Компјутерска етика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Компјутерската етика (англиски: Computer ethics) претставува множество на правила за коректно однесување во компјутерскиот свет. Употребата на компјутерите во денешно време е во пораст, затоа потребно е да постојат правила, или начини на однесување во компјутерскиот свет. Компјутерската етика се грижи за постоењето на тие правила. Таа ги подучува луѓето како да се однесуваат правилно кога користат компјутер. Со зголемување на употребата на компјутерите се зголемуваат и бројот на нормите кои ги воведува комјутерската етиката. Таа ни помага да ја зголемиме приватноста при користењето на комјпутерите, да се заштитиме од вирусите, од некоректното користење на софтвер. Постоењето на компјутерската етика е сврзано со појавата и развојот на компјутерите.Многу луѓе сметаат дека појавата на компјутерите може да биде штетна за општеството, не гледајќи ги позитивните страни на постоењето на компјутерите.Тие сметале дека на многу работни места на кои работат луѓето, работата ќе ја превземат компјутерите.Но, со постоењето на компјутерската етика, тие негативни замисли за компјутерите ќе се избледат,и луѓето ќе ја имаат вистинската слика за појавата и развојот на компјутерите. За компјутерската етика направени се многу трудови, се со цел луѓето да го разберат вистинскиот придонес на компјутерите во денешно време. Правилата кои ги дефинира компјутерската етика, ни покажуваат како правилно да ги користиме компјутерите, и да не правиме прекршоци при работата со нив.Компјутерската едукација почнува да се воведува во основните училишта, се со цел луѓето на време правилно да се информираат за употребата на компјутерите, и придонесите од нив. Компјутерската етика, ги учи корисниците како да се справуваат со ризиците, и да ја зголемат безбедноста. Корисниците на компјутерите треба да имаат во предвид дека, и покрај тоа што компјутерите работат под строги правила, софтерските програми ги создале луѓето, и тие се замисла на луѓето. [1]

Историја на компјутерска етика[уреди]

1940 - 1970[уреди]

Компјутерската етика како наука е основана од страна на Норберт Винер, професор по математика и инженерство на Институтот за технологија во Масачусетс (англиски: MIT), во раните 1940ти. Науката која ја пропагирал Винер се викала кибернетика. И покрај тоа што ова се случувало во екот на Втората светска војна, Винер предвидел дека кибернетиката искомбинирана со електронски компјутери ќе има огромни општествени и етички импликации; и дека откако војната ќе заврши, светот ќе мине низ втора индустриска револуција, што ќе резултира со многу нови етички предизвици и шанси. [2]

Винер потоа ја објавил својата книга Кибернетика (англиски: Cybernetics ) во која детално ја опишува новата гранка на применета наука. Во неа тој идентификувал општествени и етички резултати од постоењето на електронските компјутери. Тој во 1950 година ја објавил книгата “Човечка употреба на човечките суштества“ (англиски: The Human Use of Human Beings) со која се етаблирал како основач на компјутерската етика и покрај тоа што никаде не го употребил тој термин како назив на новата наука. Во оваа книга тој истражувал најразлични етички проблеми кои има најголеми шанси да се создадат со компјутерската и информациската технологија. Некои од овие проблеми се важни дури и денес, односно шеесетина години подоцна. Дел од овие теми се: компјутерите и безбедноста, компјутерите и (не)вработеноста, одговорностите на компјутерските професионалци, вештачка интелигенција, компјутерите и религијата и многу други важни теми.[3]

Како што често се случува, поради тоа што Норберт Винер бил пред времето и покрај тоа што тој се уште не знаел дека е всушност основач на нова гранка, многумина од неговите колеги, и луѓето воопшто, го сметале за ексцентричен научник кој многу фантазира. Вистинитоста на тврдењата во неговите книги ќе се остварат дури две децении подоцна.

Напредувањето на новата наука било ставено во мирување се до дваесетина години подоцна, кога Дон Паркер забележал дека почнале да се случуваат извесни информатички криминални дејства (на пример, ограбување на банка со помош на компјутер) и направил кодекс за морал со кој би биле казниви ваквите настани. Овој кодекс бил усвоен. Во следните две-три децении, Паркер пишувал книги и статии и држел говори и работилници за полето на компјутерската етика. [4]

1970 - 1980[уреди]

Во овој период, Јозеф Вајзенбаум, компјутерски научник на Институтот за технологија во Масачусетс, испровоциран од реакцијата на околината врз неговиот софтверски симулатор на психијатар по име ELIZA, ја напишал книгата “Компјутерската моќ и човечкото мислење” (англиски: Computer Power and Human Reason), која е основна литература на компјутерската етика. ELIZA била нападната од страна на неговите колеги кои верувале дека поради неговиот софтвер ќе останат без работа. Книгата на Вајзенбаум, како и неговите говори, инспирирале многу мислители и проекти од полето на компјутерската етика.[5]

