Кондиторски производи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Кондиторските производи (или слатки, во разговорниот македонски јазик „благо“) е општ назив на висококалорични и лесноусвоиви производи со висока содржина на шеќер, кои се одликуваат со пријатен вкус и арома. Основни производи од кои се подготвуваат слатките се: брашно (пченично, пченкарно, ‘ржано, овесно и др.), шеќер, мед, овошје, млеко (пресно и кисело), масло, јајца, оцет, карамел, какао, ореви, прашок за печиво, лимонска киселина, желатин, додатоци за вкус и арома.

[уреди] Видови на кондиторски производи

Во зависност од користените состојки, слатките можат да се поделат во две основни групи - шеќерести и тестести.

[уреди] Шеќерести слатки

Кондиторски производ Краток опис
слатко (џем, мармалад) овошје сварено во сладок сируп, групирани во зависност од технологијата на подготвување и конзистенцијата на готовиот производ.
желе слатко од овошен сок, сварен со шеќер и средство за желирање (желатин).
бонбони ситни слатки, произведени од шеќер, карамел, чоколадо или нивна комбинација со овошје и јатки.
чоколадо разбиена какаова, какаово-млечна смеса, може да биде со јатки, сушено овошје и др.
кремови десерти кои се состојат најчесто од хомогена маса на млеко, јајца, нишесте, овошја, масло, карамел итн.
сладолед замрзната засладена и ароматизирана млечно-овошна, со павлака или комбинирана смеса.
мусови кондиторски производ од разбиена чоколадна, овошна или друга маса со јајца или желатин.

[уреди] Тестести производи

Кондиторски производ Краток опис
вафли суво печиво од посебен вид, подготвено од масно тесто, се состои од тенки слоеви испечени во специјални форми (преса), кои се мачкаат со различни филови - чоколаден, овошен итн.
печива, торти, еклери тестести производи од брашно, шеќер, јајца, оцет, сода бикарбона, ароматизатори, глазирани по печењето или премачкани со различни кремови и сосови.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици