Кондолиза Рајс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кондолиза Рајс

Кондолиза Рајс (14 ноември 1954) е американска политичарка, и била 66-ти по ред државен секретар на САД во администрацијата на Џорџ В. Буш. На таа позиција е од 26 јануари 2005 кога го заменила дотогашниот државен секретар Колин Пауел, кој поднел оставка, до 20. јануари 2009., кога на тоа место ја замени Хилари Клинтон. Рајс била првата Американка од африканско потекло, втора жена после Меделин Олбрајт, и втора личност од Американско-Африканско потекло на позицијата државен секретар. За време на првиот мандат на Претседателот Буш, Рајс беше неговиот секретар за национална одбрана. Нејзината дипломатска кариера била фокусирана на мир во Блискиот Исток. Таа зборува: Англиски, Руски, Германски, Француски и Шпански.

Детство[уреди]

Кондолиза Рајс е родена во градот Бирмингем во Американската сојузна држава Алабама. Најзиното име потекнува од Италијанската фраза „Con dolcezza“, што значи „со сладкост“.

Американски државен секретар (2005-2009)[уреди]

Од добивањето на позицијата Американски државен секретар, Рајс ја разви и објави нејзината „Трансформациона Дипломатија“ во Јануари 2006. Таа се состои од пет клучни елементи:

  • Релокација на Американските дипломати кон региони надвор од САД, како Кина, Индија, Африка и Блискиот Исток.
  • Задолжување на дипломатите да престојуваат и работат во локации како Ирак, Авганистан, Судан или Ангола, и течно да говорат барем два странски јазици.
  • Дипломатски фокус на Тероризам, транспорт на дроги, и болести.
  • Кооперација со други држави за јакнење на нивните инфраструтури.
  • Создавање на позиција на висок функционер „Директор за странска помош“.