Терминот “компјутерска етика” првпат бил воведен од страна на Волтер Манер, кој забележал дека кога компјутерите учествуваат во медицински процедури, се јавуваат нови етички прашања. Тој развил нов курс, на почетокот само експериментале, кој го носел ова име и неколку години подоцна терминот, како и курсот, биле прифатени насекаде. Во овој курс тој нудел материјали за учење, теми за дискусии и многу педагошки совети за универзитетски професори за и тие да го држат истиот курс. Работата на Манер извршила огромно влијание врз понатамошниот развиток на компјутерската етика. Тој предизвикал воведување на многу нови курсеви од оваа област, а се здобил и со неколку важни следбеници.[6]

Во овој период не се случиле други поважни настани на полето на компјутерската етика. Нејзиниот најважен развој се случил подоцна.

1980 - 1990[уреди]

Во почетокот на овој период, јавноста во Америка и Европа почнале да ја загрижуваат бројни последици на постапки поврзани со информатичката технологија. Вакви загрижувачки појави биле: криминал извршен со компјутер, несреќи предизвикани од паѓање на компјутерска машина, напади на приватност податоци преку компјутерски бази на податоци и огромни и скапи судски процеси за софтверска сопственост. Во овој период се случила огромна експанзија нна компјутерската етика.

Еден од следбениците и помошниците на Манер, Терел Вард Бајнам освен што работел на пропагирањето на компјутерската етика како наука, во 1985 година напишал статија во весникот “Метафилозофија” (англиски: Metaphilosophy), по име “Што е компјутерската етика?” (англиски: What Is Computer Ethics?), која денес се смета за основна литература за оваа област.[7]

Истата година, Дебра Џонсон го објавила првиот официјален учебник за компјутерскатата етика, кој го носи истоимениот назив. Таа ја дефинирала компјутерската етика како поле кои ги испитува начините на кои компјутерите воведуваат нови морални прашања и дилеми. Интересно е тоа што Дебра Џонсон, и покрај тоа што го следела движењето на Манер, не верувала дека компјутерите ќе создадат сосема нови етички проблеми. Тоа резултирало со дискусии меѓу нив двајца. Во овие дискусии Дебра се обидувала да докаже дека компјутерите само трансформираат, односно надградуваат стари етички проблеми. Computer ethics, http://en.wikipedia.org/wiki/Computer_ethics#History </ref>

Од тогаш, полето на компјутерската етика се развива многу брзо. Околу 1985 година, почнале да се отвораат истражувачки центри, компјутерски курсеви, конференции, да се пишуваат учебници и статии во весници итн. Од истражувачките центри најбитни за иднината на компјутерската етика биле оние во Европа и Австралија. Биле развиени и ETHICOMP конференции.[8]

1990 - денес[уреди]

Во 1990 година, Готербарн го создал Институто за етички истражувања на софтверското инженерство (англиски: Software Engineering Ethics Research Institute ), како дел од Државниот Универзитет во Тенеси. Подоцна, заедно со Сајмон Роџерсон, развил компјутерски софтвер кој ќе им помага на поединци, компании и организации во припремите на етичките анализи и за одредување на веројатни етички влијанија од страна на проектите од областа на софтверското инженерство. Овој софтверски продукт се вика SoDIS. [9]

Во 1991 година, Бајнум и Манер ја одржале првата интернационална конференција за компјутерската етика, за која многумина сметаа дека е огромен чекор напред во истоименото поле. На оваа конференција мислењата ги споделиле многу филозофи, компјутерски професионалци, адвокати, бизнис лидери, владини претставници, новинари и други луѓе од многу важни гранки на општеството. Оваа конференција резултирала со множество материјали за предавања, монографи и видео програми. [10]

Во 1995 започнала втора генерација во развитокот на компјутерската етика, која обратила повеќе внимание на практичните активности. На една од ETHICOMP конференциите, Кристина Горњак Кочиковска смело изјавила дека компјутерската етика набрзо ќе прејде во глобално развиена етика која ќе биде застапена во секоја култура на планетата. Понатамошните случувања само ја потврдиле нејзината хипотеза. Во 1999 година, Дебра Џонсон се спротивставила на хипотезата со тоа што изјавила дека компјутерската етика нема да се развие, туку ќе биде онаа старата етика, но со нов пресврт.[11]

Оваа хипотеза е од големо значење за компјутерската етика бидејќи била провокативна и го разбудила интересот за тврдењата на Манер, кои тој ги направил на истата конференција. На оваа конференција, Горњак предвидела дека компјутерската етика ќе се развие во нешто многу повеќе од само применета етика, како што било тогаш. Таа смело изјавила дека таа ќе се развие во една глобална етика, прифатена од страна на секоја култура на земјата. [12]

За разлика од хипотезата на Горњак, хипотезата на Џонсон го тврди токму спротивното, иако на прв поглед двете изгледаат идентично.

