Колективно однесување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Поимот колективно однесување првпат е употребен од Роберт Е. Парк, а конечно применет од Херберт Бламер сакајќи да ги протолкува општествените процеси и настани кои не рефлектираат постоечка општествена структура (закони, конвенции и институции), туку оние кои настануваат на „спонтан“ начин.

Колективното однесување може да се дефинира и како дејство кое не е ниту конформистичко (во кое учесниците целосно следат некои норми) ниту девијантно (во кое учесниците ги прекршуваат тие норми). Колективното однесување, како трет облик, се случува кога нормите непостојат или се нејасни или пак се контрадикторни едни на други. Социолозите, во главно, посветуваат значително помалку внимание на проучувањето на колективното однесување во споредба со другите две форми на однесување.

Дефинирање на полето[уреди]

Класичен нацрт на полето може да се најде во есејот на Херберт Бламер, „Контура на колективното однесување.“ Темите на овој Википедија есеј ја следат токму замислата на Бламер. Ова приоѓање може да се оправда врз основа на важноста на замислата на Томас Кан за добро познатите „парадигми“ во науката. Кан признава дека го користи зборот, парадигма, со речиси дваесет различни значења, но за денешни цели значи групација од предлози и од техники кои ќе бидат искористени за емпириско тестирање на овие предлози. Секоја фаза во историјата на една зрела наука, како физиката или биологијата, е управувана од парадигма, а една „нормална наука“ се приспособува кон истата. Но некогаш постојат толку многу несовпаѓања и нелогичности во пронајдоците на науката, поради што настанува „научна револуција“ и научниците се приспособуваат кон нова парадигма.

Социологијата не е доволно зрела како наука да има вистинска парадигма, но има нешто што може да се нарече „прапарадигма“ (протопарадигма), групации на предлози и техники кои сумираат доказ кој има веќе добиен и овозможен водич за идни студии. Неколку социолози имаат понудено прапарадигми, како Карл Маркс, Макс Вебер и Талкот Парсонс. Бламер истотака има создадено прапарадигма. Контрастно на вистинските парадигми, доказот земен од човекот кој работи со прапарадигмата е помалку решавачки, а теорискиот водич кој го нуди е помалку сигурен.

Бламер претставува радикална критика на огромниот обем на социолошки замисли, во основа дека тие го третираат учесникот како пасивенo-- како да е контролиран од општествени сили кои дејствуваат на него како физичките стимули дејствуваат на еден организам. За Бламер општествените „сили“ не се всушност сили. Учесникот е активен: Тој создава интерпретација на дејствијата на останатите и се однесува врз основа на оваа интерпретација.

Прапарадигмата на Бламер има поттикнато емпириско истражување на колективното однесување, поле за кое до неодамна немаше никакви информации. Теории, како таа на Бламер, Теории, како оваа на Бламер, постојат и се корисни, но што е точно и за општо, науката, емпириските студии за кои тие нудат водич се само од минлив интерес. Кога веќе понатамошно истражување ги истисnува, тие се само од историски интерес.

Облици[уреди]

Толпа[уреди]

Јавност[уреди]

Маса[уреди]

Публика[уреди]