традиција, Бајазит го погубил својот брат Јакуб. Еден од везирите на Мехмед II запишал дека Бајазит го погубил бидејќи тоа било неопходно и целта била да се спречи поголемо зло, односно граѓанска војна во земјата. Во почетокот во Западна Европа незнаеле кој од муратовите синови бил избран за нов султан. Во Венеција во јули припремиле делегација која ќе изрази на новиот султан сочуство. Венецијанскиот амбасадор со себе понел две писма, едно за Бајазит а другото за Јакуб. Се очекувало дека по доаѓањето на власт, новиот султан треба да се повлече кон источниот дел заедно со својата војска. Историски денеска не се познати директните извори за војната помеѓу синовите на Мурат, Бајазит и Јакуб. Познато е дека по смртта на Мурат, неговиот постар син Јакуб се наоѓал во Анадолија, но неприсуството на смртта на неговиот татко му дала голема можност на помалиот Бајазит веднаш да го зазеде престолот. Бидејќи првите познати сребрени монети од Бајазит започнале да се издаваат шест месеци поп Косовската битка. Сите негови монети ја носат датата 792 година според муслиманскиот каленар, или 20 декември 1389 година . Се смета дека во текот на овие месеци бил убиен Јакуб а Бајазит се зацврстил на султанскиот престол.

  • Анадолија

Во првите години од своето владеење Бајазит лично го предводел походот против малите емирати во Анадолија. Во времето на Косовската битка, владетелот на Гермијан си ги вратил териториите кои претходно морал да ги предаде на Мурат. Така во 1389 и 1390 година Бајазит ги зазел Сарухан, Ајдин и Гермијан. Единствено Смирна останала надвор од османлиско управување. Како нов владетел на Ефес и Милет, Бајазит започнал да војува со еден од своите главни противници Алаудин. Тој успеал да навлезе во неговата територија и да го опседне главниот град Конија. На ова одговориле останатите емирства на чело со Кастамонија и Сивас, додека Караманија останала неутрална. И покрај антиосманлискиот сојуз, Бајазит ги задржал сите освоени територии а Алаудин ги задржал територииите источно од градот Чаршамбе на брегот од Црно Море. Според Азиз бин Ардашир, кон почетокот на воената кампања, кон султанската армија се присоединил и Сулејман Паша, владетел на Кастамону. Сулејман најверојатно бил вазал на Бајазит, а односите меѓу двете земји се зајакниле по склучениот брак меѓу отоманската принцеза и близок роднина на Сулејман . Во текот на оваа воена кампања, Бајазит постигнал успех, притоа биле заземани Сарухан и земјите на Ајдин, а по ова бил предаден и Бејшехир, како и југозападна Анадолија. Точните дати за овие победи не се сигурни. Венеција на 6 март 1390 година го испратила својот амбасадор кај султанот за потпишување на договори со владетелите на Ајдан у Ментеше во југозападна Анадолија . Во целина, се смета дека Бајазит и неговата кампања била соста кратка и усупешна.

  • Византија

Бајазит во голема мера ја искористил династичката војна во Византија и направил сè за да се вмеша во нејзината внатрешна политика. Византија во негово време била сведена на престолнината Константинопол и крајбрежјето на Црно Море како и Мореја на Пелопонез. Во Константинопол управувал Јован V Палеолог (1341—1391), додека неговиот внук Јован VII Палеолог владеел со областите од Месемврија до Цариград. Со подршка на Џенова и Османлиите, Јован VII успеал да зазеде неколку градови и да се појави пред ѕидините на Константинопол. На стариот император Јован како на помош му дошол Мануел II Палеолог, но и покрај тоа на 14 април 1390 година во градот влегол Јован VII. Јован V со своите приврзаници бил затворен во Златната порта, додека неговиот син Мануел успеал да побегне од градот. На Венецијанската република и била позната бајазитовата подршка на Јован VII. Мануел II успеал да собере помош од егејските острови и во август се нашол пред Константинополските ѕидини. Со помош на Џенова, на 17 септември 1390 година Јован V повторно ја зазел власта а Јован VII побегнал кај Бајазит како османлиски вазал. Бајазит со помош на вазалот ја зазеле последната христијанска населба во Анадолија, Филаделфија. Поради стравот од Бајазит, Јован V започнал со поправка на ѕидините на престолнината на кое Бајазит му се заканил со опсада на градот. Поради ова византискиот император го повлекол проектот а како награда го добил Мануел II. Во 1391 година починал Јован, а на негово место застанал Мануел II, кој бил вазал на Бајазит и кој му порачал дека територијата на Византија се наоѓа единствено зад Константинополските ѕидини. Покрај тоа, Мануел морал да се согласи да Бајазит именува кадија кој во Константинопол ќе им суди на муслиманското население.

  • Освојување на Балканот
    • Србија

Имајќи моќ и голема и добро организирана војска, Бајазит I решил да продолжи со освојувања на татко му на Балканот и во Азија. Кога дознал дека неговиот татко е мртов, тој наредил сите српски затвореници да бидат погубени. Бајазит се одликувал со тоа што ги проширил своите територии на Балканот поради кое главно бил наречен Јилдирим или молња. По смртта на српскиот кнез Лазар на Косово поле во 1389 година, неговите вазали Вук Бранковиќ и Ѓорги Страцимировиќ не сакале да го признаат господарството на лазаревата вдовица Милица. Истата година, унгарскиот крал Сигисмунд го наложил своето господарство во Србија во северниот дел од земјата. И покрај тоа што Бајазит се наоѓал во Анадолија, турските налети продолжиле. До крајот на 1392 година, сите земји на кнезот Лазар паднале под власта на Османлиите. Според житието на Стефан, синот на кнезот Лазар, по Косовската битка во Бајазит испратил претставници кај сопругата на Лазар, Милица и посакал од неа да се потчине како и раката на нивната ќерка Оливера Лазаревиќ. Во замена тој и ветил дека нема да ги напаѓа позициите на нејзиниот син Стефан, а ќе го брани и ќе ја потврди неговата власт во земјата. По прифаќањето на овие услови, Оливера Лазаревиќ и Стефан Лазаревиќ отишле кај Бајазит за да се склучи бракот и да се формализираат вазалните односи. Во времето кога го склучил сојузот со Милица, султанот Бајазит I ги потчинал Ѓорги Страцимировиќ и Вук Бранковиќ. Според еден протокол издаден од страна на венецијанскиот сенат на 7 октомври 1392 година, Бајазит успеал да го зароби самиот Ѓорги и неговата фамилија. Цената на нивното ослободување била предавање на областите Шкодра и Улцин. Во еден друг документ пак од 21 октомври 1392 година кој бил издаден во Приштина, Вук објавува дека склучил договор со османлискиот владетел . Според житието на Стефан, и двајцата српски владетели се вазали на султанот и се задолжени да учествуваат во воените походи на Бајазит. Со потчинувањето на овие двајца, Империјата воспоставила контрола врз сите земји на покојниот кнез Лазар. Бајазит I прв од турските султани почнал да гради силна морнарица за да ја искористи предноста на освојување од море. Османлиите го свртеле своето внимание кон пространствата на Егејско Море, каде што имало многу густо населени грчки острови. Но, островјаните биле слободољубиви, а нивните градови биле заштитени со камени ѕидови. Покрај тоа, на Грците морепловството им било вродено, и да се победат на море се покажало многу тешко. Милитантниот османлиски султан избрал поинаква тактика, и целосно го оправдал својот прекар. Неговата флота со војници почнала да врши грабежи по грчките острови во архипелагот. Оваа тактика довела до тоа многу скоро, многу грчки острови да станат сопственост на турците османлии, а островјаните на крајот се приклучувале на екипажите на бројната флота на Империјата.

    • Бугарија

По покорувањето на српските земји, Османлиите се свртиле кон земјите на денешна Бугарија. За оваа кампања се зазчувани оскудни сведоштва, но ниту еден извор не ги раскрива мотивите за нивниот почеток. Се смета дека по крајот на Косовската битка, бугарскиот цар Шишман повеќе не сакал да биде вазал на османлискиот султан, исто како и својот брат во Видин кој се потчинал на Кралство Унгарија . Според српските летописи, Трново бил заземан на 17 јули 1393 година, но самиот Шишман управувал уште две години. Налагањето на османлиска власт во Србија и Бугарија ја ограничила можноста на унгарскиот напад по текот на реката Дунав. Поради ова, Бајазит започнал подготовка за зазимање на Константинопол, град кој одамна ја имал изгубено својата величенствена гордост, главно поради постојаните династички пресметки помеѓу византиските династии. Индиректно, самиот град бил управуван од страна на султанот бидејќи тој налагал големи даноци.

    • Состанокот во Сер

Со покорувањето на Трновска Бугарија, османлиските територии во Европа се простирале до реката Дунав. Се смета дека во тоа време Бајазит започнал да размислува за воведување на локални влади чии области би биле анкетирани и на тој начин би се создала централизираната држава. Унгарските обиди кај дунавските предели, како и тајните преговори меѓу Мануел II и Јован VII за помирување довеле до сомнеж кај Бајазит. Поради тоа тој сакал да го потврди својот авторитет на Блканот, свикувајќи средба со христијанските вазали во Сер во зимата 1393/94 година. Во Сер биле повикани самиот император Мануел II, синот на Јован VII Теодор Драгаш, Павле Мамонас како господар на Монемвасија, како и српските владетели Константин Драгаш и кнез Стефан Лазаревиќ. Се смета дека на тој состанок присуствувале и Вук Вранковиќ заедно со Крале Марко и неговите браќа Андреја и Димитар. Султанот на овој начин сакал да ги дознае односите меѓу христијанските владетели. По овој состанок послушност кон Бајазит откажале Теодор Драгаш и Мануел II како и браќата на Марко, кои заминале во Унгарија. За разлика од нив, Вук Бранковиќ останал со своите поседи но подоцна побегнал во Дубровник. Во 1391 година, нов император станал Јован V, кој следната година се оженил за Елена Драгаш. Во зимата 1393-1394 година, императорот бил повикан од страна на Бајазит во Сер, заедно со вазалите Константин Драгаш, Теодор Драгаш и Стефан Лазаревиќ. Мануел одбил да присуствува па затоа во тоа време се случила и опсадата на градот. По ова следувала венецијанска интервенција кои ги испратиле своите галии, а го советувале на императорот да не го напушта градот туку да побара помош од самиот папа во Рим и западноевропските кралеви. Во јули истата година венецијанскиот сенат објавил дека било многу сигурно Бајазит да се повлече бидејќи во Анадолија бил застрашен од страна на монголскиот владетел Тимур.

    • Опсада на Константинопол

По крајот на состанокот во Сер, Мануел II изразил нелојалност кон султанот. Во 1394 година Бајазит го повикал Мануел во својот двор но тој одбил да се појави. По ова Бајазит го пратил големиот везир Али паша во византиската престолнина со барање за предавање на градот. по одбивањето, Мануел побарал помош од Венеција и од западните сили по кое започнала опсадата на градот во септември 1394 година. Но по првиот обид станало јасно дека султанот нема да може да ги пробие ѕидините на градот кои биле изградени уште од времето на Теодосиј II.

    • Влахија

Во пролетта 1395 година, Бајазит најавил експедиција против Влахија. Веројатно неговата цел била да го попречи сојузот меѓу војводата Јован Мирче и унгарскиот крал. Според тој договор, самиот влашки владетел се задолжил да интервенира доколку унгарските земји бидат нападнати од страна на османлиите . Османлиските војски постигнале успех до реонот на Белград и Темешвар. По ова влегле во Влашко и кај реката Арџеш се присретнале со влашката војска. Според еден документ, Бајазит водел битка во продолжение на една недела по кое следувало потпишување на мир . Според една анонимна фиренска хроника пак Бајазит војувал со Сигизмунд и со тешки загуби на двете страни успеал да победи. Во оваа битка загинал и Крале Марко, син на Волкашин, како и Константин Драгаш кои му биле вазали на Бајазит. По ова, Јован Мирче успеал да побегне кај унгарскиот крал.

    • Битки со унгарските сили

По крајот на битката, Бајазит ја преминал реката Дунав и заминал кон Никопол, кој бил под власта на бугарскиот цар Иван Шишман кој по заземањето бил егзекутиран на 29 октомври 1395 година. Во текот на следната 1396 година, ривалството меѓу ингарските и османлиските сили го достигнал својот врв. Кралот во продолжение на неколку години барал сојузници на запад, а од друга страна пак истото го прави и византискиот император за да ја спаси престолнината Константинопол. На 1 март 1396 година, кон т.н. христијански сојуз се приклучиле Венецијанската република , а во следните месеци истото го направиле и Франција, Англија, Бургундија и Бохемија.

Никопол[уреди]

Битката кај Никопол се случила на 25 септември 1396 година помеѓу Империјата од една страна и крстоносните сојузници предводени од Кралство Унгарија, Светото Римско царство, Франција, Полска, Англија, Шкотска, Венеција, Џенова. Оваа битка се одвила близу Никопол. Сојузниците во почетокот бележиле успех, за да подоцна нивниот поход заврши катастрофално. Околу 1000 војници биле убиени, а 10 000 заробени. Со ова битка, Османлиите конечно се утврдиле како долготрајни господари на Балканот. Османлискиот пораз кај Ровиње го разбудил оптимизмот во Западна Европа. Во меѓувреме, византиските емисари започнале да патуваат низ Западна Европа барајќи помош за нов крстоносен поход. Најсмел од сите европски владетели бил војводата од Бургундија Филип II Смелиот чиј син Жан од Невара ветил дека во август 1395 година ќе тргне во поход. Новата крстоносна војна била подржена од страна на двајцата папи во Рим и Авињон. Венеција, главно поради своите трговски интереси сакала да ги помири осланлискиот и византискиот владетел. Така местото на собирот било закажано на 20 април 1396 година во Дижон. Неколку витези пристигнале од Англија, Арагон, Полска и Чешка. Најмногу имало од Франција на чело со грофот Жан од Навара кој немал воено искуство. Крстоносците во текот на пролетта патувале по долината на реката Дунав, а во јули пристигнале во Будим каде задоволниот Сигмунд приметил дека армијата е толку голема што со своите копје можеле да го спречат небото доколку падне. Но очекувањата дека Бајазит I ќе го помине Дунав со својата војска не се оствариле, па било одлучено да се тргне во офанзива. Француските витези биле уверени дека Бајазит постојано ќе избегнува отворена битка и поради тоа барале брз напад. Крстоносците навлегле преку источна Србија и заминале кон Видин. Еден дел од унгарската војска влегла во Влашко и го протерала ривалот на Мирчо. Истовремено, во Егејско Море се наоѓале воена флота од 44 воени бродови на чело со венецијанскиот адмирал Томасо Мочиниг. Првата важна победа на крстоносците била одиграна кај Видин каде царот Иван Страцимир ги отворил портите на христијанските војници. Турската армија била погубена а Жан од Невера и неговите 300 соборци биле прогласени за витези.

  • Опсада

Походот продолжил кон Никопол каде се наоѓал добро снабдениот гарнизон на чело со Доган-бег. Силите на Венеција и Џенова по речен пат пристигнале на 10 септември а по ова пристигнал и Сигмунд. Ѕидините на Никопол биле во очајна состојба по крајот на Иван Шишман и неговата егзекуција во 1395 година, а самата положба на градот била тешко достапна. Во почетокот на битката христијаните започнале да копаат тунели за да ги пробијат ѕидините, но тоа се покажало како неуспешно. По ова тие започнале со опсада на градот. Во меѓувреме кога за опсадата разбрал, Бајазит се наоѓал пред ѕидините на Константинопол. По ова тој набргу заминал во Едрене каде многу бргу ја организирал својата војска од Румелија и Анадолија. Бајазит наредил блокадата на Константинопол да продолжи, а по ова заминал кон Трново. Провинциските одреди султанот го чекале меѓу Едрене и Пловдив, додека пак Стефан Лазаревиќ присригнал преку Софија. Се смета дека српските сили на османлиските се приклучиле во Трново на 21 септември. По ова, здружените сили тргнале кон Никопол. Во ноќта на 25 септември, кралот Сигизмунд свикал воен совет, на кој витезите долго и безуспешно се расправале за тоа кој е достоен прв да започне битка со Османлиите. Рано наутро француските витези, предводениа од бестрашниот до очај Војвода од Навара, излегле од логорот и без да ги чекаат другите, тргнале кон позициите на Османлиите. Силата на завојуваните страни не била еднаква. Бајазит I донел со себе 20-илјадна армија, искалена со военото искуство во претходните освојувања. Кралот на Унгарија и Чешка, имал под свое водство околу 10 илјади војници. Француските рицари под команда на Војводата од Навара лесно се пробиле низ структурата на турските стрелци коњаници, но почнувајќи да ги гонат, паѓале под огнот на стрелците јаничари од околните ридови. Соочени со добро утврдените јаничари во ридиштата, француските витези, изморени од нападот, не можеле да ги пробијат на нивните позиции. Турците масакрирале илјадници француски крстоносци, а другите морале да се предадат во надеж дека ќе ја избегнат со тоа неминовна смрт. Целосниот пораз на кралот на Унгарија и Чешка во битката кај Никопол, им овозможило на отоманските Турци, без никакво противдејство на унгарските војници да ја покорат горна Босна. Таа станала еден вид на отскочна штица од која многу пати се правеле напади во Европа од турската војска. По крајот на битката и големата победа на Бајазит, султанот наредил егзекуција на сите заробени војници со исклучок на оние кои се помлади од 18 години. По крајот на битката, на 26 септември Бајазит заповедил да бидат егзекутирани меѓу 3.000 и 10.000 војници како одмазда за убиството на турските сили кај Орјахово од страна на французите.

    • Грција

За настаните околу Епир денеска се зачувани две карти од Јанина на кои е одбележана војната меѓу два епирски владетели Есау Буонделмонти и Буа Шпата. Најверојатно конфликтот се случил во 1388-1399. Според изворите, кон крајот на 14 век и почетокот на 15 век, одделни османлиски бегови стигнале до бреговите на Јадранско море. Преку династички бракови, Бајазит ја зголемил својата власт во јужна Грција. На Пелопонез венецијаните претходно имале свои колонии и тврдини. Според пишувањата на венецијанскиот сенат османлиите станале многу силни во тој реон главно бидејќи со многу мал напор успевале да најдат свои сојузници. Нападите започнале во пролетта на 1394 година, кога Евренос го нападнал деспотот на Коринт и Мистра. Од грчките и венецијанскиоте извори се проценува дека во 1396 година немало напади во Пелопонез. Се смета дека кон крајот на летниот период османлиските сили ја напуштиле јужна Грција за да се вклучат кон битката кај Никопол. Во 1397 година нападите биле обновени. Настаните се опишани во Кратката хроника од 1425 година според која Јакуб паша и Тимурташ го зазеле Аргос на 2 јуни, кој бил венецијанска колонија. Во јануари 1399 година Бајазит испратил голема војска во Пелопонез, а флотата истовремено го нападнал островот Негропонте. Во 1400 година кога паѓањето на Мистра станало повеќе од очигледно, Венеција предложила деспотот Теодор и неговиот брат, императорот Мануел II да заминат на нејзините територии.

Битка со Монголите[уреди]

Во времето на Бајазит, од исток се појавиле монголските освојувачи на чело со Тимур. Во почетокот од 15 век, империјата на Тимур се протегала до Ирак, Азербејџан и делови од Кавказ. Во времето кога Бајазит ги освоил Сивас и Малатија, неговата империја се проближила до онаа на Тимур. Често пати вазалите од двете страни барале протекции за своите земји, и во голем дел се смета дека ова било причината за нападот на Тимур. По зазимањето на Сивас, управителот Кара Јулук му дал повод на Тимур да нападне. Во тоа време Бајазит учествувал во опсадата на Константинопол, па во Сивас го пратил својот син Сулејман. Градот паднал пред самиот Сулејман да престигне, и тоа на 26 август 1400 година. Така, монголите започнале да им нанесуваат порази на Османлиите во Анадолија. До поголема војна дошло на 28 јули 1402 година на полето Чибук, блиску денешната престолнина на Турција, Анкара. Во таа битка учествувал и самиот Бајазит I, заедно со своите синови: Иса, Мехмед, Муса, Мустафа и Сулејман. Во таа битка на страната на Османлиите учествувале и вазалите Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, кои биле српски деспоти и учестувале со околу 5.000 оклопни коњаници. Оваа битка е меѓу најголемите битки во воената историја. Според различни проценки, имало присуство на околу 2.000.000 луѓе. Се наведува дека Тимур имал најмалку 800.000 војници. Веројатно е дека овие бројки се значително претерани во источните извори, а европските извори даваат многу пониски бројки: 250-350 000 војници и 32 воени слонови на Тимур и 120-200.000 војници на султанот Бајазит I.Местото на битката, градот Ангора, не бил случајност: тука се вкрстувале сите патишта на Анадолија. Во битката победила војската на Тимур а Бајазит I ,со еден од неговите синови, бил заробен, а неговиот друг син бил убиен во битката. Тимур невообичаено нежно се однесувал со поразениот турски султан, па дури и го приврзал кон себе. Но, кога тој се вмешал во заговор против него, станал построг и Бајазит станал вистински затвореник, чиј живот зависел од волјата на победникот. Во текот на битката, турските бегови од областите Ајдин, Сарухан, Ментеш и Караманија преминале на страната на Тимур и со тоа битката била решена. Со околу 10.000 јаничари, султанот во ноќта се обидел да побегне но во тоа не успеал па бил заробен од страна на монголската војска. Заедно со него бил заробен и сун му Муса. Другите негови синови се спасиле со бегство, освен Мустафа кој мистериозно исчезнал на бојното поле.

Заробеништво[уреди]

За да го спречи можното бегство на Бајазит, Тимур наредил да биде пренесен на носилка во решетки односно во кафез. Според некои покасни извори, Тимур на Бајазит го дочекал пријателски. Кога го прашал што би направил кога би бил на негово место, тогаш Бајазит му одговорил дека ќе го внесе во кафез по кое следувала наредбата за градење на кафезот. Колку и да било точно овој извор, сепак се знае дека Тимур не бил многу почитуван во заробеништво. Тимур решил да го понижи султанот доведувајќи ја бајазитовата најмила жена, спрската кнегиња Оливера. Тој ја носел постојано во својот логор и наредувал да му служи. Султанот Бајазит му порачал на Тимур дека како човек од скромно потекло не треба да се однесува на таков начин со еден цар исмејувајќи ги неговите жени и деца. Бајазит исто така бил носен во кафезот низ целиот воен логор на Тимур каде неговите војници го исмејувале. Според византиските кратки хроники е познато дека Бајазит починал на 9 март 1403 година во Акшехир , северозападно од Конија. Денеска не е познато како точно починал султанот. Византиските извори од 15 век имаат две верзии. Според првата тој бил отровен а според втората починал од тага. И покрај сè, Тимур се потрудил Бајазит да биде погребан во престолнината Бурса.

Отомански интеррегнум[уреди]

Османлискиот интеррегнум, позната и како османлиски триумвират (турски: Fetret Devri) започнала во 1402 година по смртта на султанот Бајазит I од страна на монгоскиот султан Тимур во битката кај Анагора. И покрај тоа што Мехмед Челебија бил избран за новиот султан на Империјата, сепак тоа не било прифатено од страна на неговите браќа. Ова резултирало со започнување на граѓанска војна во империјата. Војната завршила во 1413 година, кога Мехмед Челебија се појавил како победник и тој бил прогласен за султан под името Мехмед I. По Анагорската битка, во Империјата се дошло до интерегнум - меѓувлада, која трале повеќе од една деценија. По битката, синовите на Бајазит побегнале на различни страни. Така, Сулејман со Големиот везир Али Паша и јаничарскиот ага се засолниле во Бурса а потоа и во Едрене каде се самопрогласил за султан. Мехмед се зацврстил во Амасија и борејќи се против Монголите, успеал да поврати некои од претходно изгубените територии. Иса се засолнил во Бурса и ја зацврстил својата власт во Караманија. Мустафа мистериозно исчезнал, додека пак Муса Челеби кој бил заробен заедно со својот татко, по неколку месеци се вратил со останките на султанот. Според пишаните извори, во времето кога тој пристигнал во Анадолија, тој ги пронашол своите браќа Мехмед и Иса скарани, помеѓу кои била започната војна. Во таа војна Иса бил победен и затоа тој побегнал кај својот брат Сулејман во Едрене. Сулејман многу бргу го прифатил, со кое го ставил на чело на една армија која тргнала во поход против Мехмед. Иса, во битката кај Ески Шехир бил поразен. Во самата битка тој бил заробен а подоцна и погубен во 1406 година, Тогаш Сулејман со својата армија преминал во Анадолија борејќи се против своите двајца браќа Мехмед и Муса, кои биле во тоа време во сојуз. Во исто време, во анадолскиот регион пристигнал влијателниот шејх Бедредин.

  • Муса и Сулејман

Бедредин зазел позиции против принцот Сулејман и Мехмед, кои биле претставници на крупните феудалци. Муса Челеби со помош на својот брат Мехмед, успеал своите војски да ги префрли од Анадолија во Румелија со цел да се симне од власт Сулејман кој бил статиционирал во Едрене. Муса во тоа време сѐ уште тактизирал и ја признавал врховната власт на Мехмед. Во 1410 година дошло до жестока битка помеѓу силите на Муса и Сулејман во која Муса издвојувал победа и ја зазел цела Румелија и на 17 февруари 1410 година во Едрене се прогласил за султан. Кога во мај 1410 година, Сулејман се префрлил во Румелија и започнал воени акции против Муса, голем број на феудалци се ставиле под негова услуга. Меѓу овие големци се нашле и Вук Лазаревиќ и браќата Бранковиќ. На 15 јуни 1410 година се одвила нова битка помеѓу Сулејман и Муса, кај местото косминдион во близина на престолнината Константинопол. Во оваа битка Муса бил поразен. Основната причина за поразот на Муса се гледа во измамата на големите румелиски бегови кои заедно со српските вазали односно деспоти преминале на страната на Сулејман. По овој пораз, Муса се повлекол кон Стара Планина каде продолжил со својата герилска војна против својот брат. Сулејман по ова влегол во Едрене како султан. Така, владеењето на Муса како султан траело од 13 февруари до 15 јуни 1410 година. Сепак, за многу кратко време силите на Муса повторно започнале да се регрутираат. Муса успеал да ги зароби Лазар Бранковиќ и Вук Бранковиќ. Тој веднаш наредил Вук да биде погубен. На 11 јули 1410 година дошло до нова битка во регионот околу Едрене во која Муса повторно бил поразен. По тој пораз бил погубен и Лазар Бранковиќ. По ова Муса се повлекол во регионот помеѓу Јамбол и Пловдив, и развивајќи успешна герилска борба успеал да собере голема маса од војници. Кон негова страна се приклучиле и голем број на ајдути како и некои ситни феудалци. Особено голема и масовна подршка му пружиле христијаните од планинските краеви од Румелија. Кон крајот на 1410 година Муса успеал да ја зазеде тврдината Станимак во Источна Тракија. Додека Муса напредувал, Сулејман се оддал на пиење и на харемска разонода, а власта индиректно ја препуштил на своите најблиски подржаници, Така, Муса Челеби повторно ја презел власта во Румелија и влегол во Едрене кон крајот на 1410 година или почетокот на 1411 година. Сулејман не успеал да побегне од градот, па најпрвин бил заробен и обезглавен. Така, на власт во Румелија дошол Муса, додека пак во Анадолија останал Мехмед.

  • Муса и Мехмед

Претенденти за османлискиот престол останале Муса, во Румелија, кој се потпирал на ситните феудалци и нискиот воен кадар и Мехмед, во Анадолија, кој се потпирал на крупните феудалци. Многу брзо помеѓу нив дошло до воен судир. Дел од покрупните феудалци кои биле на страната на Муса, заплашени од своите лични интереси и имоти, го напиштиле на Муса и преминале на страната на Мехмед. Пртив Муса се побуниле и српските феудалци кои биле турски вазали, определувајќи се речиси сите за Мехмед. Тогаш, везирот на Муса, Ќор Шах Мелек побегнал во престолнината, а византискиот император Манојло II Палеолог (1391-1425), кој исто така го подржувал на Мехмед, го вратил пак во Бурса кај Мехмед. Подоцна Муса испратил повик до Византија да му плаќа данок преку својот посланик Ибрахим Паша. Сепак планот на Муса не се остварил бидејќи и Ибрахим Паша слободно бил упатен во Бурса. Бидејќи Муса го држел Галиполи, византискиот император му дал воена помош на Мехмед за преминување во Румелија. Првиот воен судир помеѓу двете страни се случил кон крајот на 1441 година. Муса, заедно со своите сили на двапати интервенирал во Солунско и во Тесалија. Во 1412 година тој успеал да го зароби принцот Орхан, а неговите сили да ги разбие. По ова дошло и до други судири. Во јули 1412 година дошло до борба во битката кај Инџегиз. главно поради предавство на крупнбегови, еден дек ид војската на Муса се разбегала. Меѓутоа, околу 7.000 јаничари останале со Муса и успеале да го опколат на Мехмед, кој ранет одвај успеал да побегне. По овој пораз, Мехмед се вратил во Анадолија, за да се подготви за нова војна. По кратко време дошло до нова борба помеѓу браќата, и тоа во близина на Константинопол. Во таа битка, Мехмед повторно бил поразен. Согледувајќи дека сам нема сили да победи, Мехмед создал унија со византискиот император, со српските деспоти Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, унгарскиот феудалец Моровиќ, босанскиот феудалец Сандаљ Храниќ, а во исто време се поврзал и со беговите од Румелија и Македонија Паша Јѕргит, Бурак-бег, Синанбег и Евренос бег. Така, силите на Мехмед во пролетта 1413 година навлегле во Румелија. По ова следувало напаѓање на силите на Муса. Можеби најголема улога во воениот конфликт помеѓу Мехмед и Муса одиграл Евренос-бег. Тој му дал совет на Мехмед да навлезе длабоко на територијата на Румелија, дури да престигне и до Србија каде од таму би добил помош од беговите. Кога Муса видел дека неговиот брат одбегнува да прифати борба и дека се упатил кон Овче Поле, тој ја сфатил намерата. Муса на Овче Поле расположил доста од својата војска. Крајна цел на Муса била неговиот брат да нема можност да престигне во Скопје, каде се наоѓал скопскиот намесник Јигит паша. Сепак, Мехмед го заобиколил Овче Поле и престигнал во Врање и Прешево, каде се сретнал со Лазаревиќ и успеал да дојде во контакт со останатите големци од овој регион. На овие простори биле собрани голем број на војници кои во состав биле освен приврзаници на Мехмед и српски деспоти, унгарски феудалци. Така оваа сојузничка војска заедно се упатила кон Овче Поле. Кога сојузничките сили престигнале на Овче Поле заклучиле дека силите на Муса се повлекле кон исток. По ова, Мехмед многу мудро, започнал да создава воени кампови по империјата. Тој се упатил најпрвин по долината на река Струма, а подоцна и кон денешна Софија и Самоков. Во меѓувреме силите на Муса го следеле движењето на Мехмед. Во еден момент во таборот на Муса се открило дека беговите тамаџи-оглу и Савџи-оглу работат за Мехмед, па поради тоа тие биле погубени. По овој настан, голем број од приврзаниците на Муса започнале да го напуштат и да преминуваат на страна на Мехмед.

  • Смртта на Муса

Така, одлучивачката битка помеѓу двете страни се случила на 5 јули 1413 година. На левото крило на Мехмедовата војска биле единиците на Стефан Лазаревиќ и неговите босански и унгарски сојузници на чело со Ѓураѓ Бранковиќ. Десното крило било зазедено од страна на Евренос-бег со своите пет синови и другите румелиски бегови, а во средината на линијата се наоѓал Мехмед со своите анадолски трупи, на чие чело се наоѓале Бајазит паша и Зулкадир оглу. Во оваа битка загинал Муса Челеби. По војната По смртта на Муса и победата на Мехмед, како единствени опоненти му останале Михаил-оглу и Мехмед бег. Така, во битката кај Чамурлу тие биле заробени заедно со шејхот Бедредин. Сепак Бедредин бил пуштен на слобода главно поради својот авторитет и знаења. По неговото пуштање на слобода, Бедредин успеал да собере војска која би можела да му се спротистави на Мехмед, но во 1416 година тоа востание било крваво задушено, а Бедредин обесен.

  • Дузме Мустафа

Напоредно, со избувнување на востанието на Бедредин, по пет години од неговото задушување, во Румелија избувнало уште едно востание на чие чело застанал Дузме Мустафа. Дузме на турски значи лажен. Тогашната дворска и официјална турска историографија, па дури и некои понови турски научници, сметале дека Мустафа не бил принц. Според најновите истражувања било потврдено дека Мустафа Дузме бил еден од синовите на Бајазит I кој исчезнал во Анагорската битка во 1402 година. По битката, според најголемиот дел од историчарите, Мустафа бил заробен заедно со татко му. По смртта на татко му во 1403 година, тој се префрлил во Влахија каде добил помош од влашкиот владетел Мирче стариот. Во Румелија Мустафа започнал да организира одбранбена линија против својот брат Мехмед. По започнувањето на борбите, силите на Мустафа на неколку пати биле поразени. Самиот Мустафа успевал да побегнува од самото бојно поле. Сепак, тој бил предаден од неговите спахии и предаден лично на силите на Мехмед. По неговото фаќање, тој бил однесен во Едрене и обесен на највисоката тврдина.

Мехмед I[уреди]

Мехмед І бил петиот султан на Империјата. По смртта на неговиот брат Муса Челеби, осмманлиските земји останале под власта на Мехмед. Тој станал најголемиот монарх чии територии се простирале од Сивас преку Анкара до Бурса и Мраморно море. Според еден натпис во Ќутахија од 1414 година, на Мехмед му се потчиниле емирот на Ајдан и на Гермијан. Во Европа, границите на османлиската држава ги вклучувале Силиври, место блиску до Константинопол на исток, долината на реката Морава и реката Дунав на север. На југ земјата се протегала до Пелопонез, без повластените брегови кои биле под управа на Византија, како и без Албанија и Епир.

  • Обединување на империјата

Уште пред враќањето на Мехмед од последната битка против Муса, престолнината му Бурса била опсадена. Во текот на јуни 1413 година, емирот на Караманија ја нападнал Бурса и го опожарил целиот град. Целта на емирот била да ја зазеде тврдината, но кога дознал за ова управителот на градот Хаџи Иваз паша, извршил напад и силите на Караманија се повлекле кон планината. По ова следувал и втор напад од страна на пашата и целосно ги победил. Но опсадата продолжила со мали прекини до јули 1413 година, кога во Бурса пристигнал ковчегот на Муса Челеби и победникот на војната Мехмед. До крајот на годината се водиле преговори со императорот Мануел и балканските кнезови. Според Дука, Мануел го испратил својот амбасадор кај Мехмед за да ги исполни дадените во Константинопол ветувања. Султанот се согласил и склучил договор, според кој ги отстапува "сите тврдини на Црното Море, селата и тврдините во Тесалија и реоните покрај Мраморното Море". Тој се обратил до Мануел со традиционални византиски изрази како "мојот татко, императорот на ромеите на кого ќе се покорам како на татко". Овие зборови во случај да не се додадени од страна на Дука, покажуваат дека новиот договор е потврда на одредбите од Галиполскиот договор (1403 година) кои се однесуваат на Византија. Дука наведува и другите владетели, чии пратеници пристигнале во Бурса. Но споменувањето на пратениците од Бугарија, која веќе не постои како независна држава, покажува дека Дука едноставно замислува што се случило всушност. Посочувањето на Србија сепак, е точно, бидејќи Константин Филозоф, исто така го опишал ова, но од Мехмед кај Стефан Лазаревиќ. Преку него на деспотот биле вратени тврдината Чупријан и реонот меѓу Врање и Софија. Така во следните години завладеал мир. Дубровнишки писма забележуваат дека во мај 1414 година во Рашка бил постигнат мир и дека во јуни 1415 година деспотот на Славонија - Стефан Лазаревиќ го одобрил мирот со турските сили. Во октомври 1416 година повторно се споменува мирот меѓу двете земји . За Мануел сепак договорот служи само како позадина. Кон крајот на 1413 година неговиот амбасадор заминал во Венеција, за да бара пари за војна против Османлиите, но во јануари 1414 година бил одбиен. Всушност венецијанците се обиделе да постигнат сепаративен договор со Мехмед и во јули 1414 година. Франческо Фоскарини започнал да преговара со отоманските претставници. Фоскарини бил информиран дека емирот на Ајдин и Нане исто така барале договор со Мехмед. Тоа се гледа од мислењето на претставниците од Венеција според кои сметале дека крајот од преговорите со емиратите ќе му даде на султанот власт да ги спречува од напади врз бродовите на Републиката. Сепак, овој договор не бил постигнат. По пропаѓањето на договорот меѓу Византија и Венеција, Мануел го пуштил на слобода синот на Сулејман, Орхан кој заминал во Влашко за да добие подршка од Мирчо. Но самиот Орхан бил заробен во Јамбол каде неговите сили биле поразени, а Орхан бил ослепен и донесен во Бурса по заповед на султанот Мехмед во 1414 година. Додека Мехмед бил во Мала Азија, во Европа османлиските напади биле обновени. Во февруари 1415 година започнале нереди во Босна, а во едно дубровничко писмо се споменува дека Исхак Турчинот ја собирал армијата за далечни напади. Веројатно тоа е армијата која ги победила Унгарците во август и според Константин, и заробила двајца унгарски благородници, Јован и Петар Марони. По интервенцијата на Стефан Лазаревиќ тие успеале да бидат откупени и пуштени на слободата. Нови воени дејствија биле преземени против братот на Мехмед, познат како Лажниот Мустафа во летото 1415 година кој се наоѓал во Трапезунд. Во август Мустафа заминал во влашко на покана од влашкиот владетел Мирчо за да се договорат околу идните воени кампањи и начинот на кој Мехмед ќе биде симнат од власт. Во исто време Мехмед бил заплашен и од бунтови во Егејско море. Прв започнал да дејствува византискиот император Мануел. Во март 1415 година тој заминал од главниот град кон Пелопонез, а во април надгледува обновата на Хексамилион , кој требало да ја заштити Мистра од отомански напади. Сепак, даноците за изградба на тврдината ги принудиле жителите на Мистра да бегаат кон венецијански територии во Пелопонез.

Мурат II[уреди]

Мурад II бил шестиот султан на Империјата. На власт бил од 1421 до 1451 година со исклучок во периодот помеѓу 1444– 1446 година. На власт дошол по смртта на татко му Мехмед I.

  • Рани години

Мурад II е роден во јуни 1404 година во Амасија, центар на владеаните од татко му Мехмед во времето на граѓанската војна. Во тоа време османлиските територии биле расзелени меѓу синовите на Бајазит. По крајот на граѓанската војна, Мехмед II излегол како победник. Мајка на Мурат II била Емине хатун, ќерка на емирот на Дулкадир. Мурат најверојатно поголемиот дел од своето детство го поминал во Амасија. Во 1416 година кога имал само 12 години тој бил дел од армијата на военоначалникот Бајазит паша кој го задушил востанието на лажниот Мустафа заедно со Бедредин Симави во Ајден и Сарухан. Неговиот татко починал во 1421 година, но неговите најблиски соработници ја зачувале тајната до пристигање на неговото тело во Бурса и прогласувањето на Мурат за нов султан, Двајца од неговите браќа, Јусуф и Махмуд биле ослепени и затворени во Бурса. Но тоа не ја спречила расправата за престолот бидејќи византискиот император Мануел II Палеолог го пуштил Мустафа Челеби од ропство, кој бил последниот жив син на Бајазит I. Мустафа Челеби бил признаен како вазал на царот и му ветувал значителни територијални отстапки, вклучувајќи го Галиполи. Така на 15 август 1421 година тој му помогнал да замине во Галиполи каде тој ја поразил армијата на Мурат II на чело со Бајазит паша а по ова влегол триумфално во Едрене. По воспоставувањето на контрола над Румелија тој се откажал од договорите со византискиот император и во зимата своите војски ги насочил кон Бурса. Двете армии се сретнале кај реката Нилуфер, но до конечна пресметка не дошло бидејќи голем дел од луѓето на Мустафа Челеби преминале на страната на Мурат. Со помош на управителот на Џенова, Мурат го проследил на Мустафа кон Румелија каде го заробил и го обесил во Едрене. По крајот на Мустафа, Мурат своите војски ги насочил кон Византија, кои биле сојузници на Мустафа. На 10 јуни 1422 година била опседната престолнината Константинопол во лично присуство на Михаилоглу Мехмед, а во исто време Евреносоглу Барак започнал со осумгодишната опсада на Солун. Во септември Мурат бил принуден да ја прекине опсадата на константинопол бидејќи неговиот помал брат Мустафа со подршка од Византија ја опсадил Бурса. Со приближувањето на муратовите војски, Мустафа побегнал најпрвин во Константинопол а потоа во Изник. Кон крајот на јануари 1423 година Мустафа бил убиен. Во текот на 1425 година било заземено Ајдинското емиратство.

  • (1430-1437)

Пред паѓањето на Солун во 1430 година, османлиската армија на чело со Синан паша се насочила кон Епир каде била освоена Јанина. Во исто време започнале нападите кон Јован Кастриоти во денешна Албанија и биле заземени голем дел од неговите територии. Во следните години во регионот постојано избувнувале востанија, а во 1433 година конечно биле ставени под контрола. Јован Кастриоти се прогласил за османлиски вазал и во дворот на Мурат го испратил својот син Ѓорги, познат подоцна како Скендербег. Во 1435 година тој испратил војска во Србија каде било потврдено вазалството на Ѓорги Бранковиќ, а самиот Мурат се оженил за неговата ќерка Марија Бранковиќ. Во 1437 година пак започнал повторно конфликт со Караманија во кои Мурат успеал да ги придобие Бејшехир и Акшехир.

  • (1437-1444)

Смртта на унгарскиот крал Сигисмунд Луксембуршки на крајот на 1437 година го ставил почетокот на новиот судир помеѓу Империјата и Унгарија. Во почетокот на следната година Мурат повел голема армија во која се вклучил и влашкиот војвода Влад II Дракула, и без да сретне сериозна отпор ја разграбил Трансилванија. Потоа од непознати причини се свртел против христијанските си вазали, го затворил Влад Дракула во Галиполи и го нападнал Жорги Бранковиќ. Во 1438 година ги зазел Зворник и Сребреница, а главниот град на Бранковиќ Смедерево паднало на 29 август по тримесечна опсада. Во 1440 година починал унгарскиот крал Албрехт Хабсбург и Османлиите се обиделе да го искористат династичниот спор меѓу неговата вдовица и полскиот крал Владислав III. На два пати во текот на 1441 и 1442 година Османлиите влегле во Трансилванија, но биле одбиени од Јанош Хуњади. Во меѓувреме, во текот на летото на 1442 година Мурат го ставил под опсада но без успех Константинопол, поддржувајќи го Димитар Палеолог против брат му, императорот Јован VIII Палеолог. Уште во 1439 година била склучена Фиренска унија, според која византиската црква била ставена под владеење на папата во Рим. Таа дала поттик за создавање на антиосманлиска унија, во која освен папата и Византија се придружиле и Венецијанската република, Бургундија и Унгарија. Успесите на Хуњади ги поттикнало сојузниците и во 1443-1444 година папата, Венеција и Бургундија започнале со изградба на голема флота за војување во Егејско Море. Во летото на 1443 година, поттикнати од императорот на Византија, емирот на Караманија ги нападнал османлиските територии во Анадолија, достигнувајќи до Гермијан, но откако Мурат преминал во Мала Азија со своите војници бил склучен мир. По враќањето во Едрене Мурат дознал за почнатиот во октомври голем унгарски поход. Нападот ги оставил Османлиите неподготвени и изненадени. Унгарците напредувале успешно на југ зазимајќи ги Ниш, Пирот и Софија. Решителна битка се одвила на просторот меѓу Софија и Златница кога двете армии биле раководени од султанот Мурат и Јанош. Во оваа битка Османлиите излегле како победници, а унгарските сили се повлекле кон Белград, а османлиските кон Едрене. По повторното влегување на Османлиите во Софија започнала убивање на локалното население кое претходно ги подржувало на сојузничките сили. Кон крајот на 1443 година пак, синот на Јован Кастриоти, Скендербег, ја отфрлил османлиската власт и се прогласил за самостоен владетел на Кројската тврдина. Турскиот гарнизон бил уништен, а востаниците го замениле османлискмото знаме со знаме со црвена основа и двоглав орел кој во тоа време бил симбол на Византија и на христијанството. По освојувањето на Кроја востаниците се упатиле кон централна Албанија каде што ослободиле уште неколку градови. Востанието било поддржано од селаните. По победата, Скендербег во ослободените области формирал принципати, а на чело на еден од нив бил лично тој. Во 1444 година Скендербег го свикал народното собрание на сите главатари коишто всушност биле албанските феудалци и со нив решил да се формира Албанска лига како воено-политички сојуз. Во март 1444 година во Леш албанските феудалци се договориле за командант на војската да биде прогласен Скендербег, и да се формира Лига на албанските феудалци со цел феудалците за да ја поддржат борбата и годишно да собираат по 200.000 златни дукати. Меѓутоа и покрај договореното феудалците ја задржале својата автономија, а Скендербег од нив се разликувал само по тоа што бил прв меѓу еднаквите. И покрај притисокот на папата и Венеција за продолжување на војната, Унгарците биле воздржани и во текот на летото на 1444 година склучиле десетгодишно примирје со Мурат II, а Бранковиќ го вратил градот Смедерево. Сепак само неколку дена подоцна Владислав бил убеден од папскиот легат Јулијан да го наруши мирот и да започне нов поход против Османлиите. Причина за тоа била и благопријатната воено-политичка ситуација. Во тоа време Обединетата папско-венецијанско-бургундска флота пристигнала на Дарданелите, а емирот на Караманија извршил повторно напад врз Османлиите. Од овој конфликт Караманија повторно ги вратила градовите Бејшехир и Акшехир, но нејзиниот емир се прогласил за вазал на османлискиот султан. кон крајот на август или почетокот на септември 1444 година, според неразјаснети причини Мурат II абдицирал од престолот во корист на својот син Мехмед. Според некои извори, причината за неговата абдикција била преголемата тага по својот син Алаедин кој бил убиен за време на војната со Караманија.

  • (1444-1451)

Абдикцијата на Мурат и формалното преземање на власта од страна на неговиот дванаесетгодипен син Мехмед од страна на христијанските сојузници било сметано како внатрешно ослабување на државата. Во почетокот на октомври 1444 година станало јасно за голем воен поход организиран од страна на Унгарија. На чело на походот застанале Владислав III, Јанош Хуњади и папскиот претставник Џулијано Чезарини. Христијанските сојузници успеале да преземат неколку тврдини и се упатиле кон Варна. Овие настани во престолнината Едрене била примена во паника, па градот бил дополнително евакуиран. Во исто време Мурат бил повикан од Маниса. Бидејќи Дарданелите биле блокирани, Мурат навлегол во Румелија преку Босфорот на 15 октомври со помош на Џенова. По пристигнувањето на Едрене, Мурат го оставил својот син во заштитениот град, а самиот тој се насочил кон Несебар и Црно Море. Така, на 10 ноември 1444 година се одвила битката кај Варна, во која христијанските сојузници доживеале пораз. Ова битка воедно е и последен опит Империјата да биде протерена од Балканскиот полуостров, како и една од последните во т.н. Крстоносни војни. . По крајот на битката, Мурат повторно се повлекол во Маниса. Во почетокот на 1446 година во престолнината избувнале немири предизвикани од страна на јаничарите. По ова, големиот везир Халил започнал да го убедува на Мехмед да се откаже од престолот. Мехмед го прифатил предлогот и Мурат повторно застанал на чело на земјата. Веднаш по ова, Мурат објавил поход кон Константин Палеолог во Пелопонез. Константин по ова станал османлиски вазал. Во меѓувреме на Балканот своите територии ги проширил Скендербег и ги загрозил позициите на Венеција. Во 1448 година Мурат со подршка од Венеција започнал поход против Скендербег зазимајќи го Светиград, но по ова тој се повлекол поради можната опасност од Унгарија. Во август 1448 година Мурат започнал со нова мобилизација на армијата и издвоил последователна победа на Косово. Унгарците сметале дека на Косово ќе добијат помош од страна на албанските сили на Скендербег, но до тоа не дошло главно поради разбивањето на унгарската војска. Во оваа битка не учествувал српскиот деспот Ѓурак Бранковиќ, бидејќи сметал дека османлиската војска е премногу силна за да се сопре нејзината инвазија. Затоа, Јанош Хунади, Србија ја сметал за непријател во војната. Главно поради ова, по неговото повлекување Јанош Хунади бил заробен од страна на српските сили. Бранковиќ побарал огромен откуп за Хунади. По неколкумесечните преговори, тој бил ослободен за 100.000 дукати. Во 1450 година Мурат II ја опседнал Кроја. Опсаата на Кроја започнала на 14 мај 1450 година, и истата траела до 23 ноември 1450 година. Неуспешната опсада на Османлиите ги чинела околу 20.000 мртви војници наспроти само околу 1.000 Албанци. Според Марин Берлети, самиот султан починал од болест по видената слика во Кроја. Сепак, познато е дека тој починал во Едрене во 1451 година. Се смета дека Мурат бил приморен да ја повлече опсадата поради доаѓањето на зимата. Сепак, најверојатно се повлекол поради големите загуби кои биле предизвикани од страна на албанските герилски сили. Во 1432 година патникот Бертрандон де ла Брокиер забележал: Годишниот приход на Османлиите се зголемил на 2 500 000 дукати, така што Мурат втори, доколку ги искористи сите средства што ги има на располагање, би можел да изврши и инвазија на Европа.

Мехмед II[уреди]

Мехмед II исто така познат и како „Освојувачот“бил седмиот султан на Империјата. Управувал во периодите 1444-1446 и 1451-1481 година. Султанот Мехмед втори кој го зазел Константинопол (Истанбул), откако ја претворил Аја Софија во џамија објавил: Отсега натаму, “мојата престолнина ќе биде Цариград’’

  • Рани години

Мехмед II бил син на Мурат II (1403-1451), првично не бил подготвуван од неговиот татко за преземање на престолот. Тој бил трет син и за разлика од неговите браќа родени од благороднички - турски жени, тој бил син на робинка, како што е познато, христијанка со грчко или со албанско потекло. По смртта на првиот постар брат, Мехмет бил побаран од страна на неговиот татко, кој наредил на момчето да му се даде образование и Мехмед бил прогласен за владетел на Амасија. Во 1443 година бил убиен и неговиот постар брат Алаедин, а Мехмед го зел и неговиот престол во Маниса. Неговиот татко Мурат II многу тешко ја поднесол загубата на своите два сина, па во 1444 година абдицирал во корист на Мехмед, а претходно склучил мир со европските земји и Караманија. Тоа му дало основа да смета дека положбата на неговиот син кој имал само 12 години е стабилно, и покрај тоа што Мехмед бил под големо влијание на големиот везир Халил Паша.

  • Прво управување (1444-1446)

Првиот период од управувањето на Мехмед бил опфатен со големо ривалство меѓу големиот везир и луѓето околу султанот како Шахбедин паша, Заганос паша и Саруџа паша. Големиот везир бил претставник на турската аристократија и сакал младиот султан да води мирољубива надворешна политика, додека пак луѓето околу Мехмед главно биле со грчко потекло и го убедувале на султанот дека главна задача е да ги прошири своите територии. Според нив, целта на Османлиите е да го освојат Константинопол. Од друга страна пак европските земји повлекувањето на Мурат го забележале како слабост во внатрешната политика на земјата. Така европските сојузнички сили започнале поход кон османлиските територии по кое Мехмед повторно се повлекол од власта во корист на својот татко Мурат. По крајот на Никополската битка, Мурат и по враќањето на османлискиот престол кон Мехмед се однесувал како наследник на тронот. Во 1448 Мехмед учествувал во сите значајни кампањи и административни активности. За време на престојот во Магнезија се вљубил во заробеничка - христијанка, на која и го дале турското име Ѓулбахар. Тој ја зел за жена и таа му родила син-наследник, Бајазит II. Но, Мурат ја сметал за недостојна сопругата на Мехмет како идна сопруга на султан, и го принудил да се ожени за турчинка од благороден род - Сит Ханум, која што Мехмет толку ја мразел што подоцна не ја зел ни во својот харем во Константинопол. По смртта на неговиот татко, Мехмед бил повикан од Маниса во Едрене за да го преземе тронот.

  • Второ управување (1451–1481)
    • Први години

Кога во февруари 1451 Мурат II починал во Едрене, Мехмед од Мала Азија, веднаш заминал кон престолнината, попатно решавајќи ги своите различни проблеми што произлегувале во врска со трансферот на власта. На негова наредба бил убиен последниот малолетен син на Мурат II. Тоа веќе било пракса кај Османлиите, но со Мехмед било формализирано во закон. Така со цел да биде осигурен внатрешен мир во земјата, Мехмед издал закон за братоубиство кој гласел: кој и да биде од моите синови што ќе го наследи престолот, веднаш да ги убие своите браќа за да го осигури мирот во земјата Мехмед II, како и голем број истакнати претставници на Отоманската династија, бил непредвидлив, таинствен човек, кој водел храбра и контроверзна политика. Благодарение на европските портрети (меѓу нив и од познатиот автор Џентиле Белини) може да се суди за него според надворешниот изглед. Иако со низок раст, тој предизвикувал многу силен впечаток врз околината. Особено карактеристичен бил неговиот крив и кукаст нос, кој во подоцнежните години, според современиците, му давал сличност со папагал. Најверојатно уште кога застанал на престолот Мехмед си поставил за задача да го заземе Константинопол. Поради тоа, Мехмед склучил тригодишен мировен договор со Унгарија и ги уредил односите со смедеревскиот деспот Бранковиќ со тоа што и дозволил на жената на Мурат Марија Бранковиќ да со врати во родната земја. Во пролетта на 1451 година, Мехмед го неутрализирал и обидот за напаѓање од страна на Караманија бидејќи го принудил да го признае емирот неговото вазалство. Истото се случило и со останатите емирства како Гермијан, Ајдин и Ментеше. Мехмед II го обновил мировниот договор и со Венецијанската република, на три години склопил примирје со Јанош Хунјади, витешкиот ред на Родос, господин Ревалахии и други владетели добиле уверување во врска со можноста за иден мир. Пред посланиците на императорот Константин IX, султанот се заколнал на Куранот дека нема да претендира на владенијата на империјата на Константинопол, уверувајќи дека ќе продолжи да плаќа пари на дворот на Константинопол, поради заложениот во Константинопол Орхан (внук на Бајазит и претендент за тронот). Но парите не биле платени, и како одговор на барањата на Византија со скриени закани дека ќе се постави на престолот Орхан, мирниот став се претворил во подготовки за воена акција. Султанот почнал отворено да се подготвува за опсадата на Константинопол, во април-мај 1453.