Тоа значи дека мислителите на ова поле му пружиле на светот две многу различни гледишта за етичката важност и за етичкиот развој на компјутерската технологија. Едното гледиште е на Дебра Џонсон, и се базира на тврдењето дека проблемите кои ги носи информатичката технологија се оние старите, но со некој нов пресврт. За ова гледиште може да се каже дека е конзервативно, бидејќи тврди дека основните етички теории кои се граделе со векови порано, ќе останат нечепнати. Тоа значи дека компјутерската етика како посебна гранка од применетата филозофија, ќе исчезне. Другото гледиште е на триото Винер-Манер-Горњак. Овие тројца научници ја гледаат компјутерската технологија како револуционерна област. Нивното гледиште се базира на тврдењето дека луѓето ќе мора да ги преиспитаат основните принципи на етиката, а со тоа и самата дефиниција на човечкиот живот.


Нарушувања на компјутерската етика[уреди]

Луѓето прават многу нарушувања на етичките правила при ybavo користењето на компјутер. Тоа се случува поради тоа што луѓето не ги доживуваат тие нарушувања како сериозни. Најголем дел од корисниците на компјутер нелегално користат софтвер, или пак користат туѓ компјутер без да добијат дозвола за тоа, користат туѓи лозинки. Ниската свесност на луѓето е една од причините за нарушување на етичките правила. За да правилно навлеземе во компјутерскиот свет, мора да ги почитуваме етичките правила. Нарушувањата на компјутерската етика се зголемуваат со зголемување на бројот на неправилностите кои ги прават корисниците на компјутерите. Со зголемување на бројот на компјутерските вируси, црви и хакирања, се проширува и компјутерскиот криминал, а со тоа се прекршуваат правилата на компјутерската етика. Приватноста е една од темите, која компјутерската етика ја засега веќе подолго време.Удобноста при користење на комјутерите за чување, пребарување на информации, ја доведуваат приватноста во ризик. Бидејќи колку полесно се чуваат и пребаруваат информациите, толку е и поголема, и полесна можноста за пристап до туѓи информации. Многу прекршувања се поврзани со темата софтверска сопственост. Ричард Сталман и некои други луѓе ја започнаа "Фондацијата за слободен софтвер".Тие сметаат дека сите информации треба да бидат слободни, и сите програми треба да бидат достапни за копирање,учење и модифицирање. Некои луѓе пак тврдат дека дека софтверските компании или програмерите, нема да инвестираат толку месеци во работа, ако таа инвестиција не им се врати во форма на продажба. [13]

Структура[уреди]

Компјутерската етика е составена од правила, кои што го диктираат правилниот начин на функционирање во светот на компјутерите.

Бројот на овие правила се зголемува, со зголемување на развојот на компјутерската технологија. Сите правила од кои е составена компјутерската етика, развиваат коректен начин на функционирање на компјутерската технологија. Бидејќи компјутерската етика ја засегаат повеќе теми, всушност можеме да направиме класификација на правилата. Правилата можеме да ги класифицираме во зависност од тоа, од која тема произлегуваат. Правилата од кои е составена компјутерската етика, ни ја даваат точната визија за компјутерите, како тие ни помагаат во реалниот свет. Овие правила не спречуваат да гледаме на развојот на компјутерите, како конкуренција за преземање на работните места. За да почнат луѓето да ги почитуваат овие правила, тие треба да бидат запознати со нив. За таа цел, во училиштата треба да се воведе компјутерска едукација, која ќе им помогне на корисниците уште од рана возсраст правилно да ги користат компјутерите. Сите непочитувања на овие правила, создаваат погрешен начин на пристап во светот на компјутерите.

