Кока-Кола компанија

Од Википедија — слободната енциклопедија


Кока-Кола е американска мултинационална компанија за пијалаци и нивен производител, дистрибутер и воедно трговец на безалкохолни пијалаци, концентрати за производство на безалкохолни пијалаци и сирупи. Компанијата е најпозната по својот предводник производ Кока-Кола, кој го создаде фармацевтот Џон Пембертон во 1886 година во Колумбус, Грузија. Во 1889 година Аса Кандлер (англ. Asa Candler ) ја купи формулата за Кока-Кола, потоа правата за производство и и се приклучи на компанијата Кока-Кока во 1892 година. И покрај едноимените Кока-Кола пијалаци, компанијата во моментов нуди повеќе од 500 брендови во повеќе од 200 земји или држави и послужува над 1,7 милијарди производи дневно.


Компанијата работи со франшизен систем за дистрибуција од 1889 година, кога Кока-Кола произведуваше само концентрати на сируп , кој потоа се продавал само на оние произведувачи низ светот кои поседуваат ексклузивна територија. Кока-Кола го поседува својот поткрепувач на производство во Северна Америка, наречен Кока-Кола освежителни пијалаци. Седиштето на компанијата се наоѓа во Атланта, Грузија, САД. Нејзините акции котираат на Њујоршката берза и е дел од индустрискиот индекс Дау Џонс (англ. Dow Jones Industrial Average- DJIA) , Ес енд Пи 500 индекс (англ. S & P 500 index) , Расел 1000 индекс (англ. Russell 1000 Index) и Расел 1000 индекс фјучерси договор. Нејзин сегашен претседател и извршен директор е Мухтар Кент.

Достигнувања[уреди | уреди извор]


Компанијата има богата историја на достигнувања. Во 1960 година Кока-Кола ја купи линијата пијалаци Минут Меид (англ. Minute Maid), три години подоцна индискиот Кола бренд Тамз Ап (англ. Thums up), и во 1995 година безалкохолните пијлоци Баркс (Barq's) . Во 2001 година, го купи брендот на овошни сокови и пијалаци Одуала (Odwalla) за 181 милион долари. Во 2007 година, ја купи компанијата за пијалаци Фаз (англ. Fuze Beverage) од нејзиниот основач Ленс Колинс и од фирмата Кастанеа Партнерс (англ. Castanea Partners) за околу 250 милиони долари. Обидот на компанијата, во 2009 година да купи кинески произведувач на сок заврши кога Кина ја одби понудата од 4,2 милјарди долари за Хјуијан Huiyuan Juice Group од причина што ќе стане монопол. Исто така, национализмот се смета дека беше една од причините за прекинување на договорот. Во 1982 година Кока-Кола направи добивка која не беше за пијалаци, кога го купи Колумбиа пикчрс (англ. Columbia Pictures) за 692 милиони долари. Филмското студио го продаде на Сони (англ. Sony) за 1,5 милијарди долари во 1989 година.

Приходи[уреди | уреди извор]


Според годишниот извештај за 2005година, компанијата продава пијалаци во повеќе од 200 земји. Понатаму во извештајот се наведува дека во повеќе од 50те милјарди пијалаци од сите видови, кои се конзумираат секојдневно во светот, само пијалаците на кои стои трговска марка лиценцирана или во сопственост на Кока-Кола сочинува околу 1,5 милијарди (последната цифра во 2010 година покажува дека сега служат 1,6 милијарди пијалаци дневно). Од нив, пијалаците со лого на трговската марка „Кока-кола" изнесува околу 78% од бројот на вкупната продажба во галони на Компанијата. Според годишниот извештај за 2007 година, продажбата на Кока-Кола во галони е дистрибуирана како што следува: 42% во САД 37% во Мексико, Индија, Бразил, Јапонија и Народна Република Кина 20% низ целиот свет Во 2010 година беше објавено дека Кока-Кола стана првиот бренд што достигна 1 милјарда долари во продажба на намирници во Велика Британија.

Лобирање[уреди | уреди извор]


Во САД, Кока-Кола е една од главните сили која лобира и работи за да стекне поволно законодавство во индустријата за безалкохолни пијалаци. Во 2005 и 2006 година, потроши по 1 милион долари годишно на лобирање. Во 2007 година сумата се зголеми на 1,7 милион долари, а во 2008 година стигна и до 2,5 милион долари. Во 2009 година, вкупните трошоци за лобирање скокнаа до 4.500.000 $, или приближно двојно повеќе од претходната година. Поголемиот дел од зголемените трошоци за лобирање се должат на борбата на индустријата против зголемениот данок на безалкохолни пијалаци и други засладени пијалаци. Во 2009 година, Кока-Кола имаше 38 лобисти во 7 различни фирми кои лобираа во нејзино име. Произведувачи


Во принцип, Компанијата Кока-Кола и / или претставништва, само произведуваат сируп концентрат, кој потоа се продава на разни произведувачи во светот кои имаат Кока-Кола франшиза. Кока-Кола произведувачи, кои поседуваат исклучиво територијални договори со компанијата, произведуваат готов производ во лименки и шишиња, од концентрат комбиниран со филтрирана вода и засладувачи. Потоа произведувачите го продаваат, дистрибуираат и рекламираат добиениот Кока-Кола производ во продавници, автомати кои продаваат газирани пијалаци, ресторани и дистрибутери за храна. Голем исклучок од овој општ однос помеѓу Компанијата и произведувачите се апаратите за дополнувње сокови (англ. fountain syrups) во САД, каде што компанијата ги заобиколува произведувачите и врши производство и продажба на апаратите за дополнување на сок, само на овластени трговци на големо и на некои трговци на мало.

Граѓански права[уреди | уреди извор]


Откако Мартин Лутер Кинг ја освои Нобеловата награда за мир во 1964 година , бизнис елитата на градот не поддржуваше планови за меѓурасна прослава, во сè уште поделената Атланта, сè додека Кока-кола не интервенираше.


Џ. Пол Остин, претседател и извршен директор на Кока-Кола, и градоначалникот Иван Ален ги повикаа најважните бизнис водачи во Клубот на Стопанственици во Атланта на осумнаесеттиот кат во трепезаријата, каде Остин отворено им рече , Засрамувачки е за Кока-Кола да се наоѓа во град кој одбива да го почитува својот добитник на Нобелова награда. Ние сме меѓународен бизнис. На Кока-Кола не и треба Атланта за копродукции. Сите вие треба да одлучите дали на Атланта и треба Кока-Кола за копродукции. " На крајот на состанокот, во рок од два часа секој билет за вечерата беше продаден.

   -Ендрју Јанг

Критика[уреди | уреди извор]


Компанијата Кока-Кола била замешана во спорови и тужби поврзани со тврдења за човековите права, прекршоци и други неетички практики. Поднесени се голем број тужби во однос на наводно монополски и дискриминирачки пракитки, некои од нив се разрешени, некои ја натераа Кока-Кола да ја смени својата деловна практика, а другите се решаваат надвор од судот. Постоеле дополнителни критки во врска со односот на Кока-Кола Компанијата со Блискиот Исток и американската надворешна политика. Компанијата беше критикувана за голем број еколошки прашања. Проблем со пестициди во подземните води во 2003 година доведе до проблеми за компанијата, кога индиска НВО, Центар за наука и животна средина, објави дека во Кока-Кола открила хемикалии кои предизвикуваат рак, како и во други безалкохолни пијалаци произведени од компанијата и се наоѓа на 30то ниво под безбедното ниво според Европската економска комисија. Ова предизвика 11 проценти пад во продажбата на Кока-Кола во Индија. Индискиот министер за здравство изјави дека тестовите на Центарот за наука и животна средина (ЦСЕ) биле неточни, и дека испитувањата од Владата открија ниво на пестициди, во рамките на стандардите на Индија, но над стандардите на ЕУ. Централната Научна Лабораторија во велика Британија, под раководство на Кока-Кола истражи дека своите производи ги исполнува стандардите на ЕУ во 2006 година.


Кока-Кола и Универзитетот во Мичиген побараа независно истражување со полнење шишиња од Институтот за Енергетика и Ресурси (TERI), кој во 2008 година објави дека нема небезбедни хемикалии во снабдувањето со вода, и покрај тоа што ја критикуваше Кока-Кола за влијанието на потрошувачката на вода на локална мрежа. Критичарите тврдат дека прекумерната употреба на локалната вода за компанијата, во некои места доведе до сериозни недостатоци за регионалните земјоделци и биле принудени да не садат одредени растенија. Пакувањето на Кока-Кола производите има значително влијание врз животната средина. Сепак, компанијата жестоко се противи на обидите за воведување закони за враќање на депозит за шише.


Постојат обвиненијата дека Кока-Кола била вмешана во насилна репресија на синдикатот во неколку од своите полнења на шишиња во Колумбија, Јужна Америка. Во август 2005 година, кога емисијата Фронтлајн, на телевизијата ПБС, објави контроверзна статија, Кока-Кола остро ги негираше сите обвиненија за распадот на синдикатот и убиството на синдикалните водачи. Бројни акционери и американските факултети ја бојкотираа Кока-Кола, со цел да извршат притисок врз компанијата за целосно да одобри независна истрага за обвиненијата.


На 10 декември 2008 година Администрација за храна и лекови (FDA) во САД напиша писмо до г-дин Mухтар Кент, Претседател и главен извршен директор, да го предупреди дека FDA констатираше дека Диеталната Кока-Кола Плус 20 FL OZ од компанијата Кока-Кола, го прекршува Законот за Сојузна храна, лекови и козметика. Во текот на интервјуто за Ројтерс, портпаролот на Кока Кола компанијата, Шкот Вилијамс, изјави, Ова не вклучува здравствени или безбедносни прашања, и веруваме дека етикетата на Диеталната Кока-Кола Плус ги исполнува политиките и прописите на FDA.


Во јануари 2009 година, група потрошувачи во САД и Центарот за наука од јавен интерес поднесоа класа акција тужба против Кока-Кола. Тужбата беше поднесена за направената рекламација како и за аромите на компанијата за витаминска вода. Рекламата вели дека 33 грама шеќер се поштетни од витамините, а други адитиви се корисни. Кока-Кола тврди дека тужбата е "смешна" .

Производи и брендови[уреди | уреди извор]


Кока-Кола Компанијата нуди повеќе од 500 брендови во повеќе од 200 земји, покрај истоимениот пијалак Кока-Кола. Пијалакот Таб беше првиот обид на Кока-Кола компанијата да развие диетални безалкохолни пијалаци, со користење захарин како замена за шеќер. Прва пат излезен во 1963 година, производот сè уште се продава и денес, иако продажбата се намалила по излегувањето на Диетална Кока-Кола.


Кока-Кола, исто така, произведува голем број на други безалкохолни пијалаци, вклучувајќи Фанта (претставена приближно во 1941година) и Спрајт. Потеклото на Фанта датира уште од Втората светска војна, кога Макс Кит, кој успеа да го започне работењето со Кока-Кола во Германија за време на војната, сакаше да направи пари од нацистичка Германија, но не го сакаше негативниот публицитет. Кит се сврте кон производство на различни безалкохолни пијалаци, меѓу кои и Фанта, кој се покажа како голем хит, и кога Кока-Кола повторно се врати по војната, го усвои и брендот Фанта. Германската Фанта од лимон (Fanta Klare Zitrone), со производот Спрајт доби разновидонст и уште еден најпродаван производ на компанијата, а потоа и огласувањето на 7 Up.


Кока-Кола во Јужна Африка исто така, објави Валпре флаширана „ негазирана" и „ газирана" вода. Во текот на 1990-тите, компанијата одговори на зголемениот интерес на потрошувачите за здрави пијалаци со претставување на неколку нови не-газирани пијалаци. Такви се Минут Меид, Juices to Go, спортски пијалаци Powerade, ароматизираниот чај Nestea (во заедничко вложување со Нестле), овошен пијалак Fruitopia и Dasani вода. Во 2001 година, Минут Меид го промовираше брендот на сокови Simply Orange вклучувајќи сок од портокал.


Во 2004 година, веројатно како одговор на зголемената популарност на нискојаглехидрати диети како што е Еткинс Исхрана, Кока-Кола ја откри својата намера да развие и продава пијалаци со ниски јаглехидрати во замена за Кока-Кола Класик, наречена В2 Кола. В2 содржи мешавина од висок фруктозен сируп, аспартам, сукралоза, и ацесулфам калиум. В2 е дизајниран да биде сличен по вкус на класична Кока-Кола. Дури и со помалку од половина од прехранбената енергија и јагленохидрати на стандардни безалкохолни пијалаци, В2 не е замена за нула калории безалкохолни пијалаци, како што е диеталната Кока-Кола. В2 бил пуштен во продажба во САД на 11 јуни 2004 година, а во Канада во август 2004 година. Иднината на пијалакот C2 е неизвесна поради разочарувачката продажба.


Кока-Кола е најпродаваниот газиран пијалак во повеќето земји, и е признат како број еден глобален бренд во 2010 година. И покрај тоа што Блискиот Исток е еден од малкуте региони во светот, каде Кока-кола не е број еден газиран пијалак, Кока-Кола, сепак поседува речиси 25% дел од пазарот (до 75% поседуваше Пепси) и имаше двоцифрена стапка на пораст во 2003 година. Слично на тоа, во Шкотска, каде што локално се произведува Irn-Bru, беше повторно популарен, во 2005 година пресметките ни покажуваат дека Кока-Кола и диеталната Кока-Кола се попродавани од пијалакот Irn-Bru. Во Перу, тамошната Inca Kola била попопуларна од Кока-Кола, поради што Кока-Кола започнала преговори со компанијата за газирани пијалаци и купи 50% од нивните акции. Во Јапонија, Кола не е најпродаваниот безалкохолен пијалак (бидејќи е конзервиран), како што се популарни чајот и кафето. Како таква, најпродаваниот бренд на Кока-Кола компанијата не е Кока-Кола туку пијалакот Georgia.


