Конечки Езера

Координати: 41°30′46″N 22°23′30″E / 41.51278° СГШ; 22.39167° ИГД / 41.51278; 22.39167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Конечки Езера
Конечки Езера - Поглед на едно од двете Конечки Езера
Конечки Езера - Поглед на едно од двете Конечки Езера
Поглед на едно од двете Конечки Езера
Координати 41°30′46″N 22°23′30″E / 41.51278° СГШ; 22.39167° ИГД / 41.51278; 22.39167
Вид вештачко
Земји во сливот Македонија
Површина 24.412 м2[1] и
21.304 м2[2]
Најг. длабочина 6 м[3]
Водна зафатнина 20 мил. м3[3]
Надм. височина на површината 600 м[3]


Конечки Езера (познати и како Конче 1 и Конче 3) — вештачки езера во Лакавичко, во југоисточниот дел на Македонија. Сместени се на 1 километар од селото Конче, административно седиште на истоимената општина, каде што и се наоѓаат самите езера. Зафаќаат вкупна површина од 45.716 м2, од кои поголемото зафаќа 24.412[1], а помалото 21.304 м2[2].

Езерата служат за наводнување на околу 10 до 15 хектари обработливи површини, а целосниот капацитет на акумулирана вода во двете езера изнесува 20 милиони м3, додека мрежата за наводнување задоволува 90 хектари површина.[3]

Езерата се создадени од околни извори, а истекот се користи исклучиво за наводнување и водата понира.

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед на едно од двете езера

Акумулациите Конче 1 и Конче 3 се создадени во 1961 година во близина на истоименото село со основна намена за наводнување на земјоделските површини. Вкупната бруто-зафатнина на езерото изнесува 20 милиони м3, од кои корисната зафатнина изнесува 16 милиони м3. Максималната длабочина на езерата е 6 метри.[3]

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Во двете акумулации се сретнуваат зелената, синозелената и пирофитната алга. Во двете езера присутни се следниве видови на риба: крап, плашица, клен, црвеноперка, лињак, караш и кркушка.[3]

Во акумулацијата се сретнуваат и: ракови, жаби, водни желки и водни змии.[3]

Туризам[уреди | уреди извор]

Во текот на 2014 година, Општина Конче партерно ги уредила бреговите на езерата, со изградба на крајбрежни патеки, летниковци и средување на целата блиска околина.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Парцела бр. 919/7, Катастарска општина Конче“. Агенција за катастар на недвижности. Посетено на 21 мај 2016.
  2. 2,0 2,1 „Парцела бр. 919/3, Катастарска општина Конче“. Агенција за катастар на недвижности. Посетено на 21 мај 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Костов, Васил (октомври 2015). „Риболовна основа за риболовна вода „Акумулации Конче 1 и Конче 3" за период 2017-2023 година“ (PDF). Институт за сточарство. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. стр. 1–16. Посетено на 21 мај 2016.
  4. „Партерно уредување на езерата Конче 1 и 3“. Општина Конче. 16 јуни 2014. Посетено на 21 мај 2016.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]