Конкеринг лајон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Conquering Lion
Конкеринг Лајон настапуваат на Д Фестивал 2018
Животописни податоци
ПотеклоТетово, Македонија
Жанровиреге
Период на активност2007–денес
Членови
Стефан Илиевски - Rootsman (гитара, тромбон, вокал)
Бојан Рафајловски - Happy (гитара, следечки вокал)
Дејан Дојевски - Папак (бас-гитара)
Јован Степановиќ - Кондур (перкусии)
Александар Георгиадис - Кела (тапани)
Ненад Трифуновски - Трипе (звучни ефекти)
Филип Димишковски (клавијатури)
Значајни инструменти
тромбон

Конкеринг лајон (англиски: Conquering Lion) — македонска реге група.

Животопис[уреди | уреди извор]

"Conquering Lion" е група која е оформена и работи во Тетово.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 2013 година, групата имала забележителни настапи на музичкиот фестивал "In Music" во Загреб, а свирела и како предгрупа на скопскиот концерт на Ману Чао. Најпосле, на 22 ноември 2013 година, групата го објавила својот трет албум "Revelation" (Откровение), кој бил издаден под етикетата на издавачката куќа "Пасворд", a албумот бил објавен во дигитална форма, со можност за бесплатно преземање од интернет-страницата на издавачот "Exit Label". На албумот, покрај другите песни, се застапени две соработки: едната со музичарот од Јамајка, Доналд Минот, а втората со српскиот музичар Дарка Рајиќ. Снимател на албумот е Ивица Јанкуловски, а миксот е дело на Фредерик Луно.[1] На 25 јануари 2014 година, во музичката продавница "Југотон" во Скопје, "Конкеринг лајон" го промовирале видео-спотот за песната "Trickster's End". Спотот бил снимен на повеќе локации: Македонија, Хрватска, Албанија и Црна Гора и во него се прикажани моменти од патувањата и концертите на групата. Снимател на спотот е Јовица Рафајловски, а режијата и монтажата се дело на Милан Тоциновски - Сако.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Албумот на "Конкеринг лајон" објавен од Егзит лејбл", Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 25.
  2. "Нов спот за "Конкеринг лајон" за Trickster's End", Дневник, год. XVII, бр. 5373, петок, 24 јануари 2014, стр. 23.