Комплементни агли
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Видови на агли |
Планиметриски агли
|
Комплеметни агли се два агли чиј збир изнесува 90 степени.
Доколку аглите се напоредни тогаш нивните надворешни краци формираат прав агол.
Според Евклид (Евклидовата теорема), двата остри агли во правоаголниот триаголник се комплементни бидејќи имаат збир од 90 степени (со оглед на тоа што збирот на аглите во еден триголник е 180 степени, а правиот агол е 90 степени).
Зборот „комплементен“ доаѓа од латинскиот збор „complementum“ што значи да се надополнува. Наречен е така бидејќи едниот остар агол е надополнет од страна на својот комплемент до прав агол.
