Комбуха

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Комбухата е активен здрав напиток направен од ферментиран чај и шеќер во комбинација со култура од комбуха.

Комбуха во тегла
Чаша со комбуха со мраз, направена од црн чај
комбуха во процесот на вриење

Историја на комбухата[уреди]

Потеклото на комбухата се загубило во маглите на времето. Се претпоставува дека оригинално потекнува од Далечниот Исток, најверојатно од Кина каде се консумирала приближно 2000 години. Првиот запис за користење на комбухата доаѓа од Кина од 221 год. пне, за време на Династијата Tsin. Била позната како “Чај на Бесмртноста“.

Се користела во Источна Европа, Русија и Јапонија неколку столетија. Самото име комбуха потекнува од Јапонија од 415 година. Кореанскиот доктор наречен Комбу или Камбу го лечел јапонскиот Император Inyko со чајот и со комбинација на неговото име “Kombu “ и “cha“ што значи чај, се добила кованицата комбуча или комбуха.[1] Од Русија , напитокот се раширил во Прусија, Полска, Германија и Данска но се чини дека исчезнал за време на Втората Светска Војна. По војната Др. Рудолф Скелнар (Rudolph Skelnar) го обновил интересот за комбухата во Германија кога почнал да ја користи во својата практика при лекување на канцер-рак (болест), метаболички нарушувања, висок крвен притисок и дијабетес.

Состав[уреди]

Комбухата е габа составена од желатиноидна и жилава габна мембрана во облик на плоснат диск. Живее во хранлив раствор од чај и од шеќер, во кој постојано се размножува. Габниот диск прво се проширува по целата површина на чајот, а потоа се задебелува. Кога се одгледува на правилен начин, таа расте, 'рти и му служи на својот сопственик цел живот.

За време на процесот на ферментација и оксидација, габата во чајот делува со различни комплексни хемиски реакции. Се храни со шеќерот во чајот и во замена произведува други вредни супстанции, кои се составен дел на комбуха течноста: гликоронска киселина и млечна, витамин, аминокиселини, антибиотски состојки... Токму од тие причини оваа чајна габа претставува вистинска мала биохемиска фабрика.

Глукоронската киселина е еден од најважните продукти на Комбуха течноста, L-млечната киселина исто така е многу важна компонента. Комбухата е богата со витамини: посебно Б комплекс и Ц витамин.[2]Во својот состав комбуха течноста, содржи и големо количество оцетна киселина. Позитивното дејство на комбухата е несомнено (позната е и во нашиот народ). Екстрактот од комбуха е препарат добиен од правилно ферментирана комбуха течност. Се добива со посебна опрема и под посебни физичко-хемиски услови. Се екстрахираат нај важните продукти на ферментација на комбуха течноста, а се отстранува водата, оцетната киселина и сите живи микроорганизми. Така добиваме стабилизиран препарат со долг рок на употреба и константен пријатен вкус. Во својот состав екстратот од комбуха има вистинско богатствона глукоронска киселина, L-млечна киселина, витамини од Б-комплексот, преработени шеќери, како и остатоци на екстракти од чајната мешавина, што се употребуваат при подго-товка на чајот за комбуха течноста. Екстрактот од комбухата е вистински концентрат на здравје, сила и енергија, бидејќи од 20 литри комбуха течност се добива 250 до 300г густ екстракт.[3] Затоа екстрактот од комбуха дејствува 10 пати посилно и побрзо од комбуха течноста.

Комбухата не претставува еден единствен биолошки вид,тику симбиотска заедница од повеќе различни квасни и други видови микроорганизми. Видовиот и бројниот состав не е постојан,туку е подложен на промени во зависност од географските и климатските услови,односно од присуството на различните видови микроорганизми,кои можат да се придружат кон постоечката симбиоза.На тој начин постои веројатноста да дојде до квалитетна промена во негативна смисла. Слична промена може да се случи ако локалните услови повеќе одговараат за една група на микроорганизми кои ќе бидат исфорсирани,за сметка на другите. Нестручноста и невнимателното ракување можат да повлијаат врз влошувањето на внатрешниот однос помеѓу компонентите внатре во самата комбуха а покасно и на идните генерации.[4]

Дејство на комбухата врз организмот[уреди]

Најважната компонента, која е во големо количество во екстрактот од комбухата е глукуронската киселина. Модерната наука сѐ уште не успеала да ја синтетизира оваа киселина. Здравиот црн дроб ја создава за да ја прочисти крвта. Отпадните соединенија, кои ги врзува глукоронската киселина прочистувајќи ја крвта се викаат глукороноиди. Eкстрактот од комбуха, поради големото количество на глукоронска киселина, е одличен реге-нератор на црниот дроб. Ја прочистува крвта, а со тоа го релаксира и црниот дроб. Овој додаток во секојдневната исхрана ја поттикнува функцијата на дигестивниот и на имунолошкиот систем. [5]Со редовна употреба на екстрактот од комбуха човекот се чувствува полн со енергија, свежина и виталност. L-млечната киселина е позната како силна антиканцерогена супстанца и затоа концентратот од комбуха е одличен препарат како превенција против ракот. Комплексот од Б витамини исклучително добро дејствува на нервниот систем, како на план на смирување, така и на план на отстранување на хемиските последици произведени како резултат на стрeсни состојби. Умереното консумирање на напитокот кој го произведува чајната габа пружа заштита од разните видови загадување кои доспеваат преку респираторните органи или на друг начин и во нашиот организам и можат да предизвикаат појави на канцерогени заболувања. Русите докажале дека комбухата исклучително им помогнала на рударите на Урал во чистење на организмот и спречување на прерана смрт од вдишувањето на јаглената прашина.

Освен тоа, комбухата врши превенција кај некои видови канцер, зголемувајќи го имунитетот на организмот, а за време на менопаузата ги намалува “валунзите“, иако по непосредното пиење на напитокот може да се почувствува топлина, но тоа е знак дека се забрзува крвотокот што ќе помогне во прочистувањето на организмот од токсични материи и течности. Им помага и на астматичарите и на заболените од бронхитис, како и од кашлица, ја чисти жолчната кеса, помага при колитис, ја запира заразната дијареја, помага при несоница, а се тврди дека повторно воспоставува раст на косата.

Правилно одгледување на комбухата[уреди]

Како и секоја друга храна, и комбухата бара свои посебни услови за чување и одгледување со цел да се зачуваат сите вредни состојки кои таа ги има. Најважно за одгледување на комбухата се чиста средина, определена температура и ниска pH вредност. Во секој чекор на подготовка, многу е важно рацете и садот во кој се одгледува (како и сè останато што доаѓа во контакт со комбухата) да се измиени со детергент за да не дојде до контаминација (загадување). Комбухата закислува опстојувајќи во кисела средина (pH 3.0) и потоа се процедува за да се отстранат несаканите токсични материи од садот во кој се чува. Најпрепорачливо е да се чува во тегли кои се користат во домаќинството за чување на храна.

Гитнер Франк(Guеnther Frank или Günther Frank) во својата книга и на својот вебсајт вели дека освен во стакло комбухaта може да се чува исто така во мазен грнчарски или челичен сад. Тој напоменува дека се редуцира ризикот од контаминација и од бактерии, кога комбухата се чува покриена.[6]

Наводи[уреди]