Контакт (филм од 1997)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Контакт“
РежисерРоберт Земекис
ПродуцентРоберт Земекис
Стив Старки
СценаристРоман:
Карл Сејган
Сценарио:
Карл Сејган
Ен Драјан
Џејмс Харт
Мајл Голденберг
Главни улогиЏоди Фостер
Метју Меконахи
Џејмс Вудс
Том Скерит
Вилијам Фикнер
Џон Херт
Анџела Басет
Дејвид Морз
МузикаАлен Силвестри
КинематографијаДон Баргес
МонтажаАртур Шмит
ДистрибутерWarner Bros.
ПремиераСеверна Америка:
11 јули 1997
Велика Британија:
26 септември 1997
Австралија:
16 октомври 1997
Нов Зеланд:
23 октомври 1997
Времетраење153 мин.
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Буџет$90 милиони[1]
Бруто заработка$171.12 милиони

Контакт (англиски: Contact) е американски филм од 1997 година (во жанрот научна фантастика и драма), во режија на Роберт Земекис. Филмот претставува адаптација на романот на Карл Саган, „Контакт“, напишан според расказот на Саган и Ен Драјан, кои истовремено биле и копродуценти на филмот. Автор на музиката е Алан Силвестри.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Д-р Ели Ејровеј (ја игра Џоди Фостер) е научник, која работи на програмата СЕТИ во опсерваторијата Аресибо во Порторико. Таа и нејзините колеги ги преслушуваат радио-сигналите со надеж дека ќе најдат сигнали испратени од вонземска интелигенција. Научникот, советник на двајца претседатели, Дејвид Драмли, им ја укинува финансиската поддршка. По осумнаесет месеци, Ели добива финансии од индустријалецот, Хајдн. Екипата на д-р Ејровеј успева да детектира силни сигнали, повторувани секвенци од прости броеви, кои доаѓаат од соѕвездието Лира, поточно од ѕвездата Вега.[3][4]

Сигналите се дешифрирани, најпрво како видео-снимка на која Адолф Хитлер ги отвора Олимписките игри во Берлин, во 1936 година. Д-р Ејровеј и нејзината екипа сфаќаат дека тоа е првиот телевизиски сигнал кој бил доволно силен за да отпатува надвор од Земјината атмосфера, пристигнал на Вега, а потоа е вратен од таму, патувајќи цели 26 светлосни години назад. Следното дешифрирање на сигналот открива податоци, над 60.000 „страници“ со технички цртежи. Откако владините специјалисти за декодирање на цртежите не успеваат да сфатат за што станува збор, податоците се декодирани од Хајдн, кој објаснува дека податоците кријат нацрт на сложена машина способна еден човек да го одведе на Вега.

Целиот свет се обединува со цел да се конструира машината на Кејп Канаверал, а истовремено се врши избор на кандидатот кој ќе биде испратен во машината (вклучувајќи ги Ејровеј и Драмли). Во овој круг, од изборот испаѓа Ејровеј, која не одговара задоволително на прашањето на комисијата: „Дали верувате во Бога?“ Но, Драмли гине, машината се распаѓа, и многумина се повредени при нејзиноот тестирање поради самоубиствен напад од еден верски фанатик.

Во најголема тајност се чува втората конструирана машина, овој пат на Хокаидо, Јапонија, а Ејровеј е избрана да патува. Таа го започнува своето патување, а малата камера е задолжена да го снима тоа што таа го гледа. А гледа туѓа планета, со високо развиена цивилизација. Потоа наеднаш се наоѓа на плажа, која Ејровеј ја препознава како плажата од нејзиното детство - Пенсакола на Флорида. Вонземјанинот со кого воспоставува контакт, го зема ликот на нејзиниот починат татко и, одбегнувајќи да одговори на нејзините прашања, вели дека е доволно за првиот чекор на човештвото. Потоа, вонземјаните ја враќаат Ејровеј назад. Таа се буди во капсулата за лансирање и сфаќа дека на Земјата поминале само неколку секунди, додека таа има доживувања од 18 часа. Додека комисијата смета дека експериментот бил неуспешен, посебно што Ејровеј нема никаков доказ за своето патување (на камерата има само „снег“), Ејровеј сепак се држи до својот исказ: како доказ го има само своето доживување. Откако ќе се утврди дека камерата снимала 18 часа „снег“, на Ејровеј ѝ се доделени финансиски средства да продолжи со програмата СЕТИ.

