Колумбус,Охајо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

КОЛУМБУС, ОХАЈО

Колумбус е главен и најголем град на американската држава Охајо. Mетрополитската област на Колумбус, која е опкружена со неколку земји, е втора по големина во Охајо после Клевланд. Колумбус е на 15-то место на списокот на градови во Соединетите Американски Држави по население. Тоа е главен град на округ на округот Френклин, сепак градот се проширил и приложил делови од соседните окрузи- Делавер и Ферфилд. Именуван според Кристофер Колумбо, градот бил основан во 1812 година, во сливот на реките Скиото (Scioto) и Олентанг (Olentangy), и ги превзеде функциите на државниот капитал во 1816 година.

Населението на градот бил 787.033 според пописот во 2010 година, а со тоа и бил најгусто населен град во Охајо. Иако Колумбус бил на 15-то место на листата на население во Соединетите Американски Држави, неговата метрополитенска област била 28-ма по големина со 2.308.509 жители. Тој е четврти по ред најнаселен град на списокот на главни градови во САД. Според Бирото за попис во САД ( U.S. Census Bureau), Статистичката област на Колумбус (Columbus Combined Statistical Area) ( која исто така ги вклучува Марион и Чиликоти) има население од 2.348.495.

Градот има различна економија која се базира на образованието, владата, осигурување, банкарство, мода, одбрана, воздухопловство, храна, облека, логистика, челик, енергија, медицинско истражување, здраствена заштита, угостителство, трговија и технологија. Колумбус е домаќин на светските најголеми приватни истражувања и фондации за развојот, „Battelle Memorial Institute“;  „Chemical Abstracts Service“- најголемите светски заводи на хемиски информации ; „NetJets“- најголемото светско незначително поседување на млазните авиони ; и државниот унивезитет на Охајо (Ohio State University)- најголемиот државен универзитет.

Во 2013 година, градот има главен штаб на четири компании во САД „Фортуна 500“ (Fortune 500), вклучувајќи ги „Национална взаемно осигурителна компанија (Nationwide Mutual Insurance Company), „Американско електростопанство“ (American Electric Power), „Л.Брендс (L Brands), и „Биг Лотс“ (Big Lots), исто така компанијата „Cardinal Health“ на Венди се базираа на Космотполитенската област на Колумбус.  Главните странски компании кои работаат со поделби на градот, ја вклучуваат Германија, во основа на лабораторииите на Сименс и Роксан, Финска—Ваисала, Томаско Мулцибер Инч., А Производство (A Y Manufacturing).

Во 2012 година, во весникот „Бизнис вик“ (BusinessWeek) Колумбус бил рангиран во 50 најдобри градови во Америка. Во 2013 година,  „Форбс“ (Forbes) му дал на Колумбус А- ранг како еден од врвните градови за бизнис во САД. Колумбус бил исто така рангиран како прв перспективен технички град во нацијата од страна на весникот Форбс во 2008 година, и градот бил рангиран во топ дестетте градови од  „Relocate America“ во 2010 година. Во 2007 година, весникот ФДИ „fDi Magazine“ го рангирал градот на трето место во САД за градови на иднината и „Зоолошката градина и аквариумот во Колумбус“ (Columbus Zoo and Aquarium) биле рангирани на првото место во 2009 година од страна на „USA Travel Guide“.


ИСТОРИЈА[уреди]

ДРЖАВАТА ОХАЈО[уреди]

Регионот на кој што денешниот Колумбо е основан, некогаш бил наречен Охајо и бил под власт на Француската империја преку вице- претседателството на Нова Франција. Европските трговци се собирале во областа, поради трговијата со крзно.

Ова место претставувало постојано пречка помеѓу интересите на Американците домородци и на европските трговци. Во 1740-те години, пенсилванските трговци ја окупирале земјата се додека не биле насилно протерани од Французите. На почеткот на 1750-тите години, Џорџ Вашингтон бил испратен во Охајо за да ја испита ситуацијата, а борбата за контрола на територијата ја поттикнало седумгодишната војна помеѓу Французите и Индијците.

Во 1763 година, мировниот договор во Париз го присилил Охајо да се приклучи кон Британската Империја. За време на тој период, државата постојано била жртва на битки, терор и масакар.


