Комедија дел арте

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Комедија дел арте (италијански commedia dell'arte) е вид на италијанска комедија со исто утврдено сценарио во кое се менуваат стереотипните, најчесто љубовни заплети; успехот зависи првенствено од умешноста на актерите, бидејќи поединечните изведби, вклучувајќи ги монолозите, дијалозите, вообичаените досетки и шеги, се препуштени на импровизацијата[1].

Комедијата дел арте не е театарски род туку различен начин на изведба на театарските претстави. Дефиницијата дел арте всушност значела „занает“ и исто така имала и други имиња како: commedia all'improvviso (комедија на импровизацијата) или commedia degli Zanni (комедија на Ѕаниеви) и др.

Потекло[уреди]

Пјетро Лонги, Шарлатан, 1757

За прв пат дефиницијата за комедија дел арте се среќава во 1750 во комедијата „Комичниот театар“ (итал.Il teatro comico) на Карло Голдони. Венецијанскиот автор зборува за оние актери кои ја изведуваат „комедијата дел арте“ употребувајќи маски и импровизирајќи ги своите улоги, со помош на професионални актери (за прв пат значи во Западниот Театар се среќава група од професионални актери а не аматери), и го употребува зборот "arte" во смисол на професија, занает, односно на целата група од сите оние кои ја извршуваат таа професија. Значи Commedia dell'arte во смисол на „професионална комедија“ односно комедија на професионалци. Впрочем, во италијанскиот јазик зборот "arte" имал две значења: првото - уметност - како плод на човековиот ум, а другото занает, работа, професија.

Преминот од ренесансната комедија, со висок стил и изведувана од страна на аматери кон комедија дел арте се случува меѓу 16 и 17 век благодарение на серија од среќни околности кои настануваат во тој период.

Првата од тие околности е раѓањето на приватните театри, пред сѐ во Венеција каде благородничките фамилии отпочнуваат политика на распространување, во рамките на градот, на нови простори посветени за изведба на комедии и мелодрами со плаќање. Токму таквите театри му даваат поттик на уличниот изведувач, жонглер и дворски забавувач да се испроба во посложени сценарија. Од таа причина некои улични актери започнуваат да се собираат и ги создаваат патувачките актерски трупи.


Маските во комедија дел арте[уреди]

Главните ликови се слугата и неговиот господар, а основната интрига ја сочинува судирот меѓу старите и младите, глупавите и паметните, сиромашните и богатите. Во постојаните ликови на комедија дел арте, кои носат карактеристични костуми и маски, спаѓаат: Доторе (итал. Dottore), зборлест интелектуалец од Болоња; Панталоне (итал. Pantalone), приглуп татко, отмен трговец или излажен сопруг од Венеција; итриот слуга Арлекин (итал. Arlecchino) или Скапино (итал. Scapino)или Бригела (итал. Brighella) од Бергамо односно Пулчинела (итал. Pulcinella) од Неапол; Коломбина (итал. Colombina); фалбаџијата Капитано (итал. il Capitano); Тартаља (итал. Tartaglia) стариот нотар кој пелтечи; Пјер и др.

Преку патувачките трупи комедијата дел арте се шири низ Европа, извршувајќи големо влијание на германската, француската и англиската комедија и лакрдија (Молиер, Шекспир и др.). Влијанието на комедијата дел арте е видливо денес во англиската пантомима, во европските куклени претстави, во балетот и операта.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Комедија дел арте
Бригела

Арлекин | Бригела | Буратино | Инаморати | Доторе | Ѕани | Џопино | Ил Капитано | Касандра | Ковиело | Коломбина | Панталоне | Педролино | Пулчинела | Скарамуча | Стентерело | Тартаља | Труфалдино | Фантеска

Арлекин