Константинопол 1453[уреди]

Следниот чекор на Мехмед бил воспоставување контрола над протокот. За таа цел во текот на летото на 1452 година тој ја изградил на европскиот брег на Босфорот новата тврдина Румелихисар, која заедно со останатите отомански тврдини на азискиот брег ќе може да го блокира сообраќајот во теснецот. Така во текот на есента тој успешно ја блокирал испораката на храна за Константинопол. За време на изградбата, турската армија составена од околу 50.000 војници ги зазела околните места околу Константинопол а по завршувањето на тврдината се повлекла. Есента бил извршен и поход кон Пелопонез, кој требал да ги неутрализира византиските напори за евентуална помош на градот. Опсадата на градот започнала на 2 април 1453 година а завршила успешно со преземање на градот на 29 мај истата година.

  • Падот на Константинопол

Во ноќта на 28 мај и 29 мај 1453 година Мехмед II дал заповед за последен напад на градот. Првите две негови единици биле одбиени од страна на одбраната на градот па затоа султанот решил во напад да ги пушти јаничарите. Тие успеале да ја пробијат одбраната. Во освоениот Константинопол започнале масовни пљачки и убиства. Повеќе од 60.000 жители биле заробени. Според отомански обичај султанот ја оставил војската да ограбува низ градот два дена, а на третиот ден наредил да се престане со тоа. Потоа тој влегол во идната престолнина и наредил да ја претворат црквата Света Софија во џамија, а себеси се прогласил за римски цар. Утрото во тој несреќен вторник на 29 мај 1453 година, кога Константинопол паднал во рацете на Турците, откако се расчистило небото од чадот од турските топови, станало јасно дека не е ставен крај само на Источното Римско царство. Светот се променил - средновековието станало минато. Во Западна Европа ренесансата веќе била во својот ек. Ова повторно раѓање, заедно со изумувањето на Гутемберговата печатница со подвижни букви, ќе значат многу за полесно пренесување и зачувување на античките знаења (улога која претходно ѝ припаѓала на Византија) и со тоа ќе се обележи започнувањето на модерното доба. Состојба во која се наоѓала империјата Во текот на околу 1.100 години од постоењето на Византија, Константинопол под опсада се нашол повеќе пати и само еднаш бил освоен - во 1204 година во текот на Четвртата крстоносна војна. По првото освојување на градот Византија се распаднала на повеќе помали земји наследнички (односно на: Царството Никеја, Деспотатот Епир и Царството Требизон). Овие држави се бореле како сојузници против латините, но истовремено си претставувале ривали кои претендирале на тронот на Византија. Царството Никеја на многу лесен начин успеало повторно да го освои Константинопол во 1261 година. Во вековите кои следеле, во голема мерка ослабената Византија се соочувала со напади од латините, од србите, од бугарите и најважно од турците османлии. Во 1453 Царството се состоело од Константинопол и неговата околина и од само уште еден дел од полуостровот Пелопонез (кој во тоа време се нарекувал Мистра). Царството Требизон формирано по Четвртата крстоносна војна, како потполно незавизна држава, успеало да опстои до 1461 година на бреговите на Црното море. За поголемиот дел на жителите на Царството сѐ уште биле свежи сеќавањата на погубните резултати од Четвртата крстоносна војна и за пљачкосувањата кои во тој период биле направени. За нив католичкиот свет не можело повеќе да се смета за христијански. Потребната воена помош од Западот секогаш била нудена по цена на унијатење на црквите. Тоа за мнозинството во Византија се сметало за прескапа помош. Разединет и слаб, градот кој пред неколку векови изобилувал со златни статуи и украси по црквите сега претставувал само бледа копија на убавината и раскошот кои пред неколку векови ги поседувал. Зградите кои биле уништени од последниот земјотрес не биле обновени, а трговијата во царското пристаниште со текот на времето значително се намалила.

    • Подготовки

Кога султанот Мехмед II го наследил својот татко Мурат II на престолот на Империјата се верувало дека тој нема да биде способен владетел и дека нема да претставува голема закана за христијаните на Балканот и на Егејското море. Ваквото мислење било поткрепено од пријателскиот прием кој тој им го укажувал на пратениците кои ги примал во својот двор. Во текот на летото во 1452 година Мехмед II (чиј прапрадедо Бајазит I изградил тврдина на азиската страна на Босфор) решава да изгради нова тврдина на европската страна на Босфор со што се зајакнува турското влијание во теснецот. Посебно важен аспект на градењето на оваа тврдина е тоа што на Константинопол му се скратува можноста да добива помош од колиниите на Џенова кои во тоа време постоеле на брегот на Црното море. Новата твдрина била наречена Римска тврдина (турски: Rumeli Hisarı). Византискиот император Константин XI апелирал до Западна Европа за помош, но неговите барања не наишле на очекуваното внимание. Уште од времето на Големата шизма од 1054, римокатоличкиот Запад се обидувал да стекне доминација на Истокот. Затоа унијатството било отворена тема со која се условувала помошта уште од XIII век. Императорот Јован VIII Палеолог во 1439 година во Фиренца успеал да договори унијатење на источната со западната црква, но како резултат на големи негодувања во Константинопол предизвикани од настаните од периодот на падот на Константинопол во 1204 година овој договор не бил прифатен. Во летото 1452 година, кога Rumeli Hisarı (другиот назив на турски на оваа твдрина е вратосечач) бил изграден заканата станала очигледна, па затоа Константин XI, на 12 декември истата година, неволно му пишал на папата писмо во кое унијатењето на црквите се става во сила. Иако папата бил волен да помогне, сепак неговото влијание врз кралевите и принцовите во Западна Европа не било толку силно како што очекувале во Константинопол. Од друга станан, пак, Англија и Франција биле ослабени од стогодишната меѓусебна војна, а Шпанија се наоѓала во последната фаза на повторното освојување на Пиринејскиот полуостров од арапските освојувачи. Најзначајната помош која на Византија и стигнала во оваа фаза била од џеновјанецот Џовани Џустиниани (Giovanni Giustiniani) кој во Константинопол пристигнал со приватна армија од околу 700 луѓе во јануари во 1453 година. Со оглед на тоа што Џустиниани бил специјализиран за одбрана на утврдени градови нему, од страна на императорот, му била доделена улогата на командант на одбраната. Отприлика истовремено, наспроти наредбите од Венеција и од папата Никола капетаните на венециските бродови кои, во март таа година, се наоѓале во Златниот рог се обиделе да донесат три брода натоварени со помош за градот. За жал во април најверојатно потценувајќи го моралот на бранителите на градот, седум италијански бродови го напуштиле Константинопол . Намерата Константин XI да го одоборволи султанот со подароци и од него да побара гаранции за безбедноста на градот завршила со убиство на византискиот амбасадор - ниту византиската дипломатија не можела да го спаси градот.

    • Позиционирање на двете страни

Војската која го бранела Константинопол била мала. Имала околу 7000 луѓе под оружје од кои околу 2000 биле странци. Во моментот кога опсадата започнала, заедно со бегалците од околината, популацијата изнесувала околу 50.000 луѓе . Градот бил утврден со веројатно најсилните ѕидини кои било кога биле направени во историјата (5,5 km на копно; 7 km ѕидини од страната на Златниот рог и 7,5 km од страната на Мраморното море). Во времето на владеењето на Јован VIII Палеолог ѕидините биле поправени и се наоѓале во задоволително добра состојба. Ова им давало на надеж на бранителите на градот дека ќе можат да издржат додека пристигне помошта од Запад. . Исто така, бранителите биле и добро опремени. Тие поседувале флота од 26 брода (5 од Џенова, 5 од Венеција, 3 од Крит кој во тоа време и припаѓал на Венеција, 1 од Анкона, 1 од Арагон, 1 од Франција и уште десетина византиски бродови. Се проценува дека османлиите имале околу 80.000 војници од кои околу 5000 јаничари. Српскиот вазал Ѓураѓ Бранковиќ обезбедил 1500 коњаници како дел од своите обврски кон султанот. Други извори од современици на настанот сметаат дека надмоќта на султанот во оваа битка била многу поголема и неговите трупи ги проценуваат, во зависност од изворот, помеѓу 160.000 и 300.000 војници. Флотата на султатнот се проценува дека имала помеѓу 100 и 450 бродови.

    • Опрема и стратегии
    • Позициите на Османлиите

Пред да започне опсадата на Константинопол било познато дека османлиите поседуваат топови со средна големина, но непосредно пред опсадата со ангажирање на Орбан (или Урбан) по потело Унгарец (постојат извори кои велат дека тој бил Германец). успеале да добијат многу посилни топови. Орбан се обидел да ги продаде своите услуги на византиците, но тие немале доволно средства за да го ангажираат и затоа го затвориле. Султанот организирал упад во затворот и го ослободил Орбан. Тој на Султанот му гарантирал дека може да му направи топ со кој би можело да се срушат ѕидовите на Вавилон сакајќи да каже дека најголемата фортификација во историјата не би била поштедена од таквото оружје. Имајќи ги сите ресурси на располагање и користејќи ја сета своја вештина, Орбан успеал да го направи најголемиот познат топ за тоа време. Топот бил толку голем што во неговата внатрешност можело да собере возрасен човек. Новиот топ можел да испука ѓуле со тежина од околу 544 kg на далечина од околу 1,5 km. Топот имал и неколку недостатоци: биле потребни неколку часа да се наполни; некои велат дека топот можел да функционира само шест недели (ова тврдење не е сигурно , зашто него го изнесува само еден автор ). Овој успех на Орбан се смета за едно од најголемите инженетски дела на тоа време. Откако топот бил направен било потребно тој да се транспортира околу 200 km до целното одредиште. За транспортирање на огромниот топ биле потребни 60 волови и околу 400 луѓе. Мехмед планирал да го нападне градот од западната страна каде Ѕидините на Теодосиј го штитат градот од напади (од единствената страна со која тој е поврзан со копното). Отоманската војска се стационирла од надворешната страна на ѕидините во понеделникот на 2 април во 1453 година - еден ден после Велигден. Најголемиот дел на единиците на султанот биле сконцентрирани на југот на Златниот рог. Европските единици биле распоредени по должината на Ѕидините на Теодосиј. Регуларната војска била распоредена и на брегот на Мала Азија сѐ до Мраморното море. Башибозукот бил сместен во првите борберни редови, а самиот Мехмед бил обезбедуван од елитните јаничари.

    • Позициите на Византијците

Кога на 5 април Султанот лично пристигнал со своите трупи, бранителите ги заземале своите позиции. Со оглед на тоа што нивниот број не бил доволен биле заземени позициите само на надворешните ѕидини. Константин XI со своите трупи бил стациониран во средниот дел на ѕидините наречен Месотехион (делот во кој реката Ликос минува преку ѕидините). Овој дел на ѕидините бил сметан за најслаб и на евентуалниот напад изведен на овој дел византијците најмногу се плашеле. Џустинијани бил стациониран на северниот дел од ѕидините, но подоцна во текот на опсадата му се придружува на императорот во Месотехион, а северниот дел им е препуштен на браќата Бокарди (Bocchiardi). На јужниот дел од ѕидините се распоредени останатите трупи предводени од џеновјани и од Теофил Палеолог. Одбраната околу Златната порта бил предводена од џеновјанин под име Мануел и од венецијанецот Филипо Контарини (Filippo Contarini). Димитриј Кантакузен бил одговорен за најјужниот дел на ѕидините. Ѕидините кои гледале кон морето биле бранети со помалку луѓе. Одговорен бил Јакобо Контарини (Jacobo Contarini) калуѓери кои биле вклучени во одбраната, како и од кардиналот Исидор од Киев кој бил задолжен за одбрана на најистурениот дел од полуостровот. Ѕидините на јужниот брег на Златниот рог биле бреанети од морнари од Џенова и Венеција под команда на Габриел Тревисано (Gabriele Trevisano). Две тактички резерви биле чувани во внатрешноста на градот: една во дистриктот Петра веднаш зад ѕидините и друга во близина на Црквата на Светите Апостоли. Овие единици биле под команда на Лука Нотарас (грчки: Λουκάς Νοταράς) и на Никифор Палеолог, соодветно. Џеновјанинот Алвизо Диедо (Alviso Diedo) командувал со бродовите во пристаништето. Византијците, исто така, поседувале топови, но тие биле со многу послаби карактеристики во споредба со новиот османлиски топ кој бил способен во голема мерка да ги оштети ѕидините.

    • Опсада на градот

На почетокот на опсадата, Мехмед ги испратил неговите најдобри единици да ги редуцираат преостанатите упоришта на Византијците кои се наоѓале надвор од градот. Тврдината Терапија на Босфор и малиот замок во селото Студиус, во близина на Мраморното море, биле заземени за само неколку дена. Островот на принцовите, во Мраморното море, бил заземен од страна на флотата на адмиралот Балтоглу. Огромните топови кои ги поседувала војската на Мехмед II ги гранатирале ѕидините на градот со недели, но со оглед на непрецизноста и малата брзина со која топовите повторно се полнеле Византијците, најчесто преку ноќ, биле во состојба да ги поправат најголемиот број од оштетувањата намалувајќи го на таков начин го значително ефектот на топовите. Во меѓувреме, покрај пробните напади кои Отоманската флота ги правела не успеала да влезе во Златниот рог поради пловечки препреки кои биле поставени долж влезот. Покрај тоа што целта на поставување на препреките била да се оневозможи влез на бродови во градот, на 20 април мала флота на христијански бродови успелалa да се пробие и да влезе во градот. Овој настан значел многу за зголемување на моралот на бранителите, а истовремено претставувал и срам за султанот. Животот на адмиралот Балтоглу бил поштеден само поради сведоштвата на неговите офицери за неговата храброст, која за жал не била доволна за успех во оваа акција. За да се заобиколат водените препреки кои го штителе Златниот рог, како и да ја намали надмоќта на море на царските бродови и посебно на бродовите од Џенова, Мехмед наредил да се конструира сувоземен пат преку кој (преку копно) на 22 април успеал да ги префрли неговите бродови во царското пристаниште. Со ова сериозно биле загрозено редовното снабдување на (номинално неутралната) колонија на џеновјани во Пера и влијаело врз деморализирачки врз одбраната на градот. Во ноќта на 28 април бил направен напор да се уништат отоманските бродови кои веќе се наоѓале во Златниот рог, но Османлиите биле предупредени за нападот и ги присилиле христијаните, кои претрпеле големи загуби, да се повлечат. Оттогаш одбраната на градот била преморана да ги брани и ѕидините кои гледаат на страната на Златниот рог. Со тоа одбраната на останатите ѕидини била ослабена. Згора на тоа, непристапноста на морето значела и неможност за лесно доаѓање до храна. Па така храната започнала да претставува проблем во градот. Сега надежта на бранителите била свртена кон Венеција и кон вербата дека нивните браќа од Западот нема да ги остават сами во оваа битка и дека ќе ја испратат ветената помош. На 3 мај Константин XI испратил еден мал венециски брод кој, носејќи турско знаме, успеал неприметно да излезе од градот. Бродот се вратил во градот на 23 мај, повторно успевајќи да ја надмудри турската морнарица, но вестите кои со себе ги носел не биле добри. По три недели потрага немало никакви знаци дека помошта пристигнува – одбраната на градот е оставена сама на себе. На секој морнар поединечно Константин XI му заблагодарил лично. Тие можеле да отпловат на сигурно, но решиле да се вратат во градот каде ги чекала скоро сигурна смрт. Турците се обиделе во неколку наврати да нападнат фронтално од копно, но секогаш биле принудувани да се повлечат претрпувајќи при тоа големи загуби. Од средината на мај до 25 мај османлиите се обидувале да се пробијат во градот копајќи тунели под ѕидините. Голем дел од инженерските единици кои биле задолжени за оваа работа биле Срби од Ново Брдо (Косово). Од друга страна, пак, Византијците на своја страна го имале инженерот Johannes Grant со чија помош одбраната, копајќи контра-тунели, успешно се справувала со овој вид напади. Византијците успешно го пресретнале првиот српски тунел во ноќта на 16 мај. Други напади од овој тип биле пресретнати во ноќите на 21, 23 и 25 мај, а напаѓачите биле дочекувани со оган и со жестока борба. Во ноќта на 23 мај Византијците успеале да заробат двајца турски офицери кои им ги откриле позициите на останатите турски тунели кои подоцна биле уништени. . Мехмед им понудил на бранителите дека тој ќе ја прекине опсадата, а во замена од бранителите барал тие да му го предадат градот. Откако оваа понуда била одбиена, Мехмед решил да ги искористи сите расположливи средства за да го преземе градот, знаејќи дека неговите трупи се значително помногубројни од византиските. Отприлика истовремено Мехмед ги имал последните состаноци со своите офицери. Во ноќта на 22 мај 1453 година на небото имало целосно помрачување на месечината (симболот на Константинопол) со тоа се исполнило пророштвото за уништувањето на градот. Четири дена подоцна целиот град бил покриен со слаба магла, која не претставува вообичаена метеоролошка појава во месец мај, во тој дел од светот. Кога маглата се дигнала истата вечер, чудна светлина почнала да се појавува околу куполата на црквата Света Софија. Оваа светлина била протолкувана како Светиот Дух да ја напушта катедралата. Исто така, одбраната се надевала дека забележаната светлина може да претставуваат и трупи од другите христијански држави во Европа.

    • Последниот напад

На 26 мај Мехмед и неговите офицери заклучуваат дека опсадата на градот веќе трае премногу долго. Подготовките за последниот напад започнале истата вечер и продолжиле следниот ден на 27 мај. 28 мај бил ден наменет за молитва и за одмор на војниците, а за 29 мај било планирано да започне последниот напад. Само 36 часа по последните извршени совети на султанот со неговите офицери отоманската војска била спремна за напад со сите расположливи средства . На 28 мај додека отоманската армија за подготвувала за последниот напад, во градот биле одржани религиозни обреди од големи размери. Истата вечер, во црквата Света Софија, во атмосфера на исчекување се одржала и последната заедничка религиозна церемонија православните и католички христијани. По полноќ нападот започнал. Во првиот бран напаѓачите биле сочинети од војска која не била многу обучена и опремена и чија цел била да убие што е можно повеќе бранители. Вториот напад бил спроведен од Анадолијци и бил фокусиран на северозападниот дел од ѕидините кои претходно биле делумно оштетени од османлиската артилерија. Тој дел од ѕидините бил изграден во единаесеттиот век и бил значително послаб. Крстоносците во 1204 година успеале да влезат во градот преку овој дел. Османлиите, исто така, успеале да ги пробијат ѕидините, но набрзо биле истиснати од христијаните од освоените позиции. Христијанските трупи, исто така, успеале да го одбијат и третиот напад изведен од елитните Јаничари, но џеновјанинот Џовани Џустинијани кој бил одговорен за копнените трупи бил смртоносно ранет при овој напад. Неговото повлекување од ѕидините предизвикало паника кај бранителите Џустинијани бил однесен на островот Хиос, каде четири денови подоцна им подлегнал на повредите. Заедно со Џустинијани трупите од Џенова се повлекле најпрво во градот, а потоа и кон пристаништето. Константин XI Драгаш и преостанатата одбрана биле оставени сами на себе да се справуваат со надмоќната војска на султанот. Истовремено, некои историчари тврдат дека, т.н. Крекопорта била по грешка оставена отклучена и дека османлиите го забележале тоа. Османлиите ја искористиле оваа прилика и влегле во градот. Истовремено бранителите биле надвладувани и на други делови од ѕидините. Откако биле забележани турски знамиња над Крепортата завладеала паника, а одбраната колабирала под нападите на јаничарите. Се верува дека во овие моменти Константин XI ја отфрлил својата пурпурна царска наметка и како обичен војник го водел последниот напад против османлиите и дека на таков начин починал заедно со своите војници. Инаку, не постојат податоци за начинот на кој тој загинал. [41] По овие настани, османлиската војска брзо напредувала низ широките улици на градот. Минувајќи низ градот војската поминала и покрај црквата на Светите Апостоли во која Мемед имал намера да постави нов патријарх со чија помош ќе можел полесно да ги контролира своите христијански поданици. Минувајќи низ улиците на градот војската конечно се собрала на плоштадот Августеум кој се наоѓал пред црквата Света Софија во која голема толпа од луѓе, во потрага по заштита од Бога, цврсто ги држела бронзените врати од внатрешната страна. Откако османлиите успеале да ја отворат вратата луѓето кои биле затекнати во црквата биле одвоени според нивната цена на пазарот на робје. Имало и силувања велат некои историчари.[42] Војниците се бореле и меѓу себе за да приграбат материјални добра. Според венецискиот хирург Nicolo Barbaro „во текот на целиот ден турците вршеле колеж над христијанското население во градот“.[43] На крајот Мехмед II наредил да престане дивеењето и ги испратил своите трупи надвор од ѕидините на градот. [44][45]

    • Последици од падот на Константинопол

Паѓањето на Константинопол претставувало шок за христијанскиот свет. Папата повикал на организирање на нова итна крстоносна војна која требало да претставува контра напад. Со оглед на тоа што ниту еден европски монарх не се нафатил да ја води крстоносната војна, папата сам решил да застане на чело. Неговата рана смрт ја елиминирала можноста за организирање на овој контра напад. Кога веќе градот се нашол под нозете на Мехмед II некогаш големиот и раскошен град, како последица од долгогодишните војни, претставувал само бледа сенка на својата некогашна убавина. Новиот главен град на Турците им претставува нова постојана база во христијанска Европа. Понатамошното напредување на Империјата во Европа не би било лесно изводливо без логистичката поддршка од пристаништата на Константинопол. Далеку од врвот на својата слава и раскош бројот на жители на градот во голема мерка се намалил како последица од територијалното и економското слабеење на империјата. Иако градот, во извесна мерка, закрепнал по катастрофалното владеење на Латинското царство кое во градот било востановено по Четвртата Крстоносна војна. Во 1453 година градот претставувал збир од повеќе утврдени села, кои се наоѓале во внатрешноста на градските ѕидини и кои биле одвоени со поголеми празни пространства. Кога отоманската војска ги пробила ѕидините поголемиот дел од ваквите утврдени села им се предале на генералите на султанот. [46] На овие села, посебно на оние кои се наоѓале во близина на ѕидините, им било дозволено да го задржат сопствениот начин на живот, да ги зачуваат своите цркви, а биле под директна заштита јаничарите – елитните единици на султанот. Света Софија била претворена во џамија, а султанот именувал и нов патријарх на Константинопол. Многу учени од градот избегале на католичкиот запад носејќи со себе знаење и документи поврзани со грчко-римската култура и традиции и на ваков начин претставувале дополнителен импулс во развојот на ренесансна Европа. Всушност во потрага по стабилен живот трансферот на учени и на знаење (посебно во северниот дел на апенинскиот полуостров) започнал уште во единаесеттиот век. Тие кои останале во Константинопол биле претежно населени во квартовите Фанар и Галата. Фанариотите, како што подоцна ќе бидат наречени, станале способни советници на султаните. Тврдините во Мореја (Пелопонез) каде владееле браќата на Константин XI, Тома и Димитриј (кои постојано биле во меѓусебни конфликти) знаејќи дека Мехмед II, исто така, ќе ги нападне успеале да се одржат на власт до 1460 година. Пред падот на Константинопол, Тома и Димитриј, заедно со останатите свои браќа (Јован VIII Палеолог и Теодор), се бореле заедно со Константин XI.[47] Кога султанот ја нападнал Мореја, Тома пребегал во Рим, а Димитриј очекувал дека ќе може да владее како вазал во името на султанот, но наместо тоа тој го поминал остатокот од животот во затвор. Во Рим, Тома и неговото семејство добивале парична помош од Папата и од други Западни владетели и бил признат како Византиски император во егзил. Во 1461 година независната држава Требизон (која настанала по освојувањето на Константинопол од крстоносците во 1204) била освоена од Мехмед. Научниците го сметаат падот на Константинопол како клучен настан кој го означува крајот на Средниот Век. Заедно со почетокот на ренесансата ставаат крај на религиозниот поредок во Европа, но и почеток на употребата на топови и барут во војувањето. Со оглед на обостраната негативна перцепција (помеѓу христијаните од една и Турците од друга страна) копнените патишта до Азија не им биле достапни на христијанските трговци. Со оглед на тоа во Западна Европа почнало сериозно да се размислува за воспоставување на поморски врски со Азија.

    • Трет Рим

Византиското царство во основа претставувало Римско царство, а самиот град Константинопол, уште во времето кога престолнината била пренесена на брегот на Босфор, бил наречен Втор Рим. Падот на градот во турски раце довел до тоа различни политички фактори да тврдат дека се наследници на Римското царство и да се ословуваат себе какo Трет Рим. Ова тврдење во Русија било поткрепено и од фактот што Иван III бил оженет за Софија Палеолог која била внука од Константин XI. Тврдењата на Руската империја дека таа претставува наследничка на Византија биле во спротивност со тврдењата на Османлиите. Самиот султан Мехмед II себе си се сметал за римски император и се нарекувал Kayser-I Rum (во превод: Римски Цезар односно Цезар на Римската империја), иако тој до денес се памти како Освојувач и како основоположник на систем кој ќе постои до 1922 година – сѐ до основањето на Република Турција. Ваквиот конфликт на идеологии го стимулирал војувањето помеѓу Руската и Империјата, а во текот на XVIII и XIX век руските војски успеале и да се доближат до градот. Српскиот цар Стефан Душан и бугарскиот цар Иван Александар, исто така, се сметале себе за легитимни наследници на традициите на Римската империја. И Венециската република и Светата Римска империја се сметале себе си за Римското царство. Денес Ватикан претставува последниот преостанат субјект кој се смета за наследник на Византија. Овие тврдења датираат од периодот на освојувањата на Јустинијан I, кога папата како еден најголем земјопоседник на полуостровот, иако de jure претставувал византиски поданик, започнал да ја зголемува својата политичка моќ. Покрај воените и политички придобивки кои Османлиите ги добиле со освојувањето на градот, со овој настан трговијата со зачини од Истокот паднала во рацете на муслимански посредници. Европјаните и натаму, сѐ до XVI век ќе продолжат да тргуваат преку Константинопол. Но, повисоките цени ќе претставуваат движечка сила која ќе ги иницира големите географски откритија. Поголем број на португалски, шпански и холандски морепловци, заобиколувајќи ја Африка, ќе го пробиваат поморскиот пат до Азија. Потрагата, пак, по покуси патишта до Азија ќе доведе и до откривање на Новиот Свет.

    • Загуби на страната на османлиите

Загубите на турската страна на се познати. Венецискиот хирург Barbaro пишува дека трупови на Турци и на христијани пловеле како лубеници по каналите околу главниот град. Колкави и да биле загубите на турската страна, на Империјата и требало време за да закрепне пред да започне да ги освојува преостанатите делови во регионот.

    • Преименување на градот

Се верува дека градот бил перименуван во Истанбул веднаш по освојувањето. Османлиите всушност го користеле арапскиот превод на името на градот кој на современ турски јазик се запишува како „Kostantiniyye“ и како такво името на градот може да се најде во голем број на документи од османлиско време. Градот официјално бил преименуван во Истанбул во 1930 година. [48]

    • Културни влијанија

Постојат многу легенди кои се поврзани со падот на Константинопол. Една од нив вели дека двајца свештеници кои ја изведувале литургијата во Света Софија исчезнале во ѕидовите на катедралата кога Турците навлегле во неа. Според легендата, свештениците повторно ќе се појават и ќе ја продолжат прекинатата служба кога Константинопол ќе биде повратен во христијански раце.[49] Со оглед на тоа што телото на Константин XI никогаш не било пронајдено, една друга легенда зборува за мермерниот цар, Константин XI, и таа вели дека еден ангел го спасил царот, го претворил во мермер и го сместил во подземна пештера блиску до Златната порта, каде чека повторно да биде вратен во живот. Знаејќи за оваа легенда, Мехмед II наредил да се заѕида Златната порта за да се спречи неговото враќање. Во Грција Константин XI се смета за маченик, а неофицијално и за светец. Во петте века на турска доминација на Балканот многу Грци го сметале за симбол на отпорот. При стекнувањето на независноста градот Атина подигнал статуа на Константин XI на која тој е претставен со подигнат меч во раката. Тоа утро, на 29 мај 1453 година, кога Константинопол паднал во рацете на Турците, откако се расчистило небото од чадот од турските топови во тој несреќен вторник, станало јасно дека нека не е ставен крај само на Источното Римско царство. Светот се променил, а средновековието станало минато. Во Западна Европа ренесансата веќе во својот ек. Ова повторно раѓање заедно со изумувањето на Гутемберговата печатница со подвижни букви, ќе значат многу за полесно пренесување на знаењето и со тоа ќе го обележат започнувањето на модерното доба.

    • Културни имликации на Запад

Повторното освојување на градот од христијаните претставувало фасцинација за многумина во Западна Европа многу години по падот на градот во рацете на османлиите. Гласините за тоа дека Константин XI бил спасен од ангел влевал надеж дека градот еден ден повторно ќе се врати во христијански раце. Од друга страна пак, во Западна Европа во XV век времето на крстоносните војни веќе било минато. На почетокот, падот на градот предизвикал желба за крстоносни походи, но покрај религиозните чувства, ренесансата и хуманизмот сега биле главните носители на зачувувањето на европското наследство од антиката – улога која претходно и припаѓала на Византија. Во 1459 година папата Пиe II иницирал нова крстоносна војна, но почетниот ентузијазам за таа идеја по кратко време исчезнал. Со започнувањето на протестантизмот, а потоа и со контра-реформацијата, идејата за повторно освојување на Константинопол изгледала како дамнешен сон. Дури и Франција, која некогаш била волна да учествува во крстоносните војни станала сојузник на Империјата. Подоцна, после завршувањето на војната за независност на Турција, кога државата била поставена на секуларни основи, ваквата идеја изгледала уште помалку политички коректна.

    • Културни имликации на Исток

Падот на градот во рацете на исламски владетел се сметало за остварување на пророштвото на Мухамед. [50] и тоа претставувало дополнителен обединувачки фактор за исламскиот свет. Со порастот на арапскиот национализам и со распадот на Османлиското царство, на Блискиот Исток, идеите на Саладин изгледа дека станале многу попопуларни од оние на пророкот Мухамед. Во јули истата година султанот се вратил во Едрене и веднаш наредил да биде егзекутиран големиот везир Халил паша, со кое се намалила властта на семејството Чандарли кои во продолжение на многу години избирала визери во државата и имала голема улога во управувањето. Првата акциjа на султанот бил трансферот на капитал од Едрене во Константинопол, и активното доселување на турско население во градот. Султанот, настапувајќи како римски „василевс„, го превзел на себе целокупното раководство над источното христијанство, и за директно управување на бројните христијански заедници бил назначен нов патријарх - Генадиј. Во империјата се охрабрувала верска толеранција. Исто така Мехмед склучил и договор со Венеција по кое венецијаните добиле право на својата трговска колонија во Галата.

Белград[уреди]

Веднаш по падот на Константинопол Мехмед II побарал од смедеревскиот деспот Ѓорги Бранковиќ да му врати некои земји, отстапени од Мурат, но деспотот тоа го одбил. Во април 1454 година тој спровел поход кон Поморавието и презел две тврдини, останувајќи до крајот на август во Софија, а потоа се вратил во Едрене. Малку подоцна унгарските војници предводени од Јанош Хуњадиго принудиле да се повлече. Во 1455 година Мехмед го зазел Ново Брдо. Во 1454-1455 година османлиската флота разграбила некои егејски острови, по што Мехмед влегол во конфликт со Република Џенова. На крајот на 1455 година ги зазел островите Стара и Нова Фокеја, а во јануари 1456 година лично раководел со заземањето градот Енос. Во јуни истата година Османлиите ја освоиле и Атина, која дотогаш била под власта на фиренската фамилија Ачаиуоли. Во меѓувреме Османлиите и Унгарците започнале да се подготвуваат за нова војна. Мехмед во почетокот на јули ја ставил под опсада клучната гранична тврдина Белград. Кон градот било донесено големо количество артилерија, а во реката Дунав биле изградени бродови. Еден од најзначајните настани од оваа опсада било уништувањето на османлиската флота на 14 јули 1456 година на реката Дунав. Согледувајќи дека градот нема да можат да го заземат преку Дунав, Османлиите се решиле да нападнат со сите свои сили по копнен пат на 21 јули. Опсадата на Белград, подоцна, била опишена како решавачка судбина за христијанството од страна на Папа Каликст III. Србија, Пелопонез и Трабзон По повлекувањето на османлиските сили од Белград, папа Калист III кон крајот на 1456 година организирал поход на чие чело застанал Арагон и навлегол во Егејско Море со воена флота, зазимајќи ги островите Лемнос, Тасос и Самотраки. Како одговор на тоа Османлиите го ограбиле Лесбос и бил склучен договор според кој католичките острови и области требале да му плаќаат данок на султанот. Во пролетта на 1458 година Мехмед започнал нов поход кон Пелопонеското деспотство. На 15 мај го опсадил Коринт и во август го зазел, а во исто време навлегле длабоко во Пелопонез и ги ограбиле градовите. Во есента османлиските сили се повлекле оставајќи ги двата деспота Тома и Димитар да војуваат меѓу нив. Во пролетта 1457 година починал смедеревскиот деспот Ѓорги Бранковиќ и бил наследен од својот син Лазар Бранковиќ кој исто така починал неколку месеци подоцна. Во следните месеци помеѓу српската аристократија избил конфликт. Едната страна била проосманлиски ориентирана а другата проунгарски. Ова му дало шанса на Мехмед повторно да организира поход, но бидејќи бил на Пелопонез оваа задача му била доделена на големиот везир Махмуд Паша. Тој успеал да го заземе Смедерево, Голубац и Митровица а по ова заминал за Скопје каде се сретнал со султанот и армијата од Пелопонез. Во 1459 година Мехмед заминал кон Амасра, џеновска територија на Црно Море, кое се предало без војна. Во 1460 година султанот се замешал во конфликтот меѓу пелопонеските деспоти и искористувајќи го конфликтот успеал да го заземе целиот Пелопонез со исклучок на Монемвасија која била предадена на папата. Деспотот Тома заминал во Рим, додека пак Димитар станал владетел на Имброс и Лемнос како награда од султанот. Во пролетта на 1461 година султанот Мехмед организирал воен поход против Трапезундската империја која била под власта на византиската династија Комнини. Кон Трабзон се насочиле воени бродови и пешадија на чело со султанот. По шест месеци градот заедно со неговата територија капитулирале и биле приклучени кон територијата на Османлиската Имприја. Во 1462 година пак силите на влашкиот војвода Влад Цепеш наредил егзекуција на султановите пратеници по кое ја поминал реката Дунав кај Никопол и ја разграбил Северна Бугарија. Мехмед нормално одговорил со мобилизација на војската и напад по кое Влад побегнал во Унгарија а на негово место бил поставен неговиот брат Раду, кој управувал како османлиски вазал. Воените походи на Мехмед продолжиле кон Босна и Херцеговина каде биле заземени териториите на Стефан Вукчиќ.

    • Ферманот на Султан Мехмед Фатих

Ферманот на Султан Фатих за човекови права, напишан на 28 Мај 1463, во Милодраж, кој се смета за еден од најстарите документи за човекови права, вели::

"Јас Фатих Султан Хан, објавувам пред целиот свет дека свештениците на Босна, за кои излегува овој Ферман се под моја заштита и наредувам:Ниту луѓето, имињата на кои овде се објавуваат, ниту нивните цркви да не се вознемируваат и да не се оштетуваат. Нека живеат во мир и безбедни во мојата Империја. Сите овие луѓе во состојба на бегалци, нека живеат слободно и безбедно. Нека се вратат во секој дел на Империјата и нека се сместат и систематизиратт без страв во нивните манастири.

Никој од почитуваниот круг на Падишахот, од везирите и моите службеници, од слугите и граѓаните на Империјата, нема да го нарушат достоинството на овие луѓе и нема да им наштетат.. Никој на овие луѓе нема да им го наруши животот, имотот и црквите,, ниту лошо со нив да постапува. И ако донесат нивни луѓе од некое друго место во мојата држава, они ќе ги уживаат истите права.

Објавувајќи го овој ферман на Падишахот, се колнам во Името на Аллах, Створителот, Господарот на Земјата и небесите, на Неговиот Пратеник, нашиот свет Пратеник, Мухаммед, и 124 илјади пратеници и во името на сабјата – дека ниту еден од моите државјани, кои ќе им се потчинат на наредбите и ќе останат мои верни поданици, нема да дејствуваат спротивно од она што е напишано во овој Ферман".

Војна со Венеција[уреди]

Османлиските успеси во Егејско Море директно ги застрашиле венецијанските тењритории во регионот и по деветгодишен мир во 1463 година Венецијанската република објавила војна на Империјата. До конфликт дошло по заземањето Аргос од страна на Османлиите. Истата година, во август Венеција успеала да си го врати Аргос и го опседнала Коринт. Доаѓањето на османлиските сили на чело со Махмуд Паша ги принудило на Венеција да ја напушти опсадата на Коринт, но и покрај тоа тие ја задржиле контролата над Пелопонез. Венеција стапла во дипломатски контакт со Папаската држава, Унгарија, Бургундија и Караманија за заеднички поход против Османлиите. Уште во 1463 година, унгарскиот крал и син на Јанош, Матјаш Корвин навлегол во Босна и ги зазел тврдините Јајце и Звечаи. Но во следните месеци поголемиоит дел од сојузниците се откажале од походот по најразлични причини. Во 1464 година Венеција го зазела островот Лемнос и го опсадила Митилини. Во август 1464 година дуждот Кристофоро Моро и папа Пије II се состаниле во Анкона каде се планирало нов крстоносен поход против Османлиите во Пелопонез, но планот не успеал поради смртта на папата. Во 1464 година исто така починал и емирот на Караманија и земјата била воведена во граѓанска војна започната од неговите синови за превласт. Најголемиот негов син Исак бил поткрепен од страна на емирот на Акојунлу Узун Хасан а помалиот од Империјата. Во почетокот силите на Узун Хасан навлегле во Караманија и го поставиле на Исак на тронот по кое бил склучен сојуз со Венеција но во пролетта на 1465 година Мехмед ги испратил своите сили во Караманија и Исак побегнал а по неколку месеци и починал. Истата година Мехмед се обидел да го искористи Скендербег како посредник за склучување на мир со Венеција на кое тој не се согласил. Најверојатно ова била причината следната пролет султанот со огромна војска да замине кон територијата на денешна Албанија. Во текот на овие походи врз населението било извршено масакар а во истиот период била изградена и тврдината Елбасан, по кое османлиските сили се повлекле. Кон крајот на 1466 година Скендербег пристигнал во Рим за да побара помош која не му била одобрена. По враќањето во Кроја, Скендербег успеал да ги победи османлиските сили кои се наоѓале во околината на Кроја и започнал со опсада на Елбасан. Следната година османлиите успеале да ја заземат Албанија со исклучок на градовите Скадар, Дрищ, Леш, Кроја и Драч кои останале под контрола на Венеција. Самиот Скендербег починал во Леш по една година. Во 1467 година во Тракија имало епидемија од чума. Поради тоа султанот овој период ги поминал во Видин и Никопол.

Караманија[уреди]

По заземањето на Албанија од Османлиите, Венеција и Унгарија побарале склучување на мир. Во есента 1467 година починал египетскиот султан Хошкадем и земјата била зафатена од граѓанска војна. Мехмед во ова видел прилика за проширување на своите територии во Египет. Во 1467 година емирот на Дулкадар и вазал на Османлиите навлегол во Сирија и успеал да го зазема Дамаск. Следната година Мехмед со голема војска заминал кон Дамаск но емирот на Караманија која била вазал во тоа период откажал да се присоедини кон неговиоте војски. Мехмед по ова се свртел кон Караманија и ја зазел престолнината Конија. Како виновник за неуспешниот поход бил прогласен Махмуд Паша кој бил сменет од својата функција. Во 1469 година Венеција започнала нова војна во која бил заземен Енсос. Мехмед започнал со подготовка на нов поход на чие чело го поставил Махмуд Паша. Мехмед успеал да го заземе Негропонте и дел од пелопонеските земји под власт на Венеција. Во исто време во Караманија починал Пир Ахмет а неговиот брат и наследник повторно ја активирал војната со Османлиите. Во 1471 година била заземена Аланија која била вазалска земја на Караманија. Во 1472 година започнала решителната војна со емиратството Акојунлу. Емирот Узун Хасан имал претензии кон Трапезунд и сакал да ја врати Караманија под власта на Пир Ахмет. Неговите сили ги ограбиле Сивас и Токат и го зазел градот Кајсери. Локалните османлиски сили се повлекле на запад за да ја причекат османлиската армија на чело со султанот. Силите на Акојунлу во исто време биле во контакт во Венеција кои неуспешно ја нападнале Анталија. Малку подоцна бил ограбен градот Измир. Во есента на 1472 година Узун Хасан ги нападнал египетските градови Малатија и Халеб но без успех. Овој поход бил причина за создавање на сојуз меѓу Османлиите и Мамелуците во Египет. Во пролетта на 1473 година, Мехмед заедно со околу 260.000 армија заминал кон источните делови на Анадолија за да се пресмета со Узун Хасан кој имал приближно ист број на војска. На 4 август Османлиите сакале да ја преминат реката Еуфрат но не успеале и доживеале голем пораз. Но Узун Хасан не го искористил тоа туку се задоволил со следење на османлиските сили кои продолжиле кон северните делови. На 11 август тој конечно се решил за напад кај Бајбурд но доживеал пораз и побегнал од бојното поле. Султанот Мехмед по ова ги зазел Бајбурд и Карахисар и се вратил во Константинопол. Следната година Османлиите конечно ја зазеле целата територија на Караманија. Во текот на 1474 година османлиските војски на чело со румелискиот бејлербег Сулејман Паша го нападнал градот Скадар, најважната тврдина на Венеција во Албанија. И покрај обидот прекинување на опсадата, таа продолжила до јули кога Османлиите се повлекле. Причина за ова повлекување била објавената војна на молдавскиот војвода Стефан. Така во јануари 1475 година Сулејман паша доживеал пораз во битката кај Баслуј. Истата година во Крим избувнала војна меѓу ханот Менгли Гирај и двајцата претенденти за неговиот престол во џеновската колонија Кафа. Во текот на истата година Османлиите ги зазеле сите џеновски територии во регионот, а италијанското население било однесено во Константинопол. По овој поход Кримското ханство станала вазална земја на Империјата. Оваа прикика била повторно искористена од Венеција која во 1476 година започнала повторно воена акција во Егејско Море, напаѓајќи го и анадолското крајбрежје. Во 1478 година започнала опсада на Шкодра, а по пат била опседната повторно Кроја која на крајот се предала на Османлиите. Во 1479 година бил склучен мир со венеција. Во следните месеци биле заземени островите Кефалонија, Левкада и Закинтос кои се наоѓале под власта на Леонардо III Токо како и Отранто.

  • Смрт

Мехмед починал на 3 мај 1481 година, на возраст од четириесет и девет години и бил погребан во неговото турбе на гробиштата во Фатих џамија. Неговиот лекар Јакуб Паша изјавил дека султанот бил отруен.

    • Изјави

Овие страдања се во име на Бога. Мечот на Исламот е во нашите раце. Ако не избереме да ги издржиме овие патила, не сме достојни да се нарекуваме Газии. Би се засрамиле пред лицето на Бога на денот на воскреснувањето Во писмото до мамелучкиот султан, Мехмед напишал: Ваша одговорност е да ги држите патиштата на аџилакот отворени за муслиманите; наша должност е да даваме Газии. Ѓакомо де Лангучи ги наведува зборовите на султан Мехмед Освојувач: Светската империја мора да биде една, со една вера и суверен. Не постои посоодветно место од Истанбул да се воспостави ова единство.

Гркот Георгија Трапезундски за Сутанот Мехмед Освојувач вели: Никој не може да се сомнева дека тој е император на Римјаните. Оној што го држи престолот на Империјата во рака, е легитимен император, а Константинопол е седиште на Римската империја. Султан Мехмед Освојувач рекол: Оној мој син кому Бог ќе му дадее да биде султан, има законско право да ги погуби своите браќа за доброто на државата.

Бајазит II[уреди]

Бајазит II бил осмиот султан на Империјата. Според Ибн Кемал, Иако за Бајазит II не може да се каже дека бил голем освојувач како неговиот татко, тој успеал да ги консолидира териториите освоени од Мехмед за време на своето султанување

  • Рани години

Бајазит II бил роден во Димотика, Тракија како син на Мехмед II (1432-1481) и Валиде султан Мјукриме Хатун, ќерката на Сулејман-бег, шести владетел на емиратството Дулкадиридс, кој починал во 1492 година. Бајазит II се оженил со Ајше Хатун, која била мајка на Селим I.

  • Борба за власт

Во 1481 година, султанот Мехмед II неочекувано починал. На негово место, на престолот се застанал неговиот поголем син Бајазит II. Според законите на Империјата, тоа означувало смртна пресуда за Кем, кој бил помал брат на Бајазит. Во тоа не се согласил Кем, па затоа во околината на Караманија успеал да собере одредена војска и да тргне кон Бурса. Кем имал и подршка од Мамлуците од Египет. Во меѓувреме, пред градот веќе била соберена војската на Бајазит на чело со Ајас Паша. Во битката помалиот брат излегол како победник, по кое се самопрогласил за отоманскли султан. Сепак Бајазит успеал да ја мобилизира својата војска и да го порази на својот брат кај Јенишехир. По неговиот пораз, Кем побегнал во Каиро. Од таму тој се вратил следната година. Во почетокот тој забележал одредени успеси при следните напади но сепак на крајта морал да се повлече и да побара помош од витешкиот ред на Свети Јован во Родос. Конечно витешкиот ред на Свети Јован го предал Кем на папа Инокентие VIII, која сакал Кем да му служи како алатка за уништување на Османлиите во Европа. Сепак, папската крстоносна војна не доживеала успех и реализација па Кем бил оставен сам и тој починал во Неапол во затвор на 25 февруари 1495.

  • Владеење

Бајазит II на отоманскиот трон се качил во 1481 година. Тој ретко војувал, станувајќи првиот султан кој одбил лично да и командува на војската, и влегол во историјата како патрон на културата и книжевноста. Сепак, ги отстранил како “непристојни” сите дела на венецијанецот Џентиле Белини, кои го украсувале ентериерот на Сарајот, изграден од таткото на Бајазит. Во текот на своето владеење направил походи кон Мореја против Венецијанската Република. Последниот поход завршил со успех за Бајазит во 1501 година кое означувало целосна контрола на Пелопонез од страна на Османлиите. Бунтовите на исток предизвикани од страна на Казалбашите постојано го измачувале на султанот бидејќи тие биле секогаш подржувани од страна на персискиот шах Исмаил кој сакал да го промовира шиитскиот ислам во османлиската држава.

Отоманско-венецијанска војна (1499–1503)[уреди]

Втората османлиско-венецијанска војна се водела помеѓу Отоманската империја и Република Венеција за контрола на териториите кои биле оспорени меѓу двете страни во Егејско Море, Јонско Море и Јадранско Море. Војната траела во периодот од 1499 до 1503 година.

Османлиите под команда на адмиралот Кемал Рејс издвојувале победа и ги принудиле на Венецијанците да ги признаат своите добивки во 1503 година.

    • Конфликт

Во јануари 1499 година, Кемал Рејс отпловил од Константинопол со сила од 10 галии и 4 други типови на бродови, а во јули 1499 година се пресретнал со огромната отоманската флота и ја презел командата со цел да се отпочне големи војна против Венецијанската република. Отоманската флота била составена од 90 галии и околу 200 помали садови. Во август 1499 Кемал Рејс ја победил венецијанската флота под команда на Антонио Гримани во битката кај Наварин. Тоа била првата поморска битка во историјата со топови користени од бродови, а се одржала на четири одделни дена: на 12, 20, 22 и 25 август 1499. По преместувањето во Јонското Море, Кемал Рејс наишол на венецијанска флота од 47 галии и околу 100 помали садови под команда на Антонио Гримани во близина на Кејп Зонкио кај Наварин и издвоил значајна победа. За време на битка Антонио Гримани бил уапсен на 29 септември, но на крајот бил ослободен. Гримани подоцна станал Дужд на Венеција во 1521. Во истиот период започнале и отоманските напади кон внатрешноста на Далмација.

Во декември 1499 Венецијанците го нападнале Лепанто со надеж за враќање на нивните изгубени територии во Јонското Море. Кемал Рејс отпловил од Кефалонија и повторно се упатил кон Лепанто. Тој останал во Лепанто меѓу април и мај 1500 година, каде што неговите бродови биле поправени од страна на армијата од 15.000 отомански занаетчии. Од таму Кемал Рејс отпловил и започнал со бомбардирања на венецијанските пристаништа на островот Крф, а во август 1500 тој повторно ја победил венецијанската флота во битката кај Модон. Во следниот период биле заземени островите Модон и Корон по кое следувала католичка помош за Венеција. 1501-1503. Отоманските упади во Далмација ескалирале до точка каде што Венеција била принудена да потпише договор со Владислав II од Унгарија и Папа Александар VI според кој тие ветиле 140.000 дукати годишно за Кралството Унгарија за активно да ги брани своите јужни хрватски територии, До крајот на 1502, Венеција и Османлиската империја се согласиле за примирје. На 31 јануари 1503 Венеција потпишала друг договор со Владислав II каде платила дополнителни 30.000 дукати. Во 1503 година Османлиите ги достигнале венецијанските територии во Северна Италија, и Венеција била принудена да ги признае отоманските освоени територии.

  • Еврејска миграција

Во јули 1492 година, Шпанија го протерала арапското и еврејското население како дел од инквизицијата. Бајазит ја испратил османлиската морнарица на чело со Кемал Рејс во Шпанија во 1492 година со цел безбедно да ги евакуира овие луѓе. Тој исто така им понудил на бегалците да се засолнат во неговите земји и да станат османлиски граѓани, исмејувајќи ги Фердинанс II од Арагон и Изабела I од Кастилја за овој чин бидејќи сметал дека протерувањето на оваа класа на луѓе била многу лоша одлука. По ова тој издал и еден ферман до сите управители во европските провинции наредувајќи им не само да се воздржат од одбивање на шпанските бегалци, туку и да им обезбедат пријателски прием. Тој се заканил со смрт за сите оние кои нема да ги почитуваат неговите наредби, посебно за еврејската популација. Арапите и Евреите од Шпанија придонеле многу за зголемувањето на моќта на Империјата со воведување на нови идеи, методи и изработка. Првата печатарска преса во Цариград била основана од страна на сефардските Евреи во 1493 година. Од овде се заклучува дека под владеењето на Бајазит II, Евреите доживеале културна експанзија, преку присуството на научниците Мордехај Комтино и Соломон бен Елијах Шарбит ха-Заха.

  • Војна со синовите

На 14 септември 1509 година престолнината Истанбул била уништена од земјотрес. Последните години од неговото владеење биле исполнети со постојаниот конфликт меѓу неговите два сина Селим и Шехзаде Ахмет. Ахмед имал два браќа, Шехзаде Коркут кој владеел со Анталија и Селим кој владеел во Трабзон. Според традицијата се сметало дека по смртта на султанот кој прв ќе пристигне до престолнината тој имал најголемо право да се искачи на тронот. Во овој поглед владенијата на Ахмед биле најблиску до Истанбул. На синот на Селим, идниот султан Сулејман му бил доделен градот Болу, мал санџак кој бил поблиску до Истанбул. На ова најмногу се спротиставил Ахмед и по ова тој бил преместен во Крим. Од друга страна пак, Селим во ова видел како подршка за неговиот постар брат од страна на неговиот татко па веднаш побарал да му се додели Румелија. Селим бил одбиен со образложение дека румелиските територии не се давале на принцовите, но и покрај тоа му било понудено да управува со Смедерево кој бил доста далеку од Истанбул. Тој ја одбил оваа понуда на својот татко а Бајазит како одговор на неговата непослушност го поразил во една битка во 1511 година .

  • Последни години

Додека Бајазит бил во конфликт со Селим, на Ахмет му била доверена задача за задушување на востанието Шахкулу во Анадолија. Но, наместо да го задуши востанието, Ахмет неочекувано го напуштил бојното поле, зазел еден град во Караманија и со својата војска започнал да се приближува кон Истанбул. Неговиот став предизвикал вознемиреност меѓу војниците бидејќи неговиот главен поддржувач Хадим Али Паша го загубил животот за време на бунтот. Ахмет заминал во Конија каде се прогласил за султан. Иако Бајазит побарал да се врати во својот санџак Ахмед го одбил на својот татко. Бајазит по ова започнал да стравува дека Ахмед сака да го убие за да дојде на престолот па одбил да му дозволи на својот син да влезе во престолнината. Од друга страна тој абдицирал од престолот на 25 април 1512 година , а Селим со подршка од јаничарите се вратил од Крим и станал новиот султан. Ахмет продолжил да контролира дел од Анадолија во првите месеци од владеењето на Селим. Конечно, силите на Селим и Ахмет воделе битка во близина на Бурса на 24 април 1513 година во која битка силите на Ахмед биле поразени, самиот тој уапсен а подоцна и погубен. Другиот брат на Селим, Шехзаде Коркут бил владетел на Анталија но кога побарал да му биде доделена поблиска територија на владеење до Истанбул, во истиот момент бил одбиен по кое тој побегнал во Египет. Ова од страна на Бајазит било сметано како предавство па тој морал повторно да замине во Истанбул и да се извини . Во текот на војната помеѓу Ахмед и Селим, тој останал неутрален бидејќи немал приврзаници кои би застанале на негова страна. По абдикцијата на неговиот татко, Селим го егзекутирал во Бурса во 1513 година. Бајазит заминал кон својот роден крај но починал на 26 мај 1512 година во Бујукчекмеше. Тој бил погребан во Бајазитовата џамија во Истанбул.

Селим I[уреди]

Селим І (1512 - 1520 ) (отомански: سليم اوّل, турски: I.Selim) со прекар ” Грозниот„, или „Немилосрдниот„ бил деветиот султан на Империјата. Тој ги зазел светите места Мека и Медина и се објавил за калиф. Ги погубил сите свои роднини како и околу 40 000 шиити. Во времето на неговото владеење, Селим I успеал да ги прошири своите граници кон југ и исток. Тој успешно ги поразил Мамелуците, по кое ги зазел современите Сирија, Либан, Палестина и Египет, вклучувајќи го и светиот град Ерусалим, како и Каиро, престолнината на Абасидите. По ова, тој се прогласил за калиф во империјата. Селим I ја освоил и Сефавидската империја, но набргу потоа Сефавидите повторно го освоиле источниот дел од империјата заедно со градот Багдат. Империјата воспоставила морнарица во Црвено Море. Ова главно се споровело поради поморските војни со Португалија кои се воделе главно за трговијата. Во текот на овој период, империјата натпреваруваа со големите европски колонијални сили, во Индиски Океан. Голем број на флоти, со војници и оружје, биле испраќани за поддршка на муслиманските владетели во Кенија и во Ачех. Овде Отоманците изградиле тврдина кои биле обезбедувани со топови. Во 1514 година, отоманските сили на чело со Селим издвојувале голема победа над Сафавидите, со кое била обезбедена источната граница на земјата. Успеси на Селим I: - Во 1516 година го зазел Северен Иран, Сирија, Палестина - 1517 година го зазел Египет - 1517 година Мека и Медина

  • Рани години

Селим бил син на турскиот султан Бајазит II. Кога султанот Бајазит II почнал да му укажува јасна предност на својот втор син, Ахмед, Селим се исплашил за својата иднина. Балканскиот намесник на османлискиот султан се побунил, и на чело на мала армија храбро марширал кон Истанбул. Најверојатно, Селим се надевал дека бунтовниците во главниот град ќе го поддржат, но згрешил. Во битката, неговиот татко Бајазит II, кој предводел огромна војска, лесно го поразил Селим, и тој морал да избега во Кримскиот ханат, каде на султанот му било тешко да го зароби. Во северниот регион на Црно Море меѓу Кримските Татари бегалецот решил да исплива од тешките времиња и повторно да ја започне борбата за своето наследство. Во 1512, султанот Бајазит II направил редок чекор меѓу монарсите на светот: тој доброволно абдицирал од Високата Порта и, за да избегне војна, ја предал власта на синот Селим по кое и набргу починал.

