Презерватив

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кондом)
Машки презерватив

Презерватив (француски: préservatif) или кондом (англиски: condom) е гумичка направена од латекс или друг материјал. Штити од забременување и од СПБ и ХИВ. Може да се купи во продавница, без рецепт. Достапен е за машки и за женски. За да заштитата биде ефикасна, треба да се користи според упатството.

Машките треба да го стават кондомот, кога пенисот е во ерекција пред да навлезе во партнерот. При извлекување на пенисот надвор, држето го кондомот наспроти него. Поефикасен е во превенција од забременување кога мажот го извлекува пенисот надвор, пред да ејакулира. Погрешно се верува дека два кондоми еден преку друг, штитат подобро.

Постои и женски кондом, наречен фемдом, кој се става во вагината на жената, пред полов однос. За време на односот пенисот навлегува внатре во женскиот кондом. Заштитува од СПБ и ХИВ. Ако истовремено се употребуваат и спремициди, заштитата е подобра. Кондомот не треба да се подмачкува со масло или вазелин. За подмачкување може да се употреби специјален гел. Постои можност кондомот да се скине. Најдобро е да се чува на ладно и темно место. Ако се чува на топло (на пример во џебот од пантолоните, подолго време) може да е помалку ефикасен, и да се скине при употреба. Ги има различни бои, големини и со различни мириси.