ВИРЏИНИСКИОТ ВОЕН РЕГИОН[уреди]

Проследувајќи ја Американската револуција, Охајо станал дел од воениот регион на Вирџинија којшто била под управа на Америка. Се вселиле колонизаторите од Источниот брег, но наместо да си најдат празна територија тие одлучиле да им создадат потешкотии на жителите на Мајами, Делавар ( Delaware), Нуроните(Wyandot), Шауни (Shawnee) и на Минго (Mingo), а воедно и на европските трговци. Племињата се противеле на проширување кон застрашувачките територии на Америка, а тоа резултирало со долгогодишни горчливи конфликти. Одлучувачката битка наречена “Битката на паднатите дрвја” (Battle of Fallen Timbers), била завршена со мировниот договор во Гринвил (Treaty of Greenville), кој конечно го отворил патот за отварање на нови договори за мир. До 1797 година, младиот Лукас Суливант од Вирџинија кој бил ревизор за имот успеал да постави постојана спогодба за да може западната банка да се рашири до реката Скиото. Суливант, како восхитувач на делото и ликот на Бенџамин Франклин одлучил да ја крсти неговата имотна сопственост во “Франклинтон”. Иако земјиштето се наоѓало на поволна клима за обработување, Суливант бил наклонет кон обработување на земјиштето кога во 1798 година, се случило голема полава и целиот негов имот бил поплавен . Тој се потрудил да го сочува земјиштето и целото село повторно било обновено.


19-ти ВЕК[уреди]

По 1803 година Охајо станала независна држава, политичките немири помеѓу главни лидери на Охајо резултирале со менувањето на главниот град, од Чиликоти (Chillicothe) во Зејнсвил (Zanesville) и обратно. Државните службеници конечно одлучиле дека на новиот главен град, кој се наоѓал во центарот на државата му била потребна спогодба. Коломбус бил избран поради неговата централна локација во рамките на државата и пристап по пат на главните транспортни правци(првенствено реки) во тоа време. Законодавството го избрал како главен град на Охајо над бројните конкуренти, вклучувајќи ги Франклинтон, Даблин, Вортингтон и Делавар. Пред да се донесе одлука на државното законодавство во 1812 година, Колумбус не постоел. Градот бил создаден на почетокот како главен град на државата, подготвувајќи се за својата улога во политичкиот, економскиот и отпштествениот живот на Охајо. Именуван во чест на Кристофер Колумбо, главниот град бил основан на 14 февруари 1812 година. Во тоа време, оваа област било со густо шумско земјиште, што се користела само за лов.

„ Околијата на Колумбус“ била официјално формирана на 10 февруари 1816 година. Девет луѓе биле избрани за да ги потполнат различните позиции на градоначалник, благајници и други.

Иако неодамнешната војна од 1812 година, го донела просперитетот во областа, подоцнежната рецесија и спротивставените тврдења на земјиштето се заканиле на успехот на новите градови. Раните болести биле многу лоши со чести напади на трески и со појава на колера во 1833 година. Националниот пат (National Road) кој го поврзува Колумбус со Балтимор во 1831 година, ја надополнил новата врска на градот на Охајо и каналот Ири (Erie Canal) и овозможил напредок во населението.


20-ти ВЕК – СЕ ДО СЕГАШНОСТА[уреди]

„Експериментот на Колумбус“(The Columbus Experiment) бил меѓународен признат еколошки проект во 1908 година, кој бил создаден и спроведен од браќата Ховер, Кларенц и Чарлс и со кој се увиде дека конструкцијата на првата централа во светот треба да се вгради филтрација и попуштање. На работата за изградбата на проектот се вклучени Еремија О’Шангеси ( Jeremiah O'Shaughnessy) чие име го носи метрополската околија на Колумбус „O'Shaughnessy Dam“. Овој изум драстично помогнал за да се намалат смртните случаи од тифус. Овие создавања сеуште се употребуваат во сегашноста.

Колумбус добил еден од прекарите „ Засводен град“ (The Arch City), поради десетината дрвени сводови кои се протегале на високите улици кон крајот на 20-от век.Сводовите ја осветлувале главната улица и набргу почнале да бидат од големо значење со што електричната енергија била спроведена и во нов дел.Сводовите се срушиле и биле заменети со ламби во форма на китка во 1914 година, но тие повторно биле изградени од метал во Краткиот северен предел во 2002 година за своите историски единствени интереси.

На 25 март 1913 година, Големата Дејтонска поплава го уништи соседството на Франклинтон, оставајќи над деведесет лица мртви и илјадници жители од западната страна без покрив над главата. За да се спречат идните поплави, Корпусот на инженери при американската армија препорачала проширување на реката Скиото низ центарот на градот, изградба на нови мостови и изградба на потпорен ѕид на бреговите.