Кола (пијалок)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Coca-Cola - водечка светска марка на кола пијалоци


Кола е сладок газиран пијалок, најчесто содржи кофеин и е со вкус на карамела. Вкусот на пијалокот понекогаш е од мешавина на вкусови на ванила, цимет и цитрусни овошја. Името доаѓа од овошјето со тврда лушпа кола (анг. kola nuts) кое првично се користело како извор на кофеин.

Пијалокот може да биде и без кофеин, иако некои луѓе (можеби со доза иронија) не се согласуваат таквиот пијалок да се нарекува со името кола, ниту производителите на кола пијалоци, ниту пак луѓето што ги конзумираат не би правеле таква разлика. Кола пијалоците најчесто се заблажуваат со сируп од пченка, но можат да се заблажат со шеќер или со вештачки заблажувач.

Големите производители на кола ги вклучуваат: Coca-Cola, Pepsi, Royal Crown, Virgin Cola и многу локални производители. Jolt Cola следат свој култ на кола со многу повеќе кофеин од останатите (всушност и од сите газирани пијалоци), со посебен исклучок на германската Afri-Cola. Inca Kola е друг бренд кој се рекламира во многу држави од страна на компанијата Coca-Cola и е најпродаван во некои земји од Јужна Америка. Tukola и Tropicola се брендови од Куба, кои се продаваат и во Италија исто така. Постои и слободен за користење (анг. open source) рецепт за кола пијалок, наречен OpenCola.

Во 2002 година нов бренд, Mecca Cola, наменета за муслиманските потрошувачи (со слоганот Размислувај Муслимански, Пиј Муслимански), бил лансиран во Франција од страна на Tawfik Mathlouthi, инспириран од иранската Zamzam Cola. Производот бил пуштен во продажба во Обединетото Кралство во 2003 година. Сличен производ со сличен концепт, Qibla Cola, бил лансиран во 2003 година во Обединетото Кралство. Cola Turka, Турски бренд, и zelal Cola се исто така популарни меѓу муслиманите во Германија.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]