  • Доаѓање на власт

Враќањето на Селим од Крим до Константинопол, наликувало на воен триумф. Новиот султан Селим I одговорил на великодушноста на својот татко, со наредба да се убијат сите машки роднини, кои би можеле да го загрозат неговиот престол. За ова тој го заработил прекарот – Јавуз, што на турски значи “мрачен.”

  • Војна со Персија

Потоа султанот Селим, како побожен сунитски муслиман, почнал насилно да воспоставува единствена исламска религија во Империјата. По наредба на султанот во земјата загинале повеќе од 40.000 Шиити, а нивниот имот бил ограбен. Многу Шиити морале да побараат засолниште надвор од империјата. Гонењето на Шиитите неизбежно довело до војна меѓу Империјата и Персија. Во јуни 1515 Селим тргнал со војска од 60.000 да изврши инвазија врз Персија. Селим имал голема и добро вооружена коњица, пешадија, опсадна и тешка артилерија. Пешадијата била вооружена со огнено оружје, иако мошне примитивно. Инвазијата на Персија започнала во Сивас. Турската војска преку Ерзурум дошла до горниот тек на реката Еуфрат. Персијанците ја користеле против тактиката „изгорена земја “, која не ги дала саканите резултати. Турците слободно пристапиле на градот Хој, околу кој персискиот Шах собрал многуилјадна коњаница од ориентален тип. На 23 август на источниот брег на реката Еуфрат кај Халдиран, Отоманците се судриле во битка со 50.000 персиска војска, на која лично и командувал шахот Исмаил. Селим I успешно маневрирал на бојното поле со своите трупи, и освоил убедлива победа над Персијците. На турските гладни војници најзначаен им бил пленот од персискиот логор оносно огромните резерви на храна. Персиската армија која претрпела големи загуби во битката кај Халдиран се разбегала по околните планини. Поразениот Шах Исмаил, ранет во битката, исто така, морал да се спасува со бегство. Султанот Селим I ја преселил својата војска на исток а во септември 1515 година ја искористил во главниот град на Персија, Табриз, (денес главен град на Азербејџан). Од Табриз Селим имал намера да ја продолжи воената кампања. Сепак, јаничарите се побуниле, а одбиле да одат понатаму и отоманските феудалци - тимариотите. Султанот, со морал да им попушти на барањата на армијата. Утеха му бил големиот воен плен од Табриз, вклучувајќи го и трезорот на шахот. Од персискиот главен град Османлиите во Константинопол испратиле илјадници најдобри мајстори да им служат на султанот и благородниците. Султанот не успеал да ја повтори персиската кампања, иако имал намера да го направи тоа повторно. Дознавајќи дека арапските земји, Египет и Сирија се придружиле на воениот сојуз на персискиот шах, Селим решил да превземе соодветни дејствија против непријателот на Отоманската Порта.

  • Војна со Мамелуците

Султанот на мамелуците, Гансу ал-Гаури, се подготвувал за инвазија врз Османлиите од градот Алеп. Тој собрал 30000-на коњаница, и ја поставил на 16 километри северно од Алепо во Мерџ Дабик. Околу половина од коњаниците биле Мамелуци, а останатите биле арапски коњаници. Султанот немал ниту артилерија ниту пешадија. Армијата на Селим I изнесувала 40.000, од кои 15.000 биле коњаници тимариоти, 8000 – јаничари, 3000 – гарда-коњаница, и 15 000 пешадија. Во јули 1516 година Селим I, извршил ненадејна инвазија на Сирија. Во освоената Сирија, Селим I не можел да остане долго, но оставил во тврдините силни турски гарнизони. Тој повторно започнал агресивна кампања, овој пат против Египет, кој во тоа време бил една од најбогатите земји на Истокот. Во октомври 1516 година Османлиите го освоиле градот – тврдина Газа, а со тоа го отвориле патот кон Нил и египетската престолнина. Во јануари 1517 година армијата на султанот со тешка опсадна артилерија дошла под ѕидините на Каиро. На отоманските Турци и се спротивставиле египетските Мамелуци, и остатоците од уништените сиријски војски. На 22 јануари под ѕидините на Каиро, се водела тешка борба која одлучила за судбината на Египет во наредните векови. Египет бил освоен од Империјата. Така отоманските владенија се прошириле не само на Балканот во Европа туку и во Азија, но и во Северна Африка. Шиитска Персија, која ги изгубила сите свои сојузници, иако имала побројна, но слаба армија, не можела да одолее. Воинствениот султан Селим I, за кратко време кон неговата држава присоединил голем дел од Мала Азија, и свечено себеси се прогласил себеси и за египетски султан и калиф.

  • Мека и Медина

Селим, со успешните кампањи на освојување против Сирија и Египет, направил пат до светите, за секој вистински муслиман, градови Мека и Медина. Така, тој освоил големи признанија како водач и бранител на исламскиот свет. Тоа било признание за неговите големи воени достигнувања а не помалку и за големиот верски фанатизам како сунитски муслиман.

  • Последни години

Селим I повеќе не бил нарекуван мрачен, туку Храбар и Жесток. Под негова власт Империјата станала признат лидер на муслиманскиот исток, а империјата многу години понатаму не се соочувала со силни вооружени конфликти. Во последните години од својот живот султанот Селим I најчесто сонувал за освојување на Западна Европа и Медитеранот. Во 1520 тој потпишал воен сојуз со познатиот магребски пиратски адмирал, Барбароса, за подготовка на инвазија на турската армија во Шпанија. Пиратите од Магреб (модерните Алжир, Мароко и Тунис) биле сојузници на Империјата во војните против европските христијански држави. Ни подоцна никој друг на Блискиот Исток не се осмелил да го предизвика султанот Селим I, со исклучок на верските немири во Сирија и Анадолија во годините 1518-1519, со кои војската на султанот лесно се справила. Селим починал на возраст од педесетина години, подготвувајќи воена експедиција на островот Родос. Тој никогаш не успеал да спроведе многу свои планови. Неговото дело го продолжиле неговиот син и наследник Сулејман, кој од историјата го добил прекарот -Величенствениот. Татко му добро го подготвил да управува со земјата и со силната армија. Султанот Селим I е познат во светската историја по тоа што го означил почетокот на владеењето на Империјата на исток, и по дробењето на воената и политичка моќ на Персија. Неговата агресивна политика во голема мера ја одредила понатамошната воена експанзија на Империјата.

Сулејман Величествениот[уреди]

Султан Сулејман I бил десетиот султан на Империјата со која управувал во периодот од 1520 до 1566 година. Тој е султан кој најмногу бил на отоманскиот престол. Во европската традиција е познат како Сулејман Величенствениот а во источната како Законодавецот (турски: Kanuni; арапски: القانونى‎, al‐Qānūnī) главно поради воведување на реформи во законодавниот систем на земјата. Освен законодавни, тој спровел и административни, воени, судски, даночни и образовни реформи. Во текот на неговото владеење империјата се протегала од Будимпешта на Дунав до Асуан и реката Нил, заедно со реките Еуфрат и Тигар до Грузија и Гибралтар. Сулејман бил истакнат поет а исто така и голем заштитник на културата, литературата и архитектонскиот развој . Тој зборувал пет јазици: отомански, арапски, чагатаи, персиски и српски јазик. Во последните дваесет години бил под влијание на неговата омилена Рокселана, која успеала да стане законска жена на султанот, нешто што не можела да постигне ниту една од наложниците на изминатите два века. Започнувајќи кампања во Унгарија, Сулејман не доживеал да победи. Неговата смрт била скриена и раководењето со империјата продолжило без султанот, но во негово име, додека да дојде на престолот неговиот син од Рокселана - Селим II, со кој започнала ерата на падот на империјата.

  • Воени успеси

Роден во 1495 година, Сулејман го започнал своето владеење со давање на пари на јаничарите за да го направат султан, но тој, исто така, ослободил и 600 египетски затвореници и некои трговци кои неговиот татко неправедно ги казнил. Високи офицери обвинети за суровост биле осудени и егзекутирани. Сулејман прво ги освоил двете места кои Мехмед Освојувачот не успеал да ги освои, Белград во 1521 и Родос следната година. По 145 дена преживеаните витези капитулирале и им било дозволено да го напуштат Родос, тие потоа скитале пет години се додека не си нашле дом на Малта. Откако Пашата Кајр Бег починал во Египет во 1522 година, неговиот наследник Ахмед Паша се побунил против јаничарите заедно со беговите Мамлуци и арапските водачи, за да стане независен. Откако бил потиснат револтот од страна на османлиските сили, големиот везир Ибрахим Паша Паргали спровел обемни административни реформи од 1525, со кои отоманската власт во Египет се зацврстила и траела речиси три века. По три години без војна јаничарите на се побуниле и го пљачкосале еврејскиот кварт во Истанбул и куќите на офицерите. На Сулејман му се заканувала опасност, но бунтот бил потиснат; лидерите биле егзекутирани, а други ги загубиле своите позиции. Повеќето од јаничарите се смириле со подароци во пари и нова воена кампања. Сулејман ги предводел своите османлиски сили против Унгарците во 1526 година. На 29 август 1526 година започнала Мохачката битка. Отоманците ги поразиле сојузничките христијански сили предводени од Лајош II. Во текот на битката, 24.000 Унгарци биле убиени, а султанот Сулејман наредил 2.000 затвореници да бидат егзекутирани.Сепак, победата не им дала голема сигурност на османлиите. Унгарските благородници го избрале Јован Заполоја како нивни нов крал, а тој бил признат и од страна на Сулејман. Сепак, Германците го поддржале кралот на Бохемија, Фердинанд, што резултирало со граѓанска војна. Неговите пратеници отишле во Истанбул, но таму биле затворени. Во меѓувреме Туркмените се побуниле во Киликија и не биле поразени од големиот везир Ибрахим Паша Паргали сè до 1528. Фердинанд бил во сојуз со царот Карло V. Забавена со дождови и поплави, османлиската војска на Сулејман морала да се откаже од опсадата на Виена во октомври 1529 година .Околу 40.000 Турци и 20.000 христијани биле убиени во бескорисната војна. Сулејман повел кампања против царските сили во 1532, но се соочил со тврдоглав отпор од страна на градот Гунс. Акинџи коњицата и татарските сојузници ја ограбиле Штаерска во Австрија додека Сулејман се повлекувал назад кон Белград. Фердинанд испратил пратеник и било склучено примирје во 1533. Во меѓувреме персискиот Шах Тахмасп (1524-1576) се борел се против ривалствата со своите браќа и туркменистанските емири. Во Курдистан ханот на Битлиш се борел за Шахот, а Персискиот гувернер на Багдад бил убиен пред отоманската помош да може да пристигне. Големиот везир Ибрахим го принудил Шахот Тахмасп да се повлече и Сулејман пристигнал во Табриз во 1534, влегувајќи во Багдад во услови на снег во ноември. Така Ирак бил освоен, а новата провинција Ерзерум е додадена на Империјата. Во Персија отоманскиот благајник Челеби имал лоши односи со везирот Ибрахим Паша Паргали бидејќи бил обвинет од него за проневера. Пред да биде погубен, Челеби му напишал писмо на Сулејман обвинувајќи го Ибрахим за предавство бидејќи себе си се нарекувал султан. Ибрахим, некогаш христијанин и сеуште роб на Сулејман, бил осомничен за непочитување на Куранот, за заговор со Франција, и бил омразен поради неговото огромно богатство. Во 1536 Сулејман го поканил Ибрахим на вечера, и везирот бил пронајден убиен следното утро. Шест генерации отоманските султани имале деца од жените во своите хареми без брак, но една година откако мајката на султанот починала, Рокселана го убедила Сулејман во 1534 да се ожени за неа и да ја прогони мајката на Мустафа, Махидевран. Откако Ибрахим бил отстранет, Рокселана имала поголемо влијание од везирите кои го наследиле. Отоманската морнарица имала галии кои ги веслале воени заробеници. На успешниот пират Кајр ал-Дин му била дадена команда и Тунис бил освоен во 1534 година. Овој град бил нападнат и од страна на императорот Kарло V и неговата армада предводена од адмирал Андреа Дорија. Кајр ал-Дин, познат како Барбароса поради неговата црвена брада избегал, а потоа облекувајќи ги неговите луѓе како Шпанци и под тоа знаме ги ограбувал Балеарските Острови, земајќи 5.700 затвореници од Порт Махон во Менорка. Во 1536 Османлиите изградиле двесте бродови со цел да ја нападнат Италија и Отранто бил завземан следната година. Десет илјади Италијанци биле продадени на пазарите за робови во Истанбул. Во 1537 Венецијанците и се придружиле на "светата лига" на кралски сили против Турците но Отоманската морнарица ги поразила доволно на Крф и во Заливот Арта за да им овозможи на Турците да доминираат на Медитеранот во наредната третина на векот. Тие се согласиле на примирје во 1540 година, но Венеција морала да се откаже од Мореја(Пелопонез) и нејзините егејски острови. Сулејман бил пофален од страна на царскиот пратеник Бузбек за неговата правда и за именување на способни и заслужни мажи за владините позициии. Во 1535 Големиот везир Ибрахим направил договор со Французите што им овозможило да тргуваат слободно со дел од Империјата. Империјата на Сулејман вклучувала дваесет различни етнички групи и 21 влада, повеќето од нив биле во муслиманската Азија, но тој ги третирал Европските христијани со извесна толеранција по нивното освојување. Османлиските закони биле осовременети од Мула Ибрахим од Алепо и ослободени од традиционалните исламски закони. Христијаните се нашле под Кодексот за рајата и нивниот десеток и данокот од капитација биле толку умерени што некои селани избегале од христијанските господари во Унгарија за да бидат под османлиска власт. Казните биле модернизирани со парична казна како замена за физичкото казнување, осакатувањето и смртта во многу случаи, иако напорите за здобивање на чест сеуште можеле да значат сечење на рака за лажно сведочење, фалсификување, или дистрибуција на фалсификувани пари. Каматните стапки биле ограничени на 11%. Животните кои се користат за работа требало да бидат третирани љубезно. Сулејман бил многу богат со годишен приход од околу дванаесет милиони дукати; неговите војни биле плаќани од пленот (вклучувајќи ја и продажбата на многу луѓе како робови) и од данокот од христијанските вазали. Подоцна во неговото владеење тој почнал да бара подароци од службениците кои ги назначил на повисоки позиции. Судиите (кадии и муфтии) биле имуни на оданочување и конфискација на нивниот имот, што ги правело привилегирана елита. Осум колеџи се состанувале во главните џамии и во училиштата се студирала граматика, синтакса, логика, метафизика, филологија, метафизика, реторика, геометрија, астрономија и астрологија. Високото образование обично го нагласувало исламскиот закон. Во 1541 царот Карло V не успеал да го освои Алжир, а две години подоцна Кајр ал-Дин (Барбароса) ги опустошил Неапол и Сицилија. По нивното закотвување во Марсеј, Французите дозволиле Отоманската морнарица да оди во Тулон, но Турците пустошејќи ги француските села предизвикале многу да избегаат. Во 1544 епидемија убила многу робови од галиите, и Турците заробувале француски христијани за да ги заменат. Франсоа I советувал да се нападне Ница, која била под власт на сојузникот на кралот, Војводата од Савоја, чиј замокот бил отпуштен. Кајр ал-Дин (Барбароса) починал во 1546 година. Конечно во 1554 Франсоа го раскинал овој сојуз со поткуп на Турците со подароци. Тургут, кој бил заробен и поминал четири години години како роб на галија пред да биде ослободен, на крајот станал Отоманската адмирал и го превзел Триполи од витешкиот ред на Свети Јован во 1551, но тие се одмаздиле кога Тургут бил убиен во неуспешната опсада на Малта во 1565. Јован Заполоја, натеран од унгарскиот националист Мартинуци, се оженил со полската принцеза Изабела кратко време пред неговата смрт во 1540 година. Нивниот едногодишен син Стефан бил прогласен за крал на Унгарија, но Османлиите сеуште ја окупирале неговата земја. Во 1541 година бил опсаднат градот Будим. Опсадата резултирала со заземање на градот Будим. По оваа победа, Империјата воспоставила контрола над централна Унгарија. Битката е дел од т.н. Мала војна во Унгарија. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола . Откако Фердинанд се обидел да ја презеде Пешта, Сулејман во 1543 година се вратил во Унгарија и ја претворил катедралата во Будим во џамија. На крајот бил постигнат договор во 1547 година, во кој биле вклучени Франција, Венеција, и папа Павле III; Фердинанд се согласил да му исплаќа на султанот 30.000 дукати на годишно ниво. Ова му овозможило на Сулејман повторно да ја нападне Персија, да го поврати Табриз и да го преземе градот Ван во наредната година. Во 1551 монахот Мартинуци ја убедил Изабела да му ја предаде Трансилванија на Фердинанд, како дел од Австрија, во замена за земјиште во Шлезија. Сулејман на ова реагирал со затворање на австрискиот пратеник две години, но Мартинуци бил прогласен за архиепископ и кардинал. Султанот го испратил Мехмед паша Соколиќ со армија да ја превземе власта и поставил гарнизон во Липа во Трансилванија. Фердинанд ја опсадил Липа и го убил Мартинуци поради заговор со гарнизонот. Турските трупи извршиле инвазија и повторно го поразиле Фердинанд во 1552. Наредната година Сулејман заминал на неговата последна персиска кампања, во која повторно го освоил Ерзерум и ја опустошил персиската земја по Горен Еуфрат. Примирјето довело до договор за мир во Амасија во 1555 година.

  • Егзекуција на синовите

Ќерката на Рокселана, Михримах султан се оженила со хрватскиот финансиер Рустем паша, кој бил прогласен за голем везир во 1543 година. Рокселана, исто така, лобирала за своите три сина Селим, Бајазит, и Јехангир, но Сулејман го преферирал синот од Махидевран -Ѓулбахар, Мустафа, кој владеел со Амасија во Азија. Мустафа бил роден во 1515 година во Маниса во времето кога Сулејман сеуште бил принц и владетел на Маниса. Како прв роден син тој бил наследник на османлискиот трон но според некои историчари по женидбата на Сулејман со Рокселана тој како свој наследник го гледал Шехзаде Мехмед, најстариот син на Рокселана. Сулејман му овозможил повеќе прилики на Мехмед и според тоа тој го подготвувал за престолонаследник. По овие случувања, Мустафа доживеал и втор шок од страна на неговиот татко по неговото преместување од Маниса во Амасија. Владеењето во Маниса му било доделено на Мехмед. И покрај тоа што бил преместен во Амасија, Мустафа добил декрет според кој неговиот татко сеуште во него гледал како иден султан. Според Сулејман, Мустафа бил испратен во Амасија за да обезбеди одбрана на источниот брег на Империјата и да научи како да управува со големата држава . Во Амасија Мустафа ја добил веста за смртта на својот брат Мехмед. Се чинело дека препреките за престолот на Мустафа ги снемало но тој сеуште се соочувал со уште еден предизвик, а тоа бил Шехзаде Бајазит, чија мајка била Рокселана. Во 1547 година во времето на Османлиско-сафавидската војна, Сулејман се сретнал со своите три синови на различни места за да разговара за политичката ситуација во земјата. По ова следувала трка кон престолот меѓу тројцата браќа, вклучувајќи го Селим. Во 1544 година Селим бил испратен во Маниса како управител . Животот на Мустафа бил во опасност посебно по смртта на Паргали Ибрахим Паша и новиот сојуз меѓу Руштем Паша и Рокселана. Рокселана според повеќе извори направила заговор за соборување на Мустафа. Во текот на еден поход, Руштем Паша испратил еден од најдоверливите негови луѓе да извести дека султанот Сулејман не бил на чело на армијата, по кое војниците сметале дека дошло времето принцот Мустафа да го зазеде престолот. Султанот на ова многу се налутил. Така, во текот на Иранската воена кампања, армијата на Сулејман заминала во градот Ерегли. Додека тој бил во Ергели, Руштем Паша му понудил на Мустафа да се приклучи кон армијата на неговиот татко. Претходно пак, Руштем го предупредил на султанот дека Мустафа се подготвувал да дојде во Ергели и да го убие на Сулејман . Мустафа ја прифатил понудата на Руштем Паша и заедно со својата војска заминал кон градот Ергели. Сулејман овој потег го видел како закана и решил Мустафа да го убие. Кога Мустафа влегол во шаторот на Сулејман за да се сретнат, стражарите на Сулејман го нападнале и по долгата борба го убиле на принцот . По неговата смрт, јаничарите и војниците на Мустафа протестирале против одлуката на Сулејман, и главно ги обвинувале Рокселана и Руштем Паша. По ова Руштем Паша бил ослободен од позицијата голем везир и бил испратен назад во Истанбул.. Мустафа бил популарен кај јаничарите, но Султанот ги смирил со разрешување на Рустем и со подарок од половина милион дукати. Сепак, наследникот на Рустем, Ахмед паша, бил убиен за предавство на земјата во рок од две години. Рустем бил повторно назначен. Тој имал 1.700 робови при неговата смрт. По смртта на Рокселана, јаничарите го преферирале поспособниот Бајазит наместо алкохоличарот Селим а Јехангир починал.

    • Шехзаде Бајазит

По смртта на Мустафа, Сулејман останал со своите два сина Бајазит и Селим. Селим бил управител на Маниса а Бајазит на Ќутахија. Двата града биле речиси еднакво оддалечени од Истанбул. Сулејман го видел ривалството меѓу своите два сина па затоа решил да ги смени од нивните должности. Така на Селим му била доделена Конија а на Бајазит Амасија. Но на ова се спротиставил Бајазит, а Селим со подршка на неговиот татко и на чело со Мехмет Паша Соколовиќ го поразил својот брат во близина на Конија на 31 мај 1559 година . На Бајазит не му останало ништо друго туку да се врати во Амасија, но успеал да побегне во Прсија заедно со неговите синови. Иако шахот во почетокот му посакал добредојде на младиот принц сепак подоцна по барање на Сулејман тој решил да ги предаде. Наместо тоа, на 25 септември 1561 година Бајазит заедно со неговите четири сина биле егзекутирани во Персија по налог на османлискиот султан .

  • Смрт

Османлиите ја опсадиле Малта во мај 1565 година и 700 Витези на Свети Јован биле држени внатре се додека не пристигнале Шпанците во септември и не ги принудиле Турците да заминат. Повеќе од 20.000 Турци загинале или се бореле со болеста, додека 7.000 Малтежани и Шпанци ги загубиле своите животи. Веќе повозрасниот Сулејман заминал во кочија пред армија од 200.000 на својата последна кампања за Унгарија. Целта бил грофот Николај Зрински, кој го убил миленикот Мухамед од Трикала во Сиклос во 1552. Тие ја опсадиле тврдината Шегетвар, но пред победата Сулејман починал од срцев удар на 6 септември 1566 година. Големиот везир Мехмед Паша Соколовиќ ја сокрил смртта на султанот, го убил докторот за да остане смртта во тајност и дал телото на Сулејман да се балсамира и наредил телото да не се закопа се додека битката не биде добиена и Селим II не ја преземе власта во Истанбул. Во последните години од животот Сулејман го забранил алкохолот и станал станал порелигиозен но првиот указ на Селим "Пијаницата" бил да го направи алкохолот лесно достапен.

Опсада на Виена (1529)[уреди]

Опсадата на Виена од септември-октомври 1529 година претставува прв обид на Империјата, предводена од султан Сулејман I, да го освои главниот град на Австрија, Виена. Опсадата претставува крајна точка на османлиската инвазија во Европа, бидејќи по битката бил ставен крај на османлиското проширување во Европа, иако во 1683 година имал уште еден обид за зазимање на градот.

  • Позадина

Во август 1526 година султанот Сулејман I го победил на кралот Лудвиг II од Унгарија во Мохачката битка. Како резултат на тоа, Османлиите ја освоиле јужна Унгарија, а Фердинанд I, брат на императорот на Светата Римска Империја Карло V, започнал да има претензии кон унгарскиот престол во име на својата сопруга Ана, сестра на Лудвиг II. Фердинанд сепак бил прогласен за крал само во западна Унгарија. Во Трансилванија, благородникот Јован Запола круната ја сакал за себе и така тој бил прогласен за крал од страна на Сулејман I. По одржаното собрание во Пресбург (Братислава) на 26 октомври 1526 година Фердинанд бил прогласен за крал. Тој тргнал во поход за да си ја врати контролата над Унгарија и Буда, но Османлиите направиле контранапад и до 1529 година му го поразуваат на два пати.

  • Патот кон Виена

На 10 мај 1529 година, Сулејман I тргнал во поход од Константинопол со цел да ја освои целосно Унгарија и да ја неутрализира заканата на Фердинанд и Светата Римска империја. Сулејман I имал околу 120 000 војници, 500 топови и 20 000 товарни камили. Покрај спахии (лесна коњицата) и јаничари, армијата на Сулејман I вклучувала и голем број на Молдавци и Срби. Сулејман дејствувал како врховен командант и во април како голем везир го назначил поранешниот грчки роб Ибрахим паша, за командант задолжен да дава наредби од името на султанот. Сулејман походот го започнал на 10 мај 1529 година но се сретнал со големи пречки уште од самиот почеток. Пролетниот дожд, карактеристичен за Југоисточна Европа биле особено обилни таа година, предизвикувајќи поплави во Бугарија и правејќи делови од патот непреодни. Голем дел од топовите заглавувале во калта и требало да бидат оставени, а голем број камили умирале од долгиот пат. Сулејман пристигнал во Осиек на 6 август, а на 18 август го пречекале голем број на коњаници на Јован Запола, која му придала почит, приклучувајќи се на негова страна и помагајќи му во битките кај Мохач и Буда.

  • Опсада

На 27 септември турската војска пристигнала во предградието на Виена. Долгиот пат ја чинела многу на Империјата бидејќи починале голем број на војници, животни и топови, а една третина од пристигнатите биле спахии, несоодветни за опсада на градот. Султанот испратил тројца богато облечени австриски затвореници да преговараат за предавање на градот, на кое не било позитивно одговорено. Османлиската артилерија од 300 топови по ова започнала со напад кон ѕидините на градот, но во секој случај нанела многу мали штети. Од друга страна пак и стрелците не успеале да постигнат некаков успех. Со распоредувањето на турската армија, силите на Виена започнале со плановите на контранапад, при кое на 29 септември успеале да го заробат Ибрахим Паша. Австријците најмногу се плашеле од копењето на тунели кон градот. Тие во текот на опсадата откриле неколку тунели на Османлиите. На 6 октомври Никлас Граф Салман испратил 8.000 војници за да ги нападнат турските позиции кај Каринтската порта. Првично тој постигнал голем успех и им нанел големи загуби на Османлиите, но по неговото враќање тие биле прсретнети од голем број на турска војска по кое скоро сите христијани биле убиени. На 10 октомври огромна турска мина експлодирала кај црквата Света Клара, но и покрај напорот на јаничарите да влезат го градот преку големата дупка која била создадена, сепак тие биле сопрени и принудени во бегство. На 11 октомври повторно заврнало дожд, по кое планот преку копење на тунели да се стигне до градот пропаднале. Започнале да се појавуваат и болести помеѓу османлиската армија, а незадоволството било присутно и кај јаничарите. Со оглед на ситуацијата, Сулејман започнал да размислува за повлекување. Тој закажал воен совет на 12 октомври, на кој се решавало дали треба да се направи последен напад, и притоа им било ветено дека ќе има дополнителни награди за војниците. Така, две експлозии повторно одекнале кај Каринтската порта, но турците повторно не успеале да влезат во градот. На 14 октомври, бранителите започнале да ги слушаат пискотници од кампот на Турците. Тие доаѓале од убивањето на заложниците. Од овде се заклучило дека Османлиите ќе се повлечат. Во катедралата Свети Стефан била одржана литургија.

    • Изјави

Во еден запис од 1538 г. на цитаделата на Бендер, султан Сулејман величенствениот ја изразил својата светска сила: Јас сум роб Божји и султан на светот. По милоста Божја сум поглавар на Исламската заедница на Мухамед. Божјата моќ и чудата на Мухаммед ми се соборци. Јас сум Сулејман во чие име се чита Хутба во Мека и Медина. Во Багдат сум шах, во Византија цар, а во Египет Султан; праќам бродови во морињата на Европа, во Магриб и Индија. Јас сум султанот кој ја освои круната и престолот на Унгарија и ги претвори нејзините жители во понизни робови. Војводата Петру се крена против мене, јас го здробив во прав под копитата на мојот коњ и ја освоив неговата земја Молдавија. Поглаварот на Мека, во писмото во кое му го честита стапувањето на престолот на Султан Сулејман Величенствениот вели дека успехот во светата војна го издигнал над сите Исламски соверени.

Султан Сулејман што му кажал на својот син Бајазит кој со заговор се обидел да стапи на престолот: Во иднина треба се да му оставиш на Бога, затоа што со царствата не располага човекот и неговата желба, туку божјата волја. Ако тој одредил дека по мене царството треба да ти припадне тебе, не постои човек што може да го спречи тоа.

Падот на Алжир (1529)[уреди]

Падот на Алжир или заземањето на градот Алжир од страна на Империјата се случил во 1529 година, кога во биктата била победена Хабсбуршка Шпанија.

  • Позадина

Во 1510 година, Шпанците освоиле еден остров кој се наоѓал во непосредна близина на Алжир. Шпанците го принудиле локалниот владетел Салим ал Туми да го прифати нивното присиство во регионот, како и да им плаќа данок . Владетелот морал да оди во Шпанија за да даде збор пред Фердинанд од Арагон дека нема да правил проблеми на новата власт. Сепак, во 1516 година, Салим ги поканил Орук Барбароса и Хајрудин Барбароса со заеднички сили да ги протерат Шпанците. Орук, со помош на Империјата дошол во Алжир, го презел по кое наредил Салим да биде убиен. На ова одговориле Шпанците кои ги испратиле своите војски за да воспостават контрола врз регионот. Но, тие доживеале неуспех во 1516 и 1519 година. Кога Сулејман Величенствениот му објавил војна на Фердинанд во јануари 1529 година, тој, исто така, сакал да го освои и западниот дел на Медитеранот, и затоа повторно дал подршка на Барбароса . Барбароса добил подршка од 2.000 јаничари, како и голема финансиска помош . По заземањето на власта, Барбароса започнал со опсада на шпанската тврдина која се наоѓала на влезот од пристаништето . По 22 дена отпор и војна, бранителите на чело со гувернерот Дон Мартин де Варгас конечно се предала на 29 мај 1529 година, без да добие помош од Шпанија . Варгас бикл убиен, тврдината била заземена а локалното население било користено како робови. .

Освојување на Тунис (1534)[уреди]

Освојувањето на Тунис од страна на Империјата се случил на 16 август 1534 година, кога Хајредин Барбароса го освоил градот од страна на тогашниот владетел Хафсид Мули Хасан. Во 1533 година, Сулејман I му наредил на Барбароса, кој се наоѓал во Алжир, да дојде во Константинопол и заедно со големата припремена флота да отпатува кон нови освојувања . Вкупно 70 галии биле изградени за време на зимата од 1533-1534 година, од страна на робовите кои биле донесени од новите освоени земји. Од нив, околу 1.200 биле христијани. . Така, заедно со овие бродови, Барбароса спровел неколку акции по должината на брегот на денешна Италија, сè додека не се упатил кон Тунис на 16 август 1534 година, успевајќи да му нанесе пораз на локалниот владетел Хафсид Мули Хасан, кој бил под директива на Шпанија. Во Тунис, Барбароса изградил голема поморска база, која се користела за различни акции упади во регионот, како и во Малта. Тунис претставувал важна стратешка локација, бидејќи низ него минувал морскиот премин од запад кон исток во Медитеранот. Во 1535 година, по молба на Мули Хасан, императорот Карло V издал дозвола за нов поход кон Тунис.

Инвазија на Тунис[уреди]

Повторното христијанско освојување на Тунис се случило во 1535 година, кога императорот на Светата Римска империја издал наредба Тунис повторно да биде заземен од страна на Османлиите, кои пак претходно го имале освоено пред една година, во 1534 година. Карло V, еден од најмоќните луѓе во Европа во тоа време, собрал огромна војска на околу 30.000 војници, 74 галии, 300 бродови, од Санта Ана, најголем брод во светот во тоа време и португалскиот галеон Сао Џоао Баптиста, исто така познат како Ботафого, со 366 бронзени топови за да го освои регионот околу Тунис. И покрај барањето од страна на Карло V, Франсоа I одбил да ја даде француската подршка за војната, објаснувајќи дека претходно тој имал потпишано договор со Империјата која траела три години. Франсоа I исто така бил и во големи преговори со султанот Сулејман I за заеднички напад врз Карло V. Сепак, под притисок на папа Павле III, тој се повлекол од можниот воен сојуз. Така, војната започнала на 1 јуни 1535 година, кога христијанската флота ја уништила флотата на Барбароса. По ова, Тунис бил окупиран и заземан. Под урнатините биле пронајдени топови кои имале француско потекло. Ова бил уште еден доказ за француско-османлискиот сојуз кој претходно бил склучен. Како резултат на масакрот во градот, бројот на жртвите изнесувал околу 30.000 луѓе. Барбароса успеал да побегне во Алжир со неколку илјади турски војници. Мули Хасан бил повторно вратен на неговиот престол. Самата опсада ја демонстрирала големата моќ на Хабсбуршката монархија во тоа време. Карло V имал контрола над голем дел од јужна Италија, Сицилија, Шпанија, Америка, Австрија, Холандија и земји во Германија. Освен тоа, тој бил и император на Светата Римска империја со кое де јуре имал контрола над поголемиот дел од Германија. Kатастрофалниот пораз на Империјата во Тунис, го принудил на Сулејман да влезе во неформален договор со Франција преотив Хабсбуршката империја. Амбасадорот Жан де Ла Форет бил испратен во Цариград а за прв пат тој бил во можност да стане постојан амбасадот во османлискиот суд и да преговара за склучување на идните договори помеѓу двете земји.

Опсада на Триполи (1551)[уреди]

Опсадата на Триполи се одвила во 1551 година помеѓу Империјата и Малтешкиот витешки ред во градот Триполи, денешна Либија. Градот бил под команда на Гаспард де Валиер, кој поседувал околу 30 коња (според некои извори бројот бил 200), 630 војници од Калабрија и Сицилија. Османлиската војска имала направено своја база во близина на градот уште од 1531 година. Со започнувањето на битката, Османлиите многу бргу успеале да ја заобиколат тврдината. Кон опсадата се приклучил и францускиот амбасадор во Империјата, Габриел де Арамон. Главната цел на амбасадорот била да се принуди Малтешкиот ред да го предаде градот бидејќи се сметало дека Малта не била против сојузот на Франција и Империјата. Наспроти ова, Синан Паша одбил да се повлече од опсадата, бидејќи сметал дека било конечно време Малтешкиот ред да се искорени од Африканскиот континент. На ова најмногу се пожалил францускиот амбасадор, кој најавил директно заминување во Константинопол за да се пожали на Сулејман I, но тогаш му било забрането тоа да го стори. По некое време започнале преговори за предавање на градот. Градот бил опсаден на 15 август 1551 година по само шест дена од бомбардирањето. Голем број на француски војници и сили биле однесени во Малта како резултат на револт на францускиот амбасадор. Од Малта, францускиот амбасадор му напишал писмо на Анри II за неговата интервенција. Улогата на Арамон била многу критикувана од Карло V, бидејќи императорот се сомневал дека тој ги подржувал Османлиите при заземањето на градот. Сепак, денеска не е изјаснето точно која улога ја имал амбасадорот во војната. Kога Гаспар де Валиер се вратил во Малта, тој бил ставен на тешки критики од страна на Големиот мајстор Хуан де Хомедес. Во следните години, Триполи станал важен центар на Империјата. Градот станал престолнина на османлиската провинција Триполитанија. Во 1560 година од страна на христијаните бил направен обид за враќање на градот, но истиот завршил со неуспех.

Султанат на жените[уреди]

Султанат на жените – Рокселана[уреди]

Хасеки Хурем Султана ,(родена во 1506 - починала на 17 април 1558 во Топкапи Сарај, Отомански Константинопол), позната како Александра Лисовска или Рокселана, била сопруга на османлискиот султан Сулејман I и мајка на османлискиот султан Селим II .

  • Рани години

Александра Лисовска била родена во периодот од 1500 до 1506 година. Според податоци од 17 век нејзиниот татко бил украински православен свеѓтеник. Таа била родена во градот Рохатин во тогашното Полско Кралство, а денеска во Украина. Во текот на 1520-тите години таа била заробена од страна на Кримските Татари и одведена во кримскиот град Кафа, за да по некое време биде однесена во Константинопол односно во харемот на Сулејман I. Паргали Ибрахим Паша (1493-1536) му ја понудил Рокселана на својот пријател од детството султанот Сулејман. Таа влегла во харемот кој броел околу 300 девојки. Во историографијата таа е опишана со црвена коса, многу интелигентна и весела. За неа венецијанците кажувале дека била доста млада но не и убава.

  • Во харемот како омилена

Таа бргу по пристигањето во харемот на палaтата Топкапи сарај го привлекла вниманието на нејзиниот господар, како и завидливоста на најзините противници. Постојат многу легенди за тоа како Рокселана го привлекла вниманието. Една од нив раскажува дека во денот кога на султанот му претставиле многу поубави и поскапи од неа робинки, таа се судрила намерно со една танчерка, започнала да се смее и да пее некоја песна. Затоа евнуците чекале знак од султанот - дали да ја подготват одајата за девојката или во спротивно да биде обесена. Султанот сепак бил заинтригиран и зачуден од необично однесување уште истата вечер Рокселана добила подарок марамче, знак дека господарот ќе ја очекува во неговата соба. Подоцна Рокселана го замолила на султанот да ја посетува библиотеката. Султанот бил шокиран но и разрешил. Кога по некое време тој се вратил од поход, Рокселана веќе владеела со неколку јазици. Еден ден, омилената на султан Сулејман, Махидевран султан (уште позната како Ѓулбахар), ја натепала Рокселана речиси до смрт. Вознемирен поради оваа немила случка, султанот ја протерал Махидевран и нејзиниот син, наследникот на тронот, Шехзаде Мустафа во градот Маниса кој обично бил управен град на престолонаследникот. По ова Рокселана станала омилена на султанот, односно хасеки. Години подоцна, по голем број нејзини интриги во палатата, Султан Сулејман наредил да го убијат Шехзаде Мустафа, плашејќи се од бунт, со ова Махидевран султан го изгубила местото во харемот и се преселила во Бурса, препуштајќи и го на Хурем централното место. По доаѓањето во харемот, Рокселана како и сите харемски робинки започнале да добиваат лекции за турскиот јазик и исламот. Таа учела да пишува и многу бргу започнала со составување на љубовни писма, со шиење и плетење, пеење, танцување. Убавите робинки кои имале шанса да станат султански конкубини биле учени и на еротски вештини. Од сите нив, дваесет биле одредувани како султански собарки кои имале обврска да го облекуваат на султанот, да го бањат и да го снабдуваат со јадење. Тие од овде можеле да станат и негови миленици или икбал. Во случај да останат трудни или да родат деца од својот господар, тие биле прогласувани за конкубини. На Рокселана не и било тешко да го привлече вниманието на Сулејман. Нејзината харизма го привлекувала секој во харемот, поради кое го добила името Хурем кое во превод значи насмеана. Таа бргу по пристигањето во харемот во палaтата Топкапи сарај станала султанов сопатник во креветот. Бидејќи не служила само за сексуално задоволување и како мајка на можните машки наследници, таа се покажала и како добар оратор и искрен пријател. Сулејман бил воодушевен од подарокот на Ибрахим Паргали паша. Со Рокселана можел да пишува песни или да води политички дискусии. Рокселана со ова била во можност да му даде добри совети и имала разбирање за неговиот страв кој единствено на неа можел да ги кажува. Сулејман со доаѓањето на Рокселана ја запоставил Махидевран султан (уште позната како Ѓулбахар, во превод пролетно цвеќе) со која имал четири деца и само едно останало живо и тоа Шехзаде Мустафа. Современите писатели пишуваат дури дека по запознавањето Сулејман не одел повеќе во харемот. За неа венецијанците кажувале дека била доста млада но не и убава. Во 1522 година Рокселана го родила принцот Шехзаде Мехмед. Така започнале и првите конфликти со останатите сопруги на Сулејман околу идниот престолонаследник. Претходно во времето на Мехмед II главно поради спречување на граѓанска војна издал закон според кој новиот султан можел да ги убие неговите браќа или полубраќа за ред во империјата. Во 1523 година Рокселана повторно родила син кој имал проблем со нозете па неможел да претендра за престолот. Во 1526 година се родило третото нивно дете Михримах султан, која подоцна била омажена за Рустем Паша, големиот везир од албанско или српско потекло. Во тоа време Рокселана играла се поголема улога во животот на султанот. Сулејман и покрај првенецот син Мустафа, повеќе ја сакал Рокселана. Тој го занемарил и својот пријател Ибрахим паша, кој во 1523 година го поставил за голем везир за Румелија и кој подоцна бил оженет со неговата сестра Хатиџе султан. Во 1526 година Сулејман го поставил за главен заповедник на својата војска во походот против Унгарија.

  • Во харемот како сопруга

Од тој момент Рокселана станала една од најсилните жени во харемот. Таа настојувала да ги исполни сите желби на Сулејман. Тој бил спремен да се ожени со неа и да ја прогласи за султанија, нешто што никогаш претходно не се било случило од настанувањето на империјата. Така свадбата се случила во 1530 година. Според англичанинот Сер Џорџ Јанг: Оваа недела во градот се случи еден сосема извонреден настан кој досега не се случил во животот на султаните. Големиот господар Сулејман на една робинка од Русија, некоја Рокселана ја направил царица и имаше голема слава. Церемонијата се одржи во дворецот и веселбата ги надмина сите досегашни од истиот ранг. Големите улици беа осветлени и имаше многу музика, а гоздбата беше за сите луѓе. Куќите беа украсени со цвеќиња а насекаде беа поставени лулки каде луѓето седеа и уживаа на своето големо задоволство. Во стариот хиподром беше подигната голема трибина чии места за царицата и нејзините дами беа заградени со златна ограда. Овде царицата и нејзините дами присуствуваа на еден раскошен турнир на кој учествуваа христијански и муслимански јавачи, а имаше и големи акробации и маѓионичари и една претстава на диви ѕверови и жирафа чиј врат скоро го достигнуваше само небото... Луѓето многу зборуваат за свадбата и никој не може да каже што всушност претставува таа Венецијанскиот амбасадор во Коинстантинопол запишал: Тој (Сулејман) толку многу ја обожава и толку многу е одан што сите негови оданици се чудат и зборуваат како таа него го маѓепсала. Тие ја нарекуваат зијади или вештерка. Поради ова таа и нејзините деца се многу омразени во дворот и во војската, но никој не смее ништо да каже против нив бидејќи тој ја сака. Јас лично сум слушнал само лошо за неа и нејзините деца, додека за првородениот (Мустафа) и неговата мајка (Махидевран) се зборува само добро Рокселана не успеала да ја придобие љубовта на народот и покрај тоа што изградила пет џамии, една медреса, една јавна кујна за сиромашни и една болница. Во 1531 година се родил Селим кој најмногу личел на својата мајка, а по една година и убавиот Бајазит.

  • Влијание

Рокселана исто така има големо влијание во владеењето со државата, особено во меѓународната политика и дипломатијата. Во тоа време се негувале особено мирни односи со Полска, кои довеле до создавање на Полско-Османлиски Сојуз. Влијанието на Рокселана кај Сулејман пораснало многу со текот на годините. Сулејман поради своите походи (13 на број) бил надвор од својата палата, па заљубениот брачен пар своите контакти ги одржувал преку љубовни писма. Во едно од нив таа му напишала: Мој султане, колку бескрајна е болката од разделбата. Спаси ме мене, несреќната, и не ги баби своите прекрасни писма. Нека душата ми добие барем капка радост од твоите посланија. Додека те нема твојот слуга и син Мехмед и твојата робинка и ќерка Михримах плачат тагувајќи за тебе. Нивните солзи ќе ме полудат. Сулејман пак во едно писмо и напишал: Моја драга божице, моја чудна убавино. господарка на моето срце, сопатница на моите желби, моја единствена, ти си ми помила од сите убавици на светот. Кога еден од најголемите пријатели на Сулејман од детството, Паргали Ибрахим Паша започнал да добива огромна моќ во дворот, преку големи интриги Рокселана успеала да го убеди на Сулејман да го погуби во 1536 година. Паргали еднаш во едно писмо напишал Да, вистина е дека владеам со ова големо царство... Кога и да посакам можам од еден коњаник да направам паша. Што и да посакам на некому да ќе се додели, а ако не сум согласен тоа ќе му се одзеде. Одлуката за војна и мир, употребата на паричните средства - се е во мои раце. Самиот султан не е подобро обучен од мене. Своето полномоштво го дава на мене... Се смета дека Паргали бил погубен поради големото влијание во империјата. Сулејман започнал да се плаши и за неговиот престол па поради ова бил погубен. По смртта на Ибрахим Паша, на Сулејман како доверлив човек му останал само Рокселана. Во 1541 година брачниот пар започнал да живее заедно. Во еден пожар бил уништен поголемиот дел од Ески сарај односно харемската палата. Рокселана го наговорила на Сулејман да не ја обнови таа палата туку нејзината одаја да ја изгради во негова близина на кое Сулејман одговорил позитивно. Во тоа време Сулејман се разболел од костобол, а за неговата нега се грижела единствено Роскелана. Во 1543 година починал Шехзаде Мехмед, најстариот син на брачниот пар, кој во меѓувреме станал доволно популарен кај народот и во војската за да го наследи тронот. Тој починал на 21 година, а зад себе ја оставил својата двегодишна ќерка. По смртта на Мехмед, кај Рокселана избувнал стариот страв дека Мустафа може да ги погуби нејзините синови доколку еден ден според традицијата стане султан. Со сопругот на нејзината прва ќерка Михримах, Рустем Паша, кој во 1544 година бил голем везир започнала да ја задуши потенцијалната опасност за нејзините синови. Колку од ова е точно денеска не е познато, но се знае дека во 1553 година Мустафа бил убиен поради организирање на бунт против султанот. Заедно со Мустафа бил убиен и неговиот 11-годишен син. Убиството на Ибрахим Паша и Мустафа според многумина се сметало дека се дело на Рокселана, и покрај тоа што нема никакви докази. Во 1553 година починал Џихангир кој не можел да го преболи убиството на својот полубрат. Така на Рокселана и останале уште Михримах, 22 годишниот пијаница Селим и 21 годишниот амбициозен Бајазит кој според својот карактер личел на својот татко. Во последните години од својот живот Рокселана постојано се обидувала да го смири ривалството меѓу нејзините два сина. Бидејќи починала во 1558 година, таа не доживеала да го види конфликтот меѓу Бајазит и нејзиниот сопруг Сулејман против кој бил организиран бунт. Побуната не успеала и Бајазит заедно со своите четири синови биле погубени. Единствено дете кое никогаш не го разочарал на султанот била неговата ќерка Михримах. По смртта на Сулејман во животот на Сулејман не се нашла друга жена. Тој наредил да биде погребен до неа, во Сулејмановата џамија во [Истанбул]. Во културата

  • Хасеки Хурем Султана, или Рокселана, како што е почесто ословувана во Европа, е широко позната, како во модерна Турција, така и на Западот, поради тоа што е предмет и инспирација на многу уметнички дела. Сликите, музичките композиции (вклужувајќи ја Симфонијата бр.63 на Јозеф Хајдн), опера, балет, драми и неколку романи се дела на првенствено украински уметници, но има и такви од Англија, Франција, Германија и други европски земји. Во 2007, мулсиманите од Мариупол, приморски украински град, дури отвораат и џамија во нејзина чест.

Покровителство Рокселана изградила голем број на градби и бил покровител на голем број на настани. Таа изградила касарни за јаничарите и им ги зголемила платите. Таа исто така наредила во европскиот квартал на градот да се изгради нови магазини за вино, по кое парите во султанската каса дополнително се зголемиле. По ова следувало реконструкција на бреговите од Галата. По овие работи, Рокселана имала доволно пари за да започне со изградба на џамии, минариња, медреси и бесплатни кујни.

Селим II[уреди]

Селим ІІ „Пијаницата“ (отомански: سليم ثانى Selīm-i sānī, турски: II.Selim; (1524-1574), бил единаесеттиот султан на Империјата. Со империјата владеел од 1566 до 1574 година. Го заземал Јемен и островот Крит. Селим бил роден во Константинопол како син на Сулејман Величенствениот и неговата трета и најсакана жена Рокселана. Во 1545 година во Конија се оженил Нурбану Султан, мајка на Мурат III која подоцна станала првата жена која дејствувала како ко-регент во Империјата и период кој во историјата на земјата е познат Султанат на жените . Селим II бил првиот во серијата на т.н. слаби султани, кои владееле на Империјата повеќе од два века по смртта на Сулејман I. Селим II дошол на власт во време кога конвертираните, нови немуслимански достоинственици на чело со големиот везир Мехмед Паша Соколовиќ, имале речиси потполна контрола над административниот апарат на Империјата. Империјата во периодот на опаѓање, кое започнало со владеењето на Селим II, сè уште била доволно силна за да се заштити од целосен колапс. По добивањето на војната со својот брат, Селим станал првиот султан кој немал активен воен интерес и кој сакал да се откаже од власта во корист на министрите, под услов да биде оставен слободно да го помине својот раскошен живот. Поради начинот на живот, тој е познат како Селим Пијаницата . Во западната историографија Селим обично е портретиран како исклучително распуштен владетел и во многу извори се тврдело дека корупцијата на неговиот двор довела до падот на моралот во општеството на Империјата воопшто. Овие извори обично доаѓаат до заклучок дека великодостојниците, предводени од Мехмет паша Соколовиќ ја спасиле империјата. Всушност, недостатокот на дисциплина како во дворот така и надвор од него била охрабрувана од Соколовиќ со цел тој да ја консолидира својата моќ, а сите постигнати победи биле само во оние години кога Селим успевал привремено да се ослободи од контролата или влијанието на Соколовиќ. Селим успеал да го зазеде Јемен, Кипар, на далматинскиот брег на Хрватска и Тунис. Отоманската флота, по битката на Превеза (1538) комплетно доминирала на Средоземно Море, но била поразена од комбинираната флота на христијански земји на Лепанто (1571). Сепак, во текот на годините Селим успеал да изгради нова флота, која им овозможила на Османлиите не само да ја вратат контролата над Средоземното море, туку, исто така, и да ја сочуваат речиси до крајот на векот. Селим II починал во 1574, а власта преминала на неговиот син Мурат III.

Отоманско-венецијанска војна (1570–1573)[уреди]

Четвртата османлиско-венецијанска војна исто така позната како војна за Кипар се водела во периодот од 1570 до 1573 година меѓу Османлиската империја и Венецијанската република која била во сојуз со Папската држава, Шпанија, Џенова, Савоја и.т.н.

Војната започнала со османлиската инвазија на островот во времето на Селим II. Главниот град Никозија паднал многу брзо и за кратко време островот бил заземен. По два месеци се случила Битката кај Лепанто каде османлиските сили доживеале пораз, но и покрај тоа христијанските сојузници не биле во можност да го вратат островот па Венеција била принудена да преговара и да го отстапи островот во 1573 година.

  • Позадина

Островот Кипар под венецијанска власт бил од 1489 година. Заедно со Крит островите претставувале огромна добивка за Венеција, главно поради нивната стратешка позиција во Медитеранот. Населението на островот во средината на 16 век била околу 160,000 луѓе[1] . Освен трговија, на островот се произведувало памук и шеќер. За заштита на нивната најоддалечена колонија, Венеција плаќала данок на Мамлуците од Египет во износ од 8,000 дукати. Договорот продолжил да важи и по зазимањето на Египет во 1517 година од Османлиите. Сепак неговата стратешка позиција меѓу Анадолија, Левант и Египет го направил примамлива цел за османлиските власти. Ситуацијата ескалирала кога локалните венецијански власти започнале да малтретираат муслимански аџии кои патувале кон Мека.

По склучување на договор со Хабсбуршката династија во 1568 година, Османлиите своето внимание го насочиле кон Кипар[5]. Султанот Селим по качувањето на престолот во 1566 година како прв приоритет му бил зазимање на островот, намалување на помошта на шпанските муслимани и напад на португалските територии во Индиски Океан[. Според легендата Селим се одлучил за напад на Кипар поради својата голема љубов кон кипарските вина[7], но сепак главниот потикнувач за нападот бил Јосиф Наси, португалски евреин кој бил близок пријател со султанот и кој бил управител на Наксос. И покрај склучениот мировен договор со Венеција од 1567 година[4][9], Големиот везир Мехмед Паша Соколовиќ се одлучил за напад. Од друга страна исламскиот шеик прогласил прекршување на договорот кажувајќи дека Кипар била поранешна исламска земја (накратко во 7 век). Средствата за воениот поход биле обезбедени по конфискација на имоти, манастири и цркви на Цариградската патријаршија. Лала Мустафа Паша бил назначен за командант на копнените сили, а Муезинзаде Али Паша за Капетан паша кој немал големи искуства.

Венецијанските власти биле вознемирени кога отоманската флота го посетила Кипар во септември 1568 година на чело со Наси која посета била протолкувана како обична авантура но во реалност ова претставувало прикриен обид за шпионажа на бранителите на островот. Венеција како главен проблем и претставувало големото растојание од нејзиниот главен град, како и неуспешните преговори со Шпанија која во тој момент била зафатена со муслиманите во својата земја и востанието во Холандија. Друг проблем за Венеција бил односот кон населението на островот. Суровиот третман и угнетувачкото оданочување на локалното православно грчко население од страна на католичка Венеција предизвикало големо незадоволство.

  • Освојување

По отфрлениот османлиски ултиматум од Венеција, на 27 јуни околу 400 бродови со бројка од 60,000 до 100,000 војници заминала кон Кипар. На 3 јули Османлиите пристигнале кај Ларнака и започнале со својата инвазија кон Никозија. Венецијанските бранители се засолниле во тврдините додека да дојде засилување но османлиската артилерија била супериорна. Опсадата на Никозија започнала на 22 јули и траела седум недели до 9 септември кога биле пробиени градските ѕидини. По ова следувал масакар над 20,000 жители во градот. Во колежите не биле поштедени ниту свињите кои муслиманите ги сметале за нечисти. Единствено жените и децата биле поштедени од сигурна смрт и биле продадени како робови. Сојузничката христијанска војска која се наоѓала на Крит се вратила назад кога разбрала дека Никозија паднала. Единствено од целиот остров не бил освоен Фамагуста. До тој момент бројот на венецијански ќовечки жртви бил околу 56.000 луѓе. По ова следувала христијанска помош со околу 200,000 војници. Големиот конфликт траел до 1 август кога градот паднал. Османлиите имале повеќе од 50,000 загубени војници. Според договорот Османлиите им дозволиле на венецијанските сили мирно да се повлечат од островот.

