Компјутерска анимација

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Компјутерска анимација е уметност на креирање подвижни слики со помош на компјутер. Компјутерската анимација претставува област од компјутерската графика и анимација. Најчесто се создава во 3д графија, поретко во 2д графика. Понекогаш се исповедува со компјутерски креирани слики особено кога се користи во филмови иако компјутерски создадените слики можат да се користат при изработката на компјутерската анимација но сами за себе не се анимација. Техниката на создавање е илузија дека некоја слика се движи е идентична со техниката која се користи при изработката на филмови, односно на телевизиски емисии. Имено, за да се создава илузија на подвижна слика потребно е на мониторот тековната слика да се замени со голема брзина со следната слика која е благо изменета, така што гледачот има илузија дека сликата е подвижна. 2д компјутерската анимација се користи при изработката на цртаните филмови. За разлика од порано кога сликите со кои се симулира движењето се цртале рачно, денес нацртаните филмови се користат компјутерски направени цртежи. На тој начин филмовите се изработуваат многу побрзо со ангажирање на помал број аниматори а и цената на чинење е незначителна. Во поново време филмовите обработени со 3д анимација се многу популарни. Техниката е едноставна и ефикасна. Аниматорот ја прави анимираната фигура која се состои од неколку делови. Тие делови го немаат крајниот изглед, туку претставуваат еден вид контури на фигурата. На тие делови им доделува патеки кои ќе ги следат создавајќи движење. На крајот со помош на генерирање фигурата го добива завршниот изглед. За да може окото и мозокот да се излажат дека објектите во сликите се движат континуирано, сликите мораат да се менуваат најмалку 12 слики во секунда а најмногу 70 слики во секунда. Брзината на измените над 70 слики во секунда практично имаат исти ефект како брзината на промените да е 70 слики во секунда, бидејќи човечкото око не може да ги разликува големи брзини. Промените со брзина под 12 слики во секунда предизвикуваат кај око илузија на движење но не континуирано. Цртаните филмови користат филмови користат брзина од 15 слики во секунда. Стандардните филмови на телевизијата и во кината користат брзина од 30 слики во секунда или нешто поголема за да создаваат илузија на движење. Кај компјутерскиве игри брзината најмногу зависи од графичката картичка а прифатливата брзина се движи од 30 слики во секунда или поголема. Компјутерите и видео камерите овозможија подобра работа со филмовите, т.е подвижните слики, а моќните графики картички потпомогнаа во прикажување на слики во реално време кај компјутерските игри. Анимацијата денеска наоѓа широка примена во кино салите, телевизијата мобилната телефонија, компјутерите, рекламните паноа и слично.