Коралина (филм)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| „Коралина (Coraline)“ | |
![]() Официјален постер |
|
| Режирано од | Хенри Селик |
|---|---|
| Продуцент | Клер Џенингс |
| Сценарист | Хенри Селик (сценарио) Неил Гаиман (новела) |
| Настапуваат | Дакота Фенинг Тери Хачер Хон Хоџман Кеит Дејвид |
| Музика | Бруно Коулаис |
| Дистрибутер | Focus Features |
| Премиера | 6 февруари 2009 |
| Времетраење | 100мин. |
| Држава | |
| Јазик | англиски |
| Буџет | 70 мил. долари |
| Бруто заработка | $85,195,651 |
Коралина (англиски: Coraline) е американски 3Д фантазија цртан филм од 2009 год. Филмот е базиран според истоимената новела од 2002, од Неил Гаиман. Филмот својата американска премиера ја имаше на 6 февруари 2009 а светската премиера неколку недели подоцна.
Содржина |
[уреди] Синопсис
Коралин Џонс е темпераментна и љубопитна единаесетгодишна девојка, која секогаш е подготвена за авантура. Неодамна со родителите се преселила од Мичиген во Орег и бидејќи ѝ недостасуваат пријателите, а и нејзините родители се зафатени со своите работни обврски, постојано се обидува да најде нешто возбудливо во својата околина. Го запознава Виви Ловато, момче од соседството на свои години кој ја нервира, па ги посетува своите стари соседи, кесцентричните британски глумици. Во нејзиниот кварт живеат и две госпоѓи, Спинк и Форсибл, и ексценттричниот Рус, господин Бобински. После сите овие средби, Коралин искрено почнува да верува дека нејзиниот нов дом едноставно не може да биде досаден. Но, се лажи бидејќи открива скриена врата во својата куќа. Откако поминува низ вратата открива паралелна верзија на својот живот. Таа паралелна верзија наизглед е слична на нејзиниот вистински живот, иако е многу подобра. Возрасните кои живеат таму, вклучувајќи ја и грижната Втора мајка, се чинат многу посимпатични. Коралина овде е во центарот на вниманието и почнува да мисли дека овој Друг свет всушност е светот во кој таа припаѓа. Меѓутоа, кога сгаќа дека ситуацијата е многу поопасна, Коралина ја собира сета своја сила, одлучност и храброст да се врати дома и да ја спаси својата вистинска фамилија.
[уреди] Актерска екипа
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Дакота Фенинг | Коралина Џонс |
| Тери Хачер | Мел Џонс |
| Џон Хоџман | Чарли Џонс |
| Кеит Дејвид | Мачката |
| Роберт Бејли Џуниор | Виви Ловат |
| Џенифер Сандерс | Г-ѓа Спинк |
[уреди] Филмски критики
На интернет страницата Rotten Tomatoes јасно се гледа дека критичарите и обичната публика во еднаква мера се задоволни од изгледаното. Оцената застана на високиот 90% успех, а вака пишуваат медиумите – „Филмот едноставно драчи од бајковити и инвентивни идеи“ (New Yorker), „Искрена и волшевна приказна завиткана во вистинска визуелна посластица“ (Houston Chronicle), „Оригинална и интернесна приказна која без никакви проблеми влегува во конкуренција за најдобро направените 3Д филмови некогаш“ (Globe and Mail).