Битка кај Лепанто (1571)[уреди]

Битката кај Лепанто е поморска битка која се одвила на 7 октомври 1571 година во Патрискиот залив, во Јонското Море. Обединетите сили на Светата лига, во која влегувале Шпанија, Џенова, Венеција, Папската држава, Малтешкиот ред, Сицилија, Неапол, Савоја, Тоскана и Парма успеале да ја поразат флотата на Империјата. Во 16 век помеѓу морските држави се водела битка за превласт во Средоземното Море. Најголемо било ривалството помеѓу Хабсбуршка Шпанија и Империјата. Во 1570 година султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот Кипар и крајбрежните делови од денешните држави Италија и Шпанија. Војната продолжила од 1570 до 1573 година. Римскиот папа Пиј V успеал да организира антиосманлиска коалиција составена од Шпанија и Венеција, позната под името Светата лига. Командант на сојузничките флоти бил 24-годишниот Хуан Австриски, вонбрачен син на шпанскиот крал Карл V и полубрат на Филип II од Шпанија. Силите на заедничката Светата Лига била претставена од флота која некогаш не била видена дотогаш во Европа. Таа броела повеќе од 300 различни бродови, од кои 108 венецијански галии, 81 шпански галии, 32 галии од папската армија и од другите италијански земји како и 6 галии на Венеција. Вкупниот број на војници бил околу 84 000. Османлиската флота била под команда од Али паша. Вкупниот број на војници бил околу 88 000. Сојузничката флота ги блокира османлиските бродови во Патрискиот залив, во Јонското Море. Турскиот командант претпоставил дека силите на сојузниците биле кај островот Кефалонија, а Дон Хуан Австриски сметал дека Османлиите се во нивната база - Лепанто. Утрото на 7 октомври 1571 година двете флоти, сосема неочекувано и за двете страни, се сретнале кај влезот од заливот, на 60 километри од Лепанто. Битката кај Лепанто го означил крајот на владеењето на османлиската флота во Средоземното Море. Сојузничките флоти не ја искористиле големата победа. Шпанците извршиле десант во Тунис, а Венецијанската република започнала војна во Далмација. Турскиот султан добил можност да ја врати својата флота и во пролетта следната година, Османлиите изградиле 220 галии. Флотата овој пат била предводена од страна на Улуџ Али. Светата лига се распаднала и во март 1573 година Венеција потпишала договор со Империјата, според кој Кипар бил отстапен на Турците. Турците повторно станале господари на источното Средоземно Море.

Освојување на Тунис (1574)[уреди]

Целосното османлиско освојување на Тунис се случило во 1574 година, во текот на т.н. Османлиско-хабсбуршки војни. Овој настан го дал почетокот на уште една ера од муслиманското владеење на Северна Африка. Со оваа битка се ставило крај на шпанската Реконквиста која била започната од страна на Изабела I Кастилјска и Фернандо II Арагонски . Тунис првично бил освоен од страна на Османлиите во 1534 година, на чие чело се наоѓал Хајредин Барбароса. Во 1535 година, светиот римски император Карло V успеал Тунис да го поврати под своја контрола. По победата кај Лепанто, Хуан Австриски повторно успеал да го зазеде Тунис, кој претходно бил под османлиска контрола од 1569 година. . Во 1574 година, Вилхелм I Орански и Шарл IX се обидиле да добијат подршка од страна на Империјата на чело со Селим II, со цел да се отвори нов фронт против шпанскиот император Филип II од Шпанија . Во своето писмо, османлискиот султан одговорил со позитивен резултат. . Така, во 1574 година била испратена голема флота кон Тунис . Во битката кај Ла Голета, Селим привлекол една флота која се состоела од околу 300 воени бродови и околу 75.000 војници , Османлиската флота била под команда на Синан Паша у Алуџ Али . Вкупната сила на Османлиите броела околу 100.000 војници. . Османлиската војска ги нападнала Ла Голета и Тунис. Овие региони биле бранети од околу 7.000 војници. На 24 август паднала Ла Голета. Последните христијански војници во една мала тврдина кај Тунис се предала на 3 септември 1574 година . Хуан Австриски се обидел да ја ослободи опсадата со својата флота. Тој тргнал од Сицилија и Наполи, но неговиот поход бил неуспешен поради невремето The Spanish crown, being heavily involved in the Netherlands and short of funds was unable to help significantly. . Шпанија не била во можност да помогне на градот, главно поради финансиската криза. Во целина, Османлиите имале жртви од околу 25.000 војници наспроти 6.700 христијани. Околу 300 христијани успеале да побегнат од местото. Оваа битка го означил крајот на христијанската власт во Северна Африка.

Султанат на жените – Нурбану Султан[уреди]

Нурбану Султан или Нур-Бану Султан (околу 1525 - 7 декември 1583) била венецијанска благородничка, сопруга на османлискиот султан Селим II, како и мајка односно Валиде султан на Мурат III. Во периодот од 1574 до 1583 година делувала како ко-регент во империјата. Според венецијански извори, Сесилија или Оливија како што се викала Нурбану пред да го прими исламот, била ќерка на Николо Вениер кој бил владетел на островот Парос и внука на венецијанскиот дужд Себастијано Вениер. Таа била заробена кога Османлиите го освоиле Парос во 1537 година. По ова таа била однесена во султанскиот харем на Селим II во Истанбул. Во харемот таа станала омилена на осланлискиот султан Селим, кој во 1566 година застанал на престолот. Во 1546 година го родила идниот султан Мурат III. Кога Селим II починал во 1574 година, таа го сокрила неговото тело во мраз додека нејзиниот син Мурат да престигне од Маниса до Истанбул. По прогласувањето на Мурат за нов султан, таа станала Валиде султан и започнала да ја управува империјата заедно со големиот везир Мехмет Паша Соколовиќ. Мурат III со сигурност ги признал лидерските способности на неговата мајка. Всушност, тој се потпирал на неговата мајка во текот на неговото владеење барајќи совет при земање на секоја одлука. Нурбану Султан била активна во дипломатската политика на земјата. Таа имала контакти со сопругата на францускиот крал Хенри III, Катерина Медичи. Преку воспоставување на кореспонденција, таа помогнала да се одржат добрите односи меѓу двете земји. Во прилог на Фрнација, Нурбану исто така имала и дипломатски односи со Венеција. Можеби најзначајниот придонес на Нурбану за Венеција, земјата од каде потекнувала, била објавената инвазија на адмиралот Килич Али Паша врз островот Крит кој бил под венецијанска управа. Бидејќи не сакала да ги наруши односите со Венеција таа испратила порака до адмиралот како предупредување дела инвазијата не треба да се изврши и дека овој поход ќе биде штетен за султанот. По ова, следувало и повлекување на планот на адмиралот. Нурбану Султан била вклучена и во културниот живот на земјата. Таа била одговорна за изградбата на Атик Валиде џамија.

Мурат III[уреди]

Мурат III бил дванаесетиот султан на Империјата, најстариот син на Селим II. Мурат владеел во периодот од 1574 до 1595 година. Неговиот авторитет бил поткопан во харемот благодарение на неговата мајка Нурбану Султан а подоцна и на неговата жена Сафије султан. Своето владеење го започнал со наредба да се задават неговите пет браќа , кое било вообичаено во отоманското општество. Тој бил претерано алчен на бројни наложници, изродувајќи повеќе од сто деца. Секое назначување на функција во империјата имало своја сопствена тарифа, а султанот бил вмешан во корупција. Во 1578 година ја започнал војната со Иран. Според легендата, Мурат ги прашал своите блиски која војна од сите на својот дедо Сулејман I била најтешка. Дознавајќи дека таа војна била онаа против Персија, Мурат решил да тргне во поход. Во негово време, Османлиите го освоиле Тифлис, влегле во Дагестан, Ширван, Азербејџан, Табриз. Сепак, да се запре во зародиш процесот на пропаѓање на империјата тоа не било можно, затоа што султанот не се интересирал за управување на империјата, а најмногу ги претпочитал своите забави во харемите. Ова била една од причините жените во империјата односно од харемот да играат голема улога во управувањето на земјата, во преден план неговата мајка и сопруга. Во негово време се продлабочила соработката помеѓу Елизабета I и Империјата . Двајцата владетели често разменувале писма околу можни заеднички воени операции во времето кога започнала војната со Шпанија во 1585 година . Освен тоа, Англија и Империјата сакале да го засилат притисокот против Римокатоличката црква. Подоцна кон овој сојуз се присоединила и Холандија. Во тоа време, Англија испратила амбасадор во Истанбул. Мурат III бил побожен човек и својот живот го правел во согласност со начелата на шеријатот. Според некои историчари починал од прејадење во Топкапи Сарај во Константинопол .

  • Стапување на султанот на тронот

Кога починал султан Мурат трети, мајката султанија ја прикрила неговата смрт, и тајно го известила својот син Мехмед, што во тоа време бил гувернер на Маниса. Мехмед побрзал во Истанбул и кога влегол во палатата, топовски салви го известиле градот дека на престолот стапил нов султан. До џамиите се испратила наредба дека во хутбата треба да се спомнува името на Мехмед.

Сите државни советници биле повикани на Портата и по молитвата, церемонијално му положиле заклетва на верност на султанот. Додека султанот во траурна облека седел на престолот пред “вратите на среќата’’ на влезот во внатрешната палата, чаушите го поздравувале со извици: “султане мој, да живееш илјада години, ти и твоето царство’’. Потоа државните достоинственици, улемата и командантите на капукулу трупите стапувале еден по еден пред султанот и паѓајќи ничкум пред тронот, ја нуделе својата верност.

Султанот потоа се повлекол и ја пресекол траурната облека. Тој присуствувал на посмртниот обред и на закопот на својот татко. Членовите на фамилијата на покојниот султан - дваесет и седум ќерки, седум бремени конкубини, и милосниците со кои починатиот султан ја делел постелата, биле испратени во старата палата со своите тутори и евнуси. Достоинствениците кои го допратиле новиот султан од Маниса ги добиле најважните функции на дворот. Три дена по стапувањето на престолот од личната ризница биле земени 1 300 000 дукати што биле раздадени како традиционален подарок при стапувањето на власт. Овие пари и биле поделени на војската на султанот, од кои 550 000 дукати им се дале на јаничарите (по устоличувањето на Селим втори, секој јаничар добил 2 000, а секој припадник на коњицата 1 000 акчи).

Постарите пажеви на внатрешната служба биле наградени со функции надвор од дворот. За да им се покаже на своите поданици, султанот присуствувал на петочната молитва во џамијата “Аја Софија’’.

Потоа се формирала нова влада. Султанот го именувал Ферхада паша за велик везир, ги сменил дефтердарите, управителите на државната благајна и го унапредил својот тутор во везир. Две недели по стапувањето на престолот, новиот султан, придружуван од министрите, со свечена поворка се искачил до Златниот рог до гробот на Ејуб Енсари, придружникот на Пратеникот Мухаммед с.а.в.с., каде што му бил опашан мечот на Осман. На сиромасите им биле поделени жртвени овци. Враќајќи се по копно, султанот ги посетил гробовите на своите предци Сели први, Мехмед втори, Сулејман први и Бајазит втори. Свеченоста на крунисувањето завршила со читање молитви и делење милостина.

По давањето биат, односно заклетва на верност се сметало дека султанот легално стапил на престолот. Биатот, старата исламска институција, го обележувала признавањето на новиот Калиф и свеченото ветување покорноет што неколкумина луѓе го давале во име на целата муслиманска заедница. Новиот османски султан ги информирал странските владетели за своето устоличување со бомбастични писма, а ферманите што им биле праќани на гувернерите и кадиите, обично ја содржеле следната формула:

“Станав султан со божја помош. На денешен ден, со целосна согласност на везирите, улемата и луѓето од сите класи, највисоки и најниски, се искачив на престолот на султанатот, што ми го оставија моите предци. Во моето име се читаше хутба и се исковаа пари. Веднаш штом ќе го примите овој декрет, објавете го моето устоличување во сите градови и населби; споменувајте го моето име во хутбите по џамиите, нека пукаат поздравни салви од тврдините и свечено осветлете ги градовите и населбите’’.

Потоа во името на новиот султан се обновувале сите повелби за титулите и се издавала наредба да се изврши нов катастарски попис, што ќе ги покаже сите извори на данок ширум империјата, легалниот статус на сите поданици и одделните случаи на ослободување од данок.

Во изборот на новиот султан земале учество различни влијателни фракции во империјата, како граничните сили, јаничарите, улемата или дворските клики.

Прво трновско востание[уреди]

Првото трновско востание избувнало во 1598 година во близина на Трновград. Востанието претставува едно од првите организирани воени дејства на Бугарите против Империјата, при нивното освојување на Балканот.

  • Позадина

Во 1592 година започнала Австро-турската војна, кој завршила во 1606 година. Хабсбуршка Австрија се обидела да создаде широка антиосманлиска христијанска коалиција во која ги вклучила вазалните османлиски територии: Влахија, Молдавија и Трансилванија. Во текот на есента 1594 година, сојузничките сили на чело со кнезот на Влахија, Михаил Битазул ги нападнале османлиските тврдини по текот на реката Дунав. Тие успеале да ги заземат регионските села кај Плевен и Никопол во денешна Северна Бугарија. По ова, сојузничките сили се упатиле кон југ и стигнале до Едрене. Во меѓувреме избувнале и други востанија. Во 1595 година околу 2.000 ајдутски чети ја нападнале Софија, а во 1596 година ајдутството се проширило и во регионот на Софија и Ниш. Од страна на австриските и папските агенти биле привлечени голем број на трговци од регионот на Трново, чија цел била да се организира востание против власта на Османлиите.

  • Подготовка и текот на востанието

Територијата каде било организирано востанието била разделена на неколку региони: Тодор Балина бил задолжен за регионот од Никопол до Стара Планина, Петар Џорџиќ за Варна, Шумен и Пловдив а браќата Соркочевичи за Трново и Русе. Организаторите на востанието силно сметале за подршката на Сигисмунд Батори и Рудолф II од Австрија. Австрија им обеќала на востаниците сила од 4.000 пешадија и 2.000 коњаница. Почетокот на востанието го дал походот на влашките воски на чело со Михаил Битазул во Северна Бугарија. По ова, Бугарите го дигнале востанието. Биле соберени околу 12.000 востаници . Шишман III од Бугарија бил прогласен за новиот цар на Бугарија. Востаничките акции многу бргу се распространиле во околните региони на Бугарија, но Османлиите успеале крваво да ги задушат. Водачите на востанието по ова побегнале во Влахија. Заедно со нив побегнале и уште 50.000 Бугари. Како причини за неуспех се смета неисполнувањето на договорот на Австрија, која требала да пушти воена помош на востаниците.

Султанат на жените – Сафије Султан[уреди]

Сафије султан (отомански: 1550 - 10 ноември 1605), била сопруга на османлискиот султан Мурат III, Валиде султан и дефакто ко-регент на нејзиниот син Мехмед III. Таа имала венецијанско мпотекло и била родена како Софија Белучи Бафо, ќерка на венецијанскиот управител на Крф и роднина на Џорџо Бафо. Се смета дека имала роднинска врска со Нурбану Султан. Сафије била заробена од страна на гусарите и одведена во султанскиот харем некаде околу 1562 година по кое го примила исламот и ѝ било дадено името Сафије. Во 1566 година го родил идниот султан Мехмед III како жена на Мурат III. Таа одиграла важна политичка улога за време на владеењето на следните два султани. Во 1595 година нејзиниот син станал новиот султан на империјата по кое таа станала дефакто ко-регент. Таа била една од највлијателните Валиде султан во историјата, позиција на која била помеѓу 1595 и 1603 и позиција на која дошла по смртта на Нурбану Султан. Таа водела про-венецијанска политика, кореспондирала со Елизабета I со која често си разменувале подароци како скапоценети накити и друѓи луксузни предмети кои довеле до поголемо зацврствување на односите меѓу двете земји. Таа во едно писмо на Елизабета и напишала дека постојано го подучувала на својот син да го почитува договорот меѓу двете земји. Сафије Султан продолжила да учествува во архитектонски проекти за добротворни цели и за подобрување на империјата. Таа била првата хасеки во тоа време која изградила водовод по должината на патит на аџиите кон Мека. Сафије султан е позната и по тоа што во нејзино време започнала изградбата на Јени џамија во 1597 година. Изградбата траела повеќе од еден век и била завршена од страна на Турхан Хатиџе султан, мајка на Мехмед IV.

Мехмед III[уреди]

Мехмед III (отомански: محمد ثالث Meḥmed-i sālis, турски: III.Mehmet) бил тринаесетиот султан на Империјата, и владеел од 1595 до 1603 година. Мехмед бил роден во Маниса како син на султан Мурат III, кого починал во 1595 година. Неговата мајка била Сафије султан. Тој се оженил Хандан султан која ги родила идните султани Ахмед I и Мустафа I.

  • Владеење

Владеењето Мехмед III го започнал со наредба да се убијат 19 од неговите браќа и полубраќа со цел да ја зацврсти својата власт. Ова претставува најголемиот колеж во историјата на братоубиството. По убивањето, Мехмед наредил и да се удаваат во Босфорот нивните бремени љубовници. Мехмед III бил неактивен владетел, оставајќи ја неговата мајка Сафије султан како Валиде султан да владее со империјата која била во својот почеток на распаѓање . Тој важел за многу побожен владетел. Познат е по тоа што им доделувал имоти на дворските шутови, што претставувало голем преседан бидејќи имоти обично се доделувале на луѓе кои добивале заслуги во војните и кои што морале да јавуваат во војни походи на повик на султанот. Главниот настан на неговото владеење била Австро-отоманската војна во Унгарија (1593-1606). Отоманските порази во војната довеле до тоа да Мехмед III преземе лична команда на армијата во походот, прв султан кој го сторил тоа по Сулејман I. Мехмед III го освоил Егер во 1596 година и ги поразил Хабсбурзите и силите на Трансилванија во битката кај Керестес . Веќе следната година лекарите не сакале да му дозволат на султанот да оди во нов поход поради неговата лоша здраствена состојба. Во 1600 годina избувнала војна со Персија. Персискиот шах испратил свои пратеници кај европските владетели барајќи војна против Османлиите. Војната започнала со опсадата на Тебриз. Војската предводена од Хазибег успеала да ги победи Персијанците и тој бил поставен за кан. Тој со својата војска стигнал до Тебриз и тука се споил со војската на Ердејскиот хан Зулфиќар. Дошло до битка во која победиле Персијанците. Тогаш Персијанците тргнале кон градовите Нахџиван и Ереван. Шериф паша побарал помош од соседните намесници но не добил помош. Во средината на ноември 1603 год. Персијанците стигнале кај Ереван. Му пратиле писмо на Шериф паша во кое барал да се предаде. Шериф паша им одговорил дека нема намера да се предаде „ Се додека секој камен не биде платен со некоја од нашите глави, толку долго додека од нив Персијанците не направат пирамида нема никаква надеж во заземање на тврдината“. Откако во Цариград се слушнала вест дека бил загубен Тербиз кајмакамот Касим одржал состанок со везирите. Саатџи Хасан бил поставен за водач на војната со Персија. За разлика од својот претходник, Мехмет бил поконзервативен и во голема мера го прекинал уметничкото покровирелство. Тој починал во Топкапи Сарај во Константинопол.

  • Односи со Англија

Во 1599 година, третата година од владеењето на султанот, англиската кралица Елизабета I испратила голем број на подароци. Според некои историчари, овие подароци биле наменети за неговиот претходник Мурат III кој починал пред тие да пристигнат. Овие подароци вклучувале голем број на скапоцени камења, еден музички часовник кој подоцна бил уништен од страна на Ахмед I. Овие дарови биле како знак за зацврстување на односите меѓу двете земји и трговскиот договор потпишан во 1581 година. Овие односи значително се влошиле по смртта на Сафије султан и проанглискиот шеф Хасан Паша .

Ахмед I[уреди]

Ахмед І (отомански: احمد اول Aḥmed-i evvel, турски: I.Ahmet) бил четиринаесетиот султан на Империјата. Ахмед I бил наследник на татко си Мехмед III во 1603 година и со империјата управувал сè до 1617 година. Овој султан имал неуспешни војни против Персија.

  • Први години

Кога стапил на власт Ахмед имал само 14 години. Тој дозволил неговиот помлад брат Мустафа да остане жив, но го затворил во дворецот. Голем везир станал Јауз Алија Малкоч, втор везир Касим паша, а трет везир Курт паша. На почетокот на владеењето на Ахмед, Империјата водела војна истовремено со Австрија и Персија. Покрај тоа, продолжил бунтот во Анадолија започнат во времето на Мехмед III, и бунтовниците контролирале голема територија. Персискиот шах го опседнувал градот Ереван шест месеци. По неговото завземање ги заземал Шамахи, Ширван, Акџекала и Карс. Ханот Емирган дошол со војска пред тврдина Карс во Грузија и наскоро ја освоил. Во јуни 1604 година Џагалоглу тргнал со војска против Персија. Персискиот шах стигнал пред Тебриз а Џагалоглу стигнал пред Ширван. Потоа се повлекол во Ван а оддтаму во Ерзурум. Набрзо умрел великиот везир Јауз Алија Малкоч, а на негово место дошол Лала Мехмед паша. Во Каиро бил убиен Хаџи Ибрахим паша поради побуна а на негово место бил поставен Гурџи Мехмед.

  • Житвански мир

Во ноември 1604 на Ахмед му се родиле двајца синови Осман и Мехмед. Во Азија продолжувале побуните на спахиите. Во периодот од 1604 до 1606 година се воделе преговори за мир со Австријците. Завршиле со потпишување на Житванскиот мир на 11 ноември 1606 година. Со овој мир бил укинат годишниот данок од 30.000 златници, австрискиот цар и султанот станале рамноправни, Османлиите ја признале царската титула на Хабсбурговците, се престанало со упаѓањата и ограбувањата, селата кои претходно ја признавале османската власт и плаќале даноци и натаму ја признавале. Освен тоа, Унгарија останала слободна но морала да им плаќа данок на Османлиите. Житванскиот мир претставувал почеток на опаѓање на силата на Империјата. Во овој период повторно дошло до побуни во Азија.

  • Немири во Анадолија

Во следниот период повторно дошло до побуни во Азија. Хусеин паша бил убиен при опсадата на Роха. Во Багдад пак бил убиен Јусуф паша. Анадолискиот беглербег бил помилуван, но кога повторно се побунил бил убиен. Еден од бунтовниците Џанбулад барал да му се признае право да кова монети како и молитва во негово име и склопил сојуз со тосканскиот влики војвода Фердинанд. Великиот везир Мурат со војската успеал да ја задуши побуната а бунтовниците биле фрлени во бунар. Меѓутоа повторно избувнала нова побуна од страна на Календероглу. Тој ги проширил границите на Ајдинско-саруханскиот санџак до границите на Хамид и Караманија. Добил засилување од 1000 луѓе кои му ги довел Агачген Пири од Анатлија. Тој со својата војска стигнал во Измир и испратил пратеници во Цариград со барање за примирје. Календроглу се проширил кон југ. Великиот везир Мурат трганал со војска кон Анкара. Дошло до битка во која победиле силите на великиот везир Мурат. Приврзаниците на Календроглу по ова започнале да се повлекуваат. Великиот везир тргнал со војската кон Токату каде што добил писмо во кое пишувало „ Таму каде што ова благородно писмо ќе пристигне таму ќе презимиш “. Мустафа паша и Хаџи Ахмет го известиле великиот везир дека во Азија нема повече бунтовници, меѓутоа се влошила состојбата на персиската граница. Великиот везир им одговорил „заповед на мојот падишах е да презимам во Ерзорум и потоа да тргнам против шахот“. Во меѓувреме дошло до повторно влошување на односите со Австријците. Турците сакале да постават свој кнез во Ердељ, а Австријците ги барале назад Гран, Каниз и Ерлау. Бил потпишан мир со кој Австријците им исплатиле на Турците сума од 200.000 гулдени. Потоа дошло до нов договор во врска со некои села во близина на Гран.

  • 1608-1613

Во 1608 год. бил склучен и мировен договор со Полска сличен на житванскиот, со кој Османлиите се обврзувале да ги спречат Татарите да ја вознемируваат Полска, а Полјаците се обврзале да ги спречат Козаците да ја вознемируваат Молдавија. Во 1610 година дошло до бунт во Египет. Намесникот на Египет Мехмед успеал да воведе ред и дисциплина. Во пролет 1610 год. везирот Мутат тргнал со војска против Персија. Успеал да го освои Тебриз. Персискиот шах побарал преговори за мир. Биле испратени 40000 златници за прехрана на војската. Во 1612 год. дошло до нови преговори за мир со Персијанците. Било договорено за исплаќање на 200.000 златници како надомест за освоените територии. П*оследни години Во 1614 год повторно доошло до заострување на односите со Персија. Беглербегот на Дијабеќир Дилавер паша и беглербегот на Ван Телели Мехмед паша тргнале кон Ереван, а емирот на Курдите против Нехавенд. Ереван бил опсадуван четириесет и четири дена. Персијанците побарале преговори за мир. Војската започнала да се повлекува. Бил сменет великиот везир Мурат, а на негово место дошол Халил капунданпаша. Тој со војска тргнал кон Молдавија против Козаците. Самуел Хорецки и Махаило Вишивески успеале да го протераат војводата Томоз поставен од Турците. Против нив биле испратени Ибрахим паша и Искендер паша кои успеале да ги победат Молдавците. Во 1617 Искендер паша ја повлекол војската од границите.

  • Личен живот

Владеењето на Ахмед било обележено со пораст на корупцијата и самоволието на локалните владетели. Ахмед на крајот се повлекол од јавниот живот, а големо влијание врз него имала неговата сакана сопруга Косем султан. Ахмед бил познат по своите вештини во мечување, пишување поезија и јавањето коњи. Во текот на својот живот се оженил два пати, со Махфирузе Хатиџе султан која станала мајка на идниот Осман II и со Косем султан која станала мајка на Мурад IV и Ибрахим I. Во време на Ахмед во Константинопол била изградена Сината џамија, едено од ремек-делата на исламската архитектура. Тој бил одговорен за уништувањето на музичкиот часовник кој Елизабета I го испратил во империјата во време на владеењето на неговиот татко. Ахмед I бил погребан во мавзолеј, кој се наоѓа во близина на Сината џамија. Пред да почине, Ахмед го прогласил својот брат Мустафа I за свој наследник, бидејќи неговиот син Осман бил многу мал. Тоа било можно бидејќи Ахмед станал првиот султан кој не го извршил ритуалот на братоубиство, нешто кое било претходно практика.

Мустафа I[уреди]

Мустафа I бил петнаесетиот султан на Империјата наследувајќи го својот брат Ахмед I. Бил син на Мехмед III и како султан владеел два пати, од 1617 до 1618 и од 1622 до 1623 година. Тој бил душевно болен. Слабоумниот брат на султанот Ахмед I поминал 14 години во затвор но бил почитуван како свет човек, бидејќи муслиманите имале света почит кон лудите. Во затворот тој наместо да фрла трошки од леб, на рибите во Босфорот им фрлал златници. Владеењето на Мустафа било препуштено на неговата мајка Хандан султан. Во договор меѓу Муфитјата Есад и кајмакамот Софи Мехмед паша бил свикан диванот на кој било одлучено Мустафа да биде симнат од власт а на негово место да биде поставен најстариот син на Ахмед, Осман II а тој повторно бил затворен. Ова се случило на 26 февруари 1618 година. Конфликтот меѓу јаничарите и Осман II довеле до убивање на Осман а Мустафа бил повторно качен на султанскиот престол на кој владеел уште една година. Мустафа верувал дека неговиот внук е сеуште жив и често бил забележуван како го бара во палатата, тропајќи по вратите и плачејќи за неговиот внук од кого барал да го ослободи од неговиот товар. Освен тоа, дошло до незадоволство во редовите на војската.„ Веќе има три дена како светиот падишах се затворил во една соба каде што постојано се моли и плаче а со никого не зборува “. После прославата на Бајрам ја забранил употребата на виното. Дошло до нова побуна на спахиите кои барале смена на великиот везир Мер Хусеин. Нов велик везир станал грузиецот Мехмед. Тој решил да направи ред во империјата. Дошло до смена на повеќе функционери. Оние спахии кои биле успешни добиле управителски функции. Тоа довело до незадоволство кај останатите спахии. По именувањето на Дервиш паша за намесник на Будим тоа предизвикало незадоволство кај приврзаниците на неговиот претходник. Во овој период Козаците започнале со напади на црноморското крајбрежје. Против нив бил испратен Реџеп паша кој што успеал да ги порази Козаците и да зароби околу 500 Козаци. Во почетокот на 1623 година дошло до нови побуни на спахиите. Јаничарите ја опколиле Средната џамија. Диванот донел одлука за ликвидација на Даут паша кој бил виновен за убиството на султанот Осман II. Зад оваа акција стоел Мер Хусеин кој бил противник на великиот везир Мехмед паша. Мехмед паша бил протеран во Бурса, а Халил паша во Малхара. Започнале преговори за мир со Полска. Мер Хусеин кој што станал велик везир им ветил на Полјаците данок од 100000 златници. Наскоро бил задушен бунтот на спахиите. Јаничарите побарале смена на султанот Мустафа. На 20 август 1623 година султанот Мустафа под притисок на јаничарите донел одлука да се повлече. На негово место дошол најстариот син на Ахмед, Мурат IV .

Султанат на жените – Косем султан[уреди]

Косем султан (околу 1582 - 13 септември 1651 година) била една од сопругите на отоманскиот султанот Ахмед I, мајка и Валиде султан на Мурат IV и Ибрахим I. Таа била една од највлијателните жени во историјата на Империјата, која управувала самостојно два пати, од 1623 до 1632 година и од 1648 до 1651 година. Косем била родена околу 1582 година како Анастасија. Попаднала во харемот на султанот Ахмед I и многу бргу станала негова омилена наложница. По неговата смрт во 1617 година Косем била преместена во Стариот дворец, каде обично се праќале жените на покојните султани. Во 1623 година Косем се вратила како Валиде султан на својот син Мурат IV (1623-1640). Поради фактот што тој бил малолетен, Косем султан започнала и да управува самостојно како негов единствен регент, до неговото стекнување на полнолетство во 1632 година. Така таа останала во историјата како единствена жена која официјално и самостојно владеела со некоја исламска империја. Во поголемиот дел од нејзиното владеење, Косем управувала ефикасно и лично присуствувала на состаноците на диванот дури и откако била ослободена од регентското место. Мурат IV, кој додека бил жив го забранил алкохолот, починал во 1640 година од цироза на црниот дроб. По неговата смрт на престолот се качил душевноболниот брат Ибрахим I, кој поради ментални проблеми не можел да управува самостојно со огромната империја. Ова и овозможило на Косем да продолжи да ја диктира политиката на Империјата. Ибрахим I сепак бил убиен поради заговор, на чело на кој застанал Главниот муфтија. По убиството на својот син Косем за нов султан го прогласил својот внук Мехмед IV. И овој пат Косем се прогласила за единствен регент на малолетниот султан и како таква таа управува од 1648 до 1651 година. Најголем непријател на Косем се покажала мајката на внукот, Хатиџе Турхан султан која наредила да се убие Косем султан откако таа правила план за отстранување на Мехмед IV од престолот. Косем султан била задавена со јаже од дворската стража на 13 септември 1651 година.

Осман II[уреди]

Осман ІІ бил шестнаесетиот султан на Империјата од 1618 до 1622 година. Бил задушен по заповед на Дауд паша. Осман II бил син на султанот Ахмед I кој застанал на престолот на возраст од 14 години, како резултат на падот на султанот Мустафа I. Добил добро образование за своето време. Осман бил многу енергичен владетел и носел свои сопствени одлуки.

  • Владеење

Осман бил роден во Топкапи Сарај во Константинопол како син на Ахмет и неговата жена Махфирузе Хатиџе султан која имала грчко потекло . кога бил мал, неговата мајка платила доволно за негово образование, па така тој се истакнувал како поет а знаел и многу јазици како арапски, персиски, грчки, латински и италијански. Во време на неговото владеење дошло до прекин на мирот со Персија. Татрскиот хан Џанибек-Гирај тргнал со своја војска во рамнината Серава. Тука Карачи хан, заповедникот на Тербиз им нанел голем пораз на Осаманлиите. Великиот везир Халил тргнал со војска кон Ердебил. Дошло до мировни преговори и бил постигнат мир. Со мирот било договорено годишно да се даваат по сто товара свила. По овој мир бил сменет великиот везир. Во меѓувреме во 1620 година избувнала војна со Полска. Повод за војната било писмото на Габор Бетхелн во која тој ги обвинувал Полјаците и Козаците, кое дошло до рацете на молдавскиот војвода Грацијан кој им го испратил на Полјаците. Бетхлен бил сменет а на негово место бил поставен Александар. Против Полјаците бил испратен Искендер паша намесникот на Очаков. Тој тргнал со војска кај реката Дњестар. По седумнаесет дена Полјаците стигнале до Дњестар, но во нивните редови дошло до раскол. Ова го искористиле Татарите и успеале да ги порзазат Полјаците. По наредба на султанот бил убиен неговиот брат Мехмед. Дошло и до смена на големиот везир. На негово место дошол Хусеин кој бил Албанец по потекло од Охрид. Сулатнот Осман со своја војска тргнал кон Едрене, а одтаму преку Балканот стиганал во Исакџија каде што изградил мост на Дунав. Го сменил тогашниот влашки војвода и на негово место го поставил Стефан Томоз. Кон крајот на август 1621 година султанот стигнал кај Хоќин, додека полскиот канцелар со 4000 полски и 8000 германски војници се улогорил кај Дњестар. Дошло до битка во која османлиите извојувале победа убивајќи 1000 непријателски војници. И во наредните два напади Османлиите успеале да извојуваат победа. Меѓутоа во четвртиот напад доживеале пораз што било причина за смена на големиот везир. Наскоро бил постигнат мир. Поразот во голема мера го поткопал авторитетот на Осман II. Враќајќи се во Цариград, во септември и октомври 1621 г. Осман спровел серија на реформи. Требало да создаде нова армија од турското население на Анадолија и северна Сирија, за да ги замени склоните кон немири јаничари, и да го пренесе главниот град во Азија. На 19 мај 1622 година диошло до бунт на јаничарите и спахиите во Ускудар. Султанот не сакал да ги прифати барањата на бунтовниците. Бунтовниците го опколиле диванот и барале за султан повторно да биде избран Мустафа I. Јаничарите влегле во харемот и го прогласиле Мустафа за нов султан а Осман бил убиен.

Мурат IV[уреди]

Мурат IV (16 јуни 1612 - 9 февруари 1640)бил седумнаесетиот султан на Империјата. На престолот се искачил како 11-годишно момче и владеел во периодот од 1623 до 1640 година. Тој бил син на Ахмед I и неговата сопруга Косем султан која имала грчко потекло .

  • Владеење

Мурат IV владеел од 1623 до 1640 година. Тој важел за моќен султан и успеал да воспостави доминација во империјата. Тој спровел многу мерки со цел стабилизација на состојбите во државата. Кога стапил на престолот имал 11 години. На власт дошол со помош на неговата мајка Махпејкер султан. Веднаш по неговото стапување на власт повторно дошло до побуна. На чело на побуната стоел високиот службеник Беќир. Против него со војска тргнал управникот на азапската област кој исто така се викал Бекир. Дошло до битка кај Багдад во 1623 година во која трупите кои ги предводел Сулејман паша претрпеле пораз. Дошло до повторно заострување на односите со Персија. Персијанците го опсадувале Багдад, Беќир бил заробен а потоа ставен брод полеан со петролеум и запален пред очите на цел Багдад. Дошло до смена на великиот везирско и до обновување на договорите со Англија, Франција, Венеција, Полска и Австрија. Во меѓуврме дошло до нова побуна во Азија на чие чело стоел Абаз. Во мај 1624 год. против бунтовниците со војска тргнал великиот везир Черкез Мехмед паша. Во местото наречено Мала ливада заповедникот на бунтовниците Чапур Бекир го заробил и убил Шериф паша. Дошло до битка кај Кајсери во која дошло до пораз на бунтовниците. Водачот на бунтовниците Абаз побегнал во Ерзурум. Додека великиот везир војувал против бунтовниците капуданпаша тргнал во поход против кримскиот хан Мехмед-Гирај. Турската војска доживеале пораз од страна на кримските Татари. За нов кримски хан бил поставен Џанибек-Гирај. Во јули 1624 дошло до напад на Цариград од страна на Козаците. Против Козаците биле испратени 10000 војници. На крајот Козаците се повлекле на Црно Море. Во овој период великиот везир Хафиз паша тргнал против Персијците. Во битката кај Керкула кај Курдистан Османлиите им нанеле пораз на Персијанците. Во 1626 година во Цариград дошло до побуна на војскта. Тие биле предводени од капуданпашата Реџеп и ја брале главата на кајмакамот Гурџи Мехмед паша. Нов кајмакам станал капуданпашата Реџеп. Во 1629 султанот Мурат наполнил седумнаесет години и можел самостојно да управува со државата. Истата година умрел водачот на бунтовниците Абаз. На негово место дошол неговиот внук Зам Мирз. Во овој период започнале нападите на Грузијците. Тие нападнале на Конија и започнале да вршат насилство врз тамошните жители. Против Грузијците великиот везир го испратил беглербегот на Анадолија. Бил заробен нивниот водач Маграв заедно со синот и четириесет Грузијци. После ова анадолскиот намесник Зор паша бил испратен против туркменското племе Бин Дели. Беговите на оваа племе му се покориле на великиот везир. Истото го направиле и останатите курдски племиња. Повторно продолжиле непријателствата со Персија. Османлиите го опседнале Багдад. По пет дена опсада Османлиите одлучиле да се повлечат. Татрите упаднале во Русија но морале да се повлечат бидејќи великиот везир ги повикувал за борба против Персија. Бил обновен мировниот договор со Полска. Во септември 1631 год дошло до нова побуна на јаничарите и спахиите. Тие барале смена на великиот везир и по ова за нов везир бил поставен Хафиз паша. Ова довело до побуна во градот Дијабекар во Мала Азија. Побуната траела три месеци. Тие ја барале главата на великиот везир Хафиз. Кога султанот стигнал да ги чуе нивните барања им одговорил „немата волја да ги слушнете моите зборови зошто ме викнавте“. Хусеин ефенди по ова бил поставен за нов везир. Во мај 1633 год. кога се прославувал роденден на еден од принцовите во Истанбул избил пожар. Поради ова султанот наредил да се срушат сите кафеани во Истанбул. Исто така било забренето пушење тутун. Во поход против Персијанците тргнал Муртаза паша кој собрал војска кај градот Мардин. Персијанците биле победени кај Тахмурахан и биле потиснати од Грузија. Тие тргнале кон Ван, но Мехмед паша добил наредба од султанот да тргне со војска против Персијанците. Во октомври 1633 год. тој стигнал со војска кај Ускудар. Во 1635 год. султанот Мурат IV решил да ја обнови војната против Персија со цел да ги поврати источните гранични тврдини. Тој со својата војска го опседџнал Ереван кој паднал на 8 август 1635 год. Во 1637 год. султанот тргнал со војска кон Багдад. Тој бил заземен во 1638 год. По ова започнале мировни преговори коибиле склулени во 1640 година според кој Персија го задржала Ереван, а Османлиите го добиле Ирак. Во 1639 год избувнала војна со Венеција. Причина за тоа било ограбувањето на Лоретското богатсво од страна на алжирски и турски бродови што се случило во 1638 год. како одговор на ова венецијанскиот адмирал изаробил 15 турски галии на Крф. Поради ова султанот наредил убиство на сите Венецијанци во империјата како и затварање на Венецијанскиот конзул. Дошло до договор со Венецијанците на 5 септември 1638 год. Според овој договор на турските пирати им се дозволувало да пловат доколку не им штетат на венецијанските бродови, бил казнет заповедникот на Валона, на Венецијанците им се дозволувало напаѓање на турските пирати на отворено море, а како надомест на штетата требале да исплатат 250000 златници. По завршувањето на војната со Персија султанот Мурат се здобил со болки во коските. По тримесечно боледување починал на 9 февруари 1640 година.

  • Личен живот

Тоа бил накрвавиот од сите отомански султани, но тој се справил со јаремот на везирите и воената анархија.“Убиј или ќе бидеш убиен” – било неговто правило, и тој убивал апсолутно невини – само за да убива. Тој е познат по тоа што го вратил авторитетот на земјата преку бруталноста на неговите мерки. Често пати знаел да заповеда да дојде некој паша кај него и едноставно да го погуби. Но, во касарните се вратила дисциплината, а во судовите – правдата. Од Персија го заземал Ереван, Тебриз и Багдад. Му било дадено името "Завојувач на Багдад". Починал во 1640 година, само на 28 година од треска и вино. Пред смртта, решил да остане последен од својата династија, и сакал да го убие својот брат Ибрахим – единствен наследник на машката линија, но во ова не успеал.

Ибрахим I[уреди]

Ибрахим І бил осумнаесетиот султан на Империјата. Тој бил најмалиот син на Ахмед I и Косем султан, која имала грчко потекло , која го спасила за да не биде убиен. Ибрахим пораснал во постојанене страв да не биде убиен од страна на своите браќа. На отоманскиот престол се качил во 1640 и владеел со Империјата до 1648 година.

  • Владеење

Набргу по стапувањето на престолот на Ибрахим биле испратени пратеници во Франција, Англија и Холандија со предлози за мир под услов да не им се дава помош на Полјаците. Биле обновени мировните договори со Полска и Венеција. Османлиите продреле во Австрија односно во Долна Штаерска, го зазеле селото Виштица и на тамошното население им наметнало данок. Дошло до нови преговори за мир. Мирот бил договорен во Сена на 19 март 1642 година. Било договорено Австријците да им исплаќаат на Османлиите по 200000 талири годишно. Во 1642 год. Османлиите превзеле поход за освојување на Азов. По три месечна опсада Турците се повлекле. Бил сменет капуданпашата Сијавуш, а на негово место дошол Дуг Пијалеу. Дошло до нова побуна која предизвикала пад на великиот везир. Кусеин паша ги казнил водачите на побуната. Во 1645 год. избувнала војна со Венеција. Главен повод за војната било истоварувањето на еден Малтешки брод на јужниот критски брег. Главен потикнувач на оваа војна бил капуданпашата Јусуф. Гоелама турска војска тргнала од Цариград кон Крит. Кон крајот на јуни 1645 година Крит бил освоен од Османлиите. Во 1646 год. венецијански брод испловил на Крит и успеал да зароби 5000 луѓе. Како одговор на ова султанот Ибрахим наредил да се убијат сите христијани на островот. Муфтијата Ебусаид му кажал дека на островот живеат 200000 Грци и Ерменци и успеал да го наговори султанот да се откаже од убивањето. Во 1646 год. Хусеин паша го опседнал градот Ретим и успеал да го освои. Во 1647 бил опседнат и градот Кандија. Потоа биле нападнат Патрас, Нов Град во Далмација и Шибеник кој не успеале да го освојат. Во 1648 год избувнала нова побуна во провинциите. Империјата била загрозена од Козаците и Венецијанците кои ги блокираат Дарданелите. Тоа предизвикало нова побуна на јаничарите и спахиите кои во 1648 година го убиле султанот Ибрахим I. На негово место дошол неговиот малолетен син Мехмед IV наречен ловец кој владеел од 1648 до 1687 год.

  • Личен живот

Тоа бил слаб, безрбетен, но насилен човек, несовесен трошач на касата за да ги задоволи своите љубовници, кои оделе со него секаде, дури и во јавните бањи. Неговиот голем визер Кара Мустафа ги предводел реформите во финансиската администрација на земјата, на кој начин му овозможил на султанот раскошен живот во својата палата, и покрај тоа што истото и претходно го поседувал. Неговата мајка се трудила да младиот султан биде постојано забавуван од страна на харемските дами. Кога султанот ќе слушнал дека некоја од служителките во палатата имала било каков однос со некој од дворјаните, тој наредувал да 200 жени од харемот бидат удавени во вода.

Отоманско-венецијанска војна (1645–1669)[уреди]

Отоманско-венецијанската војна, позната како Кандијска војна била шестата Отоманско-венецијанска војна која се водела меѓу Венецијанската република, Малтешки ред, Папската држава и Франција од една страна и Империјата од друга страна. Конфликтот избил за превласт на островот Крит. Војната се одвивала преку поморски битки во Егејско Море и воени операции во Далмација. Во првите години од конфликтот и покрај тоа што поголемиот дел од островот бил заземен од Османлиите, сепак тврдината Кандија или модерниот Ираклион се бранел долго време. Единствена шанса на Венеција да го спаси градот била спречување на нова испорака на Османлиите кои го опседнале градот. До крајот на војната, Венеција ја одржувала својата морска супериорност победувајќи во поголемите морски битки, но блокирање на Дарданелите не било успешно и Османлиите постојано добивале помош. Во следните години од конфликтот Венеција финансиски се истрошила, и покрај подршката од папата и западните земји. Од друга страна пак Османлиите продолжувале со подршка и во 1666 година започнале голема офанзива на чело со големиот везир. Овој напад завршил со преговори според кој тврдината била отстапена на Османлиите и целосна контрола над островот, а Венеција добила неколку острови во Далмација. Крит останал под раководство на Османлиите до 1912 година кога бил присоединен кон Грција.

Султанат на жените – Турхан Хатиџе султан[уреди]

Турхан Хатиџе султан (1628 - 1683) била една од Хасеки султан на османлискиот султан Ибрахим I (владеел 1640-1648) и мајка на неговиот наследник Мехмед IV (владел 1648-1687).

  • Од наложница до Валиде

Турхан Хатиџе султан била родена како Надја, и се смета дека имала украинско потекло . Таа била заробена од страна на Татарите и предадена во ропство. Кога имала околу 12 години била однесена во Топкапи сарај во Константинопол како подарок на мајката на Ибрахим I, Косем султан . Најверојатно Косем ја дала на Ибрахим како наложница. На 2 јануари 1642 година таа родила син, идниот Мехмед IV . Но однесувањето на Ибрахим довело до негово симнување од престолот на 8 август 1648 година , а по неколку дена бил удавен. На чело на Империјата застанал Мехмед IV. По качувањето на престолот, според традицијата местото Валиде султан требало да припадне на неговата мајка, но на Турхан не и било дозволено главно поради нејзиното неискуство и младост. Наместо тоа, бабата на султанот и претходната Валиде, односно Косем султан била вратена на оваа позиција. Таа ја имала оваа функција претходно кога нејзините два сина биле на престолот. . Сепак Турхан започнала борба за својата позиција која и следувала и била подржана од главниот црн евнук и големиот везир, додека Косем била подржана од јаничарскиот корпус . Во оваа борба за власт, Косем планирала детонизација на Мехмед и негова замена со уште помалиот нејзин внук, бидејќи сметала дека со новата кандидатка ќе може полесно да се контролира . Планот на Косем не успеал и Косем била убиена, а Турхан Хатиџе станала регент на својот син.

  • Валиде и регентство

По смртта на нејзината најголема ривалка, таа станала Валиде султан. Како регент на нејзиниот малолетен син се стекнала со голема моќ. Таа го придружувала нејзиниот син на важни состаноци и во неколку наврати зборувала од негово име. Главно поради нејзиното неискуство таа се потпирала на другите членови од диванот и често се советувала во однос на политичките прашања. Ова е познато главно од нејзините писма со главниот везир . Нејзиното регенство било нарушено поради војната со Венецијанците за островот Крит и финансиската криза што настанала од високите трошоци на водење војна. Во 1656 година за нов везир бил назначен Копрулу Мехмед Паша, по кое целата политичка моќ била пренесена во негови раце .

  • Покровителство

Според историчарите, годината 1656 била пресвртна точка во животот на Турхан. Со доделувањето на неограничена моќ на големиот везир, таа си ја ограничела сопствената. Сепак, таа се оддала на покровителството. Нејзиниот прв проект започнал во 1568 година. Можеби како одговор од венецијанската закана, таа изградила две тврдини на влезот од Дарданелите. Тврдините, едната на европската а другата на азиската можат да се видат и денес. Овој проект ја сместила Турхан во иста линија со Мехмед II и друѓи султани кои изградиле тврдини во истата област . Сепак, најголемото достигнување на Турхан било завршувањето на Јени џамија, која започнала да се гради од страна на Сафије султан.

Турхан Хатиџе султан била последната жена која имала голема моќ во Империјата и која дејствувала како регент на својот малолетен син . Се смета дека по нејзината смрт завршил и периодот на Султанатот на жените во империјата на Османлиите.

Стагнација на Империјата[уреди]

Стагнацијата на Империјата (1683-1827) претставува период од историјата на Империјата кој следел по периодот на територијално проширување (1453-1683). По завршувањето на овој период следувал периодот на распаѓање на империјата. Во текот на овој период, голем дел од Балканот бил отстапен на Австрија. Одредени области во империјата, како Египет и Алжир станале полузависни, за да подоцна паднат под влијание на Велика Британија и Франција. Во текот на 18 век централната власт била реорганизирана, голем број на провинции добиле автономија. Во текот на 18 век и 19 век се воделе серија од војни со Руската империја. Со престанувањето на победничките војни започнале да се намалуваат приходите на империјата. Јаничарите повеќе не биле купувани преку т.н. данок на крв. Тие добиле право да се женат, да тргуваат. Самите чиновници во империјата сфатиле дека земјата повеќе не претставува светска сила ниту во Европа ниту на Блискиот исток. Долгиот период од османлиската стагнација обично се карактеризира како историска ера во која голем број на реформи пропаднале. Сепак, во вториот дел од овој период, во времето на Селим III (1789-1807) се започнало со образовни и технолошки реформи, кои вклучувале создавање на институции за високо образование. Еден од најпознатите академски институции од овој период е техничкиот универзитет. Освен тоа, султанот основал нов пешадиски корпус низам-и-џедид, направил девалвација на парите, конфискувал голем број на имоти и ги зголемил даноците. Империјата започнала да отвара амбасади во европските престолнини. Султанот Махмуд II (1808-1839) продолжил со реформите на својот претходник. Во 1826 година по негова заповед бил ликвидиран јаничарски корпус, спахиите и организирал нова коњаница и артилерија. Освен тоа, вој вовел и реформи во морнарицата. Неколку големи везири и членови на Високата порта отворено го подржувале султанот и неговите реформи. Најпрвин била реформирана централната власт, Високата Порта добила нови министерства, војската добила нова униформа. Додека султанот се обидувал да ја спаси империјата, на Балканот започнале организирани борби против отоманслата власт. Т.н. процес на распаѓање на импријата го започнале Србите во 1804 година. Српската револуција го одбележил почетокот на националното будење на балканските народи. По т.н. Второ српско востание, Србија добила независност (де јуре 1830). Во 1821 година започнала грчката револуција, која вклучувала и делови во Македонија, Крит, Пелопонез и Кипар. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на Пелопонез непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани. Во крајна сметка, грчките револуционери, помогнати од страна на европските сили, во 1830 година издвојувале победа, по кое била создадена слободна држава Грција.

Мехмед IV[уреди]

Мехмед IV бил деветнаесетиот султан на Империјата, роден на 2 јануари 1642 во Истанбул. Тој бил првото дете на султанот Ибрахим I и Турхан Хатиџе султан.

  • Рани години

Мехмед бил роден во Топкапи сарај. Набргу по неговото раѓање и оладување на односите меѓу неговите родители, тој бил фрлен во цистерна, и за негова среќа бил спасен од страна на харемските службеници.

  • Владеење

На престолот дошол кога имал само шест години, во 1648 година и владеел речиси 40 години. Тој успеал прв да го врати воениот сјај на Империјата, но подоцна паднал во невидено воено понижување, со кое започнала првата поделба на империјата. На чело со неговите везири од Корпулската фамилија биле заземени неколку егејски острови од Венеција, се водела Критската војна по која Крит станал владенињ на Османлиите. Освен тоа во негово време империјата водела успешни војни со Трансилванија (1664) и Полска (1670-1674). Но во истиот тој период Отоманците пораз доживеале во битката кај Сентготард на чело со Ахмед Копрулу во 1664 година. Подоцна везирот Кара Мустафа Паша направил голем поход до Виена и ја опседнал по кое Османлиите претрпиле катастрофален пораз. Во 1687 тој бил соборен од престолот од страна на јаничарите и бил затворен во Топкапи сарај. По по кратко време му било дозволено да го напушти сарајот и да замине во Едрене каде починал во 1693 година. Тој бил погребан во турбе заедно со Турхан Хатиџе султан во Константинопол. Непосредно пред да почине во 1691 година бил откриен план од високите свештеници за негово повторно враќање на престолот како одговор на лошото здравје на неговиот наследник Сулејман II. Неговите омилена жена од харемот му била Еметулах Рабија Ѓуллнуш султан која ги родила идните султани Мустафа II и Ахмед III

Голема турска војна[уреди]

Големата турска војна била војна која се водела меѓу Империјата и европските сојузници обединети во т.н. Света лига. Оваа војна траела од 1683 до 1699 година, а како резултат на неа биле ослободени голем дел од Централна Европа од Османлиите.

  • Позадина

По бунтот на Богдан Хмељницки и присоединувањето на источните делови од Украина кон Царство Русија, дел од Козаците сакале од остатокот од украинската територија да го поврзат со Империјата. Мехмед IV знаел дека Полско-литванската унија е соочена со внетрешни проблеми па го нападнал пограничниот град Каменец Подолски. По две недели следувало зазимање на градот. Полската армија била премногу мала за да се спротистави на османлиската инвазија. По три месеци Полјаците биле принудени да потпишат договор според кој го предале градот и се обврзале да му оддадат почит на султанот. Кога веста за поразот и потпишувањето на договорот стигнала во Варшава, Јан III Собиески одбил да плаќа данок на Османлиите и тргнал во поход по кое ја добил битката кај Хотин. Истата година Јан III Собиески станал крал на Полска. Во следните години се воделе повеќе војни со Османлиите, но истите немале голем успех. Во 1676 година бил потпишан договор според кој Османлиите повторно ја вратиле контролата над Каменец Подолски. Овој напад довел и до започнување на Руско-турските војни.

Опсада на Виена (1683)[уреди]

Битката кај Виена се одржила на 12 септември 1683 година, откако Империјата го опсадила градот Виена во период од два месеци. Битката го сопрела повторниот обид на Османликсата империја да ја зазеде престолнината на Австрија. Предходниот обид бил во 1529 година. Оваа битка го означил почетокот на хегемонијата на Хабсбуршката династија во Централна Европа. Полскиот крал Јан III Собиески бил на чело на обединетите полско-австриско-германски сили против османлиската армија под команда на големиот везир Кара Мустафа Паша. Опсадата започнала на 14 јули 1683 година од околу 90 000 војници, меѓу кои и 12 000 јаничари. На 12 септември пристигнала европска армија од околу 84 000 војници и се соочила против Османлиите. Во годините по битката, Хабсбуршката династија ја ослободила јужна Унгарија и Трансилванија од османлиска власт.

  • По опсадата

По крајот на опсадата, војната продолжила да се води на три фронта, во Унгарија, Хрватска, Далмација и Славонија. За прв пат во Светата лига се приклучила и Царство Русија, по кое следувале серијата од Руско-турски војни.

  • Карловачки мир

Според гоговорот, Хабсбуршката монархија ја добила цела Унгарија без Банат, Хрватска, Славонија освен Срем заедно со Земун и Митровица. Освен тоа, Османлиите ги загубиле и Книн, Сињ и Вргорац, Обровац и Дрниш до реката Неретва. Освен тоа Османлиите се обврзиле да им обезбедат пријатен престој на аџиите во Палестина.

Карпошово востание[уреди]

Карпошово востание е вооружено востание дигнато во 1689 на територијата на Македонија. Востанието го носи името по својот водач Карпош. Непосреден повод и охрабрување за подигање на востанието дала големата Австро-турска војна, а неговите корени лежеле во незавидната економско-општествена и политичка положба на македонскиот народ.

  • Продирање на австриска војска во Македонија

Во 1683 година Османлиите по втор пат се обиделе да ја заземат Виена. Меѓутоа по двомесечна опсада, на градот му пристигнала помош од австриската, а исто така и полската војска предводена од полскиот благородник Јан Собјески, па турската војска претрпела пораз што довел до огромни територијални, материјални и човечки жртви. Набргу потоа, во март 1684, против Империјата била создадена Света лига, во која покрај Австрија и Полска, влегле и Венеција, а подоцна и Русија. Продирајќи постепено кон југ, Австријците стигнале дури до Македонија. Веќе на 25 октомври 1689 тие, предводени од генералот Пиколомини, влегле во Скопското поле, каде што со радост ги пречекало населението од околните села. Истиот ден влегле во напуштениот град, кој бил полн со прехрамбени продукти и трговски стоки. Премногу оддалечен од својата главнина, Пиколомини решил веднаш да се повлече од градот, кој претходно го опожарилпоради чума. Пожарот беснеел цели три дена на 26, 27 и 28 октомври 1689 и го уништил најголемиот дел од Скопје. Скопје тогаш бил споредуван со Прага. Во писмото до австрискиот цар Леополд, генералот Пиколомини пишува: „Градот Скопје е голем речиси колку Прага. Тој е без ѕидини и ровови. Го најдов напуштен и лишен од сите скапоцености, но богато е снабден со стоки.“ По повлекувањето од Скопје, австријците извршиле уште неколку пробиви во длабината на македонската територија. Таков еден пробив извршил херцогот Холштајн, кој во меѓувреме го заменил умрениот од чума Пиколомини. Тргнувајќи од логорот крај кумановското село Оризари, австриските одреди се нашле пред Штип, во зорите на 10 ноември 1689. Тука дошло до најжестокиот и најголем судир помеѓу австриските и турските војски на територијата на Македонија. Оставајќи зад себе околу две илјади мртви, турските војски биле принудени на повлекување. Австријците го запалиле градот, а потоа на враќање, тие разбиле уште еден турски одред од 300 души. Во средината на ноември кон Тетово биле испратени доброволци албанци-католици, кои успеале да уништат преку 600 турци и да запленат неколку стотици грла добиток. Најпосле, на 20 декември од Приштина кон Велес тргнал еден австриски одред, во чиј состав имало и срби, предводен од капетанот Саноски. Одредот влегол во Велес, каде биле отепани триесет турци, а имало и заробени. Градот бил ограбен и делумно запален, но на враќање одредот бил нападнат од јаничари, при што Саноски добил смртоносни рани.

  • Подигање и тек на востанието

Во годините на Австро-турската војна дошло до нагло влошување на економската и политичката положба на населението во земјата. Даночниот притисок, несигурноста и насилствата зеле дотогаш невидени размери. Воените операции ја гонеле државата да го засили принудниот откуп на житата, фуражот, добитокот, дрвата и на други селскостопански производи, по цени далеку под нивната вредност. Биле воведени и ред нови вонредни давачки. Во ова тешко време рајата страдала и од зулумите на турските вони дезертери и одметници од централната власт, меѓу кои посебно се истакнувал злогласниот Јеген-паша, бившиот румелиски беглербег, кој со околу 10.000 одметници пљачкосувал по Балканот. Централната власт успеала да го ликвидира дури во февруари 1689 година. Воената катастрофа и хаотичната внатрешна положба во Османската империја создале погодни услови за широк замав на ајдутството во сите делови од Македонија, а особено во Мариовско, Битолско, Тиквешко, Велешко, Штипско, во Доспат Плаина во северното гранично подрачје. Во таквата атмосфера, ненадејниот продор на австриската војска имал посебно дејство врз расположбата на македонскиот народ. Кон средината ан октомври 1689, во севериостичниот дел на Македонија, на просторот помеѓу Ќустендил и Скопје избувнало востание, на чело со познатиот ајдутски арамбаша Карпош. Главно упориште на слободната востаничка територија станала Крива Паланка, која и пред тоа била ослободно турско утврдување, изградена во 1636 година. Тука на востаниците им паднале в раце шест топови. Освен тоа, востаниците изградиле и сосем ново утврдување кај Куманово. Не е исклучено тие да биле во врска и да содејствувале со австриските одреди, особено во времето на нивниот продор во Македонија. Современите турски хроники и месното народно предание го титулираат Карпош како „крал од Куманово“, која титула му ја дал или потврдил австрискиот цар Леополд I, праќајќи му притоа и калпак, како надворешен знак за признанието.

  • Пораз и последици од востанието

Набргу дошло да пресврт на воено-политичката ситуација на Балканот, што имало пресудна улога за натамошната судбина на востанието. Османлиите презеле енергични чекори за стабилизација на ситуацијата во земјата и заполнале подготовките за напад против македонските востаници и австриската војска. На помош на турските војски им пристигнал кримскиот хан Селим Гирај со своите борбени и жестоки татарски одреди. На советувањето во Софија, на 14 ноември 1689, било решено во напад да се тргне преку Ќустендил, односно најпрвин да се ликвидира Карпошовото востание. Прва на удар била Крива Паланка, каде неколку илјади востаници се подготвувале за напад на Ќустендил. Дознавајќи за големата надмоќност на противникот, востаницте ја запалиле Крива Паланка и отстапиле кон Куманово. Веќе идниот ден турските и татарските одреди се појавиле и пред овој град. Востаниците го дочекале непријателот пред новоизградената тврдина. Во судирот бил заробен Карпош заедно со голем број востаници. Последен отпор бил даден од трврдината, која била преземена на јуриш, а нејзините бранители биле уништени. Победниците сега се упатиле кон Скопје, водејќи ги со себе заробените востаници. Во Скопје, крај Камениот мост на Вардар, Карпош бил изведен пред Селим Гирај, набиен на колец, а потоа избоден од татарските копја и фрлен во реката. Тоа се случило во првите денови на декември 1689 година. Трагичната смрт на Карпош го означувала истовремено и крајот на востанието. Македонскиот селанец скапо го платил својот обид за ослободување. За мнозина единствен спас било бегањето далеку на север, зад Сава и Дунав. Дел од нив подоцна преминале дури и во Русија, создавајќи таму свои војнички колонии и одделен „Македонски полк“, кој дејствувал во состав на регуларната руска војска. Во запустените предели од северозападна Македонија започнало масовно населување на албанско население.

  • Манифест и заштитни писма од Леополд I

На 6 април 1690 година, австрискиот император Леополд I (1657-1705) издал манифест, со кој ги повикува „сите народи кои по сета Албанија, Србија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Расија живеат, да им се придружат на австријците и против Турција на оружје да се дигнат“. Речиси истовремено, на 26 април 1690, Леополд издал и едно писмо со кое го земал под заштита македонскиот народ. Иницијатори на неговото издавање биле Марко Крајда, родум од Кожани и Димитри Георгија Поповиќ, родум од Солун. Во писмото меѓу другото, се декларира: ... „македонскиот народ во целост го примаме во секој еден поглед благонаклоно под наша царска и кралска заштита“. На 31 мај 1690 императорот издал уште едно писмо, со кое ја проширил својата заштита на населението во Бугарија, Србија, Македонија и Албанија. Меѓутоа Македонија одново станала длабока провинцијана Османската империја, па манифестот и заштитните писма на австрискиот император не можеле да имаат некое позначајно дејство врз расположбата на македонскиот народ.

Сулејман II[уреди]

Сулејман II (15 април 1642 во Константинопол - 23 јуни 1691 во Едрене) бил дваесетиот султан Империјата кој владееле во периодот од 1687 до 1691 година. Бил син на Ибрахим I. Починал во Едрене од хидропиза во 1691 година. Како помал брат на Мехмед IV (1648–87), Сулејман бил роден во Топкапи сарај во Константинопол и поголемиот дел од својот живот го поминал во затвор (кафез), место во Топкапи сарај каде ги држеле османлиските принцови за да не организираат бунтови против власта. Негова мајка била србинката Катерина , која по примањето на силамот го добила името Салиха Дилашуб султан. На отоманскиот трон се искачил како резултат на јаничарскиот бунт, кој довел до соборување на Мехмед IV. Сулејман бил многу религиозна личност и времето го минувал во молитва, а со јавниот живот на империјата се занимавале големите везири. Најпознатиот од нив бил Фазил Мустафа Копрулу (од 1689). Веднаш по преземањето на престолот, Османлиите претрпе катастрофален пораз во втората Мохачка битка, а по ова следувал и голмиот пораз во Кримскиот поход од страна на Русија. Продолжила војната со Светата Лига, австриската војска го завзела Белград во 1688, а потоа ја окупирала Босна. Во битката кај Сланкамен во 1691 година во Србија Османлиите повторно доживеале пораз. Во текот на неговото владеење, везирот Мустафа Паша ја реорганизирал војската со помош на татарската армија. На почетокот на 1689 година, офанзивата на австриската војска била запрена и во 1690 година Турците повторно го завзеле Белград. Сулејман II починал во Едрене палата во 1691 година. Тој се оженил со Кадија која починала без да остави наследник.

Ахмед II[уреди]

Ахмед II (1643 во Константинопол - 6 февруари 1695 во Едрене) бил дваесетипрвиот султан, син на султан Ибрахим I. Тој го наследил на својот брат Сулејман II на тронот во 1691 година. Најголем успех на Ахмед II и Високата порта е населувањето во Анадолија на номадски племиња и модернизирањето на административниот систем. Против Австрија и Венеција претрпува големи и тешки порази, со кое империјата изгубила големи територии. Внатере во империјата избувнале големи нереди во Сирија, Ирак и Хиџас. Ахмед II починал во Едрене на 6 февруари 1695. Управувањето на Ахмед II било многу кратко, само 4 години, и за тој мал период државата прави голем пад со големи загуби на територии во Далмација, Полска и островот Хиос во корист на Венеција.

Мустафа II[уреди]

Мустафа II бил дваесетивториот султан на Империјата. Бил роден во Едрене (1664-1703) како син на Мехмед IV и неговата сопруга Еметулах Рабија Ѓулнуш султан која имала грчко потекло која имала грчко потекло . Го наследил својот чичко Ахмед II во 1695 година. Во 1697 година претрпел голем пораз од страна на принцот Евгениј Савојски. За разлика од неговите двајца претходници, пред пристапувањето на тронот не бил затворен во никаква ќелија на Топкапи сарај, и живеел во Едрене, каде уживал релативна слобода. Во раните години на неговото владеење се обидувал да го скрши неуспехот на турската војна против “Светата лига”. Во 1696 лично ја предводел армијата на Балканот, и поради бројната супериорност во однос на Австријците имал некои успеси. Следната година, 1697 , турската армија под команда на големиот везир Мехмед Паша Елмас била поразена од империјалните сили на Евгениј Савојски во битката кај Сента. Во 1696, руската војска го завзела Азов. Во 1699 бил потпишан Карловицкиот мировен договор со кој на Венеција и припаднале Пелопонез (Мореја) и Далмација, Австрија ги добила Унгарија и Трансилванија, Полска – Подолија. Со договорот од Константинопол во 1700, на Русија и бил отстапен Азов. По војната, Мустафа живеел претежно во Едрене, каде што се занимавал со лов. Во август 1703 година, против него во Цариград, започнало востание, а на бунтовниците се приклучил дел од јаничарите. Бунтовниците организирале поход на Едрене. Во борбата на бунтовниците со владините трупи, вториве прешле на бунтовничката страна, а потоа Мустафа абдицирал во корист на неговиот брат Ахмед III. По четири месеци поранешниот султан умрел (можно е да бил отруен).

Руско-турска војна (1686-1700)[уреди]

Руско-турската војна од 1686-1700 претставува дел од заедничките напори на европските сили да се спротистават на Империјата. Поголемиот дел од оваа војна е позната и како Голема Турска војна. Руско-турската војна започнала кога Царство Русија се приклучила на европската анти-османлиска коалиција предводена од Хабсбуршка Австрија, Полско-литванската унија и Венецијанската република, во 1686 година. За време на војната, руската армија организирала два поголеми походи: Кримска кампања (1687 и 1689) и Азовска кампања (1695 и 1696). Војната завршила со потпишување на договор во Константинопол во 1700 година.

  • Позадина

Руско-турската војна (1676-1681) завршила со потпишување на договор според кој двете земји требало да се воздржат од напади во следните 20 години. Западна Украина заедно со Подолија останале во составот на Империјата. Во следните години Османлиите воделе неуспешна опсада на Виена во 1683 година по кое следувале и губење на терирории во Европа на сметка на Османлиите. Но во времето на царица Софија односите меѓу двете земји добиле нов карактер кога Русија започнала да ги напаѓа териториите кај Крим. Ова бил еден од првите конфликти во кои Османлиите морале да се бранат, наместо да напаѓат. Во 1684 година Русија се приклучила кон Светата лига а според договорот Полска морала да го отстапи Киев на Русија. Договорот бил склучен на 21 април 1686 година.

Кримски поход[уреди]

Во 1686 година лотарингскиот војвода го освоил Офен, во 1687 година големиот везир Сулејман паша доживеал пораз кај Мохач. Поразот на османлиската армија предизвикало бунт меѓу јаничарите по кое Мехмед бил симнат од власт а на негово место бил поставен неговиот брат Сулејман II, кој не бил способен да владее. Вонјата продолжила и во времето на Ахмед II (1691-95) и Мустафа II (1695-1703). Венецијанците нападнале во Егејско Море, Австријците го освоиле Белград (но наскоро пак биле принудени да го напуштат) и сите значајни тврдини на Унгарија, Славонија и Трансилванија, Полјаците пак зазеле дел од Молдавија. Кримскиот поход го започнале Русите на чело со кнезот Василиј Голоцин. Кон нивните сили се присоединиле и украинските козаци. И покрај тоа што козачкиот хетман Самоилович бил негативно настроен кон сојузот меѓу Москва и Полско-литванската унија, сепак зел учество во првиот кримски поход. Овој поход бил неуспешен главно поради неговата организација па затоа Голицин се повлекол. Во пролетта на 1689 година, Голоцин на чело со 112.000 армија направил втор поход кон Крим. Во првата битка тој ги победил Кримските Татари, но поради недостатокот на вода и појавата на епидемија меѓу војниците довело тој повторно да се повлече.

Азовски поход[уреди]

Азовскиот поход е назив за походот кој бил преземан од страна на Руското царство против Империјата. Целта на Петар Велики била Русија да излезе на Азовско Море и Црно Море. Походот започнал во 1695 година. Првиот поход започнал во есента 1695 година кога рускиот цар Петар Велики по долината на река Дон со околу 30.000 војници и 170 топови, се упатил кон Азовско море. По два неуспешни напади на 5 и 25 септемврим Русите морале да се повлечат на 1 октомври. Другиот дел од армијата, околу 120.000 војници, под команда на Борис Шереметиев се преместила по долината на реката Дњепар, каде успеале да заземат две тврдини, но сепак не биле во можност да ги зачуваат своите позиции па се повлекле главно поради недостаток на флота. Кон крајот на истата година, 1695 година, започнале приопреми за нов поход. Коњаницата броела околу 70.00 војници. Во периодот помеѓу 23 и 26 април, под раководство на Алексеј Шејн, руската армија тргнала кон Азовско Море. Од друга страна пак, Петар Велики со 29 бродови се упатиле по реката Дон и Воронеж. На 27 мај војските го блокирале Азов. По започнувањето на борбите, на 14 јуни дошло до поразување на Османлиите.

  • Мировен договор

Константинополскиот мировен договор бил склучен на 3 јули 1700 година и истиот ставил крај на Руско-турската војна. Според договорот, Османлиите ги срушиле тврдините кои се наоѓале по долината на реката Дњепар, Руската империја го добила Азов и околината околу него, а Петар Велики ја осигурил неутралноста на Империјата во Големата северна војна.

Морејска војна (1684–1699)[уреди]

Морејската војна (италијански: La guerra di Morea) е војна која траела во периодот од 1684 до 1699 година меѓу Венецијанската република и Империјата. Оваа војна е дел од т.н. Голема турска војна. Воените операции се воделе од Далмација до Егејско Море, но главните битки се овиле на Пелопонез односно Мореја во денешна Грција. Целта на Венецијанската република била да си го врати Крит кој бил изгубен по Критската војна (1645–1669) и тоа во време кога Османлиите биле ангажирани во војната против Хабсбуршката династија на својата северна граница.

  • Позадина

По падот на Константинопол, Венеција држела неколку важни заливи и острови во Егејско и Јонско Море. Но со растењето на моќта на Османлиите во раниот 16 век, Венеција ги изгубила Кипар и Евбеја. Во периодот од 1645 до 1669 година се водела Критската војна меѓу овие две земји и по која венецијанскиот дужд направил контакти со востаниците на Мореја за заедничка акција против Османлиите. Така при првата акција бил заземан градот Каламата но многу бргу подоцна морал да се повлече па овој поход не успеал. Кога во 1683 година започнала Големата турска војна, голема турска армиј се упатила кон Виена каде доживеала катастрофален пораз. Венеција следната година се приклучила кон Светата лига и сакала да ја искористи слабоста на Османлиите. Така на 25 април 1684 година Венеција објавила војна на Империјата . Венеција била свесна дека сама нема да може да се справи во војната, па поради ова таа финансиски се осигурала од нејзините сојузници кои освен пари и пратиле и флота. Венецијаните регрутирале војници од Италија и дел од Германија. Силите на германските сојузници се обрвзале да пратат 6000 војници кои во 1685 пристигнале во Мореја .

  • Венецијански напад

Кон средината на јули 1684 година, венецијанската флота од Јадранско Море се упратила кон Јонско Море. Првата цел на флотата била зазимање на Лефкада која падната на 6 август 1684 година. По ова следувала копнена офанзива на грчките востаници. Последната турска тврдина била заземена во септември истата година и тоа била Превеза. Исмаил паша кој бил командант на Мореја со голема војска тргнал кон заливот Ман на Пелопонез и ги натерал на грчките востаници да му ја предадат власта и да му ветат лојалност. По ова на 25 јуни 1685 година ја опседнал Корона и ја зазел по 49 дена на 11 август. Следувал масакар врз населението. На 14 септември 1685 година паднала и Каламатија и околните територии . Во октомври 1685 година Венецијанската флота се повлекла кон Јонско Море. Следната година за главен командант на копнените војски бил поставен наемениот шведски маршал Вилхем Отон Консгсмарк, додека пак венецијанскиот дужд Моросини ја задржал командата над флотата. Маршалот во 1686 година го зазел Пилос и Наварин, по кое продолжиле нападите кон Агрос и Нафплио. Војната продолжила по доаѓањето на 7.000 турска армија на чело со Исмаил паша во околината на Агрос каде Османлиите повторно биле поразени и принудени да се повлечат кон Коринт. Војната продолжила и во 1687 година каде Османлиите повторно биле поразени, а Пелопонез бил под целосна венецијанска управа.

  • Атина и Негропонт

По овие победи силите на Конигсмарк заминале кон Пиреја. Османлиите започнале со евакуирање на Атина, а голем дел од населението се повлечело кон Акропол. Венецијаните започнале со опсадата на Акропол која траела од 23 до 29 септември. Во оваа опсада храмот бил знајчајно оштетен кога граната паднала на местото и предизвикала експлозија на неколку пакети барут складирани во Партенонот. Османлиите целосно го срушиле храмот на Атена за да на негово место ги постават топовите. Османлиите на крај се предале под услов дека ќе им биде обезбеден слободен пристап до азиска Смирна. И покрај зазимањето на Атина, венецијаните не биле сигурни бидејќи Османлиите го зајакнале својот гарнизон во Теба, а нивната коњаница ефикасно ја држела Атика. Во декември 1687 година хановерските сили се повлекле а избила и епидемија. Поради овие причини Венеција била принудена да се повлечи кон Пелопонез во април 1688 година. При нивното повлекување следувало ограбување на значајните споменици како на пример Пирејскиор лав кој денеска се наоѓа во Венеција. Заедно со Венецијаните се повлекле и неколку илјади Грци поради страв од турска одмазда. Во јули 1688 година започнала опсада на градот Негропонт. Но венецијанците не успеале да го блокираат цел град па Османлиите преку разни канали успевале да се снабдуваат со храна, а освен тоа епидемијата започнала да ги уништува венецијанските војници од која починал и Конигсмарк во септември 1688 година. Во октомври следувал уште еден неуспешен напад и повлекување на војските кон Агрос. Овој неуспех имал големи последици бидејќи германските платени сили го напуштиле логорот и во 1689 година Венеција се повлекла. Негропонт го означил крајот на венецијанската надмоќ во војната и го дал почетокот на турската контраофанзива.

  • Османлиски напад

Поразите во Европа и Пелопонез довеле да Мехмед IV биде симнат од власт а на негово место биде поставен неговиот брат Сулејман II. Во 1688 година Османлиите побарале помош од озогласениот маниотски бунтовник Лимберакис Геракарис кој бил во затвор во константинопол. По неговото ослободување бил поставен за бег по кое со дадената војска се придружил на османлиските сили во Теба. Така помеѓу турските и венецијанските сили се протегала територија која припаѓала на грчки, албански или далматински ајдуци. Во почетокот тој сакал да ги придобие на своја страна посебно грчките ајдути, но не успеал. По ова започнал напад по кој успеал да заладее голем дел од средна Грција. Неговата инвазија врз Мореја започнала во 1692 година кога го зазел Коринт. Но во 1694 година Лимберакис Геракарис изненадено преминал на страната на Венеција, каде по еден суров напад врз локалното население бил затворен и однесен во затвор во Бреша . Војната продолжила со успешната опсада на Валона во септември 1690 година, но османлиските сили во март наредната година повторно го вратиле градот, како и неуспешниот напад на Крит. Во 1693 година дуждот Моросини се вратил на Мореја каде следната година починал. Неговиот наследник повел голема експедиција кон Хиос во близина на Мала Азија. И овде следувало најпрвин зазимање на островот а потоа со османлиската контраофанзива повторно враќање на островот. Војната се водела и покрај јадранското крајбрежје каде Османлиите претрпиле пораз и биле протерени од сите градови освен од Имотски.

  • Последици

Војната завршила со потпишување на Карловачки мировен договор во јануари 1699 година. Договорот го потврдил правото на Венеција над Кефалонија и Мореја и на овие простори било формирано Кралство Мореја. Голема последица од војната биле демографските и економските промени во регионот. Околу Мореја биле изградени голем број на тврдини кои постојат и денес на Пелопонез. И покрај условната победа, Венеција била доста ослабена од војната за ефикасно да ја брани својата власт. Така Османлиите во 1715 година повторно ја вратиле Мореја под своја власт.

Ахмед III[уреди]

Ахмед III (отомански јазик: احمد ثالث ahmed-i sālis) (30 декември 1673 - 20 септември 1736 во Константинопол)) бил дваесетитретиот султан на Империјата, син на Мехмед IV (1648-1687) и Еметулах Рабија Ѓулнуш султан која имала грчко потекло . Ахмед III бил роден во Добруџа. Тој го наследи на престолот во 1703 на абдикација на неговиот брат Мустафа II (1695-1703). Ја предводил успешната Прутска војна против Русија во 1711 и неуспешната војна со Австрија и Венеција (1715-1718). Мирот со Петар I ги охрабрил Турците на непријателства против Венеција и Австрија, но војната била изгубена и биле изгубени голем број на територии во Источна Европа, но и во Северна Африка (Алжир, Тунис).Империјата продолжила да се топи. Управителите умувале дека спасението е во враќање на старите добри обичаи и военото зајакнување: “ бидејќи нашата држава добиена со нож и меч само со нож и меч може да биде одржана.“

  • Биографија

Ахмед III одржувал добри односи со Франција а неговите две жени биле по потекло од Франција. По Бтката кај Полтава Ахмед му понудил засолниште на шведскиот крал Чарлс XII од Шведска (1682-1718). Сепак, шврдскиот крал го убедил да започне нова војна со Русија во историјата позната како Прутска војна. Во следните години бил разгледуван план за голема војна против Русија кон Москва но истиот не започнал бидејќи во престолнината Константинопол пристигнал извештај според кој Сафавидите ја нападнале Империјата. Султан Ахмед III стана непопуларен поради прекумерниот раскош и луксуз во кој тој и неговите главни визери живееле. На 20 септември 1730 избувнал бунт од страна на јаничарите на чело со Патрона Халил. Востанието било толку големо што довело Ахмед да се откаже од престолот. Така тој доброволно го предал престолот на неговиот внук Махмуд I (1730-1754). По ова Ахмед бил затворен во кафезот на Топкапи сарај каде починал по шест години. Владеењето на Ахмед III кое траело 27 години иако било одбележано со големи порази во Големата турска војна, сепак имало и успеси. Тој ги вратил Азовското Море и Мореја и освоил дел од Персија. Тој бил голем покровител на литературата и уметноста. Во негово време била направена првата печатарска преса на арапски и турски јазик во Константинопол. Претходно печатарската преса била воведена уште во 1480 година, но сите дела биле објавувани на грчки, ерменски, или хебрејски. Исто така во текот на неговото владеење се појавиле и Фанариотите, грчка елита која зазела голема улога во управувањето на империјата. Во периодот по 1711 година, добар дел од Фанариотите станале господари, војводи или кнезови во дунавските кнежества Молдавија и Влашка. Неговата жена Амина Михришах султан го родила Мустафа III, додека пак Рабија султан го родила Абдул Хамид I.

Отомански Тунис[уреди]

Династијата Хусеинити во 1705 година дошла на власт и успеала да ја наметне земјата како суверена. И покрај тоа што Тунис продолжил да биде вазал на Османлиите, сепак таа имала голема автономија. Така, во земјата на петочната молитва се споменувал османлискиот султан, парите исто така биле правени во негова чест а амбасадорот годишно му давал подароци. Во 1881 година Франција ја окупирала земјата која траела до 1956 година.

Руско-турска војна (1710-1711)[уреди]

Руско-турската војна (1710–1711), позната и како Прутска војна, се водела во периодот од 1710-1711 година помеѓу Империјата и Русија. Таа претходела на поразот на Шведска од т.н. Голема северна војна. Шведска започнала да влијае врз големите везири на Османлиите и наводната застрашеност на нејзините територии од страна на Руската империја. Војната била објавена на 19 март 1711 година. Петар Велики објавил света војна против исламот. Силите на Русите се доближиле до реката Прут. Нивната војска броела околу 40.000 војници. Во август истата година тие биле пресретнати од османлиската војска која броела околу 200.000 војници. Петар Велики започнал преговори со Отоманците, кога увидел дека ќе биде поразен. Тој сакал да прибалтикот го врати на Шведска без престолнината Санкт Петерсбург, Станислав Лешчински да остане на полскиот трон, Азов да биде вратен и како краен услов сакал својата војска да не биде допрена. Така на 21 јули 1711 година бил склучен Прутски мировен договор според кој Русија ги вратиле териториите околу Азовско Море, заедно со градот Таганрог. Освен тоа, неколку руски тврдини требало да бидат разрушени, а рускиот цар ветил дека нема да се меша во работите со Полско-Литванската унија. Шведска се разлутила поради прифаќањето на Османлиите. Во следните две години Шведска повторно се обидувала да ја турне Империјата во војна со Русија.

Отоманско-венецијанска војна (1714–1718)[уреди]

Седмата османлиско-венецијанска војна се водела меѓу Република Венеција и Империјата во периодот од 1714 до 1718 година. Овој конфликт бил последниот меѓу двете земји и завршил со победа на Османлиите и губење на венецијанските територии во Мореја односно Пелопонез. Венеција била спасена од голем катастрофален пораз од страна на Австрија која интервенирала во 1716 година. Австриските победи довеле до потпишување на договорот од Пожаревац во 1718 година. Оваа војна исто така е позната како Втора морејска војна или Малата војна во Хрватска .

  • Позадина

Во Големата турска војна (1684-1699) Империјата била принудена да направи неколку територијални отстапки на Австрија и Венеција, вклучувајќи го и полуостровот Мореја. Османлиите биле решени да си ги вратат своите територии и Венеција, како послаба од двете, била избрана како прва цел. Војната започнала во 1714 година.

  • Освојување на Мореја

Османлиите објавиле војна на 9 декември 1714 година, користејќи го како изговор прекршоците кои ги направиле некои венецијански трговци. Во текот на првите месеци од 1715 година, тие собрале армија од околу 70.000 луѓе во Македонија под раководство на Големиот везир Силахдар Дамат Али Паша. Големиот везир марширал кон југ, каде во главниот камп во Теба пристигнал кон почетокот на јуни. Во меѓувреме османлиската флота која броела 80 воени бродови била зарбена кај островите Тинос и Аигина . Венецијанците, кои немале голема постојана војска и се потпирале главно на платеници, можеле да соберат 8.000 војници и 42 претежно мали бродови, под команда на капетан Џеронимо Делфино . Венецијаните немале доволно војска, а освен тоа локалното грчко население не ја сакала венецијанската управа. Од друга страна пак големиот везир им обеќал дека сигурност на нивните имоти. Во такви услови Венецијанците биле оставени во изолација во нивните тврдини кои ги изградиле по зазимањето на Мореја. На 25 јуни османлиската војска преку Коринт влегла во Пелопонез. Тврдината Акрокоринт се предала по кратка опсада бидејќи сметале дека ќе бидат спасени нивните животи. Сепак по влегувањето во тврдината следувал грабеж од јаничарите и убивање на локалното населене. Во овој напад само 180 Венецијанци биле спасени, и тие побегнале кон Крф. . По Коринт Османлиите го нападнале градот тврдина Нафплио кој бил како главна база на Венеција во Мореја. Градот бил бранет од страна на 2.000 војници. Но по само 9 дена градот паднал. Во следните денови биле заземени Пилос и Корони без борба, а по ова и Метони. Останатите венецијански упоришта, вклучувајќи ги и последните преостанати населби на Крит исто така капитулирале во замена за безбедно заминување. Во рок од сто дена, целиот Пелопонез бил повторно преземен од страна на Османлиите.

  • Опсада на Крф

По нивниот успех во Мореја, Османлиите се преселиле кон венецијанските поседи во Јонско Море, односно островот Лефкада кој Венецијанците го владееле од 1684, и тврдина Бутринто спроти градот Крф. На 8 јули 1716 година. , османлиската војска од 33.000 луѓе се упатила кон Крф. И покрај нерешителната поморска битка истиот ден, отоманската пешадија продолжила со да напредува кон градот Крф. На 19 јули по зазимањето на околните тврдини започнала опсадата на Крф. Одбрана била предводена од грофот Јохан Матијас фон дер Шуленбург кој имал околу 8.000 војници под негова команда. По големите битки и големиот број на жртви од двете страни, опсадата била повлечена на 20 август .

  • Австриска интервенција

Во летото на 1715 година, пашата на Босна марширал против венецијанските имоти во Далмација, со армија која наводно броела 40.000 војници. Османлиите биле поразени во Сињ, но османлиската закана за регионот не се намалила до австриската интервенција во конфликтот. По обезбедувањето на Папа Климент XI финансиска поддршка и француската гаранција за австрискиот имот во Италија, Австрија била подготвена да интервенира. На 13 април 1716 императорот Карло VI го објавил сојузот со Венеција по кое Османлиите објавиле војна на Австрија. Битката кај Петроварадин и Опсада на Белград (1717)|опсадата на Белград довеле до голем притисок врз Османлиите и тие морале да започнат преговори. Така бил потпишан Пожаревски договор во 1718 година. Според договорот Османлиите изгубиле дел од Банат, Смедеревскиот санџак заедно со Белград и Северна Босна. Австрија со Белград управувала во следните 20 години. Од друга страна пак Османлиите го добиле Пелопонез и Крит.

Отоманско-персиска војна (1722–1727)[уреди]

Отоманско-персиската војна во периодот од 1722 до 1727 година претставува воен конфликт меѓу Империјата и династија Хотаки која управувала со Персија. Војната избила за контрола на западните и северозападните делови на Иран. Династијата Хотаки го зазела управувањето на Персија по победата над Сафавидите. По падот на Сафавидите, Руската и Империјата започнале да зазимаат делови од Персија. Претставувајќи се како легитимен наследник на иранскиот престол, Ашраф Хотаки побарал враќање на сите територии од страна на Османлиите. Во 1723, турските трупи извршиле инвазија на Кавказот и ги окупирале Ереван и Тбилиси. Во 1724 година меѓу Руската Имерија и Османлиската бил потпишан договор во Константинопол за условите според кој требало да се заземат териториите во северозападна Персија. Османлиите овој поход го оправдувале како акција против шиитите бидејќи погрешно го толкувале исламот. Според договорот од 1727 година, Ашраф го признал поразот и станал вазал на Османлиите, а кон територијата на Османлиите биле приклучени цел западен и северен Иран.

Махмуд I[уреди]

Махмуд І (османлиски јазик: محمود اول, 2 август 1696 во Едрене - 13 декември 1754 во Константинопол) бил дваесетичетвртиот султан на Империјата. Тој бил син на Мустафа II и владеел од 1730 до 1754 година. Во 1736 година Русија го окупирала Крим.

  • Управување

Махмуд бил роден во Едрене како син на Мустафа II (1695-1703) и Салиха султан. Махмуд бил постар брат на идниот Осман III (1754-1757). На 28 септември 1730 година Патрона Халил со мала група на колеги јаничари организирале бунт во Константинопол против реформите на Ахмет III . Тој успеал да влезе во Топкапи сарај и побарал егзекуција на големиот визер по кое следувала абдикција на султанот Ахмед III а неговиот внук Махмуд станал новиот султан . Махмуд бил признаен како султан од бунтовниците и судовите. Халил го одвел новиот султан во Ејуп џамија каде била одржана церемонијата за поставување на Махмуд на тронот. Еден грчки трговец Јанаки кој претходно му дал пари за бунтот бил награден од страна на диванот како господар на Молдавија. На 24 ноември 1731 година Халил бил удавен по наредба на султанот во негово присуство. Грчкиот негов пријател заедно со голем број на луѓе кои го подржале бунтот исто така биле убиени. Спорадичните обиди во османлиската војска да се воведат европските пиштоли и огнено оружје продолжиле под водство на Контот де Боневал, французин кои го прифатил исламот. Во 1731, во текот на првата кампања за борба против Персија, Махмуд успеал да поврати дел од поранешната османлиска сопственост на Кавказ, која била изгубена од Ахмед III, но засилувањето на владеењето на Надир Шах (владеел 1736-1747) во Иран, уште еднаш ги потерало во бегство. На крајот, по смртта на Надир Шах, границата помеѓу Османлиското царство и Иран била вратена на линијата според договорот од 1639. На Запад, војската на Махмуд влегла во нова војна со Австрија и Русија (1736-1739), која резултирала со Белградскиот договор (1739) според кој султанот бил принуден да направи територијални отстапки. Махмуд I починал во 1754. На престолот го наследил неговиот брат Осман III.

Руско-турска војна (1736-1739)[уреди]

Руско-турската војна (1736–1739) се одвила помеѓу Руската империја и Империјата. Како една од најголемите причини за започнувањето на оваа војна е постојаните напади на кримските Татари во Украина во 1735 година и воениот поход на Кримското ханство во Кавказ, како и противречностите околу војната за полското наследство во 1733-1735 година.

  • Руска дипломација пред војната

Пред започнувањето на војната, Русија усоеала да склучи мировен договор со Персија со кое и ја вратила целата територија која била зазедена по Руско-персиската војна. Освен тоа Русија обезбедила подршка за полскиот престолонаследник Август III кој во 1734 година застанал на престолот наспроти францискиот кандидат кој бил со османлиска подршка. Претходно во 1726 година Русија и Австрија стапиле во сојуз.

  • Текот на војната

Формалниот повод за објава на војната била постојаните напади на Кримските Татари во Украина кон крајот на 1735 година и воениот поход на Кримскиот кан во Кавказ во 1736 година. Русите по ова започнале акција за зазимање на Крим и Азов. На 20 мај 1736 година руските сили кои броеле околу 60.000 војници завладеале со Перекоп. Во исто време во регионот избила епидемија која ги принудила на Русите да се повлечат. Од друга страна пак, руската војска со помош на 28.000 војници на 19 јуни го зазеле Азов во 1737 паднал и Очаков. Во 1737 година во војната влегла и Австрија, но претрпела порази од Империјата. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Bелград.

  • Мировен договор

Во последната година од војната во 1739 година руската армија повторно го поминала Дњепар и ги поразила османлиските сили зазимајќи три тврдини. Од друга страна пак Австрија доживеала пораз во битката кај Грочка. Во следните денови бил потпишан Белградски договор по кој Австрија се повлекла од војната, а поради страв од шведска инвазија и Русија била принудена да преговара потпишувајќи го Нишкиот договор. Според Белградскиот мировен договор, кој бил потпишан на 18 септември 1739 година Австрија била потиснета од Балканот. Така Белград и Шабац со цела Србија до Сава и Дунав, Влашко и дел од Босна биле повторно дадени на Османлиите. Австрија го задржала Банат но морала да ги сруши сите тврдини кои ги изградила во текот на владеењето на овие земји по Пожаревачкиот договор. Според Нишкиот договор кој бил потпишан на 29 септември според кој Русија се откажала од сите права над Крим и Молдавија.

Осман III[уреди]

Осман III (османлиски јазик: عثمان ثالث ‘Osmān-i sālis) (2 јануари 1699 во Константинопол – 30 октомври 1757 во Константинопол) бил дваесетипетиот султан на Империјата во периодот од 1754 до 1757 година. Тој бил син на султан Мустафа II и Шехсувар султан. По 51 година од својот живот се качил на тронот и тоа на 13 декември 1754 година, а мајка му, на 72 години ја добила титулата валиде султан. Во негово време настанале два големи пожари во Истанбул. Поголемиот дел од својот живот го поминал во затвор, и за разлика од останатите султани тој не ја сакал музиката и ги протерал сите музичари надвор од палатата. Починал на 30 октомври 1757 година од срцев удар.

Мустафа III[уреди]

Мустафа ІIІ (османлиски јазик: مصطفى ثالث Muṣṭafā-yi sālis, 28 јануари 1717 во Едрене - 21 јануари 1774 во Константинопол) бил дваесетишестиот султан на Империјата. Тој бил син на Ахмед III (1703-1730) и Амина Михришах султан. Го наследил својот роднина Осман III во 1757 година а негов следбеник бил неговиот брат Абдул Хамид I (1774-1789).

  • Владеење

Енергичниот Мустафа III се обидел да ја модернизира армијата и внатрешната државна администрација според европската. Сепак овие реформи не биле прифатени од јаничарите. Во негово време биле основани академии за математика, навигација и науки. Овој султан водил неуспешни војни со Русија, при што засекогаш ги загубил Молдавија, Влашка и Крим. Во Македонија е познат по тоа што во 1767 подлегнал на барањата на Цариградската патријаршија и незаконски ја укинал Охридската архиепископија. Се оженил со Михришах султан која го родила идниот Селим III. Починал во Топкапи сарај.

Руско-турска војна (1768-1774)[уреди]

Руско-турската војна (1768–1774) била една од клучните војни помеѓу Руската империја и Империјата. Целта на Руската Империја била да излезе на Црно Море, и поради ова руската дипломатија тргнала во подготовка низ европските земји и успеала да ги потикне грчките, романските и црногорските народи за учество. Распрстати на повеќе фронтови, Османлиите во оваа војна излегле како поразена земја. Оваа војна довела до знаитено слабеење на Империјата. Русија кон својата територија ги присоединила јужна Украина, северен Кавказ и Крим како и право да се меша во внатрешната политика на Османлиите во прашањето за заштита на христијанското население.

  • Позадина

Избувнувањето на војната била како последица од затегнатата ситуација во Полска каде избувнало востание против кралот Станислав II, некогашниот љубовник на Катарина Велика. Бунтовниците ги нападнале на војниците на Катарина а по ова се повлекле во соседните земји. Една група од овие руски козаци во 1768 година се упатила кон градот Балта во потрага на полските востаници. Поради ова Кримските Татари се пожалиле на османлискиот султан Мустафа III. Така на 25 септември 1768 година тој прогласил војна на Русија со подршка на полските востаници. Од друга страна Русија добила подршка од Велика Британија која овозможила пристап на руските бродови во Средоземно Море.

  • Тек на војната

И покрај тоа што Османлиите објавиле војна, тие не зеле интервенција бидејќи во текот на цела војна имале катастрофална стратегија. Тоа довело да генералот Александар Суворов да го задуши востанието во Полска и во 1768 година го зазеде Краков. Во меѓувреме, во 1770 година руската флота пристигнала во Мореја каде со помош на локалното население започнале востание кое немало успех. Сепак Османлиите морале војската од Украина да ја префрлат во Грција каде следувал пораз во поморската битка кај Чешма на 7 јули. Во следните денови следувале порази во Егејско Море и во Украина. Рускиот напад врз Крим довел да кримскиот кан го испрати својот син во Санкт Петерсбург на преговори по кое Крим го сфртел грбот на Османлиите. Во 1773 година, Суровов влегол во Украина каде редел победа по победа каде во 1774 година Османлиите побарале мировен договор.

  • Мировен договор

Војната завршила со потпишување на Кучуккајнарџискиот договор во јули 1774 година и поразот на Османлиите. . Договорот бил потпишан во селото Кучук Кајнарџа, денес Кајнарџа во североисточна Бугарија, во Добруџа, во близина на Дунав и на југоисток од Силистра. Според договорот, Русија добила територии од Украина и Кавказ,Керч и неколку други црноморски пристаништа од Кримскиот полуостров биле отстапени на Русија а остатокот од Кримското ханство било прогласено за независно. Кримските татари добиле независност од Османлиите и попаднале под руската сфера на влијание. Исто така Русија добила право на користење на Босфорот и Дарданелите а руските трговски бродови добиле и дозволс да пловат во турските води. Молдавија и Влашка биле вратени под властта на султанот, но Русија стекнала право на мешање во Високата порта (судот на султанот) во име на овие две кнежества. Покрај тоа, Русија добила одредени права во име на грчките православни поданици на султанот.

  • Последици

Оваа војна можеби била пресудна за османлиската сила во европа. По оваа војна следувале неколку востанија на нетурските народи во империјата кои успешно завршиле по еден век. Успехот во војната која го имала Катерина Велика во голема мера бил поради востанието во Северна Америка и Велика Британија поголемиот дел од своето внимание го имала таму наместо кон Босфорот. Во Црна Гора пак за цар се прогласил Шчепан Малиот кој самостојно управувал со земјата во периодот од 1767 до 1773 година.

Абдул Хамид I[уреди]

Абдул Хамид І (османлиски јазик: عبد الحميد اول `Abdü’l-Ḥamīd-i evvel, 20 март 1725 во Отомански Константинопол - 7 април 1789 во Отомански Константинопол), бил дваесетиседмиот султан на Империјата во периодот од 1774 до 1789 година, наследувајќи го својот брат Мустафа ІІІ. Тој бил син на Ахмед III (1703-1730) и Рабија султан. Водел неуспешни војни со Русија. Негов наследник бил Селим III.

  • Владеење

Абдул Хамид бил затворен повеќе од четириесет и две години од својот живот со неговите братучеди Махмуд I и Осман III и неговиот постар брат Мустафа III, како што било обичај. Тој добил рано образование од својата мајка Рабија султан, од кого учел историја и калиграфија. Тој исто така бил многу религиозен и пацифист по природа. Кога застанал на султанскиот престол наследил големи финансиски дупки во отоманскиот буџет. И покрај тоа што сакал примирје со Русија, тој бил поразен по само неколку месеци кога станал султан во битката кај Козлуја кое подоцна довело до потпишување на понижувачкиот Кучуккајнарџиски договор на 21 јули 1774 година. И покрај неговите воени неуспеси, тој по природа бил милостив. Тој многу се восхитувал на муслиманите од Константинопол и поради ова бил наречен Вели односно Свети. Спровел реформи во администрацијата, воениот систем и образованието. Тој исто се обидел да воведе реформи кај јаничарите основајќи нов артилериски корус. Малите успеси во Мореја не можеле да ја компензираат загубата на Крим од Русија. Во 1787 година избила уште една војна со Русија каде наредната година кон сојузот на Русија се приклучила и Австрија. Швеѓаните и Прусите се приклучиле на страната на Османлиите, но Очаков во 1788 година бил загубен а Русите ги масакрирале жителите на градот. Во 1789 година, султанот Типу на Кралство Мајсор испратил амбасадор во Константинопол, а Абдул Хамид побарал помош во Британската источноиндиска компанија. Абдул Хамид I починал во 1789 година. Имал повеќе жени од кои две станале Валиде султан и тоа Ајше Сенијепервер султан и Накшидил султан.

Австро-турска војна (1787-1791)[уреди]

Австро-турската војна која се водела во периодот од 1787 до 1791 година била последната австро-турска војна. Оваа војна ја започнала Австрија поткрепена од Русија која водела војна со Империјата во Руско-турската војна (1787-1792)

  • Тек на војната

По крајот на претходната Австро-турска војна во 1781 година, Австрија уште тогаш започнала да се подготвува за нова војна со Османлиите. Уште во тој период голем број на австрињски единици ја преминале границата и влегле во Хрватска и Унгарија. Императорот на Светата Римска империја Јосиф II бил личен пријател и сојузник на Екатерина II. Откако во 1787 година Империјата објавила војна на Русија, австрискиот император дал подршка на стратешкиот сојузник. Во јануари 1788 година Австрија објавила војна на Османлиите. И покрај објавувањето на војна, австриската војска се наоѓала распоредена од река Днестер до границата на империјата кај Јадранско Море. За активните дејства против Османлиите била ангажирана само една армија чија цел била да се заземе тврдината Хотин. Во кампањата од 1789 година Австријците одлучиле да концентрираат во Србија и Хрватска. За соработката со руските војници во Молдавија бил создаден посебен корпус кој имал 18.000 војници. Заедничката руско-австриска војска ги победила османлиската во битката кај Фокшани и во битката кај Римник. Поразот на Турците во овие битки довело до протерување на Турците од Банат и во крајот на септември довело до паѓање на Белград. Австриските сили ја зазеле Влашка и влегле триумфално во Букурешт. Во следната 1790 година силите на Австрија ја презеле тврдината Оршова, по кое следувала несупешна опсада тврдината Журжу. Во јуни, Австријците ги победиле Османлиите кај Калафат. По оваа победа до австриските сили пристигнала вест во која пишувало дека Османлиите ќе го нападнат Букурешт. По ова Австрија побарала помош од Русија. Најмногу од оваа победа стравувале Велика Британија и Прусија главно поради зголемување на руската моќ, а од друга страна пак сакале да ја придобијат Австрија во анти-француската коалиција. Во февруари 1790 починал Јозеф II и неговиот наследник Леополд II решил да започне со Империјата мировни преговори, ставајќи ги во опасност руските војници. По долги преговори, во месец август 1791 година бил потпишан Свиштовскиот договор. Договорот од Свиштов ставил крај на последната австро-турска војна, т.е. де-јуре меѓу Светата Римска империја и Империјата. Една од причините за брзото завршување на војната од страна на Австрија, покрај воените успеси со зазимањето на Белград и Калафат бил склучениот сојуз меѓу Империјата и Прусија. Освен тоа избувнала и Француската револуција и австриската влада своето внимание го насочила кон Франција. Поради започнувањето на војните на Наполеон Бонапарта, Австрија ја променила својата тактика кон Балканот. По склучувањето на овој мир, Австрија повеќе не водела војна со Османлиите. Во текот на војната започнало Јагодинското востание на чело со Коча Ангелковиќ. Свиштовскиот договор ги амнестирал учесниците во тие бунтови кога во 1793 година Селим III со ферман истото го потврдил. Освен тоа, Селим III дал слобода на христијанското население, а во 1796 година 45 селски кметови ги изгубиле своите овластувања а наместо нив биле формирани 12 нахии.

Руско-турска војна (1787-1792)[уреди]

Руско-турската војна (1787–1792) претставува неуспешен обид на Империјата да си ги врати териториите кои ги загубила по Руско-турската војна од 1774 година од Руската империја. Во пролетта на 1787 година, Катерина Велика направила триумфална поворка во Крим заедно со светиот римски император Јозеф II. Овие настани во Константинопол биле прифатени како непочитување на Кучуккајнарџискиот договор, а британските и француските амбасадори дале подршка на Османлиите. Така во 1788 година, Османлиите објавиле војна на Русија а рускиот амбасадор во османлиската престолнина бил затворен. Сепак Османлиите не биле подготвени за војна, а од друга страна пак Австрија и Русија како сојузници биле пресилни за Империјата. Во исто време започнала и Австро-турската војна каде Османлиите го зазеле Банат. Во Молдавија, Пјотр Румјаницев им нанел пораз на Османлиите. Следувале порази кај Пчеков, Јеш и Хотин. Според некои извори, кога султанот Абдул Хамид I разбрал за воените порази, тој добил срцев удар и починал. Војната завршила со потпишување на Јашкиот мировен договор на 9 јануари 1792 година. Според него, Крим и Очаков биле присоединети кон Русија, а границата помеѓу двете земји се поместила до реката Днестер. цОсвен тоа, Османлиите се откажале од Грузија.

Селим III[уреди]

Селим III (османлиски јазик: سليم ثالث Selīm-i sālis) (24 декември 1761 во Отомански Константинопол - 29 јули 1808 во Отомански Константинопол ) бил дваесетиосмиот султан на Империјата во периодот од 7 април 1789 до 29 мај 1807. Селим III бил реформаторски султан но јаничарите организирале бунт против неговите реформи и бил затворен по кое неговиот роднина Мустафа IV станал новиот султан. Во затворот Селим бил убиен по заповед на новиот султан.

  • Владеење

Селим III бил син на султан Мустафа III и Михришах султан. Неговата мајка која потекнувала од Грузија направила реформи во државните училишта и воспоставила неколку дипломатски односи. Неговиот татко исто така вовел неколку реформи. Така Селим испратил неколку свои поданици во западните земји за да го преземат искуството од Европа. Селим своето образование го стекнал во палатата. Мустафа целиот свој живот го гледал како свој наследник, но неговиот чичко Абдул Хамид I се качил на престолот. По стапувањето на тронот на неговиот чичко, новиот султан се загрижил дека Селим ставил голем акцент врз неговото образование. Кога станал султан, Селим бил многу посветен на литературата и калиграфијата а голем дел од неговите дела биле ставени во џамиите. Тој зборувал арапски и персиски јазик. Селим сакал да направи голема реформа на неговата империја . Народот во негово време се надевале дека младиот султан ќе го вратил победничкиот дух на империјата. Тој развил планови за модернизација на војската, но по двете војни со Австрија и Русија тоа морал да го одложи. По војните кога Селим започнал со напорите за модернизација на јаничарскиот корпус тој си создал силна опозиција. Во негово време биле изградени неколку фабрики за производство на муниција како и училиште за техничка обука на служителите. Исто така во негово време се случила и француската инвазија на Египет на чело со Наполеон Бонапарта. На меѓународната сцена Селим воспоставил дипломатски односи со Велика Британија, Франција, Прусија и Австрија. Во сојуз со Русија и Велика Британија Османлиите започнале конфликт против Франција во Египет, а во 1802 година започнале востанија на Балканскиот полуостров. На 29 мај 1807 година го напуштил престолот а починал по два месеци кога бил убиен од страна на новиот султан. Бил погребан во џамија Лалели.

Прво српско востание[уреди]

Првото српско востание претставува востание кое било дигнато од страна на Србите против Империјата. Востанието траело од 14 февруари 1804 година до 7 октомври 1813 година. Востанието во почетокот започнало како локална побуна против дахија, но истото прераснало во една голема револуција. На чело на востаниците застанал Караѓорѓе Петровиќ. Во 1814 година во Букурешт бил потпишан договор според кој на српскиот народ требало да му се даде автономија. Но, договорот никогаш не бил спроведен на дело. Така, во 1813 година, востанието било задушено и повторно била воспоставена целосна османлиска власт. Оваа востание претходело на т.н. Второ српско востание кое избувнало во 1815 година, кое придонело до создавање на модерна Србија.

  • Позадина
    • Општа состојба во Империјата

Во 18 век, тимаро-спахискиот систем (османлискиот феудален поредок) влегол во фаза на целосно распаѓање, а тоа особено се одразило во меѓународната положба на Империјата и нејзиниот внатрешен поредок. Османлиската држава и војска ја изгубиле својата некогашна моќ и организираност, а во поглед на воружувањето, опремата и подготвеноста заостанувала зад армиите на европските сили. Империјата повеќе не била во состојба да го сочува својот престиж како голема сила. Империјата во серијата на австро-турските и руско-турските војни постојано доживувала порази и со секој потпишан мир станувала се послаба. Европските сили имале големи територијални претензии врз Империјата, а т.н Источно прашање станало едно од главните меѓународни прашања во Европа и Блискиот Исток. Меѓутоа, Империјата успеала на одреден начин, благодарение на Наполеоновите војни, да ја подобри својата положба и да ги искористи противречностите помеѓу големите сили. На внатрешен план, Империјата се соочила со анархија на цели области. Високата Порта и султанот го изгубиле својот престиж и не можеле да ги спроведуваат своите одлуки. Кон крајот на 18 и почетокот на 19 век, пашите кој ги добиле областите на управување, успеале да ги претворат во наследни пашалуци и често пати воделе политика спротивна од онаа на централната власт. Христијнаското население незадоволно до општата состојба почнало да истапува со барања за воспоставување на редот и мирот по провинциите или добивање на пошироки права во Империјата.

