Кондензатор
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Кондензаторот е електротехнички елемент, кој може да ја сочува енергијата во облик на електрично поле. Најзначајната големина на кондензаторот е неговиот електричен капацитет. SI единицата за електричен капацитет е 1 F (фарад).
Во електрониката, кондензаторот е пасивен електронски елемент, па поради потребата за поголем капацитет и други работни својства се произведуваат технолошки различни видови кондензатори.
Комбинација на две тела спроводници кои се наелектризирани со исти, но по знак спротивни количевства електрицитет и кои меѓусебно се добро изолирани електрично, се викаат електричен кондензатор. Металните тела од кои е составен кондензаторот се викаат електроди на кондензаторот.
Нека едната електрода на еден кондензатор е наелектризирана со количевство електрицитет Q, а другата со -Q, при што напонот меѓу нив е U. Со помош на низа мерења (наелектризирајќи го кондензаторот со различни количини електрицитет и мерејќи го напонот) или со помош на теоретски испитувања, се заклучува дека напонот меѓу електродите е правопропорционален со количина електрицитет. Според тоа, количникот
е карактеристичен за дадениот кондензатор. Оваа величина се вика капацитет на кондензаторот, а единицата во која се мери се вика фарад (F), во чест на Фарадеј.
Електричниот кондензатор е, всушност направа во која при определен потенцијал може да се собере (кондензира, натрупа) големо количество електричество.


![C = \frac{Q}{U} \, [F]](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/math/0/2/d/02dbd4c85be7b8d6ab705a345079d957.png)