Колдинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Колдинг
Град
Земја Данска
Регион Јужна Данска
Височина 50 м
Координати 55°29′30″ СГШ 9°30′00″ ИГД / 
Население 57.540 (2012)
Основано 1231[1]
Градоначалник Јорн Педерсен
Часовна зона CET (UTC+1)
 - лете (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Postal code 6000
Колдинг во Данска
Колдинг во Данска
Портал: http://www.kolding.dk/

Колдинг е значаен град во Данска, поточно во јужниот дел од државата. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Колдинг. Денес Колдинг има околу 57.000 жители во градот и скоро 90.000 во поширокото градско подрачје.

Природни услови[уреди]

Колдинг се наоѓа во јужниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, градот е оддалечен само 230 километри западно.

Релјеф[уреди]

Град Колдинг се наоѓа во средишниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градското подрачје е за типични дански услови. Надморската височина на средиштето на градот се движи од 0 до 55 метри.

Клима[уреди]

Климата во Колдинг е претежно умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води[уреди]

Колдинг се формирал на крајот на Колдинговиот Залив, кој претставува дел од Балтичкото Море.

Историја[уреди]

Подрачјето Колдинг било населено уште во времето на праисторијата. Денешното население се појавило околу замокот Колдингхус, кој е изграден во 13. век. И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население[уреди]

Денес Колдинг има околу 60.000 жители во градските граници и околу 95.000 со околните наслени места.

Населението на Колдинг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Bøje, Jens Anker (19 јуни 2007). „Kolding - byens historie i korte træk“ (на Danish). kolding.dk. http://kolding.dk/data/0000043.asp?sid=19725&uid=19737. конс. 24 јуни 2007. 

Надворешни врски[уреди]