Константинос Гарефис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Константинос Гарефис
Роден 1874
Милиес, Грција
Починал 24 август 1906

Константинос Гарефис (Κωνσταντίνος Γαρέφης), е андартски капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Биография[уреди | уреди извор]

Константинос Гарефис е роден 1874 година во Милиес на планината Пелион.

Во 1905 станал заменик на андартскиот капетан Константинос Мазаракис кој десјтвувал во планината Каракамен до Негуш. Поради меѓународниот притисок, Константинос Мазаракис како грчки офицер бил отстранет, а неговото место го зазел Герефис.

Андартската чета на Герефис ја нападнала четата на Македонската револуционерна организација предводена од војводата Лука Иванов. Војводата и неговиот помошник Кара Ташо од здобиените рани на 25 август 1906 година починале.

Константинос Гарефис во текот на овој напад на 24 август бил убиен [1][2].

Во 1922 година Црнешево, во чест на Константинос Гарефис било преименувано во Гарефи [3].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Христо Силянов, Освободителните борби на Македония, Том II, стр. 175
  2. Καπετάν Γαρέφης
  3. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.