    • Положбата во Белградскиот пашалaк пред востанието

Во 1791 година бил потпишан Свиштовскиот мир со кој завршила војната помеѓу Хабзбуршката монархија и Империјата водена во периодот помеѓу 1788-1791 година. Со мирот, српското христијанско население се стекнало со амнестија, но останало под власта на Империјата. Во текот на оваа војна, Србите се бореле на страната на Хабзбурговците и биле организирани во доброволечки одреди под команда на домашни луѓе. По потпишувањето на мирот, српските првенци барале да се воспостави редот и мирот во Белградскиот пашалак, а положбата била сложена бидејќи српското население и понатаму било воружено. За да ја смири состојбата во оваа османлиска провинција, султанот Селим III бил подготвен да направи отстапки кон христијанското население. Тој издал неколку фермани во 1791, 1792, 1794 и 1796 година со кои на Србите им било дозволено да поседуваат оружје и да формираат милиции, решавање на локалните прашања, односно кнезовите да управуваат во селата, а оберкнезовите во кнежините. Српските првенци добиле право да ги собираат даноците и судска власт. Меѓутоа, најголемиот проблем било во тоа што централната власт не можела да ги спроведе султановите фермани, а јаничарите и муслиманското конзервативно население било против било какви остапки во полза на христијаните. Во претходниот период, централната власт со цел да ги острани јаничарите од османлиската престолнина, каде што тие често предизикувале нереди, почнала да ги поставува по провинциите каде што јаничарите успеале да ја преземат локалната власт и да си обезбедат за себе и за своите роднини голем број на села и имоти кои ги претвориле во чифлици. Во текот на австро-турската војна, Белград, седиштето на пашалукот бил под окупација на Хабзбурговците, а јаничарите биле принудени да се повлечат. По завршувањето на војната, јаничарите сакале да се вратат назад, а состојбата била затегната бидејќи српските првенци и христијанското насление се спротиставувале на таквиот стремеж. Централната власт, именувала нов паша кој добил задача да се пресмета со непосолушните јаничари и да ја подобри соработката со српските првенци. Набргу бил издаден ферман со кој јаничарите биле протерани од Белградскиот пашалак и се засолниле во соседните провинции.

  • Враќање на јаничарите

Протераните јаничари склучиле сојуз со видинскиот ајан Осман Пазваноглу, моќен османлиски феудалец кој ја контролирал територијата помеѓу Дунав и Стара Планина. Во 1797 година, јаничарите со помош на Пазваноглу го нападнале Белградскиот пашалак. Преставниците на централната власт и српските првенци започнале заедничка борба против јаничарите и нивниот сојузник. Во 1797 година, во пашалукот била формирана српска војска на чело со Станко Харбашиќ, која во април истата година броела околу 15 000 луѓе. Централната власт и српските сили успешно излегле на крај со јаничарите, а нивниот сојузник Пазваноглу во Видин бил опседнат во неговата тврдина. Меѓутоа, во 1798 година состојбата од корен се изменила. Наполеон извршил инвазија врз Египет, а Империјата се нашла во тешка положба. Поради надворешниот пристисок, Високата Порта и султанот решиле да се спогодат со бунтовничите елеменити во провинциите, а на јаничарите им било дозволено да се вратат во Белградскиот пашалак под услов да му се потчинуваат на тогашниот белградски управник Хаџи Мустафа. По враќањето, јаничарите се судриле со домашните оберкнезови и набргу истапиле и против самиот белградски паша. Хаџи Мустафа, неговиот син Дервиш-бег и српските првенци започнале борба против јаничарите. Но, во јули 1801 година јаничарите го освоиле Белград и го принудиле пашата да ја повлече својата војска. По заминувањето на регуларните османлиски сили и српската милиција во Ниш, на 15 декември, Хаџи Мустафа бил убиен, а власта се нашла во рацете на јаничарите и нивните водачи.

    • Владеење на дахиите

Јаничарите не преставувале компактна целина туку биле поделени на повеќе групи на чело со оделени водачи кои започнале да водат борба помеѓу себе за превласт во пашалукот. По завршувањето на борбите помеѓу јаничарите, власта била поделена помеѓу четворица нивни водачи т.н дахии: Алија Кучук, Аганлиј, Мула Јусуф и Мехмед-ага Фочиќ. Секој дахија добил оделен дел од пашалукот, а веднаш по преземањето на власта, започнале со укинување на султановите поовластувања за христијанското население и го засилиле притисокот. Високата Порта не можела да преземе ништо за да ја смири состојбата во пашалукот. Во Белград бил испратен Хасан-паша, меѓутоа тој не можел да ги контролира јаничарите. Портата плашејќи од можноста јаничарите да го повикаат Пазваноглу во Белград, решила да ги амнестира јаничарите и тоа со посебно писмо од 10 мај 1802 година. Владеењето на јаничарите ги обединило сите оние кои не биле задоволни од таквата состојба. Во Земун се собрале повеќе приврзаници на поранешниот паша Хаџи Мустафа, Срби и Турци, а од нив најактивни биле Петар Ичко и поранешниот благајник Хасан бег, кој ја имал подршката на повеќето спахии. Во летото 1802 година, тие се обиделе да организираат поголемо движење против дахиите, но поради прерано започнатата акција кај Пожаревац и Авала, движењето доживеало неуспех, а притисокот на дахиите врз спахиите се засилил. Незадоволните муслимани и христијани испратиле писмо во Цариград до султанот Селим III барајќи помош. Во почетокот на 1803 година, дванаесет срспки кнеза одржале сосотаноок во валевската нахија, на средбата особено се истакнале Алекса Ненадовиќ и Илија Бирчанин. Српските кнезови се договориле за 8 месеци да започнат борба против дахиите. Некои од српските првенци одржале средба во Шумадија, каде што донеле слична одлука. Кон крајот на истата година, Алекса Ненадовиќ испратил писмо до австрискиот командант во Земун, мајорот Митезер во кое го известил дека Србите се во лоши односи со дахиите и дека најверојатно ќе до дојде до воружена борба со нив.

    • Сеча на кнезовите

Сосема случајно писмото на Ненадовиќ се нашло во рацете на дахиите и решиле први да дејствуваат. На 4 февруари 1804 година, јаничарите го извршиле т.н Сеча на кнезовите во текот на оваа акција биле ликвидирани повеќе истакнати Срби, меѓу нив имало трговци, кнезови, свештеници, а особено на мета биле оние кои се истакнале во борбите против јаничарите. Главните жаришта на акцијата биле во источниот и западниот дел на Белградскиот пашалук, како и во Шумадија. Меѓу првите жртви биле кнезот Алекса Ненедовиќ и Илија Бирчанин ликвидирани во Валево, потоа кнезот Петар во Ќуприја и многу други, а меѓу последните жртви бил Хаџи Рувим. Бројката за убиените лица не е точно позната и варира. Според писмото на Михајло Пејиќ испратено до Стефан Стратимировиќ, бројот на жртвите изнесува 72 души. Меѓутоа во писмото испратено од српските првенци до рускиот престваник во Цариград од 3 мај 1804 година се споменува бројка од 150 души. Српските првенци кои се спасиле во т.н Сеча на кнезовите, еден дел од нив се засолниле, а дрги започнале да го организираат народот за борба против јаничарите во сите краеви на пашалукот. Во западниот дел на пашалукот, борбата била предводена од Јаков и Матеј Ненадовиќ, како и од Милош Обреновиќ. Во Шумадија, народот бил организиран и предводен од Караѓорѓе Петровиќ со помош на ајдучкиот војвода Станој Главаш. Во источниот дел на пашалукот, отпорот бил предводен од Миленко Стојковиќ, кнезот Момир Дугалуќ, Перта Добрњац и други .

  • Востание
    • Прва етапа

Во првата етапа, српските востаници не се побуниле против централната власт туку против јаничарите и нивните водачи. Во текот на овој период, востаниците ги продолжиле своите контакти и преговори со Високата Порта. Во оваа етапа, востаниците барале спроведување на ферманите издадени од султанот Селим III. Целта на востаниците била ослободување на пашалукот од дахиите, а не добивање на независност од султанот и Високата Порта. Востаниците во овој период сакале да добијат гаранции дека јаничарите ќе бидат протерани од пашалукот, како и укинување на нивната сопственост над земјоделските имоти.

    • Собирот во Орашец

Веднаш по т.н Сеча на кнезовите, во Шумадија најпрво средба одржале Ѓорѓе Петровиќ, кој од Османлиите бил наречен Караѓорѓе, Јанко Катиќ и Васо Чарапиќ, а набргу им се придружило локалното српско население и повеќе ајдуци, меѓу кои биле Станој Главаш и ајдукот Вељо. По пристигнувањето на веста за подготовка на борбата против дахиите, се кренало и населението до другата страна на Колубара, тука се истакнале братот на Алекса Ненадовиќ, Јаков и свештеникот Лука Лазаревиќ. Слична била состојбата и од онаа страна на Морава каде што се истакнале Миленко Стојковиќ и Петар Теодоровиќ Добрњац. Набргу речисите сето машко христијанско население во Белградскиот пашалук се кренало на оружје. На собирот на најугледните луѓе од Шумадија за водач на востаниците најпрво бил предложен Станоје Главаш, меѓутоа тој ја одбил понудата, а подоцна бил предложен кнезот еодосиј Маричевиќ, но и тој го одбил предлогот и на 14 февруари 1804 година на собирот во Орашец (Шумадија), од страна на 300 првенци од околината, за водач бил избран Караѓорѓе Петровиќ. Собирот во селото Орашец бил импровизиран собир на одреден дел од српските првенци, главно од Шумадија. Според изворите, на овој собир најмногу имало преставници од Крагуевачката нахија и кнежината Јасениц, како и од Рудничката нахија. Меѓу присутните биле и ајдуците на Станоје Главаш. Според некои српски историчари, собирот немал сесрпски народен карактер , меѓутоа со изборот на Караѓорѓе за водач биле поставени основите за формирање на централно востаничко раководство кое успешно ги предводело борбите против Османлиите.

    • Буна против дахиите

Дахиите биле изненадени од масовноста на востанието и разни подмитувања и преговори се обиделе да го спречат движењето. На 21 февруари 1804 година, Аганлиј со 400 јаничари заминал за Шумадија за да започне преговори со српските првенци. На средбите, Аганлија на востаниците им ведил подобрување на положбата на христијаните и укинување на хановите, а на Караѓорѓе Петровиќ му понудил парили или на територијата на Хабзбуршката монархија да му купи имот. Караѓорѓе личната понуда ја одбил, а во однос на промена на општата на соостојба во пашалукот побарал хабзбуршките власти да бидат гарнат дека јаничарите ќе ги спроведат своите ветувања. Бидејќи Аганлиј не можел да се договори со востаничките првенци решил да ги нападне, меѓутоа во битката кај Друлуп на 24 февруари неговите сили биле поразени, а самиот Аганлиј бил ранет и одвај се спасил бегајќи за Белград. Оваа битка била првиот судир помеѓу востаниците и дахиите, а победата која ја оставариле востаниците го кренал моралот на христијанското население. По овој пораз, дахиите повторно се обиделе да преговараат со српските првенци за постигнување на мир и испратиле своја делегација која на 4 март во Хасан-пашината палата во Смедерево била примена од Караѓорѓе. Српскиот водач како услов за постигнување на договор, побарал дахиите да се предадат, но неговото барање бил одбиено со што преговорите пропаднале. По неуспешните преговори, востаниците ги продолжиле своите акции и на 18 март го освоиле Рудник, а во април кај Боточин и Јагодина ги поразиле јаничарите. Остатокот од поразените јаничарски сили кои се повлекувале кон Белград биле разбиени кај селото Лештан од страна на востаниците предводени од Васо Чарапиќ. Кон крајот на април, целата територија на Шумадија била исчистена од јаничарското присуство, а во почетокот на март, околу 10 000 востаници предводени од Караѓорѓе се нашле во близната на Белград. На 20 март во Белград завладеала паника поради присуството на востаниците. Дахиите започнале организирање на отпорот и побарале помош од рани страни, особоено од Босна и Видин, а од друга страна биле подготвени на преговори и значајни остапки во полза на христијаните. Не можеле да побараат помош од Портата, бидејќи биле во лоши односи со неа, а некои од околните паши учествувале во борбите против јаничарите. Помошта им била скратена и од нивниот поранешен сојузник Пазвантоглу од Видин кој се стремел да го потчини Белград. Целата територија од Сава до Дунав била востаната, под команда на Јаков на Сава и Чарапиќ на Дунав, а меѓу нив се наоѓале востаничките сили под команда на Караѓорѓе и Катиќ, таквата состојба го привлекло вниманието на централната власт. Хасан бег, Ибрахим ага Видајиќ и други се обиделе во самиот Цариград се обиделе да го придобијат вниманието на големиот везир, укажувајќи му дека состојбата во Белградскиот пашалук се претвара во вистинска војна. Тие сметале дека е корисен отпорот против дахиите, големиот везир му дозволил на Хасан бег околу себе да ги собере спахиите кои побегнале од јаничарите, а Јован Рашковиќ кој тогаш се наоѓал во престолнината на Империјата го назначил за надгледник на царината во Белград, а од друга страна босанскиот паша добил наредба да ја презеем целата работа во свој раце, да ги протера дахиите и да го воспостави редот во оваа османлиска провинција. Босанскиот везир Абу Бекир со 3 000 луѓе пристигнал во Белградскиот пашалак и бил пречекан со најголеми почести. Неговото доаѓање ги исплашило дахиите, бидејќи постоела можност од склучување на сојуз помеѓу босанскиот паша и христијаните. Кон крајот на април, Караѓорѓе преговарал со австрискиот капетан Сајтински. На сосотанокот кој бил одржан, Караѓорѓе како преставник на востаниците побарал заштита од Хабзбуршката монархија. Меѓутоа, Хабзбурговците биле зафатени со Наполеон Бонапарт и сакале да ги сочуваат добрите односи со Високата Порта, отука барањата на востаниците биле одбиени. Австриските власти официјално ја гонеле српската емиграција, меѓутоа потајно Србите добиле дозвола за купување на оружје и муниција. Српските водачи отакао биле одбиени од Виена, решиле да се обратат до рускиот преставник во Цариград, во писмото кое било испратено до него била истакнати положбата и барањата на српското население, меѓутоа била истакната и верноста кон султанот. До собранието во Остружница, борбите во Белградскиот пашалук биле во полн ек. Во западниот дел, борбите биле предводени од Јаков и Матеј Ненадовиќ, а востанието се проширило во Колубара, Тамнав и Посавина. Ситуацијата се усложнила кога Османлиите од Шабац ја примиле веста за востанието во Шумадија и побарале помош од Али бег од Зворник кој со неколку стотина свои војници се упатил кон овој град. Меѓутоа, на 28 февруари 1804 година во битката кај Свилеув, неговите сили биле поразени, а победата на востаничките сили допринела за разгорување на движењето во Шабачката нахија. На 18 март, востаничките сили го освоиле и запалиле Валево, а Шабац бил опседнат. На опседнатите јаничари им пристигнала помош од Босна, кон крајот на април кај манастирот Чокешин востаниците предводени од Јаков Ненедовиќ биле поразени од босанските сили, во борбите особено се истакнале браќата Дамјан и Глигорије Недиќ . И покрај поразот, востаниците успеале да го освојата Шабац и поголемиот дел од нивните сили биле испратени кон Белград. За борбите во Пожаревачката нахија во текот на февруари нема конкретни сведоштва. Од достапните информации се дознава дека под водството на Миленко Стојковиќ и некои други првеници, било покренато востание, а локланото муслиманско население се засолнило во градот Пожаревац, каде што започнале со организирање на одбраната. Со доближувањето на востаничките сили од Дунав, за случувањата во оваа нахија се зголемуваат сведоштвата. Во извештајот на австриските власти од 8 март се напоменува дела целата Пожаревачка нахија, која ги опваќала Браничево, Звижд и Горњак, се наоѓа во востани и дека има околу 2 000 души на оружје. Миленко со големи сили започнал да го стега обрачот околу Пожаревац, а во градот тогаш имало околу 1 000 куќи у околу 1 500 воружени муслимани. Здружените востанички сили успеале да ја исчистата Пожаревачката нахија, а ноќта на 7 март востаниците се упатиле кон Пожаревац, кој подоцна бил принуден да се предаде. Во тој период, Ѓуша Вуличевиќ го опседнувал Смедерево. Од смедеревската област во Ресава се префрлил Стојко Кривокуќ од Аџибеговец, по неговото пристигнување и оваа област се кренала на востание. Во средината на март 1804 година, востаниците ги исчистиле силите села во белградската нахија, а муслиманското населние се засолнило по градовите и тврдините, како што се Белград, Шабац, Пожаревац, Смедерево, Јагодина, Крагуевац и други.

    • Собранието во Остружница

Oд 6 до 15 мај 1804 година се состанале српските првенци за да го утврдат понатамошниот тек на востанието. На собирот, покрај Караѓорѓе Петровиќ, учествувале: Станоје Главаш, Младен Миловановиќ, Ѓуша Вуличевиќ, Тодосије Маричевиќ (Булатовиќ) од Орашец, Јанко Катиќ, Васо Чарапиќ, Сима Марковиќ, Алекса Лазаревиќ од Сопиќ, Павле Поповиќ од Вранич, Јуриша Михаиловиќ од Грабовец, Петар Ериќ од Звечак, Ѓорѓе Миловановиќ од Железник, Марко Дољахчевиќ од Остружница, Радоје Трнавац од Раниловиќ, Ристо Радојчиќ од Блазнав, Танаско Рајиќ од Страгара, Ранко Радиќ од Неменикуќа, Рака Левајац, Матеј Ненадовиќ, Милоје Петровиќ од Трнава, Михаило Лазаревиќ од Сопиќ, Милан Обреновиќ од Брусница, Теодосије Филиповиќ од Книќ, Сава Игуман Раванички, Јосиф Игуман Калениќки, Милоје Вукашиновиќ и други. Главно прашање со кое се занимавале српските првенци идните преговори со дахиите, а станало збор и за понатамошниот развој на востанието, организацијата на новите власти, набавката на муниција и слично. Собранието на српските превенци одлучило да се побара: дахиите да го напуштат Белград, секој везир да управува според султановит ферман од 1793 година, вп секоја нахија да има судница и на секој христијанин да му се суди според законот, слобода на веросиповед, слободна трговија, христијанското население самостојно да ги бира своите кнезови. Во текот на работата на собранието, со посретство на командантот на Славонската краина, генералот Џенејн, бил организиран сосотанок помеѓу српските првенци и преставниците на дахиите на 10 мај во Земун. На средбата, српските првенци побарале во Белградскиот пашалок да стапи во сила самоуправните поваластувања од 1793 година, јаничарите да го напуштат пашалукот и Хабзбуршката монархија да биде гарант на договоорт. Преставниците на дахиите ги одбиле барањата на српските првенци, а собранието во Остружница решило да продолжи борбата против дахиите.

    • Опсада на Белград

По неуспешните преговори во Земун, водачите на српското востани започнале своите сили да ги групираат околу Белград. Крагуевачката и рудничката востаничка војска биле предводени од Караѓорѓе Петровиќ, а баљевската и шабачката војска била предводена од Јаков и Матеја Ненадовиќ, Живко Дабиќ, Остоја Спуж и Андреја Витомировиќ. Нивна основа цел била освојување на Белград. На 9 мај 1804 година, Караѓорѓе заминал во пресрет на валевската војска, а муслиманските сили предводени од дахиите и Алиј Гушанац несупешно се обиделе да го спречат. Во битката која се разврзала, српските востаници постигнале победа со која се зацврстила опсдата на Белград. Набргу пота, востаниците усепале да ги освојата Пожаревац и Смедерево. Погубување на дахиите Босанскиот везир Абу Бекир од централната власт добил задача да го воспостави ред и мирот во Белградскиот пашалак, а добил и султанова дозвола за ликвидација на четворицата дахии. Со овој чин османлиските власти се надевеле дека ќе смираат востаната христијанска раја во оваа провинција. Абу Бекир ги изолирал четворицата дахии на островот Ада Кале, а потоа им овозможил на српските првенци да ги ликвидираат. Во обид да ги придобие српските водачи, Абу Бекир назначил дваесет кнеза и им ја доверил управата над градовите во Белградскиот пашалок, со што исполнил дел од барањата на востаниците. по ликвидирањето на дахиите, сосотојбата во Белградскиот пашалак не се подобрила. Јаничарите останале во оваа османлиска провинација, тука било и конзервативното муслимаско население кое било против било какви остапки во корист во полза на христијанското населнеие и Србите кој сеуште биле воружени. Во зимата и летото 1805 година, јаничарите повторно се одметнале, го опустошиле паѓалокот и успеале да го соборат Абу Бекир.

    • Дипломатска активност

Победите на востаничките сили ја зголемиле самодовербата на српските првенци кои биле подготвени да ги продолжат контактите со Високата Порта, меѓутоа решиле да побараат заштита од големите сили. Во овој период од востанието, биле нправени првите обиди за добивање на помош од Виена и Санкт Петербург. Српските првенци најпрво се обратиле кај Хабзбурговците меѓутоа биле одбини. Во 1804 година во Руската империја била испратена делегација која побарала еден вид на гаранат за автономијата. Српската делегација имала средба со рускиот министер за надворешни работи Адам Чарториски. Тој ги советувал да преговараат со Портата. Руската империја во овој период водела политика на соработка со османлиската власт. Додека српските водачи се обидувале да ја добијат наклонетоста на двете големи европски сили, султанот решил да ги смири востаниците преку преговори. Тој ги замолил влашкиот и молдавскиот кнез да бидат посредници помеѓу востаниците и Високата Порта. Во есента 1804 година, влашкиот кнез го испратил својот преставник кај востаниците, кој пак од своја страна ја истакнале својата верност кон султанот и централната власт. Востаниците од Портата побарале да го острани Алиј Гушанац од Белград, а преговорите и евентуланиот договор со Абу Бекир да биде гарантиран од една голема сила. Меѓутоа, не бил постигнат договор, султанот од своја страна ги одбил востаничките барања, а српските водачи одбиле да ги распуштат востаничките сили.

  • Втора етапа

Втората етапа од востанието започнала во август 1805 година, кога српските востаници за прв пат се судриле со регуларни сили на османлиската држава. Во овој период, востаниците биле подготвени да ги продолжат преговорите со Високата Порта со цел добивање на широка автономија, нивните барања не се разликувале од барањата од првата етапа на востанието. Борба против централната власт Султанот Селим III повторно се соочил со криза. Ссотојбата била сложена, јаничарите биле непослушни поданици, влијателните муслимани се спротиставувале на остапките што им се давале на христијаните, а Србите не сакале да се разоружат. Централната власт стравувала од отворено востание против нејзиата власт од Србите, меѓутоа постоела можност и од османлиски отпор. Караѓорѓе ги послушал советите на посредниците да води толернантна политика кон Портата и го намалил бројот на српските сили околу Белград. Меѓутоа, во март 1805 година востаничките сили кои биле дислоцирани од Белград кон Западна Морава, каде што требало да ги освојат Карановц, Трстеник, Пожеге и Ужице, останатите востанички сили биле распоредени кон Голема Морава каде што требало евентуално да го спречат османилското навлегување. Султанот Селим III ја променил својата политика, наместа да ги смири Србите, тој решил да ги задуши. Високата Порта му наредила на новоименуваниот белградски паша Хафиз паша, дотогашен заповедник на Ниш, да ги нападне и уништи востаничките сили. Хафиз паша пристигнал до Голема Морава каде што бил пречекан од Караѓорѓе и Миленко Стојковиќ. Стојковиќ во селото Иванковец изградил систем на утврдувања. На 18 август 1805 година, започнала битката кај Иванковец. Хафиз паша со своите сили утрото на 18 август ги нападнал српските сили, битката траела цел ден, а востаниците биле принудени да се повлечат во главното утврдување. Ноќта на помош на востаничките сили им пристигнал Караѓорѓе по што Хафиз паша бил принуден да се повлече кон Параќин, а потоа кон Ниш. Битката кај Иванковец била една од најголемите во текот на востанието. Со оваа битка, започнала втората етапа од востанието, борба против централната власт. Во 1806 година, османлиските власти се подготвувале за конечно пресметување со востаниците. Бил предвиден напад на Белградскиот пашалок од три правци: од Видин, од Ниш и од Босна. Востаниците своите сили ги насочиле надвор од пашалокот кон Кладово, Параќин, Крушевац, Вишеград, Нов Варош, Шабац и Белград. Миленко Стојковиќ ги освоил Пореч, Кладовов и Неготин, Добрњац ги освоил Параќин, Ражањ и Алексинац, Главаш и Младен Миловановиќ го освоиле Крушевац. Радич Петровиќ продрел во долината на Ибра и ја освоил Пазарската нахија, меѓутоа бил поразен од Сулејман паша Скопјанецот. На исток, востаниците го поразиле Пазвантоглу. Босанската војска ги освоила Мачва и Подриње, а овие османлиски сили биле пречекани од Караѓорѓе. Дошло до одлучувачка битка кај Мишар на 13 август 1806 година во која осналиските сили биле поразени и пшринедни на повлекување кон Шабац. Везирот Ибрахим паша со својата војска продрел во долината на Морава, а востаниците го дочекале во Делиград каде што цели пет недели се спротиставувале. Караѓорѓе по победата кај Мишар се упатил кон Делиград за да им помеогне на опколените востанички сили. На 3 септември се одиграла одлучувачката битка кај Делиград, уште пред доаѓањето на Караѓорѓе, во текот на која востаниците предводени од Добрњац, Главаш и Миловановиќ ги победиле османлиските сили. Охрабрени од победите кај Мишар и Делиград, востаниците започнале офанзива. Станој Главаш го запалил Прокупле и продрел до Лаба, Бањска и Брвеник. Караѓорѓе стигнал до Нипа, а Миленско Стојковиќ до Видин.

  • Организација
    • Врховен војвода и водач

Во почетокот на востанието Караѓорѓе Петровиќ бил избран за водач на востаниччите сили. По мај 1804 година, Караѓорѓе ги потпишувал своите прокламации со титули како што се врховен војвода и водач. Поради опасноста, српските првенци ја прифатиле потребата од воспоставување на силна власт. Караѓорѓе станал значајна фигура иако се соочил со се поголема опозиција. Караѓорѓе Петровиќ бил роден во Шумадија, а неговото семејство кое било сиромашно емигрирало во Хабзбуршката монархија. За време на Австро-турската војна, Караѓорѓе станал член на српските фрајкорпуси и се борел во Западна Србија. По воспоставувањето на мирот се вратил во Шумадија каде што започнал да се занимава со трговија. Караѓорѓе се приклучил во христијанската милиција која имала овластување од Селим III и станал офицер. Караѓорѓе се стекнал со значително воено искуство уште пред востанието. Иако имал титула на врховен командант на востаничките сили, Караѓорѓе биле само еден од многуте слични српски првенци кои имале престиж и моќ по окрузите. Првенците биле подготвени жестоко да ги бранат своите лични позиции и биле нетрпеливи кон секоја централна власт. Во 1805 година, Караѓорѓе дал согласност за формирање на еден Управен совет (на словеносрпски: Правитељствујушчи совјет сербскисо) кој требало да ја дели власта. Во почетокот тој успеал во Советот да именува свој приврзаници, а во 1808 година се прогласил за наследен врховен водач. На сите главни позиции, Караѓорѓе поставувал свои приврзаници. Правитељствујушчи совјет сербски Според нацртот изработен од Грујовиќ, Советот се состоел од 12 избрани преставници од 12 нахии. На чело на советот стоел претседател кој бил биран од 12 -те преставници секој месец. Биле предвидени и 6 министри кои исто така биле бирани од страна на членовите на Советот. Меѓутоа, министерставата биле воведени дури во 1811 година и тоа за: војска, финансии, правда, просвета и црква. Првото седиште на Советот се наоѓало во манастирот Вољавча, под планината Русник, а подоцна било пренесено во манастирот Боговач. Во тој период нахиите биле реорганизирани во магистрати (судови). По освојувањето на Смедерево 1806 година, Совететот се префрлил во овој град, а повторно го сменил своето седиште по ослободувањето на Белград во 1807 година, каде што останал се до крајот на востанието во 1813 година.

    • Ичков мир

И покрај воените успеси, српските водачи и понатаму биле подговени да преговараат со Високата Порта врз основа на поранешните барања за добивање на поголеми права. Во летото 1806 година, востаниците во Цариград го испратиле Петар Ичко кој во име на востаниците требало да ги престави нивните барања. Ичко во престолнината на Империјата пристигнал кон крајот на јули 1806 година и со посретство на цариградскиот патријарх ги започнал преговорите. Тој вешто ги искористил османлиските порази кај Мишар и Делиград во август истата година, како и влошувањето на односите помеѓу Османлиската и Руската империја. Ичко успеал да ја убеди Портата да ги прифати барањата на востаниците. Во септември 1806 година, Ичко склучил мир со Портата, според кој јаничариите биле протерани од Белградскиот пашалок, Србите требало данокот да го плаќаат со одсек, а требало да го прима султановиот мухаил, јавните служби и чувањето на границите требало да ги извршуваат Србите. Меѓутоа, тоа не било мир во вистинска смисла на зборот бидејќи не постоел пишан документ кој би го гарантирал .

    • Освојување на Белград

И покрај преговорите на востаниците за постигнување на договор со Високата Порта, тие решиле да не го прифатат Ичковиот мир. Меѓународната состојба во 1806 година се изменила, односно Руската и Империјата ги расипале односите, во тоа време руската армија била стационирана во Дунавските кнежества, една руска флота дејствувала по Јадранското Море, а руските сили со помош на Црногорците ги освоиле Котор и Будва. Сето тоа влијаело врз востаниците и српските водачи решиле да ја продолжат борбата со руска помош. Во септември 1806 година, Петар Ичко и мухасилот Хасан ага пристигнале во Белградскиот пашалок со задача да ги пренесат усните ветувања. Во октомври истата година, востаничкото собрание во Смедерево ги примило условите за мир испратени од Портата, а Ичко бил испратен во Цариград за конечно утврдување на договорот. Додека Ичко престојувал во престолнината на Империјата, Караѓорѓе решил да дејствува. На 30 ноември , Белград бил освоен, а на 27 декември паднала и османлиската тврдина. Во јануари 1807 година, Портата ги усвоила условите на Ичковиот мир, меѓутоа по освојувањето на Белград, српските востаници се повразле со Руското царство и ги отфрлиле одредбите на Ичковиот мир. Самиот Петар Ичко одвај се извлекол од Османлиското царство. Српските водачи го отфрлиле договорот бидејќи немало гаранција дека тој ќе биде спроведен откако ќе поминела руската опасност.

    • Српско-руска соработка

Во јуни 1807 година во Белград пристигнал рускиот емисар, маркизот Ф. О. Паулучи со задача да изврши проценка на ситуацијата и да види што им е потребно на српските востаници. Маркизот немал дозвола од руската влада за постигнување на регуларен договор со востаниците. Меѓутоа, тој во јуни склучил формална конвенција. Според неа се предвидувало руска помош за српските востаници и зацврстување на руското влијание во иднина. Со членот еден се предвидувало: Српскиот народ најпонизно го моли Неговото царско височество да именува способен управител кој ќе внесе ред меѓу луѓето, ќе управува со српската територија и ќе состави устав во согласност со обичаите на народот. Спроведувањето на уставот треба да се извршува во името на Неговото царско височество Александар Први Со овој договор, српските востаници и нивните водачи направиле јасен избор, тие ја одбиле османската понуда на автономен статус и одлучиле да и се приклучат на Руската империја и борбата за целосна независност. Меѓутоа српските водачи не знаеле дека за преговорите не е дадено овластување од Санкт Петербург. Одлуката што ја донеле српските востаници се покажала како погрешна. Приваќањето на рускиот сојуз се совпаднал со средбата на Наполеон Бонапарт и Александар I во Тилзит. Двата монарха склучиле договор со кој биле решени повеќето спорни прашања. Со договорот, Наполеон се согласил да се обиде да преговара за примирје помеѓу Руската империја и Османлиското царство. Договорот спречувал било каква поголема помош за српските востаници од Русија. Во август 1807 година, Русија и Османлиското царство склучиле примирје. Рускиот цар не ги одобрил неговите услови, но следувал период на двегодишен мир. Во 1809 година, српските востаници добиле помала руска помош. Ситуацијата се подобрила во 1810 година кога бил воспоставен одреден степен на руско-српска воена соработка и кога со операциите против Османлиското царство командувал генералот Кутузов. Во тој период спрспките востаници добиле одредено количество на оружје, муниција, медицински резерви и финансиска помош.

    • 1807-1812

По 1807 година, успесите на востаниците постепено опаѓале, а крајниот исход на самото востание се повеќе зависело од меѓународните случувања и односите помеѓу големите сили. Во овој период дошло до раздор меѓу востаничките водачи. Караѓорѓе и понатаму бил прва личност но се соочил со поголема опозиција. Локалните српски првенци не сакале да ја предадат власта во рацете на еден човек и да прифатата секундарна позиција во власта. Тие се спротиставувале на секаков трансфер на власта во полза на една централна влада и водач. Меѓутоа, Караѓорѓе успеал да ја задржи власта во своите раце. Во 1808 година, меѓународната политичка сцена повторно била непогодна за српските востаници. Наполеон Бонапарт и рускиот цар Александар I одрале средба во Ерфурт каде што било видливо дека неможат да се усогласат околу Источното прашање. Во меѓувреме се влошила и внатрешната положба во Империјата. Во Цариград, султанот Селим и неговиот наследник Мустафа IV биле соборени и ликвидирани, на османлискиот престол седнал Махмуд II. Оваа политичка криза ги принудила Османлиите повторно да им понудат на востаниците, широка автономија, меѓутоа двете страни не можеле да се договорат околу границите на автономната српска држава. Од своја страна, српските востаници сеуште сакала гранација од некоја голема сила. Различните погледи допринелe да не биде постигнат договор. Во 1809 година, борбите помеѓу востаниците и Османлиите биле возбновени по две години на затишје. Српските востаници очекувале воена помош од страна на Руското царство, меѓутоа била испратена мала помош. Востаниците биле принудени да заземата дефанзивна позиција, а во август 1809 година една османлиска армија се упатила кон Белград. Османлиската армија внела паника меѓу христијанското населени, а Србите започнале масовно да го преминуваат Дунав, меѓу нив бил и рускиот преставник Родофиникин. Караѓорѓе се соочил со пораз и се обратил за помош кон Наполеон Бонапарт и Хабсбуршката Монархија, меѓутоа без успех. Османлиите не успеале да ја освојат целата востаничка територија, но српските востаници се нашле во дефанзива, нивната нова цел била да ги задржат териториите што ги контролирале, а не нови освојувања. Востаничката положба се подобрила во 1810 година кога добиле поголема руска помош.

      • Букурешки мировен договор од 1812 година

Во 1811 - 1812 година, меѓународната сосотојба повторно не била погодна за српските востаници. Руското царство се соочило со француска инвазија, а руските дипломати извршиле притисок за склучување на договор со Османлиите. Во текот на овие разговори, Русите се стремелe да ги добијат Дунавските кнежества или во крајна мера само Молдавија. Пoложбата на востаната Србија била од второстпено значење за Руското царство во тој момент. Меѓутоа, востаниците не биле заборавени. Со членот 8 од Букурешкиот договор од 1812 година било предвидено Османлиите целосно да ја окупираатвостаничката територија и да ја воспоставата својата власт. Османлиските сили требало да се вратат: Но со цел овие трупи на никој начин да не ги вознемируваат Србите спротивно на нивните права како поданици, Великата Порта, потикната од чуството на милозливост, ќе ги реши со српската нација неопходните безбедносни прашања. Таа ќе им гарантира на Србите, на нивно барање, исти поовластици што ги имаат нејзините поданици на островите од Архипелагот и на другите земји и ќе стори се да се почуствуваат ефектите на големата милост со тоа шо ќе им ја предадае администрацијата на нивните внатрешни работи, целосно ќе ги фиксира нивнит еданоци, ќе ги прима од нивна рака и накусо, ќе ги реши сите прашања со српската нација

  • Задушување

Востаничките водачи не биле запознаени со преговоите и договорот помеѓу Османлиите и Руското царство, а руската влада не ги информирала за нивната содржина. Србите ги дознале условите кога османлиските власти побарале нивно исполнување. Српските водачи најмногу биле погодени од одредбата која предвидувала Србија да биде окупирана од османлиската армија. Преставниците на Руското царство ги советувале српските водачи да преговараат дирекно со османлиската власт по прашањето за автономијата која во Букурешкиот договор не била доволно јасна. Положбата на востаниците уште повеќе се влошила кога Русите биле принудени да ги повлечат своите сили од Србија, Влашка и Молдавија. Русија не била во позиција да изврши притисок врз Високата Порта за да ги почитува обврските од договорот. Востаничката благајна била празна, борбите кои се воделе од 1804 година ја оставиле Србија без средства за борба против Османлиите. Руското царство целосно било зафатено со француската инавазија на Наполеон Бонапарт и неможело да им помогне на српските востаници. Во јули во Србија биле испратени три османлиски армии, во јачина од четврт милион војници: 130.000 од Босна, 60.000 од Ниш и 60.000 од Видин. Со 100.000 војници од запад продрел босанскиот везир, востаниците биле поразени на Морава, Дрина и Тимок. Во септември се разврзала битката кај Равње. Востаниците биле поразени, Зеко Буљубашијата загинал со своите 800 луѓе, а живоите ги изгубиле и уште околу 3 000 востаници. Во оваа борба загинале и други истакнати српски водачи: Петроније Шиша и Јоксим Карамарковиќ. Битката кај Равње била последната борба во Првото српско востание. Во октомври 1813 година, Караѓорѓе заедно со владиката Леонтиј и други членови на српската влада го преминале Дунав и се засолниле на територијата на Хабсбуршкото царство. Четири дена подоцна османлиската армија го освоила Белград, а востанието било задушено. По возбновувањето на османлсиката власт во Србија, била прогласена општа амнестија, голем број на емигранти се вратиле од хабзбуршите територии. Српските првенци кои не ја напуштиле земјата, се потчиниле на власта на новиот белградски паша Сулејман Скопјанецот. Меѓу овие српските првенци се наоѓал и Милош Обреновиќ кој бил назначен за оберкнез на Рудник. Набргу потоа главнината на османлиската армија ја напуштила Србија, но состојбата и понатаму останал сложена. Србите и понатаму биле воружени и биле побројни од Османлиите, прашањето за администрацијата останало отворено, долгите години на борба оставиле зад себе горчливо чуство меѓу хритијаните и муслиманите, а на двете страни постоеле услови за појава на инциденти и злосторства. Иако востанието било задушено, тоа преставувало основа за кревање на Второто српско востание во 1815 година, по кое уследило создавањето на Кнежеството Србија на чело со Милош Обреновиќ.

Руско-турска војна (1806-1812)[уреди]

Руско-турската војна (1806—1812) се водела помеѓу Руската империја и Империјата. Војната ја започнала Империјата, која сакала да ги заземе Молдавија и Влахија. Оваа војна е дел од т.н. Наполеонски војни. Војната завршила со потпишување на договор во Букурешт на 8 мај 1812 година, според кој, Бесарабија (источната половина од Молдавија) била припоена кон Руската империја, реката Прут станала нова западна граница на Руската империја. Исто така Русија се здобива со право на трговија низ реката Дунав.

  • Позадина

Војната започнала во 1806 година од османлискиот султан Селим III кој бил охрабрен од рускиот пораз во битката кај Аустерлиц и кој бил советуван од страна на Франција за воен поход. Франција во исто време ја окупирала Далмација и целта била да навлезат во дунавските кнежества. Со цел да се заштитат руските гранични војници од евентуална француска инвазија 40.000 припадници на рускиот контингент навлегле во Молдавија и Влашка. Султанот реагирал со блокирање на Дарданелите за руската бродови.

  • 1806-1808

Првично, царот Александар I не сакал да се концентрира на војната против Империјата, а неговите односи со Наполеон сеуште биле неизвесни и главниот дел од неговата војска била окупирана со борба против Наполеон во Прусија. Големата османлиска офанзива довела до руска окупација на влашкиот град Букурешт по кое следувале порази на османлиските сили на 2 јуни 1807 година кај Обилештија и Ахурјан на 18 јуни. Во меѓувреме, руската царска морнарица ги блокирала Дарданелите и ги поразила Османлиите. По овој пораз Селим III бил симнат од власт. И покрај тоа османлиската флота доживеала уште еден пораз следниот месец во битката за Атос.

  • 1808–1810

Војната била на самиот крај доколку не бил потпишан договорот во Тилсит под услови на Наполеон. Ова примирје го искористил рускиот цар Александар I каде поголемиот дел од своите воени сили ги префрлил од Прусија во Бесарабија. Така јужната руска армија броела околу 80.000 луѓе. Рускиот генерал Прозоровски направил мал напредок. Во август 1809 година руските сили успеале да го поминат Дунав и да ја заземаат Добруџа. По ова започнала опсадата на Силистра но кога пристигнала веста дека 50.000 турски војници доаѓаат кон градот, руските сили се повлекле во Бесарабија. Следната 1810 година следувале порази на Османлиите кај Силистра и Шумен.

  • По војната

По успехот на Русите дошло до битка во 1811 година кога кон Русе се упатиле 60.000 османлиски војници. По ова рускиот генерал Кутузов започнал повлекување на своите сили во денешна Романија минувајќи ја реката Дунав. Но по еден месец еден одред од руските сили се вратил преку реката Дунав и потполно ги изненадил силите на Ахмед Паша. На 2 октомври повеќе од 9.000 османлиски војници биле убиени. Сето тоа довело до барање на мировен договор кој бил потпишан во Букурешт. Според договорот на Русија била отстапена Бесарабија и покрај тоа што оваа земја припаѓала на нејзината вазална држава Молдавија,

Англо-турска војна (1807-1809)[уреди]

Англо-турската војна (1807-1809) е дел од Наполеоновите војни. Во летото 1806 година за време на војната со Третата коалиција (Британија, Русија, Прусија, Шведска), амбасадорот на Наполеон генерал Себастијан се обидел да ја убеди Високата порта да ги укине сите специјални привилегии дадени на Русија во 1805 година и да ги отвори Дарданелите само и исклучиво за француски воени бродови. Во замена Наполеон ветувал помош на султанот за задушување на востанието во Србија и обновување на изгубените отомански територии. Кога во 1806 година руската армија тргнала кон Молдавија и Влашка, Османлиите објавувиле војна на Русија. За време на Дарданелската операција во септември 1806 година, Британците го притиснале султан Селим III да го протера Себастијан и да објави војна на Франција. Откако Селим го отфрлил ултиматумот, британските сили влегле во Дарданелите на 19 февруари 1807 година, ги уништиле османлиските морски сили во Мраморното Море а по добиената француска помош на 8 март 1807 година се повлекле кон Средоземно Море. На 16 март 1807 година 5.000 британски војници го окупирале градот Александрија во Египет. Во меѓувреме Османлиите воделе тешка војна со Русија, а француската подршка била многу мала. Поради ова на 5 јануари 1809 година Османлиите го потпишале договорот од Дарданелите со Британците. Според договорот Османлиите им дале на британските трговци големи привилегии. Британија ветила дека ќе го заштити интегритетот на Империјата против француската инвазија

Отомански државен удар (1807-1808)[уреди]

Отоманските државни удари (1807–1808) се однесуваат на неколку државни удари и бунтови кои се случиле во периодот од 1807 до 1808 година во Империјата и кое довело до детонирање и враќање на тронот на три османлиски султани како резултат на обидите на султанот Селим III да воведе реформи во земјата. Империјата била во период на распаѓање кон почетокот на 19 век и изгубила голем дел од своите територии со кои владеела пред помалку од еден век. Поради застарените административци земјата сеуште била далеку од Западна Европа. Султаните упорно се трудиле да воведат одредени реформи но истите биле во голема мера одбегнувани од страна на конзервативните јаничари елитната војска на султанот. По смртта на Абдул Хамид I во 1789 година, неговиот внук Селим III сакал да ја модернизира земјата по примерот на Франција. Неговите напори за модернизација започнале во 1805 година, но тие реформи најмногу ги налутиле јаничарите кои започнале бунт против султанот и неговите реформи. На 29 мај 1807 година Селим бил соборен од власта од страна на јаничарите а за нов султан бил именуван Мустафа IV кој го затворил неговиот претходник во согласност со османлиските традиции. Мустафа ги помилувал бунтовниците и направил сојуз со јаничарите за да ги повлечат реформите на Селим. Јаничарите на чело со Алемдар Мустафа Паша се разочарале од новиот султан и во 1808 година започнал вториот бунт. Сепак Селим бил убиен од страна на султанот Мустафа а идниот Махмуд II пак успеал да побегне. Во меѓувреме бунтовничките сили ја опколиле палатата, по кое влегле во палатата и го уапсиле на Мустафа а за нов султан бил избран Махмуд. Махмуд за голема везир го назначил Алемдар Мустафа Паша, лидер на востанието што го поставил како султан. Неговите реформи биле прекинати кога бил убиен големиот везир од страна на јаничарите. Махмуд иако ги налитил јаничарите успеал да се задржи на престолот уште неколку децении. Тој се ослободил од притисокот на јаничарите. И покрај тоа што продолжил со реформите империјата продолжила да пропаѓа.

Мустафа IV[уреди]

Мустафа ІV (османлиски јазик: مصطفى رابع Muṣṭafā-yi rābi) (8 септември 1779 во Отомански Константинопол - 15 ноември 1808 во Отомански Константинопол) бил дваесетидеветиот султан на Империјата во периодот од 1807–1808 година. Овој султан ги наследил и уништил реформите на Селим III во 1807 година. Мустафа IV наредил да биде убиен Селим III, но сам бил убиен по заповед на Махмуд II. Роден во Цариград, Мустафа IV бил дете на султанот Абдул Хамид I (1774-1789) и Ајше Сенијепервер султан. Заедно со својот брат Махмуд II биле последните машки членови од Отоманската династија. По симнување од престолот на Селим, Мустафа како поголем брат го наследил . И покрај тоа што на Селим Мустафа му бил омилен принц и престолонаследник, сепак тој ги симнал од власт под притисок на јаничарите. Краткото владеење на Мустафа било турбулентно бидејќи јаничарите правеле немири во престолнината проследени со убиства и грабежи за секој кој ќе го подржал Селим и неговите реформи. Про-реформскиот командант Мустафа Паша започнал марш од Дунав кон престолнината против новиот султан чија цел била Селим да се врати на власт, а кога разбрал за ова Мустафа наредил да бидат убиени Селим и Махмуд. Но палатата била опколена од бунтовниците и Мустафа абдицирал од престолот надевајќи се дека МАхмуд е мртов заедно со Селим. Сепак Махмуд успеал добро да се сокрие и кога бил поставен за султан наредил Мустафа да биде убиен.

Махмуд II[уреди]

Махмуд II (османлиски јазик: محمود ثانى Mahmud-ı sānī) (20 јули 1785 во Отомански Константинопол - 1 јули 1839 во Отомански Константинопол) бил триесетиот султан на Империјата во периодот од 1808 до 1839 година. Неговото владеење е познато по големите административни, воени и фискални реформи кои кулминирале со воведување на Танзимат (реорганизација) која била извршена од страна на неговите синови Абдул Меџит I и Абдул Азис I. Во 1826 година по негова заповед бил ликвидиран јаничарски корпус. Го создал министерскиот совет.

  • Владеење

Негов татко бил Абдул Хамид I (1725 – 1789) а мајка — Накшидил валиде султан (1766 – 1817) која според некои историчари била роднина на Наполеон . Во 1808 година Махмуд наредил егзекуција на својот полубрат Мустафа IV и на својот братучед Селим III со цел да го смири бунтот во земјата. Селим бил убиен но Махмуд некое време бил скришно чуван од неговата мајка и на тронот бил ставен кога бунтовниците го собориле Мустафа IV. Лидерот на восттаниците подоцна станал голем везир на Махмуд II. Околу обидот за атентат врз Махмуд денеска постојат повеќе верзии. Според една од нив, еден од неговите робови, грузиската девојка по име Чеври ја собирала пепелта кога ја слушнала вревата во Топкапи сарај околу убиството на Селим. Така кога атентаторите се приближувале кон харемските соби каде Махмуд престојувал, таа започнала да фрла со пепел врз бунтовниците каде привремено ги заслепила. Ова му овозможило на Махмуд да побегне преку прозорец и да се искачи на покривот од харемот и влегол во една одаја каде се пресоблекол. Во исто време еден од лидерите на бунтот, Алемдар Мустафа Паша кога го видел мртвото тело на Селим, веднаш го прогласил на Махмуд за нов султан. Девојката која му помогнала на Махмуд била добро наградена и станала главен благајник во харемот како втора најважна функција според хиерархијата на харемот. Денека дел од т.н. Златен пат во харемот е наречен според неа . По крајот на бунтот, везирот ја презел иницијативата за продолжување на реформите кои биле прекината од страна на конзервативните сили во 1807 година. Но набргу везирот бил убиен а Махмуд II привремено се откажал од реформите. За време на првите години на владеењето на Махмуд II, вазалот на Египет Мехмет Али паша успешно ги вратил светите градови Медина (1812) и Мека (1813). Неговото владеење исто така го одбележало создавањето на прва отцепена држава од нејзината територија а тоа била Грција каде во 1821 година започнала Грчката војна за независност а завршила во 1827 година. Така според договорот од Константинопол во 1832 година Османлиите ја признале Грција. По ова следувало и француската окупација на Алжир во 1830 година. По примерот на Грција, нетурското население во империјата започнало со организирање на востанија за независност. Едно од најзначајните дела на овој султан било укинувањето на јаничарскиот корупус во 1826 година и формирање на регрутирана армија по примерот од Европа главно од Румелија и Анадолија. Исто така во текот на неговото владеење биле потчинети ирачките мамлуци а бил убиен и босанскиот муслиманин кој се борале за автономмија на Босна,, Хусеин Градашчевиќ. Махмуд ги започнал подготовките за танзиматските реформи во 1839 година. Танзиматот го означил почетокот на модернизација на империјата. Починал од туберколоза а според некои историчари тој бил убиен.

  • Реформи

Голем дел од неговите фермани се однесувале на забраната за конфискација на имот и намалување на моќта на пашите. По укинувањето на јаничарскиот корпус, нивниот борбен дух започнал да опаѓа па започнале да се занимаваат со трговија а имале право и да се оженат. Махмуд ги укинал и формалните права на диванот по кое бил воведен министерски совет. Махмуд II исто така приходите од вакафите ги ставил под државната администрација. Во негово време финансиската состојба на империјата била вознемирувачка и одредени социјални класи долго време биле подложени на големи даноци. Со ферман од 22 февруари 1834 година ги укинал давачките на јавните функционери кои кога поминувале преку некоја провинција биле навикнати да земат данок од жителите. Со ферман од 1834 година исто така бил укинат стариот начин за собирање на арач.

  • Второ српско востание

Второто српско востание претставува востание кое било дигнато од страна на Србите против Империјата во 1815 година. На чело на востаниците застанал Милош Обреновиќ . За разлика од Првото српско востание, ова востание довело до српска автономија во рамките на Империјата и воспоставување на Кнежеството Србија кое имало своја влада, со овој чин биле удрени темелите на модерна Србија.

    • Позадина

По задушувањето на Првото српско востание т.н Српско прашање не било решено. Везирот Хусрид Паша прогласил амнестија за сите српски востаници. Еден месец подоцна именувал дванаесет оберкнеза во дванаесет нахии на Белградскиот пашалок. На османлиската власт се предале некои од водачите на Првото српско востание, меѓу нив имало војводи и кнезови: Глигорије Радоичиќ, Милош Обреновиќ, Лазар Мутап, Арсеније Лома, Милич Дринчиќ, Павле Пљакиќ и Станоје Главаш. Во Белград била воспоставена власта на Сулејман Паша Скопјанецот, а главната сила на редовната османлиска армија го напуштила Белградскиот пашалок. Меѓутоа, состојбата била сложена со голем број на нерешени прашања, вклучително и најважното прашање - администрацијата. Србите сеуште биле воружени и биле побројни од преостанатите османлиски сили. Првото српско востание оставило горчливо чуство меѓу христијаните и муслиманите, а на двете страни постоеле услови за појава инциденти, судири и злосторства. Во почетокот српските првенци, меѓу кои бил и Милош Обреновиќ се обиделе да соработуваат со обновената османлиска власт. Кога во 1814 година избувнало т.н Хаџи-Проданова буна, Милош Обреновиќ се понудил да ја задуши под услов на учесниците во оваа локална буна да им се даде амнестија. Меѓутоа, Сулејман Паша Скопјанецот издал наредба за егзекутирање на некои од бунтовниците, а овој чин меѓу српското население предизвикал страв од можна масовна одмазда врз нив од страна на Османлиите. Убиствата извршени врз некои од учесниците од Хаџи-Продановата буна биле повод за започнување на нова борба на Србите против османлиската власт.

    • Востание

На 11 април 1815 година бил одржан голем народен собир , а меѓу нив биле и сите српски првенци од рудничката нахија и околните села. Народниот собир бил искористен како маска за разговорите на меѓу српските првенци за политичките односи со Османлиите. Отука, на 24 април се одржала средба на која било решено да се дигне ново востание против Империјата, а за водач бил избран Милош Обреновиќ

    • Борби

Воружените борби против Османлиите траеле околу 4 месеци. Високата Порта против востаниците испратиле две војски, една од територијата на Царството, а друга од самиот Белградски пашалок. Востаниците го опседнале Чачак и во текот на четириесет дена го држеле под опсада. Милош Обреновиќ , опасадата ја доверил на својот брат Јован Обреновиќ, Милич Дриниќ и Јован Добрач, а со својата војска се упатил кон север и кај Палеж се судрил со Османлиите, во битката која се разврзала, востаниците постигнале победа и заплениле два османлиски топа. По битката кај Палеж, востаниците воспоставиле контакт со српската емиграција во Австро-Унгарија, а Во Србија се вратиле војводите Петар Николајевиќ Молер, Павле Цукиќ, Стојан Чупиќ, Сима Катиќ и Сима Ненадовиќ. По битката кај Палеж, Мило со своите сили се упатил кон Валево, кое било држано под осада од страна на ПАвле Цукиќ. По пристигнувањето на Милош Обреновиќ, Валево било освоено. По падот на Валево, опсадата врз Чачак продолжила, а Османлиите извршиле напад врз востаниците кај Љубиќ, меѓутоа биле одбиени по што востаниците ја преминале Западна Морава и подигнале ровови на обалата. По поразот кај Љубиќ, Високата Порта испратила казнени единици од Ниш и Босна кон јужната и западната граница на Белградскиот пашалок, каде што востаничките сили биле концентрирани. Босанската војска била поразена кај Дубља, а Нишката војска претрпела пораз кај Љубиќ.

