Комунистичка интернационала

Од Википедија — слободната енциклопедија
Комунистичка интернационала
ОсновачВладимир Ленин
Основана2 март 1919
Распуштена15 мај 1943
НасленикКомунистичкото информациско биро
Идеологија
БоиЦрвена
Лењин и Стаљин

Комунистичка интернационала (позната како Коминтерна или Трета интернационала) (1919-1943) била меѓународна комунистичка организација создадена во Москва во март 1919 година. Коминтерната имала за цел да се бори „со сите расположливи средства, вклучувајќи и вооружени, за отфрлање на меѓународната буржоазија и за создавање на една меѓународна Советска република како преодна фаза до целосно укинување на државите“. Коминтерната била официјално распуштена од страна на Јосиф Сталин во 1943 година.