Констелациски дијаграм

Од Википедија — слободната енциклопедија

Констелациски дијаграм — репрезентација на сигнал модулиран со шема на дигитална модулација како што се квадратна амплитудна модулација (QASK) или дигитална фазна модулација (PSK). Тој го прикажува сигналот како дво-димензионален распрскан дијаграм во комплексната рамнина на инстанците на семплирање на симболи. Во поширока смисла, тој ги претставува можните симболи кои можат да бидат избрани од страна на дадена модулациска шема како точки во комплексната рамнина. Мерни констелациски дијаграми може да се користат за да се препознае видот на пречки и нарушување во сигналот.

Констелациски дијаграм за Gray encoded 8-PSK.

Со претставување на пренесениот симбол како комплексен број и модулирање на синус и косинус на носечкиот сигнал со реални и имагинарни делови (соодветно), симболот може да се испрати со два носачи на иста честота. Тие често се нарекуваат квадратни носачи. Кохерентниот детектор може самостојно да ги демодулира овие носачи. Овој принцип на користење два независно модулирани носачи е основата на квадратната модулација. Во чиста фазна модулација, фазата на модулираниот сигнал е фаза на самиот носач.

Како што симболите се претставени како комплексни броеви, тие можат да бидат прикажани како точки на комплексната рамнина. Реалните и имагинарните оски често се нарекуваат во фазата, или I-оска, и квадратурата или Q-оска, соодветно. Исцртување неколку симболи во скатер дијаграм произведува констелациски дијаграм. Точките на констелацискиот дијаграм се нарекуваат констелациски точки. Тие се група на модулирани симболи кои се состојат од модулација на азбуката.

Исто така дијаграм од идеални позиции, сигнално просторен дијаграм, во модулациска шема може да се нарекува констелациски дијаграм. Во оваа смисла констелацискиот не е скатер дијаграм туку е претстава на самата шема. Примерот кој е тука покажан е за 8-PSK, на кој исто така му е дадена Gray кодирана бит задача.

Толкување[уреди | уреди извор]

Констелациски дијаграм за правоаголнa 16-QAM.

При приемот на сигналот, демодулаторот го испитува примениот симнол, кој може да се оштетени од страна на каналот или примачот (на пр. дополнителен white Gaussian шум, дисторзија, фазен шум или мешање). Се избира, поради проценката на она што е всушност пренесено, таа точка на констелацискиот дијаграм која е најблиску (во смисла на Евклудово расотјание) до онаа на примениот симбол. На тој начин тој погрешно же демодулира ако корупцијата предизвика примениот симбол да се придвижи поблиску до друга констелациска точка од онаа која е пренесена.

Ова е максималната веројатност за детекција. Констелацискиот дијаграм овозможува директна визуелизација на овој процес – замислете го добиениот симбол како произволна точка во I-Q и потоа одлучете дека пренесениот симбол е која и да е констелациска точка коа е најблиску до неа.

За целите на анализирање на квалитетот на примениот сигнал, некои видови на корипција се многу очигледни во констелацискиот дијаграм, На пример:

  • Гаусов шум покажува како нејасни констелациски точки
  • Не-кохерентно едно честотнитно мешање покажува како кружни констелациски точки
  • Фазен шум покажува како констелациски точки кои се шират вртежно
  • Слабеење предизвикува аголните точки а се движат кон центарот

Констелацискиот дијаграм визуелизира појави слични на оние на моделот на окото кои ги прави за едно-димензионални сигнали. Очниот дијаграм може да се користи за да се види временската непостојаност во една димензија на модулација.