Коктел вишна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гро-план на мараскино вишна

Коктел вишна, мараскино вишна или марашино вишна (италијански: amareno al maraschino, англиски: maraschino cherry, МФА: /ˌmærəˈskiːnoʊ/ според италијанскиот изговор, или /ˌmærəˈʃiːnoʊ/) е презервирана, засладена вишна, најчесто направена од светло обоени благи вишни како ројал ен или златните сорти. Вишните најпрво се конзервираат во раствор на солило (вообичаено сулфур диоксид или алкохол), а потоа се потопуваат во боја за храна (обична црвена храна за боја, FD&C Red 40), сируп од шеќер, и други компоненти. Мараскино вишните обоени црвено обично имаат вкус на бадем, додека вишните обоени зелено имаат вкус на питомо нане.

Историја[уреди]

Името мараскино или марашино се однесува на вишната мараска и ликерот мараскин кој се прави од неа, во кој оригинално се презервирале мараскино вишните. Првенствено биле произведувани за и конзумирани од кралските семејства и богатите како деликатес.

Употреба[уреди]

Мараскино вишните се состојка во многу коктели. Како гарнир, често се користат за декорација на печена шунка, торти, колачиња, парфе, сладоледи и милкшејкови. Исто така се користат и за декорација на вафли.


Видете исто така[уреди]

Понатамошно читање[уреди]