    • Крај

Борбите помеѓу двете страни го немале интензитетот како оној од Првото српско востание, меѓународната состојба била поволна за востаниците, походот на Наполеон Бонапарт доживеал неуспех, а постоела и можност од руска интервенција врз основа на членот 8 од Букурешкиот договор. Во Цариград, руските дипломатски преставници ја потикнувале Високата Порта да го спроведе членот 8. Портата решила да започне политика на смирување, по што Сулејман Паша Скопјанецот бил остранет од функцијата белградски паша. Веднаш потоа започнале преговори помеѓу српските преставниции везирот на Румелија, Маршали Али Паша. Во ноември 1815 година бил постигнат усмен договор, кој подоцна бил потврден со ферман од османлискиот султан. Во текот на преговорите, Милош Обреновиќ ги побарал и ги добил слични услови, оние што Високата Порта била подготвена да му ги гарантира на Караѓорѓе Петровиќ во текот на Првото српско востание. Милош Обреновиќ бил признат како врховен водач на Србија. Во Белград требало да се формира национален кабинет составен од 12 угледни Срби, кои би имал функција на највисок суд во областа. Било предвидено собирањето на даноците и решавањето на локалните прашања да им се доверат на српските првенци. На Јаничарите им било забрането да поседуваат земја. На Србите им било дозволено да поседуваат оружје, им биле гарантирани трговски привилегии и целосна амнестија. Со одредбите од договорот, Србија била воспоставена како полуавтономна држава што тено била поврзана со Империјата. Со ферманот од 1830 година, османлиската централна власт на српското кнежество му дало целосно автономен статус. Милош Обреновиќ бил признат за наследен кнез кој требало да владее заедно со собрание. Данокот требало да биде фиксен, а ниту еден муслиман не смеел да живее во Кнежеството Србија освен османлиските војници во шесте утврдувања што останале под контрола на Османлиите. Сите други муслимани требало да ги продадат своите имоти и да заминат. Прашањето за шесте окрузи било решено во 1833 година.

Грчка војна за независност[уреди]

  • Османлиска Грција

Поголемиот дел од територијата на денешна Грција, под власта на Империјата била во периодот од 15 век па се до прогласувањето на независност во 1821. Овој период од историјата на Грција е познат како Tourkokratia (грчки: Τουρκοκρατία ", турско владеење"). Византиската империја, која владеела со поголемиот дел од грчкиот свет, постоела во период од околу 1100 години. Нејзината престолнина Константинопол на неколку пати била опседнувана како од крстоносците, така и од Османлиите. Османлиското зазимање на Грција било проследено со претходното отоманско покорување на Србија на северниот дел од Балканскиот полуостров. Меѓу првите битки кои се одвивале на Балканот била т.н. Маричка битка во 1371 година кај реката Марица во која српските сили предводени од српскиот крал Волкашин Мрњавчевиќ претрпиле пораз. Истото се случило и во 1389 година во Косовската битка, при кое Османлиите конечно го зазеле овој дел од Балканот. По покорувањето на Србија, Османлиите во 1453 година го зазеле градот Константинопол, и веднаш по тој голем успех се упатиле во внатрешноста на Грција. Така во 1458 година ја зазеле и Атина. Грците власта на Пелопонез ја задржиле уште само две години. Во 1460 година, полуостровот бил во рацете на Венецијанската република и Џеновската република, но веќе во 1500 година поголемиот дел од полуостровот и разните помали острови припаѓале на Османлиите. Високите планини во Грција биле скоро недопрени, па тоа им претставувало единствено засолниште на Грците. Во 1571 година бил заземен Кипар. Венецијанската република Крит го држал до 1670 година. Јонските острови биле само на кратко во владеење на Османлиите (Кефалонија 1479-1481 и 1485-1500), и практично останале под власта на Венеција.

    • Миграција

Консолидацијата на османлиското владеење било проследено во два различни текови на Грчката миграција. Првата фаза на грчката миграција опфаќала голем број на интелектуалци, како на пример Василиј Висарион, Георгиј Гемистос Плетон и Маркос Муцорус кои мигрирале во Западна Европа, давајќи удел во веќе започнатата Ренесанса. Сепак, и покрај таа миграција, треба да се напомене дека миграциониот процес започнал многу порано, односно по падот на Константинопол во 1453 година. ).

    • Администрација и економија

Османлиска Грција била поделена во шест санџаци, и секој бил управуван од страна на санџакбеј, близок соработник на султанот кој престолнината на Империјата ја преместил во Цариград. Пред оваа поделба, Османлиите во империјата поделбата ја вршиле врз основа на религијата. Освоените територии и обработливите површини биле во сопственост на османлиските благородници, кои директно подпаѓале под авторитетот на султанот. Земјиштето не можело да се продава или наследува. Економската ситуација на мнозинството Грци во голема мера се влошила во текот на отоманската ера на земјата . Високите даноци кои им се налагале на христијанските селани, придонело грците да се занимаваат исклучително и само со земјоделство. Исклучок од ова правило бил градот Цариград и Јонските острови, каде што многу Грци живееле во просперитет.

    • Религија

По паѓањето на Константинопол под власта на Османлиите во 1453 година, на Цариградската патријаршија и било признаено првото да биде духовен водич на сите христијани во земјата, без разлика од каде потекнуваат. Патријархот бил одговорен пред султанот за однесувањето на православното население. Во првите векови од владеењето, Цариградската патријаршија го помагала црковното дело и училиштата и во голем степен се спротиставувала за напорите на Османлиите да го потурчат христијанското население на Балканскиот полуостров. Некои грчки градови, како Атина и Родос, ја задржиле општинската самоуправа, додека во сите останати биле ставени османлиски управители. Некои области, како на пример полуостровот Мани Пелопонез, и делови од Крит и Епир, практично останале независни. За време на честите турско-венецијански војни, Грците секогаш застанувале на страната на Вернецијанската република, со мали исклучоци. Грчката православна црква помагала во голем степен во зачувувањето на грчкото наследство. Како по некое правило, Османлиите не барале Грците да станат муслимани, иако многумина биле исламизирани поради нивната економска сиромаштија, и покрај тоа што тие го задржиле својот јазик и култура. Во очите на христијаните, сепак, тие се сметаат Турците. Некои Грци станале т.н. нео-маченици, како на пример Свети Ефраим и Свети Димитрија, некои пак Крипто-христијани (грчки муслимани кои биле тајна организација на Грчката православна вера). Наголемите прогони на христијание во Грција се случиле во времето на Селим I, кој се обидел да го искорени христијанското население од Империјата, наредувајќи конфискација на сите христијански цркви.

    • Даноци

Грците, исто така, плаќале данок на земјиште и данок на трговија, кои биле собрани од страна на Отоманската администрација. Како и сите немуслимански народи во империјата, така и Грците морале да го плаќаат данокот џизија, наместо данокот зекат како еден од Петте столбови на исламот, кои го плаќале муслиманите. Немуслиманското население не служело во армијата на султанот, но младите христијански деца често пати присилно биле исламизирани. Овој т.н. данок се нарекувал данок во крв. Данокот во крв или девширме се изразувало во периодичното наслино собирање на децата од машки пол од потчинените христијански народи во Империјата во нивната петгодишна возраст. Овој данок бил воведен во времето на Бајазит I во 14 век и продолжил сè до 18 век. Децата биле водени во Анадолија, во муслимански семејства, каде биле потчинети на голема исламска пропаганда, како и тежок физички труд. Оние деца, кои успевале се испраќале во касарните во Цариград, Едрене и Бурса. Честопати се нарекувани и јаничари. Во 1705 година, една група од млади момчиња од Науса биле испратени во Македонија. Но, по улиците на Солун се создале големи немири поради насилното потурчување. По брзата интервенција, бунтовниците биле обезглавени, а нивните глави забиени на кол во центарот на градот.

    • Демографија

Вклучувањето на Грција во составот на Империјата имало долгорочни последици. Етничкиот состав на населението значително се изменил. Турците интензивно се населиле во Тракија. По протерувањето на Евреите од Шпанија во 1492 година, голем дел од тоа население се населел во Солун, кој станал главен еврејски центар на империјата. Грчкиот јазик се распаднал на регионални дијалекти, во него се додале голем број на турски зборови. Грчката музика и грчката култура заедно со нејзините елементи биле под силно влијание на османлиската.

    • Падот на империјата

По неколкуте неуспешни опсади на Отоманците на градот Виена и нејвниот пораз, во 1683 година Империјата влегла во голема економска криза која довела до зголемување на корупцијата, репресија и неефикасноста на администрацијата. Ова довело до зголемување на незадоволството на населението и до избувнување на повеќе бунтови и востанија во империјата. Грчката популација до некој степен се зголемила во текот на 17 век, кога населението од малите населени места во планините се населиле по градовите. Од друга страна пак, грчката интелигенција и бројот на образованите луѓе се зголемувал. Во текот на 17 век и 18 век, се повеќе грчки службеници биле регрутирани во администативните, техничките и финансиските сектори на империјата. Во 1700 година, грците ги заземале едни од највисоките функции во Отоманската држава. Фанариотите, како класа на најбогатите Грци, живееле во Фенер, Цариград и бројот на истите постепено се зголемувал. Нивните патувања во Западна Европа, односно нивната трговија или дипломатија, довела до контакт со напредни идеи на либерализмот и национализмот, кое довело до почеток на создавањето на грчкото национално движење кое било главно насочено против османлиската власт. Исто така, многу грчки трговци и патници биле под влијание на идеите на Француската револуција. Грчкиот национализам бил, исто така, поттикнат од страна на агентите на Екатерина II, православниот владетел на Руската Империја, која преку тоа се надевала да се стекне со симпатии од грчкото население, и преку потикнување на христијански востанија против Османлиите да може да го зазеде Константинопол. Меѓутоа, за време на Руско-турската војна од 1768 година, Руската империја не успеела да го зазеде Цариград, главно поради дадената помош од страна на Франција и главно поради стратегиската положба на дарданелите, каде биле стационирани османлиите. Со Договорот од Ќучук Каинарџа, Керч бил отстапен на Русија. Русија придобила определени права врз грчките православни поданици на султанот, односно успеала да навлезе во административното управување на Османлиската импеирја. Ова се случило во време кога избила и Француската револуција, која дополнително го озночил почетокот на создавањето на активното националистичко движење на Грција. Во Наполеонските војни можеби не учествувал ниту еден грк, но сепак за нив овие војни имаат голермо значење ако се има предвид фактот што по заземањето на Венецијанската република, голем дел од Јонските острови припаднале на Грција. Во 1800 година била создадена првата островска држава во Јонско море наречена Септинсуларска република. Така, грците за прв пат по 1453 година добиле право на самоуправување, макар и под султански надзор. По крајот на Наполеонските војни, Грците со подршка и помош на Французите и Британците започнале да се спремаат за големата војна за независност.

      • Војна за независност

Тајната грчка националистичка организација наречена "Пријателско општество" била основена во Одеса во 1814 година. Членовите на организацијата планирале дигање на востание со поддршка на богатите грчки егзилски заедници во Велика Британија и САД. Тие, исто така, добиле поддршка во Западна Европа, како и од Русија. Организацијата ја подржувал и Јоанис Каподистриас, кој бил руски министер за надворешни работи. Тој станал лидер на вoстанието. На 25 март (сега грчки Ден на Независноста) 1821 година, православниот епископ Германос од Патра го означил почетокот на востанието. Востанието било застапено во цела Грција, вклучително и делови во Македонија, Крит и Кипар. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на Пелопонез непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани.

        • Масакрот на Хиос

Масакрот на Хиос се однесува на колењето на десетици илјади Грци на островот Хиос од страна на османлиските војници во 1822 година . Повеќе од 2.000 години, островот Хиос претставувал седиште каде поминувале голем број на трговци кои патувале преку Црно, Егејско и Средоземното Море. Па, според ова, островот бил од голема значајност за Империјата. Во март 1882 година, неколку стотици вооружени Грци од островот Самос дошле на островот Хиос. Тие започнале со уништување и рушење на џамии и напаѓање на локалното муслиманско население по кое се повлекле во една тврдина. Во меѓувреме, поголем број на жители од островот се приклучиле кон револуционерната организација. Сепак мнозинство од христијанското население на островот не го подржувале или пак не се приклучиле кон акциите на револуционерите против Османлиите. По нападите и воспоставувањето на контрола над островот од страна на Османлиите, околу 20.000 Грци од островот биле обесени, малтретирани, или измачувани до смрт. Околу 50.000 Грци од островот биле заробени а други 23.000 биле протерени. Само околу 2.000 Грци успеале да преживеат. Грчкиот збор σφαγή (македонски: масакр) најчесто се користи да се опишат овие настани. Неколку Грци кои преживеале во масакрот станале робови на богатите Турци и биле принудени да го прифатат исламот. Некои пак станале турски политичари. Еден од најпознатите такви случаи е Георгиос Стравелакис кој своето име го променил во Мустафа Казнадар, како и Ибрахим Паша Едем. . Овие настани предизвикале дополнителни симпатии на Западна Европа кон грчкото ослободително движење, иако некои се сомневале во руската позадина на востанието. Грчките востаници немале можност да создадат привремена влада на веќе ослободените делови на земјата.

        • Опсада на Триполи (1821)

Опсадата на Триполи или Падот на Триполи (грчки: Άλωση της Τριπολιτσάς) се водела помеѓу Грците и Османлиите и претставува дел од Грчката војна за независност во летото 1821 година. Оваа опсада е една од првите поголеми победи на грчките револуционери во борбата за независност од Империјата. Настанот е познат и како масакрот во Триполи, кој следувал откако Грците го зазеле градот врз муслиманското и еврејското население. Ова го пишува и историчарот В. Алисон Филипс, кој истакнал дека следеле страшни сцени по заземањето на градот.

  • Позадина

Триполи се наоѓа во средниот дел на Пелопонез и бил најголемиот град во јужниот дел на Грција како административен центар на Османлиската власт во Пелопонез. Во градот живееле многу богати Турци и Евреи, заедно со муслимани кои во градот нашле засолниште по започнувањето на немирите на Пелопонез. Од друга страна, во минатото локалните христијански жители често пати биле малтретирани од страна на Османлиската власт. Во 1715 година, во текот на повторното освојување на Пелопонез од страна на Османлиите, било масакрирано грчкото население на овие простори. Во 1770 година следувал неуспешен обид за заземање на градот. Обидот е познат како Орловски бунт, и истиот е дел од Руско-турските војни. Големите победи на грчките револуционери во Валтетси, како и победничките судири во Долијана и Верваина означувало дека грчките револуционери имаат ефективна контрола над поголемиот дел од централниот и јужниот дел на Пелопонез. Свесен за тоа, Теодорос Колокотронис покренал иницијатива за консолидација на неговите претходни успеси. Така, во околните населени места биле формирани војнични кампови, биле создадени неколку штабови под раководство на капретанот Анагностарас во околните села, особено во Пијана, Димицана и Стемница, каде локалните жители ги помагале востаниците со храна и други продукти. Во турско-албанскиот табор пак, моралот билна ниско рамниште по претходните неуспешни битки. Сепак, пристигнала веста дека од север ќе пристигне засилување предводено од страна на Хурсид Паша и коњаницата на Кехагбег Мустафа, заедно со својата пешадија.

  • Опсада

Иако опсадата траела неколку месеци, сепак напредокот на Грците бил сосема бавен и често пати револуционерите ја бугиле својата блокада на градот. Сепак, условите на жителите на градот се влошувале, главно поради намалувањето на храната и чистата вода за пиење. Колокотронис започнал и преговори околу можното предавање на градот. Тој предложил посебен договор на Албанците да им биде дозволено да го напууштат градот и да се упатат во Аргос. Истото било прифатено, и на тој начин во голема мера била намалена силата на бранителите на градот. Така, на околу 2.500 Албанци им било гарантирано безбедното напуштање на градот. Грчките водачи биле во постојани контакти и со Турците. Тоа најмногу се должело на фактот да Османлиите не добијат голема подршка од северните делови на земјата. Сепак, на 23 септември револуционерите успеале да влезат во градот. Во следните денови, целото нехристијанско население во Триполи било убиено, вклучувајќи ги и евреите. Грчкиот командант Никитарас, чиј псевдоним бил Turkofagos одбил да учествува во овие злосторства.

  • Значење

Освојувањето на градот Триполи имал голема важност за грчките револуционери и нивната војна за независност од Империјата. Всушност, по оваа битка скоро целиот Пелопонез бил ослободен. Од друга страна пак, случувањата по освојувањето на градот биле критикувани од страна на видни личности од Грчката војна за независност како Димитрос Ипсилантис и Александрос Маврокордатос со кое бил означен почетокот на разделбата на грчките револуционери помеѓу т.н. воена фракција и интелектуалните ментори на востанието (политичка фракција), кое довело до внатрешен конфликт и граѓанска војна во рамките на истата борба за независност.

  • Прогласување независност

Војните продолжиле во 1825 година, кога османлискиот султан испратил огромна војска од Египет.

        • Битка кај Наварино

Поморската битка кај Наварино се одвила на 20 октомври 1827, за време на Грчката војна за независност (1821-1832) во Наварино (денешен Пилос), на западниот брег од полуостровот Пелопонез, во Јонското Море. Од една страна биле комбинираната османлиска и египетска армија и силите на Велика Британија, Франција и Русија. Битката е позната по тоа што таа била една од последните поморски големи битки од историјата. Поголемата спремност и посовремените бродови придонеле за голема победа на европските сојузници. Главен фактор кој предизвикал интервенција односно вклучување во војната на трите европски сили биле амбициите на Руската империја своите територии да ги прошири кон регионот на Црно Море на сметка на Империјата. Од друга страна пак, овие амбиции на Русија, геостратешки, претставувале закана за другите европски сили. Велика Британија била насочена главно кон спречување на руската интервенција и проширување на нејзиното влијание во регионот. Во 1825 година, на рускиот престол застанал Николај I, кој поради меѓународната положба на европските сили решил да го засили влијанието на Русија на Балканите. Франција пак во војната се приклучила со цел да ја врати својата доминантна улога во Европа, по поразот во т.н. Наполеонски војни. И трите влади, во секој случај, биле под голем притисок и од страна на локалното мислење на нивните жители, особено по инвазијата на Пелопонез во 1825 година од страна на османлискиот вазал Ибрахим Паша од Египет и неговите злосторства употребени кон локалното грчко или христијанско население. Пред да започне војната, трите европски сили се согласиле да потпишат договор. Така истиот бил потпишан во Лондон (Лондонски договор) во 1827 година, според кој на Грција требало да и биде дадено автономија, на чие чело повторно би стоел османлискиот султан. Истото не било прифатено од страна на Османлиите, кое пак резултирало со започнувањето на битката кај Наварино. Војната резултирала со пораз на Империјата. Во почетокот биле превземени две воени интервенции од страна на Русија, кои интервенции претставуваат дел од руско-турските војни. По поразот на османлиите пак, Французите ги принудиле и придружиле истите да се повлечат од централна и јужна Грција. По ова била објавена грчката независност. Во почетокот, Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок на султанот, но сепак тоа не се случило бидејќи од Грција целосно била протерена Османлиската војска. Така, на 11 мај 1832 година, Грција конечно била признаена како суверена држава. Јоанис Каподистриас, кој бил шеф на непризнаена Грција од 1828 година, бил убиен во октомври 1831 година. За да се спречи натамошното експерименти во републиканската влада, западните сили инсистирале земјата да стане монархија. Така, Ото I Грчки бил избран за првиот монарх на земјата.

Масакрот врз албанските бегови[уреди]

Во времето на ерата на т.н. Албански пашилаци, влијанието на локалните албански бегови било намалено главно поради губењето на пашалакот Јанина. Во доцните 1820-ти години по Грчката војна за независност, беговите се обиделе да ги вратат своите привилегии. Нивните напори биле потврдени на собранието во Берат на чело со Исмаил бег во 1828 година. Османлиите се обидиле да го спречат зголемувањето на локалните бегови кои започнале да претставуваат закана за централизираната моќ на империјата во распаѓање. Беговите најмногу се спротиставувале на реформите кои биле воведени со Танзиматот бидејќи со реформите моќта на локалните муслимански аристократи започнала да се намалува. Во јануари 1829 година, еден месец по конфенцијата во Берат, лидерот на албанските бегови бил убиен во Јанина од страна на луѓето на Рашид Мехмед Паша. Убиството предизвикало хаос во јужна Албанија. Поради големите револти султанот бил принуден да го испрати Рашид Мехмед паша да ги потисне локалните албански бегови. Кога слушнале за намерата на султанот, албанските бегови се подготвиле да се спротистават на можниот османлиски удар . Масакрот на албанските бегови се случил на 26 август 1830 година кога околу 500 албански лидери (бегови) и нивните лични чувари биле убиени од страна на отоманските сили во градот Манастир (денешна Битола, Македонија). Масакрот довел до слабеење на моќта на беговите во јужниот дел на Албанија, а исто така ја поставила основата за уништување на моќниот северен албански Скадарски пашалак . Руско-турска војна (1828-1829) Руско-турската војна (1828-1829) претставува дел од грчката војна за независност. Војната од страна на Империјата била објавена во декември 1827 година, прогласувајќи света војна против Руската империја. Војната се водела на два фронта, на Балканот и Кавказ. Воените дејства започнале цо 1828 година кога руската армија со околу 100.000 војници ја преминала Добруџа и ги опседнала градовите Шумен, Варна и Силистра. Кон крајот на септември, Русите ја зазеле Варна. Во 1829 година била заземена Силистра, по кое Руснаците ја преминале стара планина и ја окупирале Тракија. На 20 август 1829 година руските војници влегле во Едрене. Војната завршила со потпишување на договор во Едрене според кој: • Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок • биле потврдени руските граници по текот на Дунав и Кавказ • Србија, Влахија и Молдавија добиле автономија • бил даден рок на 18 месеци според кој христијаните во Османлиската импетија имале право да ги продадат своите имоти и да се преселат во Русија.

Османлиско-египетска војна (1831–1833)[уреди]

Првата османлиско-египетска војна или Првата сириска војна (1831–1833) се водела од страна на Империјата од една и Египетскиот вилает од друга страна. Војната започнала кога Мухамед Али Паша побарал од Османлиите контрола над Голема Сирија како награда за неговата помош што учествувал во војната против Грција на Крит. Како резултат на конфликтот, египетските сили привремено добиле контрола над Сирија, стигннувајќи на север до Адана.

  • Позадина

Во текот на Грчката војна за независност, Османлиите побарале од Египет кој бил под нивна контрола да испратат воени бродови за да им помогнат на османлиските флоти. Во битката кај Наварино османлиските и египетските сили доживеале пораз од страна на англо-руско-францускиот сојуз. Кога по војната владетелот на египетскиот вилает Мухамед Али Паша побарал награда поради учество во конфликтот, тој бил одбиен.

  • Конфликт

Поради ова, Мухамед Али ја испратил својата војска во Сирија под команда на неговиот син Ибрахим Паша заедно со неговата морнарица на чело со генералот Ибрахим Јакан кој заминал кон Јафа. Силите на Египет многу бргу го окупирале Ерусалим и крајбрежните региони на денешните земји Палестина и Либан. Така следувале неколку битки меѓу двете страни. На 14 април 1832 година силите на Египет на чело со Ибрахим Пашаги поразиле османлиските сили на чело со Отман Паша. По ова следувало окупација на Дамаск, Алепо и Антиохија. Египетските сили стигнале дури до градот Адана каде прекинале со нападите. Османлискиот султан се сретнал со големиот везир Рашид Мехмед Паша и организирал поход од 80,000 војници. Во битката кај Коња на 21 декември 1832 година Османлиите доживеале голем пораз по кое Египет се заканил дека ќе го продолжи до самиот Константинопол. Но во февруари 1833 година Османлиите влегле во сојуз со Русија од каде добиле воена помош од Николај I.

  • По конфликтот

Египќаните на крајот биле принудени да се откажат од инвазијата поради британскиот и францускиот притисок. Иако на почетокот на конфликтот тие го подржале Египет, сепак му се заканиле дека доколку не престане со нападите ќе следи воена акција. Главната причина за овој притисок на Франција и Велика Британија бил поради стравот дека ослабената Османлиска Империја доколку биде нападната во нејзиниот центар би можело како главен фактор да се издвои Руската империја која на крај ќе добие најголема корист. Така војната завршила во 1833 година а Египет ја продолжил контролата над Сирија и голем дел од Арабија. Според мировниот договор од Кутахја, Сирија и Адана биле преотстапени на Египет , а Ибрахим Паша станал генерален гувернер на двете провинции. Подоцна истата година Русија и Османлиите го потпишале договорот според кој двете земји се согласиле на заемна помош доколку една од двете империии влезе во конфликт со некоја друга земја.

Големо босанско востание[уреди]

Босанско востание или Големото босанско востание било востание кое избувнало во Босанскиот вилает против Империјата по потпишувањето на договорот од Едрене според кој на Србија и била дадена автономија. Востанието траело во периодот од 1831 до 1833 година кога завршило неусешно за востаниците.

  • Позадина

Во доцните 1820-ти години, османлискиот султн Махмуд II повторно вовел реформи во Империјата чија цел била експанзија на османлиската армија, нови даноци и поголема османлиска бирократија. Овие реформи го ослабиле статусот на Босна која била привилигирана за разлика од другите земји па поради ова довело до избувнување на востание во историјата познато како Големо босанско востание. Во 1826 година, кога султанот го укинал јаничарскиот корпус во Босна, реакцијата на Хусеин Градашчевиќ не била различна од онаа на останатите босански аристократи. Сепак тој истакнал дека ќе употреби воена сила против секого кој ќе се противи на сараевските јаничари. Но кога бил убиен Накибул ефенди тој се дистанцирал од нив. Следните години Хусеин Градашчевиќ ги поминал мирно и имал добри односи со властите во Босна. Во 1827 година за нов везир на Империјата бил избран Абдурахим Паша, а Градашчевиќ станал негов советник. Во времето на Руско-турската војна Градашчевиќ започнал со мобилизација на босанското население. По започнувањето на побуната во сараевските касарни тој на големиот везир му обезбедил засолниште а подоцна и под негова заштита заминал од земјата. Сепак Градашчевиќ многу се разбеснил кога бил потпишан договорот од Едрене на 14 септември 1829 година кога на Србија и било дадена автономија. Преку добивањето на автономија, на Босна и биле одземени шест области. Главно поради ова во Босна се родило движење за автономија. Во почетокот на 1831 година бил одржан состанок во Тузла чија цел била подготовката на востанието. На овој состанок бил упатен позив до босанскиот народ да се крене на востание во одбрана на Босна. Востаниците освен враќање на териториите на Босна сакале да се престане со новите реформи во земјата и да се даде автономија на Босна која ќе биде управувана од влада а истата влада ќе има обврска да плаќа годишен данок на империјата. За лидер на востанието бил избран Хусеин Градашчевиќ.

  • Борба за автономија

Во градот Травник се наоѓал седиштето на Босанскиот пашалак и востаниците решиле најпрвин да се соочат со главните административци во земјата. Така на 29 март 1831 година Градашчевиќ се упатил кон Травник со сила од 4,000 војници. Кога разбрал за ова, Намик Паша заминал кон тврдината за да се спрема за војна. Кога босанската армија пристигнала започнала да пука кон тврдината, а во меѓувреме лидерот испратил еден одред од своите сили на чело со Мемиш ага кон братот на пашата, Сулејман. Овие сили се сретнале кај Пирот во предградието на Травник на 7 април каде Сулејман доживеал пораз а по ова и Намик паша побегнал а Градашчевиќ се прогласил за врховен командант на Босна избран од народот. По ова следувала општа мобилизација на населението меѓу кои имало и христијани за кои се смета дека броеле до една третина од вкупниот број на востаници. Војската била поделена на два дела, едната во Ѕворник за да ја заштити територијата од можен спрски напад а со другиот дел се упатил кон Косово за да го пресретне големиот везир кој бил испратен да го задуши востанието. По патот ги зазел Печ и Приштина каде го направил својот логор. Битката со големиот везир Мехмед Рашид Паша се случила на 18 јули каде босанските сили издвојувале голема победа а великиот везир бил смртно погоден. Овде кон востаниците бил упатен апел од султанот да се повлечат бидејќи нивните барања ќе бидат исполнети. На 10 август во Приштина бил одржан состанок каде било одлучено да Градашчевиќ биде прогласен за босански голем везир. Така на 12 септември Хусеин Градишчевиќ во Сараево бил прогласен за везир на Босна во Царската џамија каде се заколнал пред Коранот. Од тој момент Градашчевиќ вил врховна власт во Босна. Тој започнал со основање на суд, а централната власт ја пренел од Сараево во Травник правејќи го де факто главен град на Босна. Во Травник исто така основал Диван кој заедно со него ја сочинувала босанската влада. Во ноември босанските власти заминале во Скопје каде големиот везир им ветил подршка кај султанот да Градашчевиќ биде признаен како везир на Босна. Но неговите прави намери се покажале кога во декември ги нападнал босанските сили кај Нови Пазар, но и покрај тоа доживеал пораз. Поради зимата босанските сили се вратиле дома. Во исто време во Босна Градашчевиќ продолжил со походите во Херцеговина. И покрај големата зима тие забележале неколку победи. Капетанот Ибрахим бег Фидрус започнал напад кон териториите на Сулејман бег каде ја зазел скоро цела Херцеговина. Но во битката кај Столац Фидрус доживеал пораз по кое бранителот на градот Али паша Ризванбеговиќ започнал контранапад. Од Сараево веќе била спремена дополнителна армија да се упати кон Столац, но кога Градашчевиќ разбрал дека доаѓа голема армија на чело со Големиот везир, тој на 16 март наредил да се врати војската назад. Османлискиот напад започнал кон почетокот на февруари. Големиот везир испратил две војски, едната од Вучитрн а другата од Скадар. Двете војски паралелно се упатиле кон Сараево, а Градашчевиќ своите сили од околу 10,000 војници им наредил да ги пресретнат. Кога османлиските сили успеале да ја преминаат реката Дрина, Градашчевиќ наредил на Али Паша да ги пресретне со своите 6,000 војници да ги пресретне кај Рогатица, додека пак силите од Вишеград заминале кон Палама. Конечната битка се случила кај Гласница, источно од Сараево. Босанските сили биле предводени од самиот Градашчевиќ додека османлиските биле на чело со Кара Махмуд Хамди Паша, новопоставениот босански везир од османлискиот султан. По првата битка босанските сили биле приморани да се повлечат кон Сараево. На 4 јуни започнала последната битка. На почетокот босанските сили имале голем успех но тогаш на сцена стапиле силите на Херцеговина на чело со Али Паша Ризвангеговиќ. Следниот ден османлиската војска влегла во Сараево а лидерот на босанските сили побегнал во Австрија.

Пад на Империјата[уреди]

Падот на Империјата (1828– 1908) претставува период од историјата на Империјата кој следел по периодот на стагнација (1683–1827). По завршувањето на овој период следувал периодот на распаѓање на империјата. Во текот на овој период, империјата се соочила со предизвиците на одбрана од странските напади и окупации. Поради фактот што Османлиите сè повеќе започнале да ги губат своите позиции во Европа, таа започнала да гради сојузништва со европски земји, како што се Франција, Холандија, Велика Британија. Таков е примерот со Кримската војна од 1853 година, кога Османлиите во сојуз со Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска, Втората француска република и Кралството Сардинија војувале против Руската империја. Кримската војна го предизвикала масовното иселување на Кримските Татари. Од вкупното татарско население кое броело околу 300.000 во Тавридсакта област, околу 200.000 Татари биле преселени во Империјата. Kон крајот на Кавкаските војни, голем број на Черкези ги напуштиле своите домови во Кавказ и принудно заминале во Империјата. Во текот на 19 век, иселувањето или протерувањето на муслиманското население од Bалканот, Кавказ, Крим и Крит кон денешна Турција станало честа појава. За време на периодот на Танзиматот (арапски Tanzîmât, што значи "реорганизација") (1839-1876), османлиските власти вовеле уставни реформи во империјата, како и модернизација на војската, банкарскиот систем, биле заменети занаетчиските дејности со изградба на неколку модерни фабрики. Во 1856 година бил донесен реформски акт наречен Хатихумјун. Според овој акт, во империјата се ветувало верска и национална рамноправност на сите народности во империјата, слобода на вероисповед и мислење, мешани судови, право на христијаните да стапуваат на државни должности, да служат во османлиската војска и да имаат свои претставници во Државниот совет. Тој предвидувал и црковни реформи, замена на натуралните даноци кон црковните великодостојници со парични суми, реорганизација на државната администрација, судството, полицијата и даночната политика, воведување на редовен буџет од приходи и расходи на државата, поправка на патиштата, унапредување на земјоделството и трговијата и друго. Освен тоа, било формирано ново ерменско национално собрание.. Периодот на реформите својот врв го достигнал кога бил донесен Отоманскиот устав, кој бил напишан од страна на членовите на Младотурците. Тој бил изгласен на 23 ноември 1876 година. Споиред уставот, во рацете на султанот останала апсолутната власт, и самите министри останале да бидат одговорни пред него. Освен тоа, уставот ги гарантирал личните слободи на граѓаните, слобода на печатот, еднаквост пред законите, право на сопственост. Првата уставна ера од историјата на империјата (турски: Birinci Meşrûtiyet Devri) била краткотрајна. Во 1876 година, султанот Абдул Азис бил симнат од власт од страна на неколку либералните кругови во империјата. Тој абдицирал во корист на Мурат V. Сепак, новиот султан бил ментално болен и од престолот бил соборен по само неколку месеци. Негов наследник станал Абдул Хамид II (1876-1909). Во време на неговото владеење во империјата стапил насила првиот Отомански устав, на 23 декември 1876 година. Исто така бил создаден и првиот отомански парламент. По неуспехот на Цариградската конференција, империјата претрпела пораз по Руско-турската војна од 1877-1878, по која империјатата засекогаш ја изгубила Бугарија со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор (3 март 1878 година). Во почетокот на 1878 година уставот бил суспендиран и парламентот распуштен. Бил воспоставен тирански режим во останатите делови на Империјата (претежно Македонија). Национализмот во Империјата од страна на потчинетите народи сè повеќе доаѓал до израз. Во 1821 година била формирана Првата Грчка република. Таа била првата земја од Балканот која ја прогласила својата независност од империјата. Официјално од страна на Високата порта, новата земја на Балканот била приознаена по завршувањето на грчката војна за независност. Танзиматските реформи не го сопрел национализмот во Дунавските кнежества и Кнежество Србија, кои биле полунезависни за речиси шест децении. Во 1875 година, Црна Гора и Србија, заедно со Обединетото кнежество Влахија и Молдавија ја прогласиле својата независност од Империјата. Во 1876 година, на територијата на денешна Бугарија избувнало т.н. Априлско востание кое индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, по Руско-турската војна од 1877-1878, како Кнежество Бугарија. Во Македонија, како и во останатите балкански земји, исто така избувнале неколку востанија. Така, во 1876 и 1877 година избувнале Разловечкото востание и Кресненското востание. Едно од наголемите востанија на македпнскиот народ избувнало во 1903 година, познато како Илинденско востание. Востанијата главно биле насочени против османлиската тиранија и желбата за создавање на нова држава на Балканот. Сите овие бунтови против османлиската власт биле крваво задушувани. Вилаетите Босна и Новопазарски санџак делумно биле окупирани од страна на силите на Австро-Унгарија по потпишувањето на Берлинскиот конгрес во 1878 година, но тие номинално останале во границите на империјата. И покрај присуството на отомански војници, Босна во 1908 година била анексирана кон Австро-Унгарија по т.н. Босанска криза. Освен овие територијални промени, по Берлинскиот конгрес Кипар ѝ бил доделен на Велика Британија. Во 1862 година, британските сили го окупирале Египет и Судан. Како отомански провинции, овие денешни земји останале де јуре до 1914 година кога Империјата се приклучила кон Централните сили во Првата светска војна. Во текот од 1830 - 1912 година во Северна Африка биле изгубени и други провинции, како Алжир (окупиран од Франција во 1830), Тунис (окупиран од Франција во 1881 година) и Либија (окупирана од Италија во 1912). Економски и социјално, империјата имала тешкотии во враќањето на отоманскиот јавен долг кон европските банки, кои го предизвикале формирањето на Административниот совет на отоманскиот јавен долг. До крајот на 19 век, двете најголеми сили, Австро-Унгарија и Руската империја сакале своето влијание кон Балканот дополнително да го прошират.

Абдул Меџит I[уреди]

Абдул Меџит (османлиски јазик: عبد المجيد اول ‘Abdü’l-Mecīd-i evvel) (23 април 1823 во Отомански Константинопол - 25 јуни 1861 во Отомански Константинопол) бил триесетипрвиот султан на Империјата во периодот од 1839 до 1861 година. Тој го наследил својот татко Махмуд ІІ, а самиот тој бил наследен од својот брат Абдул Азис. Покасно султани станале и неговите синови Мурад V, Абдул Хамид II, Мехмед V и Мехмед VI, последните владетели на Империјата. Во текот на неговото владеење се зголемил подемот на националистичките движења во рамките на империјата. Се обидел да изгради сојузи со главните сили од Западна Европа на чело со Велика Британија и Франција. На конгресот од Париз во 1856 година Империјата била официјално вклучена во европското семејство на народите. Еден од најголемите негови успеси било објавувањето на Танзиматот или реорганизација на османлиското општество. Абдул Меџит I направил многу обиди за да ја модернизира армијата, но не постигнал поголем успех. Во неговото владеење постигнал успех против Кримската војна против Русија. Починал од туберколоза на 25 јуни 1861 година.

  • Рани години

Абдул Меџит бил роден во Бешикташ, Константинопол . Негова мајка била првата сопруга на неговиот татко во 1839 година, Безмијалем султан која најверојатно имала черкешко или грузиско потекло . Тој добил европско образование и одлично го владеел францускиот јазик. Во текот на неговото владеење тој морал да се бори против старите конзервативци кои биле против неговите реформи. Тој бил првиот султан кој слушал поплаки секој петок во неделата од страна на народот. По воведувањето на реформите започнал да ја обиколува империјата за да види како се спроведуваат.

  • Владеење
    • Танзимат

Со наследувањето на тронот, Абдул Меџит ги наследил и слабостите на империјата. По смртта на неговиот татко пристигнала веста за поразот на Османлиите во битката кај Незиб од страна на египетските бунтовници на чело со Мухамед Али Паша. Во ноември 1839 година султанот издал указ познат како Ѓулхански хатишериф, а во 1856 година следел и указот познат како Хатихумајун. Исто така, во времето на неговото владеење: • воведување на првите банкноти • реорганизирал на армијата, • воведување на химна и национално знаме • реорганизација на финансискиот систем според францускиот модел • воспоставување на прототип на османлискиот парламент • основање на првите модерни универзитети и академии • укинување на даноците кои им биле наметнати на немуслиманското население • прв национален попис на населението • први национални лични карти • укинување на ропството и трговија со робови • основање на министерство за здраство • основање на Академија на науките • право на немуслиманските народи да служат војска • основање на прва телеграфска мрежа • замена на занаетчиството со отварање на нови фабрики • основање на Отоманска Централна банка и берза Исто така во негово време за прв пат бил забранет турбанот а бил воведен фесот (вид на капа). Семјуел Морз својот прв патент за телеграф го добил во 1847 година во стариот Бејлербејски дворец (новиот бил изграден во периодот од 1861 до 1865 на исто место) во Константинопол, а султанот лично го тестирал новиот изум. . Во периодот на неговото владеење била изградена Долмабахче палатата која станала официјална резиденција на империјата.Изградбата на истата започнала во 1842, а завршила до 1856 година целосно. Трошоците кои биле потрошени за изградбата на Долмабахче биле околу 5 милиони лири , кое одговарало на приближно 1/4 од годишните даноци. Финансирањето на објектот се одвивало преку печатење на книжни пари. Според некои извори, се говори дека тогашниот министер за финансии му соопштил на султанот дека изградбата на палатата чини околу 3,500 пиастра, но всушност тоа била сумата која била неопходна за печатењето на парите. Самата изградба довела да империјата се доближи до банкрот и да стане финансиски зависна од надворешни извори односно земји. Долмабахче е првиот дворец кој бил изграден во европски стил.

    • Ѓулхански хатишериф

Ѓулханскиот хатишериф (Ѓулхан-дворец; хатишериф-наредба од Султанот), е период од историјата на Империјата кој кој хатишериф бил донесен на 3 ноември 1839 година. Во него се прокламирала целосна рамноправност помеѓу населението пред законот, без разлика на неговата етничка или верска припадност. И покрај тешкото спроведување, ова било значаен чекор во модернизацијата на Империјата, која значително заостанувала позади своите тогашни ривали, Австро-Унгарија и Русија. Ова било потврдено на 18 февруари 1859 година, со што султанот им ветувал на странските земји дека во неговата империја населението е рамноправно. Така, населението сега можело повторно да ги изгради своите храмови, кои што и покрај отпорот на муслиманското население биле изградени.

    • Хатихумајун

Хатихумјун или Хатихумајун (тур. Hatt-ı Hümayun) е реформски акт донесен на 18 февруари 1856 со кој се ветуваат верска и национална рамноправност на сите народности во Турската империја, слобода на вероисповедта и мислењето, мешани судови, право на христијаните да стапуваат на државни должности, да служат во турската војска и да имаат свои претставници во Државниот совет. Тој предвидува и црковни реформи, замена на натуралните давачки кон црковните великодостојници со парични суми, реорганизација на државната администрација, судството, полицијата и даночната политика, воведување на редовен буџет од приходи и расходи на државата, поправка на патиштата, унапредување на земјоделството и трговијата и друго. Врз основа на тој акт наследникот на Абдул Меџид, султанот Абдул Азис (вл. 1861-1876), ќе донесе повеќе законски прописи за регулирање на значајни прашања во јавниот живот: Законот за трговска постапка, Законот за создавање на нови вилаети и нови судовиу, Законот за правата на странците на земјишна сопственост во Турција, Законот за организирање на Државниот совет и други.

    • Ефекти врз Македонија

Иако овој акт донел поголема рамноправност и локална власт, некои од овие регулативи ќе предизвикаат незадоволство кај реакционерните кругови на муслиманите, а некои кај Македонците. Според новиот Закон за создавање на вилаети во европскиот дел на Турција се формирани 6 вилаети. Северниот дел на Македонија влегувал во составот на Косовскиот (подоцна: Скопскиот), а јужниот - во составот на Солунскиот вилает. Дополнително е формиран Битолскиот вилает. Така целата територија на Македонија влегува во составот на споменатите 3 вилаети. Ваквата нејзина административна положба останува до крајот на турското владеење.

Отомански Алжир[уреди]

Отомански Алжир претставувал територија на Империјата. Територијата на денешен Алжир од страна на Османлиите била освоена во 1525 година од страна на Хајредин Барбароса. Во следните векови Алжир станал центар на османлиската власт во Југоисточна Европа и Медитеранот. Земјата била заземена по француската инвазија во 1830 година. По 1496 година, Шпанската империја ги зазела бреговите на Северна Африка. Орук Барбароса и Хајредин Барбароса во 1516 година својата база на операции ја преместиле во Алжир и следната година, во 1517 година побарале помош од Империјата. Во 1518 година Орук бил убиен во текот на една битка со шпанските сили. Хајредин го наследил како воен командант на Алжир. Во времето кога во Империјата на власт бил Сулејман I, тој му наредил експедиција на Хајредин Барбароса да ги нападне бреговите на Северна Африка а во замена Барбароса да стане владетел на овие простори односно вазал на Османлиите. Синот на Барбароса, Хасан Паша бил првиот вазал кој бил директно назначен за управител на Алжир во 1544 година кога неговиот татко се повлечел. Во следните години Алжир станал ваза во војната со Шпанија, како и за османлиските напади во Мароко. Во 1580 година Алжир формално станала дел од Империјата по признавањето на Шпанија. Во следните години во земјата била организирана административната власт каде на чело стоел паша кој имал мандат од три години.

  • Медитерански пирати

И покрај крајот на непријателствата со Шпанија во 1580 година, во следните години следувале голем број на напади врз христијани кои биле заробувани и продавани како робови. Пиратството собирало голем број на приходи за Алжир и империјата. Поради ова во текот на следните векови следувале неколку експедиции од европските сили кои завршувале неуспешно. Во 1816 година дошло до војна меѓу Алжир и САД познати како Прва берберска војна и Втора берберска војна.

  • Француска инвазија

Француската инвазија на Алжир била голема воена операција предводена од страна на Кралство Франција на чело со Шарл X врз Отомански Алжир во 1830 година. Како формална причина за француискиот напад било блокирањето на акжирското пристаниште во 1827 година. По три години дошол уште еден инцидент каде еден француски брод бил бомбардиран. Така, инвазијата на Алжир започнала на 5 јули 1830 година со поморски бомбардирања. Французите многу бргу ги поразиле силите на Хусеин Деј кој бил владетел на Алжир, но отпорот продолжил. Конфликтите продолжиле во следните 45 години. За време на Наполеонските војни Алжир имал голема корист од трговија со Медитеранот каде биле увезени големо количество на храна од Франција која алжирските власти го купиле со кредит. Французите го ограничиле своето тргување бидејќи Медитеранот бил управуван од страна на Велика Британија. Владетелот на Алжир се обидел да ги зголеми даноците кое довело до нестабилност во земјата и започнување на Првата берберска војна и Втората берберска војна. Во 1827 година Хусеин Деј побарал од Франција да го плати долгот од 1799 година кога Наполеон го нападнал Египет. Следувала блокада на пристаништето на Алжир каде најголеми загуби претрпиле француските трговци бидејќи тие не биле во можност да тргуваат со Алжир, додека пак берберските пирати биле во можност да ја избегнат блокадата. Францускиот крал одлучил да организира казнена експедиција на бреговите на Алжир и да ги уништи берберските пирати. Конфликтот завршил со анексија на Алжир од страна на Франција.

Кримска војна[уреди]

Кримската војна започнала во 1853 година а завршила во 1856 година. Оваа војна се водела помеѓу Русија од една страна и Велика Британија, Франција, Кралство Пиемонт и Империјата од друга страна. Војната била започната од страна на Русија и е позната како една од руско-турските војни за господство на Блискиот исток.

  • Причини за војната

Кон крајот на 19 век, Велика Британија и Франција се повеќе навлегле во сферата на влијание на Блискиот исток, а со тоа и во Империјата. Рускиот император Николај I не можел да постигне договор за разделба на сферите и поради тоа, се стремил да ја сочува својата позиција околу Црно море и да ја подобри својата позиција на Балканот. Како еден од поводите за започнувањето на овој конфликт бил и религиозниот спор околу Светите земји, заедно со Ерусалим. Во Империјата Французите биле главни покровители на католицизмот, а Русите на православието, и долго време траел т.н. конфликт околу тоа кој треба да располага со Базиликата на Исусовото раѓање и Светиот Гроб. Во 1853 година, Портата го одбила барањето за признавање на грчката црква во Светите земји, а во меѓувреме, султанот пресудил во корист на Французите. Потоа, Николај I го испратил кнезот Меншиков во дипломатска средба со османлиските власти, со цел тогашниот султан Абдул Меџид да се обврзе христијанското население заедно со црквата и нивната религија во царството да бидат заштитени. Во исто време, Велика Британија исто така го испратила лордот Страфорд, кој сепак успеал да го наговори султанот околу неговите намери. Тоа било еден од мотивите, императорот Николај I да ја распореди својата војска во Влашка и Молдавија, а на 21 јуни 1853 година, руските војски веќе биле навлезени во во дунавските кнежества. Во исто време, Велика Британија и Франција ги испратиле своите флоти на Дарданелите. Четирите велесили од Европа, Велика Британија, Франција, Прусија и Австро-Унгарија се состанале во Виена каде усвоиле пропишана нота со која би се сложиле и двете страни. Но таа нота била одбиена од страна на Абдул Меџид I. Во новите преговори пак, Николај I ги одбил предложените амандмани. Затоа, во близината на Дунав, турската војска ги нападнала руските позиции. Руската флота пак целосно ја уништила турската во Мала Азија, каде по ова, Велика Британија и Франција стапиле во одбрана на Империјата. По одбивањето на Русија да ги повлече своите војски од Дунав, Велика Британија и Франција и објавиле војна на Русија.

  • Мировни напори

Рускиот император Николај I сметал дека Австро-Унгарија ќе застане во негова корист или пак ќе остане неутрална. Кога во 1854 година Австро-Унгарија побарала Русија да ги повлече своите трупи од Дунав, Русија ги повлекла истите. Но и покрај тоа, Велика Британија и Франција биле решени целосно да ја исцрпат Русија од влијателните сфери во Империјата. Тие настојувале Русија да го повлече и своето влијание од Дунав, да се откаже од било какви барања внатре во Империјата, да се изврши ревизија од конвенцијата од 1841 година. И бидејќи Николај I сите тие точки ги одбил, војната продолжила. Руската армија напредувала заземајќи го Севастопол. Други мировни договори биле иницирани од страна на новиот император на Русија, Александар II. Со парискиот договор, влијанието на Дунав било пренесено на сите големи сили како целина. Исто така големите сили се обврзале дека ќе ја почитуваат независноста и територијалниот интегритет на Империјата и нема да се мешат во нејзината внатрешна политика. Црно Море станала неутрална територија и нејзините пристаништа биле затворени за воени бродови, а по неговите брегови пак било забрането изградба на тврдини или распоредување на воени сили. Се објавило и слободно движење по реката Дунав но под контрола на меѓународна комисија. Молдавија и Влашко останале под јурисдикција на Империјата., но им бил гарантиран независен устав. Самиот Париски мировен договор бил срушен кога Франција била поразена од страна на Прусија. Русија тоа го искористила најмногу, Русија повторно ја формирала својата флота на Црно море.

Абдул Азис[уреди]

Абдул Азис (османлиски јазик: عبد العزيز‘Abdü’l-`Azīz) (8 февруари 1830 во Отомански Константинопол - 4 јуни 1876 во Отомански Константинопол) бил триесетивториот султан на Империјата во периодот од 1861 до 1876 година. Тој го наследил својот Абдул Меџит І, а самиот тој бил наследен од својот брат Мурат V. Тој бил син на Махмуд II и Пертевниjaл султан. Уште пред да дојде на тронот во 1857 година му се родил син Јусуф Изедин. Во периодот од 1861 до 1871 година продолжил да ги спроведува реформите од Танзиматот на чело со неговите главни министри Мехмед Фуад Паша и Мехмед Емин Али Паша. Новата административна поделба на империјата односно воведувањето на вилаетите била направена во 1864 година а Државниот совет во 1868 година. Во 1861 година Истанбулскиот универзитет бил организиран во модерна академска институција. Абдул Азис одржувал добри односи со Втората француска република и Велика Британија. Во 1867 година тој станал првиот отомански султан кој бил во посета на Западна Европа. Неговата посета била во Обединетото Кралство каде бил прогласен за Витез на Подвеската од кралица Викторија. Во 1869 година присуствувал на oтварањето на Суецкиот канал. По 1871 година Франција била поразена од страна на Прусија. По ова неговата надворешна политика се свртела кон градење на пријателски односи со Русија, но бунтовите на Балканот продолжиле. Во 1875 година започнало Херцеговинското востание а следната 1876 и Априлското востание во Бугарија. По ова следувале и убиствата на конзулите во Солун. Големите расходи на султанот за отоманската морнарица како и големите плати довеле до зголемување на јавниот долг на земјата и до зголемување на незадоволството меѓу народот. Така на 30 мај 1876 година бил соборен од престолот од страна на неговите министри, а по неколку дена и починал. Се смета дека тој се самоубил иако подоцна според султанот Абдул Хамид II тој бил убиен од неговите министри. По назначувањето на Мурат V за нов султан на империјата, тој веднаш започнал да покажува знаци на лудило и јавноста сакала да се врати стариот султан. Во текот на неговото владеење била модернизирана отоманската морнарица. Во 1875 година морнарицата имала 21 воен брод и 173 помали бродови станувајќи трета најголема флота по онаа на Британија и Франција. Тој ја направил и првата Железничка станица во Сиркечи, го основал Археолошкиот музеј, биле издадени првите поштрнски марки.

Критско востание (1866–1869)[уреди]

Критското востание или Големата критска револуција (грчки: Κρητική Επανάσταση του 1866) претставувало тригодишно востание на Крит против Империјата и власт во периодот од 1866 до 1869 година. Во времето на Грчката војна за независност бил зафатен и островот Крит но и покрај успесите во селата на крајот од војната островот останал египетска провинција како вазалство на Империјата. Во 1840 година Крит бил вратен под директна контрола на Османлиите по неуспешното востание на островот кое било подржано од Грција. По востанието од 1858 година во Крит биле донесени некои привилегии на христијаните како еднаквост меѓу народот, право на вероисповед. , образование и имот . Востанието било објавено официјално на 21 август 1866 година. Во почетокот востаниците успеале да се стекнат со контрола на голем дел од островот. Во ноември 1866 година голема отоманска војска започнала со опсада на манастирот Аркадиј кој служел како седиште за бунтовниците. Во манастирот се наоѓале 259 востаници и околу 700 жени и деца . По неколку денови борба Османлиите влегле во манастирот и ги убиле поголемиот дел од луѓето а оние кои останале живи биле депортирани. Овој настан предизвикал големо внимание кај Западна Европа и Северна Америка. Христијанските востаници по овој настан побарале помош од САД, а Американците ги подржиле. Во 1868 година прашањето заз независност на Крит било упатено во Претставничкиот дом, но било одлучено да не се интервенира во внатрешните политики на Империјата. Востанието завршило кога на островот пристигнал големиот везир Мехмед Емин Паша и издал закон според кој била дадена контрола на локалната администрација на христијаните од Крит и како таква се задржила до 1913 година кога островот бил вклучен во составот на Кралство Грција.

Херцеговско востание (1875-1878)[уреди]

Херцеговското востание претставува востание на христијанското население во Херцеговина и делови од Босна против Империјата. Во тоа време било оформено и т.н. прашање за Источната криза бидејќи следувале Старозагорско востание и Априлско востание во Бугарија, војната на Србија и Црна Гора со Империјата и Руско-турската војна. Крајниот резултат од овој конфликт довел со окупација на Босна и Херцеговина од Австро-Унгарија .

  • Позадина

Нередите во земјата започнале уште во 1874 година . Основата на конфликтот се наоѓал во постојаниот конфликт меѓу локалните муслимани кои владееле со земјата и земјоделските христијани кои не само што ја обработувале земјата туку плаќале и големи даноци. Истата година реколтата на земјоделците не била на задоволувачко ниво кое довело до влошување на финансиската состојба и голема економска криза во целата империја . Движењето започнало како идеја за обединување на целото српско население во една национална држава. Сепак посетата на Франц Јосиф во Далмација во пролетта на 1875 година кога австрискио император добил множество писма за анексирање на Босна и Херцеговина дополнително довело до зголемување на пропагандата.

  • 1875

Востанието започнало со напад на ајдутите на 5 јули 1875 година на патот меѓу Мостар и Невесине во близина на планината Бишина. Веќе во август востанието било проширено во речиси цела Херцеговина каде оперирале околу 12.000 востаници. Во септември востанието се проширело во Босна. Така за многу краток период востаниците постигнале голем успех зазимајќи многу тврдини и градови. Покрај масовниот карактер на востанието, организацијата била ослабена од недостаток на единствено политичко и воено раководство. Напорите за консолидирање пропаднале поради ривалството помеѓу неколку групи како социјалистичката или револуционерно-демократска, која се фокусира на потребата од земјишна и политичка реформа со приоритет пред приклучување на земјата кон Србија, и либералната, која безуспешно сакала обединување на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија во една земја. Одделни фракции сакале пристапување во Дунавската монархија или кон Србија, но под услов династија Обреновиќ да биде заменета од династија Караѓорѓевиќ. Социјалистичката група била практично елиминирана во јуни 1876, откако нејзиниот водач бил затворен. Во исто време бил изолиран и претставникот на Караѓорѓевиќ - Петар Караѓорѓевиќ-Маркониќ.

  • 1876

Бунтовите во Херцеговина и Босна и големите масовни репресии (до март 1876 бегалскиот бран во државните граници изнесувал 156 000 луѓе) предизвикале силен притисок во Србија и Црна Гора за ослободителна војна со Империјата. Ова предизвикало загриженост во Австро-Унгарија, која била против територијалната експанзија на двете словенски држави. Под притисок руската влада ја поддржала нотата на австроунгарскиот министер за надворешни работи од декември 1875 за спроведување земјоделски реформи, користење на приходите од босанските даноци само за двете провинции и муслиманско-христијанска комисија да врши надзор на примената на овие мерки. Нотата била усвоена од Високата порта (во февруари 1876), но не и од востаниците кои не гледале гаранции за спроведување на реформите додека двете области се под делумна отомански контрола. За да ги надминат недоразбирањата, со Берлинскиот меморандум од мај 1876 министрите за надворешни работи на Германија, Австро-Унгарија и Русија се согласиле да го одложат разоружувањето на востаниците и ветиле дека спроведувањето на реформите треба да биде под надзор на конзул на големите европски држави. Меморандумот немал ефект бидејќи бил отфрлен од Велика Британија. На крајот на јуни српскиот кнез Милан објавил војна на Империјата, проследена по неколку дена од црногорскиот кнез Никола.

  • 1876-1878

Избувнувањето на Српско-турската војна во летото 1876 година двело до интензивирање на востанието во Босна. Во јули црногорските војски влегле во Херцеговина и со помош на локалните востаници им нанеле неколку порази на османлиските војски. Прогласувањето на соединувањето меѓу Србија и Босна кај Австро-Унгарија предизвикало негативна реакција. Со Рајхщадскиот договор (јули 1876) Русија се согласила австроунгарска окупација на Босна и Херцеговина. Договорот бил потврден во јануари 1877, набргу откако проектот за автономија на двете области конечно пропаднал на Цариградската конференција. Во меѓувреме, поразот на српската армија од Турците во октомври 1876 придонел Белград да склучи примирје и Србија ја намалила подршката на востанието во Босна. Црногорската армија продолжила со воените дејствија во Херцеговина но во јуни 1877 година биле поразени. Во почетокот на август 1877 востаниците доживеале пораз од османлиските сили. Во меѓувреме започнала и Руско-турската војна која дозволила голем дел од востаниците да ги задржат своите позиции. Крајот на востанието настапило кога во август 1878 година поголемиот дел од востаниците се предале на Австро-Унгарија која ја окупирала Босна и Херцеговина.

    • Цариградска конференција

Цариградската Конференција претставува состанок кој бил одржан помеѓу големите сили: Велика Британија, Русија, Франција, Германија, Австро-Унгарија и Италија, во Цариград, денешен Истанбул, Турција. Конференцијата започнала на 23. декември 1876 година. , а завршила на 20 јануари 1877 година. Целта на конференцијата била европските држави да ја зачуват целоста на Империјата. Најголем поборник за нејзин спас била Велика Британија. Намерата била да се изработат нови проекти за решавање на проблемите во европскиот дел на Османската Империја. Биле изработени проекти за создавање на автономни провинции. Рускиот проект, изработен од кнез Алексеј Церетелев и американскиот конзул Јуџин Скаjлер, предвидувал единствена Бугарска автономна област, вклучувајќи ги Дунав вилает, Софискиот санџак, Пловдивскиот и Сливенскиот санџак, дел од Одринскиот вилает и делови на Македонија. Со него сепак не се согласили претставниците на другите големи сили и особено австро-унгарскиот министер за надворешни работи грофот Андраши и британскиот претставник Маркиз Солсбери. Така во конечниот план на конференцијата се наметнал британската предлог и Бугарија била разделена вертикално на два ентитета, т. н. Источен вилает и Западен вилает. Во друга провинција била одделена Босна. Организацијата на автономната власт требала да биде под меѓународна контрола. Но, Султанот во текот на конференцијата објавил дека вовел Устав со кој се гарантирале правата на сите граѓани во државата и ја игнорирал потребата од натамошни реформи. Со тајната подршка на Велика Британија, Султанот ги отфрлил сите предлози на Конференцијата. Во знак на протест, другите европски сили ги отповикале своите претставници.

Априлско востание[уреди]

Априлското востание е востание кое било организирано од страна на Бугарите во Империјата на 20 април 1876 година . Востанието индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, во 1876 година. За време на востанието, се проценува дека биле убиени околу 1.000 муслимани. Во текот на 18 век, класичните држави или империи како што била Империјата, била раководена од страна на султан. Населението на империјата се состоела од голем број на етнички групи кои зборувале на различни јазици. Идејата за создавање на т.н. една држава-една нација, започнала да се јавува во текот на 19 век. Во текот на истиот век, Османлиите заостанувале во скоро сите погледи и технологии до европските. Поради постојаното слебеење на Империјата, властите им испорачувале тешки даноци на христијанското население. Во 1875 година избувнало Босанското востание. Востанието било подготвено во време од два месеци. Одлуката за кревање на востание била донесена од страна на одделни активисти на Бугарскиот револуционерен централен комитет, и истото не било подржано од ниту една надворешна сила. Така, територијата на востаниците била поделена во пет регион: Враца, Велико Трново, Сливен, Пловдив и Софија Востанието избувнало во Копривштица, каде било нападнато седиштето на локалната полиција. Во текот на две недели, востанието се проширило и во поголемиот дел од Бугарија. Околу 1.000 муслимани биле убиени, а многу повеќе протерени од своите домови. Ова довело до многу брза реакција на османлиските власти. Уште од првиот ден на востанието (20 април) Високата порта и турското воено министерство дало наредба за мобилизација на армијата. За задушување на востанието бил формиран штаб во состав: Митхад паша, воен министер, Хусеин Авни паша и командант Абдул Керим паша. Кон територијата на Бугарија се упатила војска од околу 10.000 војници. Многу бргу Османлиите постигнале големи успеси. Селата кои ги зазимале биле изложени на ограбување или палење. Според Николај Овчаров, вкупниот број на загинати изнесувал околу 30.000 војници и цивили.

Разловечко востание[уреди]

Разловечкото востание е востание на македонскиот народ против Империјата, од 1876 година во Источна Македонија, со центар во селото Разловци .

  • Причини за востанието

Вo втората половина на XIX век Империјата западнала во тешка општествено-економска криза. Таквата состојба непосредно влијаела за влошување на положбата на сите народи на Балканот што останале во нејзин состав. Даноците биле зголемени и биле воведени нови, се засилиле злоупотребите на државните органи, се појавиле разбојнички банди кои вршеле грабежи и убиства. За кревање на ова востание големо влијание имале и надворешните фактори. Во 70-тите години на XIX век револуционерното движење на поробените народи за национално ослободување најнапред се разгорело во Босна и Херцеговина во јуни 1875 г., па во Бугарија во април 1876 г. Потоа започнала и војната меѓу Србија, Црна Гора и Русија против Турција во јуни 1876 г., која многу допринела за влошувањето на положбата на македонскиот народ, бидејќи тој одтогаш бил изложен на голема експлоатација; морал да работи Ангарија за правење патишта и други објекти и да ја финансира војната преку плаќањето на нови и тешки даноци. Селаните најмногу страдале од своеволијата на собирачите на даноците и полските чувари (пољаците), како и од разбојничките банди. Сето тоа го натерало македонскиот народ во Источна Македонија да се крене на вооружено востание против турската феудална власт, а за национално ослободување.

  • Подготовки за востанието

Главен иницијатор и организатор на востанието бил Димитар Поп Георгиев Беровски (1840-1907 г.) и неговиот дедо Поп Стојан од Разловци.Димитар Беровски се школувал во Русија и во Белград, Србија, а потоа се вратил во Разловци каде станал учител.Како учител, заедно со своите браќа зел учество во борбата што ја водела младата македонска буржоазија против грчкото духовништво, а за своја црква и училишта. Но за тоа бил осуден и лежел во затвор. Но набрзо увидел дека Борбата против Цариградската патријаршија нема да го реши основното барање на селаните и граѓаните за нивното ослободување од турското ропство.Затоа направил план за кревање востание во Македонија. За таа цел, во 1875 г. заминал во Солун, каде формирал таен кружок околу здружението "Бугарска зора", од каде ги започнал подготовките за востанието. Најголем проблем за успешно изведување на востанието претставувал недостатокот на парични средства со кои требало да се набави оружје, муниција, топла зимска облека и санитетски материјал.За да дојде до пари, Димитар Беровски одлучил да го продаде својот имот во Берово, а за таа цел дел од својот имот продал и Поп Стојан, кој ветил и дека ќе го исплати сиот Десеток за селаните од Разловци, за да можат да купат оружје.Со овие сретства било купено оружје и муниција и било пренесено во тајни складови во Разловци, Пијанечко и Радовишко.Покрај тоа, Димитар Беровски им порачал на двете учителки од Солун, баба Недела и Станислава Караиванова да изработат знаме за идното востание. Знамето било изработено на жолта подлога со разјарен црвен лав, и на него пишувало: Македонија и Станете да ве освобода. Моделот на знамето им бил даден од Васил Левски, кој бил роднина на двете учителки.

  • Почетокот и текот на востанието

Во април 1876 г. Димитар Беровски пристигнал во селото Разловци за да согледа како се одвиваат подготовките за востание, со кои активно раководел Поп Стојан Разловски.Во месноста Колаџерџево, во подножјето на планината Голак, се одржале неколку подготвителни состаноци. На еден од нив било решено востанието да го зафати источниот дел од Македонија.Тоа требало да започне во Пијанец каде требало да се ослободи главното место Царево Село (денес Делчево), и Малешевско каде со заеднички сили требало да се заземе Берово каде имало помалку Турски војници, и на крајот да биде извршен заеднички напад на главниот град во тоа време на двете области, Пехчево, каде што било и седиштето на мудурлакот. Потоа востанието требало да се прошири и во Радовишко, Струмичко, Петричко и Мелничко. За таа цел Димитар Беровски со мала чета требало да ги обиколи сите места, за да ги подготви на определен знак да востанат. На 19 мај 1876 г. било одржано последното советување на кое учествувале околу 30 вооружени заговорници. Во текот на состанокот пристигнала вест дека во село Разловци пристигнале турски даночни чиновници.Уплашени да не бидат откриени, востаниците брзо реагирале и одлучиле востанието веднаш да започне. Преку ноќта се собрале уште 30 вооружени селани и било одлучено востанието да започне во селото Разловци, а потоа да се прошири пошироко.За војвода и главен водач бил избран Димитар Беровски. На 20 мај 1876 г. Разловци било нападнато од востаниците. Некои турци биле убиени, а други ранети.Селаните ги изгореле нивните дефтери. По наредба на Поп Стојан, син му Костадин го запалил сопствениот ан за да им даде пример на селаните дека го жртвува имотот за слободата која е поскапа од сè.Откако се пресметале со тамошните Турци, еден дел од четата предводена од Беровски заминала кон Малешевијата, за да се соединат со од порано подготвени 300 малешевци.Другата група под водство на Цоне Спасов требало да ги евакуира жителите на Разловци и нивната стока, а потоа да се приклучи кон главните востанички сили.На пат кон Берово, кај селото Митрашинци, Димитар Беровски и неговата чета имале судир со една помала турска воена единица. Таа била растерана, но Беровски бил ранет во главата. Оваа неповолна состојба делувала негативно и востаниците наместо да одат кон Малешевијата, се вратиле назад, во Разловци.Од Разловци четата на делумно закрепнатиот Димитар Беровски продолжила кон Кочанско. Откако ги победила Турците во Лаки, четата тргнала кон селото Смилјанци, Радовишко каде од порано имало складирано оружје.Меѓутоа во Смилјанци дошло до предавство од месниот полјак во Радовиш, такашто и тука турскиот аскер брзо реагирал и востаниците доживеале неуспех.Селаните кои не успеале да побегнат биле ѕверски убивани, оставани за пример на населението, а некои од селаните од реонот биле мачени како затвореници во Сер, Солун, Скопје и др. Разловечката чета на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски успеала делумно да се задржи и да ја продолжи борбата во Малешевските планини, Пијанец, Осоговските Планини и во Кресна.

  • Причини за неуспехот на востанието

Причините за неуспехот на востанието главно лежат во неговото предвремено избувнување и незавршените подготовки. Ранувањето на водачот на востанието делувало негативно на текот на востанието.Востаниците не успеале да се координираат и поврзат со организираните востанички формации во Источна Македонија. Од друга страна, месните турски власти мошне брзо реагирале и го задушиле востанието уште на самиот почеток.Разловечкото востание, и покрај неговото брзо пропаѓање, е од особено значење за историјата на македонскиот народ. Востанието самостојно го организирала, материјално го издржувала и го извела македонската световна и духовна интелигенција, со масовно учество на селанството.

Мурат V[уреди]

Мурад V (21/22 септември 1840 - 29 август 1904) бил триесетитретиот султан на Империјата. Бил роден во Топкапи Сарај во Истанбул., Од страна на една лекарска комисија било направено увид дека тој не е во можност да владее со империјата, со кое бил прогласен за луд, односно за страсен алкохоличар. Овој султан на чело на империјата дошол во јуни 1876 година. Тој бил затворен 28 години во дворец, каде подоцна, во 1904 година починал.

Абдул Хамид II[уреди]

Абдул Хамид II (арапски:عبد الحميد الثاني) бил триесет и четвртиот султан на Империјата во периодот од 1876 до 1909 година. Абдул Хамид II бил син на султанoт Абдул Меџит I. Како мал останал без мајка и за него се грижела Рахиме Пересто Валиде султан. Во 1867 година ја посетил Западна Европа заедно со својот чичко Абдул Азис и брат Мурат, идниот Мурат V. Тој станал султан на 31 август 1876 година, по детронирањето на Мурат V. Во време на неговото владеење во империјата стапил насила првиот Отомански устав, на 23 декември 1876 година. Исто така бил создаден и првиот отомански парламент. По неуспехот на Цариградската конференција империјата претрпела пораз по руско-турската војна од 1877-1878 г., по која империјатата засекогаш ја изгубила Бугарија со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор (3 март 1878 година). Во почетокот на 1878 година уставот бил суспендиран и парламентот распуштен. Бил воспоставен тирански режим во останатите делови на Империјата (претежно Македонија). По Младотурската револуција од 1908 година уставот повторно бил воведен заедно со парламентот. Абдул Хамид II направил некои обиди за да организира контрареволуција, но бил детрониран на 27 април 1909 година и заточен во вилата Алатини во Солун. Во 1912 година, во време на Балканските војни бил вратен во Бејлербејскиот дворец во Истанбул. Починал на 10 февруари 1918 г.

  • Прва уставна ера (Империјата)

Првата уставна ера (отомански јазик: مشروطيت турски: Birinci Meşrutiyet) на Империјата бил период на уставна монархија кој започнал на 23 ноември 1876 година а завршил на 13 февруари 1878 година односно со распуштање на парламентот од османлискиот султан Абдул Хамид II. Првата уставна ера не вклучувала никакви партиски системи. Во тоа време парламентот се сметал како глас на луѓето а не како место за формирање на политички партии и организации. Уставот бил напишан од страна на Младотурците.

  • Изборни политики

Изборот на пратениците се спроведувало во согласност со привремените изборни прописи. Парламентот се состоел од два дома и тоа Дом на пратеници односно Долен дом кој ја исполнувал законодавната власт и Горен дом или Сенат. Долниот дом се состоел од 115 пратеници од кои при вториот избор имал 69 муслимански и 46 немуслимански претставници. Сенатот бил избиран од страна на султанот и се состоел од 26 члена. Овој дом ја заменил Високата Порта и Големиот везир кој станал претседател на сенатот.

  • Отомански устав (1876)

Отоманскиот устав (османлиски јазик: قانون اساسی, турски јазик: Kanun-ı Esasî) бил првиот сутав на Империјата кој бил донесен на 23 декември 1876 година во Константинопол од страна на султанот Абдул Хамид II а бил напишан од страна на Младотурците. Овој устав бил првиот кој бил донесен во исламската држава и го означил крајот на Танзиматот. Уставот во сила бил во период од две години. Главна причина за воведување на уставот била признавањето на Митхат паша за потребата од нови реформи и проверка на силата на султанот во империјата.

  • Содржина

• Османлиската држава е неделива • Одговорен за суверенитетот е единствено султанот калиф • Султанот ја поседува целата исполнителна власт и министрите целосно одговараат пред него • Султанот ја поседува целата законодавна власт со помош на двостран парламент. Долниот се избира индиректно а горниот директно од султанот • Уставот ги објавува сите поданици за Османлии независно од нивната религиозна припадност • Се гарантира личната слобода и слобода на печатот како и на сопственоста • Секој е рамноправен пред законот

  • Крај на уставот

За прв пат парламентот заседавал на 20 март 1877 година, но по започнувањето на Руско-турската војна Абдул Хамид II го распуштил парламентот на 28 јуни 1877 година. Вториот парламент бил одобрен на 13 декември 1877 година но султанот исто така го распуштил на 14 февруари 1878 година. Младотурците биле прогонети од земјата а некои, вклучително и Митхад Паша биле осудени на смрт. Оваа состојба во империјата се одржало до Младотурската револуција.

Османлиско-српска војна (1876-1877)[уреди]

Османлиско-српската војна од 1876 година претставувала вооружен конфликт меѓу Србија и Црна Гора од една страна и Империјата од друга. Сојузниците војувале за ослободување на Босна и Херцеговина од османлиската власт, но претрпеле пораз. Иако Империјата доживеала победа, војната предизвикла продлабочување на дипломатската криза на Балканот и воена интервенција на Русија со краен резултат територијални придобивки на Србија и Црна Гора, реконструкција на бугарската држава и окупираните на Босна и Херцеговина од Австро-Унгарија во 1878 година. Во летото на 1875 година во балканските покраини на Империјата започнале големи немири. Во Херцеговина започнало востание. Во Бугарија избувнало Старозагорското, проследено во пролетта 1876 година и од Априлското востание. Јавноста во Србија и Црна Гора извршила притисок на владата за заштита на босанските востаници. И покрај предупредувањата на Русија, на 18 јуни 1876 година кнез Милан Обреновиќ и кнез Никола Петровиќ започнале војна со ОСманлиите.

  • Тек на војната

Во почетокот на војната Империјата располагала со вкупно 100.000 борци против Србија и Црна Гора. Српските сили биле приближно исти на број, но биле слабо подготвени за воените дејствија. Распределени во четири армии, наречени според реонот на дислокација - Дринска, Ибарска, Моравска и Тимошка армија. На 20 јуни 1876 година српските сили започнале со напад и стигнале до Бела Паланка и Пирот, но на крајот на месецот биле принудена да се повлчат назад во Србија. Во исто време, како резултат на битката кај Велики извори, Тимошката армија била одбиена од војските на Осман паша. Црногорците кои со своите напади започнале во Мостар им нанеле голем пораз на Османлиите, но српската инвазија во Босна пропаднала. Османлиските сили на 24 јули си го вратиле градот Кнежевац и започнале голема офанзива по кое големите европски сили започнале да се мешат во конфликтот барајќи примирје. На 16 февруари 1877 година помеѓу Србија и Империјата бил склучен мировен договор кој ја вратил состојбата меѓу двете земји како што била уште пред војната. Црна Гора не ги прифатила условите и продолжила со војната. По два месеци избувнала Руско-турската војна. По Берлинскиот конгрес Србија и Црна Гора се ослободиле од формалниот отомански суверенитет и стекнале територии од Јужна Морава до брегот на Јадранско Море.

Руско-турска војна (1877-1878)[уреди]

Руско-турската војна (1877-1878) е десетта по ред војна меѓу Русија и Империјата. На страната на Русија делумно учествуваат Финска, Романија, како и доброволци од Македонија , Бугарија , Грузија и Ерменија. Кон крајот на војната се вклучува и Србија. Во летото 1875 во Босна и Херцеговина започнува востание против Империјата предизвикано од преголемите даноци наложени од корумпираната администрација. Заради некои даночни оптоварувања, востанието продолжува до крајот на годината, а малку подоцна започнува и Априлското востание во Бугарија. Напредувањето на Босна и поттикот на Русија ги тера Србија и Црна Гора да и објават војна на Империјата. Во август Отоманската армија им нанесува пораз на српските сили, што е најлошо сценаријо за русите и австроунгарците, кои не ќе можат да претеднираат за никакви отомански територии. Од друга пак страна крвавото задушување на Априлското востание предизвикува широк одзвук во цела Европа. Како резултат на тоа организирана е Истанбулската конференција. Макар што Империјата нема претставник, Големите сили и наложуваат граници на една автономна бугарска провинција во рамките на Империјата. Конференцијата е прекината од отоманскиот министер за внатрешни работи, кој ги известува делегатите дека Империјата примила нов устав, кој им ги гарантира правата и слободите на сите етнички малцинства исти како и на сите други отомански граѓани. И покрај тоа Русија е непријателски настроена кон Империјата, објавувајќи дека уставот е решение само за краток рок. За време на дипломатските преговори, во јануари 1877 русите ја убедуваат Австро-Унгарија да учествува во идните воени дејствија во замена за австро-унгарска окупација на Босна и Херцеговина по војната. Останатите Големи сили се блокирани од силната општествена поткрепа во цела Европа за независност на Бугарија, поради сомненијата во способностите на руската армија, како и од внатрешните проблеми. Во април е постигнат договор со Романија за преминување на руските војски низ нејзина територија. Во договорот е вклучено и присоединувањето на Јужна Бесарабија кон Русија (која беше во руска власт од 1812 до 1856) во замена за присоединување на Јужна Добруџа кон Романија по војната.

  • Последици од војната

Кон крајот на 1878 руската армија се приближува кон портите на Истанбул но Велика Британија испраќа во Мраморно море мала флота која треба да го спречи заземањето на градот. Под притисок од другите Големи сили и по претрпените огромни загуби (според различни извори меѓу 70 000 и 200 000 мртви), на 31 јануари 1878 склучено е примирје, а на 3 март Русија се согласува да го потпише Санстефанскиот договор. Според тој догвор Романија, Србија и Црна Гора добиваат целосна независност од Империјата, а Бугарија добива автономија. Незадоволни од засилувањето на руското влијание на Балканот, неколку месеци подоцна Големите сили прават ревизија на Берлинскиот договор.

    • Санстефански мировен договор

Санстефанскиот мировен договор е договор помеѓу Руското Царство и Империјата склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Бил потпишан на 3 март 1878 во Сан Стефано, село западно од Истанбул, од страна на Никола Павлович Игнатиев и Александар Нелидов од страна на Руското царство и министерот за надворешни работи Сафет Паша и Амбасадорот во Германија Садулах Беј од страна на Империјата. Со договорот всушност се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава. Според некои извори за Русија Санстефанскиот договор претставувал само прелиминарен договор кој требало да служи како основа за понатамошни преговори со останатите големи сили од тоа време. Австро-Унгарија, Британската Империја и Франција не биле задоволни со проширувањето на влијанието на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство довело до потпишување на нов мировен договор само неколку месеци подоцна, на Берлинскиот конгрес одржан во јуни и јули 1878 година. Британскиот историчар A.J.P. Тејлор вели: „Ако договорот од Сан Стефано останел во сила и Империјата и Австро-Унгарија би преживеале до денес. На крајот од 1878 Роберт Сесил пишува: Треба повторно да формираме рахитична форма на турското владеење на југот од Балканот. Но, тоа е само одмор. Нема виталност останато во него.“

    • Последици од договорот

Со договорот се воспоставува автономна област во рамките на Отоманското Царство со широки овластувања, Христијанска управа и право на сопствена армија. Оваа територија го опфаќа просторот помеѓу Дунав и планинскиот масив Стара Планина, регионот на Софија, Пирот и Врање во долината на Морава, Северна Тракија, делови на Источна Тракија и речиси цела Македонија (Член 6 од договорот). Принц избран од народот, потврден од страна на Империјата и Големите сили ќе управува со територијата. Совет на видни луѓе ќе дадат предлог на Устав (Член 7). Воените трупи на Империјата ќе се повлечат од оваа територија, додека Руската воена окупација ќе продолжи во следните две години (Член 8). Црна Гора Согласно договорот, речиси двојно ја зголемува својата територија за сметка на Империјата, при што и се преклучени (Никшиќ),(Подгорица) и (Антивари). Империјата ја признава нејзината независност. Србија ги припојува Моравските градови Ниш и Лесковац и станува независна држава (Член 3).Поголемиот дел од Македонија влегува во состав на Санстефанска Бугарија.Империјата ја признава независноста на Романија (Член 5).Во замена за воена репарација, Империјата и ги отстапува на Русија Кавкаските територии, вклучувајчи ги Батуми и Карс, како и Северна Добруџа, која Русија и ја отстапува на Романија за замена на Југозападна Бесарабија (Член 19).Империјата ветува реформи за Босна и Херцеговина (Член 14), Крит, Епир и Тесалија (Член 15). Морските теснеци Босфор и Дарданели — се декларираат за отворени за сите неутрални бродови во војна и мир (Член 24).

    • Реакции

Големите сили не биле задоволни со проширувањето на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство подоцна довело до одржување на Берлинскиот конгрес 1878 година.Романија, која дала голем придонес на страната на победниците во војната, била крајно разичарана од договорот. Јавноста во Романија гледала на договрот како предавство од страна на Русија, која го прекршила Руско-Романскиот договор пред започнувањето а војната, со кој се гарантирал интегритетот на Романската територија.

  • Берлински конгрес

Берлинскиот конгрес (13 јуни - 13 јули, 1878) е средба на државните претставници на тогашните европски големи сили и Империјата која се одржала во Берлин во 1878 година, после завршувањето на Руско-турската војна, 1877-1878. На конгресот се расправало за новонастанатите услови на Балканот. Претседавач на конгресот бил Ото фон Бизмарк. Одлуки од Конгресот На Конгресот се одлучило: • на Империјата да ѝ се вратат во владение териториите на Македонија и Одринска Тракија од Санстефанска Бугарија кои ѝ биле одземени со Санстефанскиот договор во полза на Бугарија. Исто така, според претходно склучени во Руско-британски договор (од 30 мај 1878 година), територијата на Бугарија е околу три пати намалена од предвидената во Санстефанскиот договор (било решено Бугарија да се простира на територијата која се наоѓа само северно од Стара Планина). • Од остатокот од територијата на Санстефанска Бугарија, односно Источна Румелија потпаднала под турска власт и се здобила со статус на автономна област; • Србија, Црна Гора и Романија да добијат независност; • Бугарија добила статус на вазално кнежество во рамките на Империјата; • Кипар ѝ бил доделен на Велика Британија; • Босна и Херцеговина ѝ била доделена на Австро-Унгарија. На овој начин моќта на Империјата во Европа и Азија била значително намалена. Влијанието на Руското царство на Балканот исто така се намалило за сметка на зголеменото влијание на Австро-Унгарија. На Конгресот се договорил и бил ратификуван Берлинскиот договор. На Конгресот се направила целосна ревизија или биле избришани 18 од вкупно 29 членови на Санстефанскиот договор, и во таа смисла ги исполнил целите. Иако била основа за стекнување на државен суверенитет на некои од балканските држави, оваа територијална поделба на Балканот не ги решила сите прашања и аспирации, туку испровоцирала понатамошни тензии кои кулминирале со Балканските војни, а подоцна и Првата светска војна.

Призренска лига[уреди]

Призренската Лига била албанска политичка организација основана на 10. јуни 1878 год. во Призрен, во Косовскиот вилает во Империјата. Чувствувајќи ја заслабената позиција на Империјата, Лигата започнала програма за реформирање на пет политички делови: одбрана на земјите населени со Албанци од интересите на Србија, Црна Гора и Грција; создавање единствена провинција во Империјата која би се состоела од вилаетите Косово, Манастир, Јанина и Скадар; формирање воена служба на територијата на Албанија; создавање училишта за развој на националното образование; контрола на финансии. Видни фигури кои учествувале во работата на Лигата биле: Сами Фрашери, Пашко Васа, Абдул Фрашери како и 80-тина други делегати меѓу кои имало и племенски старешини и свештеници. Причини за формирање на Призренската лига Источната криза започнала со востанието во Босна и Херцеговина во 1875. година, па преку Априлското востание (1876) во Бугарија, Разловечкото востание (1876. год.) во Македонија, Српско-турската војна од 1876. год. и завршила со Руско-турската војна 1877 год. која завршила со Сан Стефанскиот мировен договор од 3. март 1878 год., а потоа со неговата корекција на Берлинскиот конгрес (13.06.1878 - 13.07.1878 г.). Источната криза им била од корист на балканските држави и на Русија, со цел да ги оживеат освојувачките планови за Албанија. Со влегување на Русија во војната, опасноста од поделба на Албанија се зголемила. Албанските патриоти мислеле дека организираното ослободително востание и прогласување на независност на Албанија е единствен начин да им се спротистават на балканските држави и големите сили. За таа цел започнале со обиди за подобро организирање на национално движење и за обезбедување на надворешен сојузник. Во мај 1877 год. бил формиран албански комитет со центар во Јанина, а потоа ист таков бил формиран и во Скадар. Во декември 1877 год. во Истанбул бил формиран „Централен комитет за одбрана на правата на албанската националност“ или покусо „Истанбулски комитет“ на чело со Абдул Фрашери. Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор (3. март 1878 г.) било предвидено еден дел од предели во кои живеело албанско население да им се отстапи на Бугарија, Србија и Црна Гора. Тоа предизвикало револт кај Албанците. Во цела Албанија биле организирани масовни протести. Против овој договор биле и големите сили и затоа решиле да направат корекција на Берлинскиот конгрес. Во ваква напната состојба во Албанија се барала организација на сите сили за одбрана на албанските етнички области од распарчување. За таа цел се јавила потреба од создавање на единствен центар за организирање на албанските активности. Уште во април 1878 год. започнало движење за одржување на општ албански собир во Призрен, што е познат како Албанска или Призренска лига. Веста за одржување на Берлинскиот конгрес ги забрзала подготовките околу заседанието. На 10-ти јуни 1878 год. започнало заседанието на Призренската Лига, на кое присуствуале делегати од сите краишта на Албанија. На собранието на Лигата била донесена одлука да се известат Големите сили дека Албанскиот народ е решен да не дозволи поделба на неговата територија и дека е подготвен веднаш да преземе мерки за практично реализирање на автономија на Албанија и соединување на вилаети каде што живееле Албанци. Во програмата се предвидувало администрацијата на Лигата да ги преземе ингеренциите на државната администрација, да избере органи на власт што требале да воспостават ред и да собираат даноци за да се организираат и вооружени сили. Со своите први акти Лигата презела државни функции за постепено изградување на една автономна албанска држава. Високата Порта се обидела на Лигата да и даде исламски карактер со протурска ориентација и да ја искористи за одбрана на своите интереси на Балканот.

  • Ставот на Лигата кон одлуките на Берлинскиот конгрес

На Берлинскиот конгрес (13.07.1878 - 13.08.1878 г.) учествувале шестте големи сили на Европа. Албанскиот народ немал свои претставници кои би ги изнеле неговите ставови. По еден месец интензивни преговори, на 13. јули 1878 г. бил потпишан Берлинскиот договор. Со него, пределите населени со македонско и албанско население кои со Санстефанскиот договор биле дадени на Бугарија останале под Османлиска власт. На Србија и биле дадени: Пирот, Врање и Ниш, на Црна Гора: Бар, Плав, Подгорица, Гусиње, Ругово и Колашин. На конгресот било решено и прашањето за Грција, која не учествувала во војната против Империјата. Било решено за гранична линија меѓу неа и Османлиската држава да биде реката Каламис во Долна Албанија, со што на Грција и биле дадени области во Чемерија. Албанците не биле задоволни од решенијата на Берлинскиот конгрес и затоа решиле да се спротистават на нив и да им покажат на големите сили дека албанскиот народ постои и е подготвен да се жртвува за своите права. Тоа Албанците го покажале во борбите за Плав и Гусиње кои требало да и припаднат на Црна Гора. Во август 1878 г. Големата Порта го испратила на Косово Мехмет Али Паша да ги убеди Албанците да не се противат на решенијата од Берлинскиот Конгрес. Најголемо спротиставување имало во Ѓаковица каде силите на Лигата го опседнале и го нападнале градот, и го убиле Мехмет Али Паша. По овој неочекуван настан Големата Порта прашањето за Плав и Гусиње го оставила за подоцна. Црногорскиот крал интервенирал кај Големите сили Високата Порта да ги повлече своите војски од Подгорица, Шпуза и Жабљак. Призренската лига не се спротиставивал на давањето на овие области на Црна Гора, бидејќи биле со словенско население, а решила да ги брани Гусиње и Плав бидејќи биле со албанско население. Меѓу црногорските војски и силите на Лигата се воделе жестоки борби во кои Црногорците биле поразени. Со помош на Големите сили било решено на Црна Гора, наместо Плав и Гусиње, да и се дадат други албански области: Хот и Груда. Ваквото решение предизвикало незадоволство кај Албанците и во април 1880 г. повторо дошло до војна во која Црногорците одново биле поразени и принудени да се повлечат. Прашањето за Улцињ и албанските победи ги принудиле Големите сили да се состанат во Берлин на 26. јуни 1880 г. каде решиле наместо Хот и Груда на Црна Гора да и се даде Улцињ. Оваа одлука ја принудила албанската Лига да свика собрание во Ѓирокастро (26. јули 1880 г.) и во Дебар (20. октомври 1880 г.), на кои покрај дискусија за статусот на Албанија во однос на Империјата се разговарало и за одбрана на земјата. Високата Порта се обидувала да ги убеди Албанците да го предадат Улцињ, но неуспешно. Големите сили соочени со нова ситуација решиле воено да интервенираат со испраќање на поморска флота пред Улцињ. Тие од Албанија побарале да го предаде градот. На 26. ноември 1880 г. османлиски сили го освоиле градот и го предале на Црногорците. Губењето на Улцињ предизвикало големо незадоволство кај Албанците.

  • Привремената влада на Лигата и нејзиното распаѓање (1881 г.)

По предавањето на Улцињ на Црна Гора, Високата Порта почнала да се подготвува да ја ликвидира Призренската Лига. Албанците кои барале автономија Султанот ги прогласил за најопасни непријатели на Империјата. Во декември 1880 г. на Косово започнале албански вооружени напади против османлиската администрација. Во вака влошена состојба, албанските патриоти сметале дека е дојдено време да се реализира програмата за автономна Албанија. Во почетокот на 1881. г. тие организирале вонреден собир на Лигата во Призрен на кој учествувале само оние кои ја подржувале програмата за автономија. Собирот решил да ги раздолжи од своите органи оние кои не ја подржувале автономијата. По прочистувањето на своите редови Лигата прогласила Привремена влада на чело со Имер Призрени - претседател, а за потпретседател бил избран Шаип Спахиу. По формирањето на Привремената влада, биле формирани и редовни воени сили како и нова администрација во ослободените краишта. Воените сили биле под команда на Сулејман Вокши. Во јануари 1881 г. силите воспоставиле контрола на Косово и на одделни региони од северозападниот дел на Македонија. Но, во април 1881 г. османлиските војски ги разбиле војските на привремената влада и извршиле невиден терор на Косово и во цела Албанија. Илјадници Албанци биле уапсени и казнети со тешка робија, меѓу нив и Абдул Фрашери, член на Привремената влада. Призренската Лига била прва национална организација на Албанците која со своите разграноци била распространета во сите албански области и била оставена во служба на националното движење. Со својата херојска борба таа ги одбранила од распарчување албанските области на север и на југ од земјата, а со формирањето на Привремената влада таа ги поставила темелите на идната Албанска држава.

Македонско востание[уреди]

Македонското востание (во македонската историографија познато под името Кресненско востание, а во бугарската историографија познато под името Кресненско-разлошко востание) е востание на македонскиот народ против отоманската власт кренато на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година во селото Кресна, во долината на реката Струма во Пиринска Македонија.Самите настани во Големата источна криза (1875-1881) година, Руско-турската војна, Санстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес имале силно влијание во Македонија.Револуционерниот дух кај Македонскиот народ се повеќе раснел особено по востанието во Босна и Херцеговина и ослободувањето на Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна. Најголема причина за оружена борба за ослободување на Македонија предизвикал членот 23 од мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија и предвидувал нејзина автономија но останување во рамките на Империјата.

  • Подготовки

Главните подготовки за подигнување на востанието биле водени од повеќемина видни Македонци - учители, трговци, свештеници итн. Најангажирани во подготовките биле охридскиот митрополит Натанаил Охридски и познатиот македонски револуицонер учителот Димитар Поп-Георгиев Беровски кој две години претходно бил главен водач на Разловечкото востание, познатиот македонски војвода од тој период Стефо Николов, познатиот македонски револуционер од тоа време поп Коста (Буфски) од с.Буф-Леринско и неколкумина македонски војводи. Голема улога во подготовките и одвивањето на востанието ќе имаат и штотуку формираните т.н. благотворителни комитети Единство, кои ги организирале мирните но и вооружените протести и акции против решенијата на Берлинскиот конгрес кои имале главно негативен карактер во однос на Санстефанскиот мировен договор кој во целост бил во корист на Бугарија. Најважни од нив биле Софискиот и Џумајскиот комитет кои всушност играле и раководна улога во востанието. При подготовките за востанието најмногу се сметало на четите кои би се формирале од доброволци - Македонци-ополченици во Бугарија кои по завршувањето на војната останале таму. Меѓутоа искуствата покажале дека за да успее востанието требало да се исползуваат чети од Македонија кои веќе ги крстосувале македонските планини, чети познати на народот, чети кои ќе ги имаат идеалите за слобода на Македонија и чети кои немаат никакво влијание од соседните држави (Бугарија, Србија, Грција).

  • Востание

Востанието започнало на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници и многу селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 109 турски војници. По ослободувањето на Кресна востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско. Настанала голема слободна територија. Една од првите мерки на востаничките водачи, по ослободувањето на селата, била да воведат нова месна административна власт, да извршат мобилизација за пополнување и формирање на нови чети како и избор на воено-востаничкото раководство. На општото собрание востаниците за востанички водач го избрале Калмиков, за началник на штабот Димитар Поп-Георгиев Беровски, а за прв војвода на четите Стојан Карастоилов.

  • Несогласувања

Овде се појавиле првите несогласувања и недоразбирања помеѓу македонските револуцинери и бугарските комитети. Преставниците на комитетот Единство, Адам Калмиков и Луј Војткевич сакале востанието да биде проширено што поскоро и во останатите делови на Македонија со цел да се привлече вниманието на европската дипломатија.Меѓутоа Стојан Карастоилов, Димитар Поп Георгиев и другите македонски војводи се стремеле најпрво востаничката територија да се организира, да се набави оружје, муниција и друг воен материјал, да се регрутираат свежи востанички сили и дури потоа да се удри на останатите области.

  • Дефинитивен раскол

По борбите во Разлошката котлина, Стојан Карастоилов, Димитар Поп-Георгиев Беровски и другите македонски војводи од раководните позиции на востанието ги смениле Адам Калмиков и Луј Војткевич. Меѓутоа комитетот Едниство на тоа остро реагирал и од своја страна испратил комисија од тројца комесари кој од своја страна спровеле воен суд за Стојан Карастоилов и луѓето блиски до него. Пресудата гласела смрт. Смртната казна врз Стојан Карастоилов била извршена на 6 декември 1878 година, додека пак Димитар Поп-Георгиев Беровски се спасил благодарение на Натанаил Кучевишки. Беровски ја задржил должноста војвода во областа Каршијак но и таа подоцна му била одземена. На тој начин македонските војводи биле одстранети во раководењето со востанието, а тогаш главен раководител на востанието станал комитетот Единство. Меѓутоа набргу доброволците почнале да ги напуштаат востаничките редови, а тројцата комесари не можејќи да ја контролираат ситуацијата се вратиле во Бугарија.

  • Втора фаза
    • Комитет Единство

Втората фаза од востанието е каракатеристична што македонските војводи биле одстранети од челните функции, а раководењето го презел комитетот Единство. Во Софија бил свикан собир на ограноците на Единство и требало да се избере централен комитет за воени акции но сите ограноци не испратиле свои преставници и затоа Софискиот огранок го овластил Натанаил Кучевишки да раководи со сите административни и финансиски работи на востанието. Кон Натанаил се приклучиле Стефан Стамболов и Никола Обретенов.

  • Задушување на востанието
    • Настапување на османлискиот аскер

Во средината на Февруари 1879 година комадантот на турскиот гарнизон во Петрич ги повикал селаните да се предаат од востаничката територија. Барањето било одбиено по што турската војска започнала со својата акција. Хусеин бег од Петрич со 8 000 аскер и башибузлук (нерегуларни воени сили) удрил на востаничите редови. Напредувањето на турците било постепено и внимателно. Раководителите на востанието најверојатно поради стратешки цели голем дел од востаниците ги испратиле во внатрешноста на Македонија во Битолско, Воденско и Костурско за да го покренат и таму на востание населението.На 14 мај 1879 година востаничкиот комитет од Малешевските планини испратиле повик до целото население на востание но отsивот бил многу мал.Од друга страна демолизирачки врз населението и востанието била и веста дека руската војска која се наоѓала во Горна Џумаја си заминала по што турците почнале се враќаат во Горноџумајско. Четите во внатрешноста на Македонија од Градец на Вардар заминале на територијата меѓу Вардар, Мариовските планини и Демир Капија, со цел да го кренат населението но неуспешно...

    • Демобилизација

Истовремено со деморализацијата на востаничките редови и добровлните чети дошло до слабеење на активноста на комитетите на Единство во Горна Џумаја, Софија, Ќустендил и Пловдив, поради напуштање на членството.Поради таквата состојба Натанаил Кучевишки заминал за селото Падеж и таму на 6 јули 1879 издал наредба за демобилизација на четите и собирање на оружјето кое требало да се складира во селото Бураново. Со самото тоа Кресненското односно Македонското востание жавршило.

  • Последици

Во почетокот на јули 1879 година престанале секакви дејствија во однос на востанието но со доажањето на турците во Горна Џумаја започнало бегство на населението од Џумајската каза и од внатрешноста на источна Македонија. Околу 25 000 - 30 000 христијани заминале во Бугарија и тоа била една од првите поголеми миграции на населнието од Македонија во Бугарија. На местата на избеганото населението почнале да се доселуват муслимани од Бугарија.

Отоманска Ерменија[уреди]

Ерменците во Империјата припаѓале на Ерменската апостолска црква, Ерменската католичка црква и Ерменската протестантска црква. Во составот на Империјата тие претежно живееле во ерменскиот милет. Денешната територија на Ерменија од страна на Османлиите започнала да потпаѓа во времето на Мехмед II и целосното зазимање завршило во времето на Селим II (1524 - 1574). Османлиското владеење на Ерменија траело околу 300 години кога по Руско-турската војна (1828-1829) Источна Ерменија била отстапена на Руската империја. Западниот дел од земјата под османлиско владеење била до поразот на империјата во Првата светска војна. Во текот на османлиското владеење дел од елитните ерменски семејства имале голема доверба кај султанот и добиле можност да допрат до големи позиции во власта. Со текот на времето бројот на Ерменците постојано се намалувал главно поради тоа што биле третирани како народ од втора класа или пак поради разни прогони па дури и геноциди. Во Константинопол по 1453 година продолжила да опстојува Ерменската апостолска црква предводена од ерменскиот патријарх. Ерменците живееле во шест вилаети и тоа Ерзурум, Ван, Битлиш, Дијарбекир, Карпут и Сивас По Берлинскиот конгрес се отворило т.н. Ерменско прашање кое се однесувало во преден план за заштита на населението. Ерменското прашање станало дел од Источното прашање во меѓународната политика. Во империјата било формирано Ерменска револуционерна организација која се борела за решавање на ерменското прашање и подем на ерменскиот национализам. Поради ова следувале серија од бунтови и востанија од страна на ерменските сили кои завршувале безуспешно. Во текот на Првата светска војна ерменското население било подложено на масовно истребувње од империјата. По крајот на војната Ерменија за кратко станала независна држава.

Ерменски масакар (1894-1896)[уреди]

Ерменските колежи од 1894-1896 година или Големиот масакар, се масовни убиства на Ерменците преземени во обид за задушување на ерменското национално движење во Империјата. Според Берлинскиот договор (член 61) од јули 1878 година Високата порта била обврзана да воведе "без одложување поголеми подобрувања и реформи што се бараат од локалните услови во областите населени со Ерменци, и да обезбеди нивната безбедност од черкезите и Курдите". Во 1880 година Големите сили, задолжени за надзор за спроведувањето на договорот (Русија, Австро-Унгарија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија), на неколку пати повикале режимот на Абдул Хамид II да ја примени оваа клаузула, но ова не довело до резултат. Административно-територијалната поделба на Западна Ерменија била направена така што Ерменците останале малцинство во сите четири вилаети аде живееле, односно во Ван, Ерзурум, Битлис и Дијарбакир, а насилството од страна на курдските феудалци продолжило со поддршка на локалните власти. Во почетокот на 90-тите години била создадена Ерменска револуционерна организација. Репресиите ескалирале во август 1894 година, по неуспешното востание на Ерменците во реонот на Сасун. Во август 1896 година група ерменски револуционери ја зазеле зградата на Отоманската банка во Константинопол со барање за спроведување на неисполнетите реформи. Како одговор на ова било извршено прогонување на ерменската заедница во градот, а репресијата се пренесочила и во другите делови на империјата. Бројот на жртвите достигнал до 300.000 .

  • Заземање на Отоманската банка (1896)

Зазимањето на отоманската банка претставува преземање на објектот на 26 август 1896 година од страна на членовите на ерменската револуционерна федерација во Константинопол, Отоманска Империја. Во обид да се подигне уште свеста и акцијата од страна на големите европски сили, 28 вооружени мажи и жени доведени првенствено од страна Папкен Сиуни и Армен Каро ја зазеле банката на Империјата каде во голема мера вработените биле од Британија или Франција. Овој настан се должи на неактивноста на европските сили во однос на големите прогони и колежи од страна на султанот Абдул Хамид II. Во тоа врме банката била важен финансиски центар за империјата и за друѓи земји во Европа. Вооружени со пиштоли, гранати, динамит и рачни бомби, опсадата на банката траела 14 часа која резултирала со убивање на дел од срменските револуционери. По крајот на заложничката драма во Константинопол започнал прогон и убивање на ерменснкото население, чиј број достигнал околу 6,000 луѓе. Сепак по интервенцијата на европските дипломати империјата им дозволила безбедно заминување на преживеаните револуционери во Франција. И покрај нивното насилно зазимање на банката, инцидентот бил позитивно прифатен кај европскиот печат славејќи ги луѓето за нивната храброст и целите кои се обиделе да ги постигнат.

Солунски атентати[уреди]

Солунските атентати биле серија бомбашки напади во Солун, извршени од 28 април до 1 мај 1903 година, од страна на Гемиџиите, анархистичка револуционерна група. Целта на овие напади била да се нападне европскиот капитал во Империјата за да се привлече вниманието на големите сили врз македонското прашање. Во изведувањето на Солунските атентати учествувале десетмина гемиџии: Јордан Поп Јорданов - Орцето, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов, Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов и Цветко Трајков. Не можејќи да го поднесат страдањето на својот народ од турската тиранија, Гемиџиите решаваат да преземат дејствија преку кои ќе го актуелизираат македонското прашање во Европа. Со таа цел, решаваат да извршат напади врз објекти на европскиот капитал во Турција, а по можност и да се всеат колку што може повеќе хаос во градот преку напади врз државни објекти. Гемиџиите сметале дека на таков начин ќе ја заинтересираат европската јавност за состојбата во Македонија и дека преку нивните индивидуални акции ќе ги натераат големите сили да интервенираат во прилог на ослободувањето на нивната татковина од турското владеење.

  • Подготовки

Во 1902 година, тие стапуваат во контакт со Борис Сарафов, кој тогаш е на чело на Комитетот на македонските братства во Бугарија. Претходно, Петар Манџуков, Слави Мерџанов и Петар Соколов заминале во Цариград со цел да го убијат султанот Абдул Хамид II. Откако се увериле дека не постојат никакви шанси за успешно изведување на атентатот, тие пристапиле кон нов план што опфаќал уривање на Отоманската банка во Цариград. Мерџанов го известува Јордан Поп Јорданов - Орцето и овој презел мерки за организирање на слична акција во Солун. Со парите, тие најмуваат куќа веднаш наспроти Банк Отоман и цела година групата копа тунел под земјата што води кон основите на банката. Во исто време, копањето на цариградскиот тунел одело многу бавно. Набрзо дошло до откривање на каналот како резултат на предавство во почетокот на 1901 година. Помеѓу другите документи кои паднале во рацете на османлиските власти, се наоѓал и опширниот извештај за копањето на цариградскиот канал. Ова предавство однело две жртви: Славе Мерџанов и Петар Соколов. Во пролетта 1902 година Гемиџиите успеале да обезбедат триста килограми динамит и го довршиле каналот до Отоманската банка во Солун. Иако тие планирале што побргу да ги извршат нападите, Даме Груев им сугерирал да почекаат и да ја синхронизираат нивната акција со претстојното востание (Илинденско востание). За разлика од Груев, Борис Сарафов им дал морална и материјална поддршка на Гемиџиите. Групата решава атентатите да започнат на 28 април 1903 година. Планот составен на последното советување одржано надвор од градот бил следен: да се потопи францускиот брод, да се минира пругата во близина на солунската станица; да се запали резервоарот за газија од којшто се осветлувал градот; да се дигне во воздух Отоманската банка, да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери. Прекинувањето на осветлението и фрлањето на градот во темнина требало да биде знак за почетокот на акцијата. Секој точно знаел каква била неговата задача во определеното време за акција. Во врска со прашањето дали атентаторите треба да загинат при акциите дошло до различни мислења. Поп Јорданов, Кирков и Мечев го застапуваат ставот дека атентаторите треба да го положат својот живот, додека Шатев, Арсов и Бошнаков не се согласуваат со тоа. На крајот е одлучено секој сам да си го направи изборот.

  • Атентатите

На 28 април околу пладне во близина на солунското пристаниште Павел Шатев го потопува со динамит францускиот брод Гвадалкивир. Оваа акција излегла двојно успешна, бидејќи бродот бил запален, а патниците сите до еден спасени. Истата вечер Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов поставуваат динамит на железничката пруга Истанбул-Солун и го онеспособуваат возот. И при оваа акција нема жртви, но е предизвикан хаос во железничкиот сообраќај. Вечерта на 29 април Константин Кирков поставува два килограми динамит на цевките со гас за осветлување и на водоводните цевки на Солун. Целиот град е во темница и без вода. Во целиот град владее паника, хаос и страв. Десетина минути по изгаснувањето на осветлувањето, Јордан Поп Јорданов - Орцето ја крева во воздух зградата на Банк Отоман. Во истото време на повеќе локации во Солун гемиџиите фрлаат бомби: Милан Арсов фрла бомба во летниот театар Алхамбра, Илија Трчков фрла две бомби на главната улица, Димитар Мечев фрла две бомби пред хотелот Египет, Константин Кирков фрла бомба пред Гранд хотелот, а Георги Богданов пред кафеаната Ноја. Владимир Пингов предизвикува пожар кај „Бошњак-ан, а потоа фрла бомба пред вратата на Топхането (турската државна управа), каде што е застрелан од војници. По овие акции Мечев и Трчков се вратиле во својот стан и од таму почнале да фрлаат бомби врз турската војска. Откако фрлиле 50-60 бомби се самоубиле за да не бидат фатени од турските власти. На 30 април, во борба со турската војска и полиција загинува и Jордан Поп Jорданов. На 1 мај, се извршуваат две неуспешни акции. Кирков прави обид да ја крене во воздух солунската телеграфско-поштенската станица, но е убиен од стражарот, а Цветко Трајков прави обид да го убие солунскиот валија Хасан Фехми паша. Откако не успева, атентаторот се самоубива активирајќи бомба.

  • Биланс

Гемиџиите, млади македонски револуционери, успеваат да ја извршат најголемата терористичка акција на своето време. Нивниот план бил успешно извршен. Сите дипломатски претставници во Солун ги известиле своите влади за солунските настани. Билансот на атентатите бил следен: директно од динамитот на гемиџиите настрадале Гвадалкивир, Банк Отоман, гасоводните цевки, Гранд Хотел Солун, кафеаните Ал Xамбра и Ноја и Бошнак-ан. Бил урнат Германскиот клуб, кафеаната Египет, како и неколку други локали. Во битка со војската и полицијата се убиени шестмина од гемиџиите: Орце Поп Јорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Трајков. Уапсени се четворица: Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие прво се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со затвор во Фезан (Либија). Во немирите кои избувнале на 30 април како реакција на атентатите на Гемиџиите, фанатизирани муслимани оделе во толпи низ градот и убивале недолжно христијанско население. Проценките за бројот на загинати варираат од 35 лица, според османлиските власти, до 200-300 според ТМОРО. Властите успеале донекаде да ги смират толпите, но речиси без причина почнале да малтретираат и да апсат по сопствени произволни проценки. Во рацијата на османлиските власти биле затворени околу 2.000 лица и некои членови на ЦК на ТМОРО на чело со неговиот претседател Иван Гарванов, а биле запленети и доста документи. Покрај членови на ЦК биле затворени и поголем број членови на ТМОРО, со што таа претрпела силен удар. Од уапсените 2.000 лица, 353 лица се изведени пред суд, а од нив 33 се осудени.

Илинденско востание (1903)[уреди]

Илинденското востание било востание на македонскиот народ против османлиската власт. Конгресот на Македонската револуционерна организација, одржан во Солун, донел одлука напролет да се крене оружено востание. Започнувањето и водењето на востанието им биле препуштени на окружните комитети. Конгресот на Битолскиот револуционерен округ, одржан во Смилево, одлучил да се крене општо ослободително востание, избрал Главен востанички штаб на Битолскиот револуционерен округ (во состав: Дамјан Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев), ги определил востаничките реони и реонските штабови. На Главниот штаб му биле пренесени сите овластувања за раководење на Востанието, да извршува воена и политичка власт и, со функции на воено-востаничка влада, да стапува во врска и да води преговори со дипломатските претставници и со владите на европските големи сили, како и посредни или директни преговори со непријателот, Владата на османлиската држава, или со нејзини ополномоштени претставници. Главниот востанички штаб донел наредба горските началства да ги мобилизираат органите и телата на Организацијата да ја преземат власта во градовите и во селата. Окружното раководство во Битола формирало Информационо биро на Главниот штаб за извршување разузнавачки и информациски задачи. Главниот штаб донел одлука за започнување на Востанието на денот Св. Илија, 2 август 1903 (нов стил). По започнувањето на Востанието, Задграничното претставништво на Организацијата во Софија им предало на владите на европските големи сили Декларација со која биле известени за неподносливата експлоатација и за жестокоста на режимот на османлиската држава кој не ги почитувал елементарните права признати на македонскиот народ со Берлинскиот договор. Од нив се барала ефикасна интервенција за да се присили Владата на Турција, како единствено одговорна за воениот конфликт, да ги изврши преземените обврски и на Македонија да и даде автономија. Востаничките сили презеле нападни дејства во сите востанички реони. Востаниците од Крушевскиот востанички реон со концентриран напад го ослободиле Крушево. Во Костурскиот востанички реон биле осло