Улоги[уреди | уреди извор]

  • Џоди Фостер - д-р Ели Ејровеј: научник од тимот на СЕТИ, која прва ја открила вонземската порака.
  • Метју Меконахи - Палмер Џос: познат филозоф, христијански бивш свештеник, кој е вљубен во Ејровеј.
  • Џејмс Вудс - Мајкл Киц: советник за национална безбедност, кој ја води истрагата против Ејровеј.
  • Том Скерит - Дејвид Драмлин: научник, советник на претседателот на САД.
  • Вилијам Фикнер - Кент Кларк: слеп, научник во програмата СЕТИ, асистент на Ејровеј.
  • Џон Херт - С.Р. Хајдн: ексцентрик, индустријалец, милијардер, кој ја дешифрира вонземската порака. Хајдн на крај умира на вселенската станица „Мир“.
  • Анџела Басет - Рејчел Константин: шеф на персоналот на претседателот Клинтон.
  • Дејвид Морз - Теодор Ејровеј: таткото на Ели Ејровеј. Умрел од срцев удар кога Ели имала 10 години.

Занимливости поврзани со филмот[уреди | уреди извор]

  • За потребите на филмот, екипата на Земекис имала дозвола неколкупати да го посети вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, каде ѝ било дозволено да прегледаат податоци кои не се дозволени за обични посетители.[5]
  • На 14 јули 1997 година, три дена по премиерата на филмот во САД, студиото Warner Bros. добило писмо од Белата куќа во кое таа се пожалила дека појавувањето на претседателот Бил Клинтон било „несоодветно“.
  • Директорот на CNN се пожалил дека е грешка што било дозволено 13 членови од екипата на СНН да се појават во филмот (вклучувајќи ги Лери Кинг и Бернард Шо, и покрај тоа што истиот човек е сопственик и на Warner Bros. и на CNN, Тајм Ворнер.[6]
  • Во текот на снимањето на филмот, на 28 декември 1996 година, режисерот Френсис Форд Копола покренал судска постапка против Warner Bros. и веќе починатиот Карл Саган. Саган умрел на 20 декември, шест дена пред да биде поднесена тужбата на Копола,[7] така што судот ја отфрлил тужбата.
  • Сцената во која на д-р Ејровеј ѝ даваат капсула со цијанид станала контроверзна. Џералд Грифин, бивш службеник на НАСА и советник на филмот, иснистирал дека НАСА никогаш не им давала цијанид на астронаутите, бидејќи ако астронаутот сака да се самоубие, доволно е да се исклучи од доводот на кислород. Сепак, Саган инсистирал на фактот дека НАСА им дава на астронаутите капсула со цијанид и дека тоа го прави во секоја мисија со екипаж. Режисерот Земекис изјавил дека ќе ја остави сцената во филмот, не поради вистинитоста на тврдењето на Карл Саган, туку најмногу заради задржување на автентичноста на идејата од романот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Benjamin Svetkey (1997-07-18). „Making Contact“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2021-01-04. Посетено на 2009-01-27.
  2. HRT (пристапено на 15.3.2018)
  3. „Контакт“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 14.
  4. „Контакт“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 15.
  5. Технологија и наука посетено на 10 мај 2009 година
  6. Staff (1997-07-15). „Cameo crisis on 'Contact'. Variety. Посетено на 2009-01-26.
  7. Копола го тужи „Контакт“ посетено на 10 мај 2009 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: