Колешински водопад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Колешински водопад
Koleshinski vodopad 27.JPG
Колешински водопади
Место Баба, Беласица, Општина Ново Село
Вид Plunges
Највисок слап 15 m (49 ft)

Колешинскиот водопад е лоциран во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.

Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.

Со покачувањето на температурите расте и бројот на гостите кои секојдневно доаѓаат овде. Во просек колешинските водопади дневно ги посетуваат помеѓу 400 и 500 туристи, а за време на викендите ова бројка е двојно поголема.

Сабота и недела за време на викендите таа бројка може да достигне некаде до 1.000 туристи, а кога би имало сместувачки капацитети тоа би било многу повеќе бидејќи и во работните денови би останеле гостите тука. Накратко кажано потенцијал за развој на туризмот веќе постои - вели Петар Спасов, градоначалник на општина Ново Село.