Конахт
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Kонахт Cúige Chonnachta |
||
| Местоположба | ||
|
||
| Статистики | ||
| Површина: | 17 713,18 | |
| Население (2006) | 503 083 | |
Конахт (англиски: Connacht; се изговара ˈkɒnəxt, или /ˈkɒnɔːt/[1]; ирски: Connachta (изговор [ˈkɔnəxtə]) „(земја на) потомците на Кон“) е западна провинција на Ирска, со областите Голвеј, Литрим, Мејо, Роскомон, Слајго.
Во ирскиот се користи името Cúige Chonnacht т.e. провинцијата Конахт. Најголеми градови се Голвеј на југ, и Слого на север. Има вкупно население од 503 083 со што е најненаселената провинција во Ирска.
Највисока точка е врвот Мвелреа (Mweelrea) (814 m), во округот Мејо, додека најголем остров е Ахил, кој воедно е и најголем остров во Ирска. Најголемо езеро е езерото Луг.
Во 1798 гонина со француска воена помош беше формирана Република Конахт (The Republic of Connaught).
[уреди] Види исто така
[уреди] Забелешки
- ↑ според окфордскиот англиски речник
| Административна поделба на Ирска | |
|---|---|
| * Составен дел на Северна Ирска (останатите се дел на Република Ирска) | |