Значење[уреди]

Компјутерката етика е многу важен фактор за правилно функционирање во светот на компјутерите. Правилата од кои таа е составена треба да ги почитуваат сите корисници на компјутерите. Доколку не се почитуваат тие правила ќе се прават многу нарушувања, кои ќе имаат негативни последици за сите кои ги користат компјутерите. Компјутерската етика разработувајќи ги темите кои неа ја интересираат, им помага на луѓето да создадат правилна визија за компјутерите. Погрешните визии за компјутерите, можат да доведат до тоа да луѓето добијат еден вид на одбивност кон комјутерите, а со тоа тие самите го спречуваат нивниот развој во светот на компјутерите. Со текот на времето, како што технологијата се развива, потребно е дефинирање на нови правила, кои ќе се применуваат понатаму. Без овие правила на компјутерската етика, приватноста и безбедноста ќе бидат на многу ниско ниво, а тоа воопшто не им одговара на корисниците на компјутерите, бидејќи никој не сака да ја доведе својата приватност и безбедност во ризична состојба. Сите оние кои ги почитуваат правилата на компјутерската етика, никогаш нема да направат неправилности, заради кои би биле казнети. Но, за да тие правила се почитуваат мора корисниците да бидат запознати со нив, и да можат да ги применат. Бидејќи само така развојот на компјутерскиот свет ќе се движи во правилната насока, и сите ќе имаме корист од него, а не штети, кои негативно ќе влијаат на нас. Постапките кои при користење на компјутер предизвикуваат штети на некои други корисници треба да бидат казнети. Бројот на луѓето кои се занимаваат со компјутерската етика се повеќе се зголемува, со развојот на компјутерите. Тие работат на дефинирање на кодекси во компјутерската етика, кои треба да се почитуваат од страна на корисниците. Колку побрзо луѓето ќе ги применат овие правила, толку поефикасно ќе биде спречувањето на грешките, и избегнувањето на казните, кои следат доколку се направат тие грешки, односно прекршоци. [14]

Наводи[уреди]

  1. Статиja за компјутерска етика Computer Ethics, http://www.cmpe.boun.edu.tr/~say/c150/intro/lit10.html, конс. 11 јануари 2012 
  2. Статија за компјутерската етика Computer and Information Ethics, http://plato.stanford.edu/entries/ethics-computer/l 
  3. Статија за компјутерската етика A very short histoрy of computer ethics, http://www.southernct.edu/organizations/rccs/oldsite/text-only/resources_t/research_t/introduction_t/bynum_shrt_hist_t.html 
  4. Статија за компјутерската етика A very short histoрy of computer ethics, http://www.southernct.edu/organizations/rccs/oldsite/text-only/resources_t/research_t/introduction_t/bynum_shrt_hist_t.html 
  5. Статија за компјутерска и информациска етика Computer and Information Ethics, http://plato.stanford.edu/entries/ethics-computer/ 
  6. Статија за основни концепти на компјутерската етика Computer Ethics: Basic Concepts and Historical Overview, http://dehn.slu.edu/courses/fall06/493/ComputerEthics.html 
  7. Компјутерска етика Computer ethics, http://en.wikipedia.org/wiki/Computer_ethics#History 
  8. Кратка статија за компјутерската етика A Very Short History of Computer Ethics, http://knowledgeable-arts.blogspot.com/2009/11/very-short-history-of-computer-ethics.html 
  9. Кратка статија за компјутерската етика Computer ethics, http://en.wikipedia.org/wiki/Computer_ethics#History 
  10. Кратка статија за компјутерската етика Computer ethics, http://en.wikipedia.org/wiki/Computer_ethics#History 
  11. Книга за компјутерската етика и професионалните одговорности Computer ethics and professional responsibility, http://books.google.mk/books?id=FOxqAjC8iHkC&pg=PA326&lpg=PA326&dq=computer+ethics+history+gorniak&source=bl&ots=tzt70X7seN&sig=p0CFIkqkl4OTYrti8jScoHbdR1M&hl=en&sa=X&ei=M5ERT9PaDY3jtQbwj9QN&redir_esc=y#v=onepage&q=computer%20ethics%20history%20gorniak&f=false 
  12. Книга за компјутерската етика и професионалните одговорности Computer ethics and professional responsibility, http://books.google.mk/books?id=FOxqAjC8iHkC&pg=PA326&lpg=PA326&dq=computer+ethics+history+gorniak&source=bl&ots=tzt70X7seN&sig=p0CFIkqkl4OTYrti8jScoHbdR1M&hl=en&sa=X&ei=M5ERT9PaDY3jtQbwj9QN&redir_esc=y#v=onepage&q=computer%20ethics%20history%20gorniak&f=false 
  13. Статиja за десетте заповеди на компјутерската етика The Ten Commandments of Computer Ethics, http://www2.yk.psu.edu/~mer7/ethics.html, конс. 11 јануари 2012 
  14. Статиja за вовед во компјутерска етика Introduction to Computer Ethics, http://www.infosectoday.com/Articles/Intro_Computer_Ethics.htm, конс. 24 јануари 2012