Константинов знак на небото
Римскиот император Константин Велики на 27 октомври 312 година се борел против Максентиус во познатата битка кај мостот Милвијан во близина на Рим и го победил својот противник. Се раскажувало дека пред битката Константин на небото видел знак составен од грчките букви хи и ро - првите две букви од името „Христос“. Слушајќи го гласот му рекол: „Под овој знак ќе победиш!“, им заповедал а војниците тој симбол да го носат на штитовите, а својата победа ја препишал токму на таа постапка. Денес историчарите знаат за конјукцијата на сјајните планети на денот на битката, па некои од нив сметаат дека овие планети, Месечината и блиските ѕвезди го „создале“ овој симбол на небото.
[уреди] Битката кај мостот Милвијан
На оваа слика се прикажува споменетата битка каде што константин и неговите следбеници го набљудуваат симболот на небото, а нивните непријатели исчезнуваат.