На 6 јули 2006 година, вработен во Кока-Кола и две други лица беа уапсени и обвинети за обид да продадат тајни деловни податоци на конкуренцијата за безалкохолни пијалаци Пепси за 1,5 милиони долари. Рецептот за Кока-Кола, можеби најдобро чуваната тајна на компанијата, никогаш не беше во опасност. Наместо тоа, податоците беа поврзани со новиот пијалак на компанијата. Директорите на Кока-Кола потврдија дека документите биле важечки и лиценцирани.

Според судските документи, најмалку едно стаклено шишенце што содржи примерок од нов пијалак беше понуден за продажба. Заговорот беше откриен од Пепси, со тоа што ги информираше властите кога им пристапија заговорниците.


Компанијата во 2006 година најави нов "бескалоричен" пијалак од зелен чај, Енвига, заедно со идејата за малопродажба на кафе брендовите Фар Коуст (Far Coast) и Чаква (Chaqwa).


На 25 мај 2007 година, Кока-Кола најави дека ќе го купи Глаксо, производител на ароматизирани пијалаци збогатени со витамнини ( витаминска вода) ароматизирани води и Брн енергетските пијалаци за 4,1 милјарда долари во готово. На 3 септември, 2008 година, Кока-Кола најави дека има намера да даде понуда во кеш за да ја купи China Huiyuan Juice Group Limited (кој има 42% удел на кинескиот пазар за природни овошни сокови) за 2.4 билиони американски долари (Хонгконг 12,20 долари по акција). Министерството за трговија во Кина го блокираше договорот на 18 март 2009 година, тврдејќи дека договорот ќе им наштети на малите локални компании за производство на сок, но можеби ги зголемил цените на пазарот за сокови и ограничениот избор на потрошувачите.


Во октомври 2009 година, Кока-Кола ја откри нејзината нова мини лименка со 90-калории што содржи 7,5 унци течност. Се очекува првите испораки да стигнат до пазарите на Њујорк и Вашингтон во декември 2009 година и на национално ниво од март 2010 година. Кола-Кола управува цела област за безалкохолни пијалаци како туристичка атракција во центарот на Атланта, Џорџија, "Светот на Кока-Кола" е повеќе спратна изложба на многуте вкусови продадени од страна на компанијата, како и музеј на историјата на компанијата.

Спонзорство[уреди | уреди извор]

Спортови[уреди | уреди извор]

Кока-Кола ja спонзорираше англиската Фудбалската Лига од почетокот на сезоната 2004-05 (со почеток во август 2004 година) сè до почетокот на сезоната 2010/11, кога фудбалска лига најде нов спонзор во NPower. Во меѓувреме, Кока-Кола го спонзорираше Кока-Кола фудбалскиот Камп, познат како фудбалски камп, којшто се одржа во Преторија, Јужна Африка за време на ФИФА Светското првенство во 2010 година, во која стотици млади од целиот свет беа во можност да се соберат заедно за да ја споделат нивната љубов кон играта, делумно поради напорите на Best Buy и нивната @ 15 програма. Други поголеми спонзорства беа поддржани од НАСКАР, НБА, Тур PGA, NCAA Првенство, Олимписките игри, Националната ргаби лига (NRL), ФИФА Светските Првенства и Европската фудбалска федерација.

Телевизија[уреди | уреди извор]


Компанијата го спонзорира серискиот натпревар по пеење „ Американски идол " на Телевизиската компанија Фокс. Исто така Кока-Кола е спонзор на вечерното шоу Чарли Роуз, на американската ПБС телевизија.

Во видео игри[уреди | уреди извор]


Во PlayStation Home, достапната заедница со седиште во PlayStation 3 сервис, Кока-Кола постави специјални автомати во Home што се корисници на просторот наречен "Грузија станица за одмор". Автоматите исто така дистрибуираат оригинални аватар предмети и претставија заедно со"C-Понс", дигитални купони што може да се користат за да се добијат вистински пијалаци од вистински автомати. Целта на ова беше да се промовира конзервираното кафе на Кока-Кола компанијата во Грузија. Просторот е салон, каде што корисниците може да седат и да разговараат, а во салонот имало и двајца аватари коишто им кажуваа на корисниците за кафето во Грузија. Тоа беше достапно од 7 Септември 2009 година до 17 декември 2009 година, во јапонската верзија на Home.


Во играта Шенмју Дримкаст (Shenmue Dreamcast) во 1999 година, Кока-Кола беше опремена само во јапонска верзија, кога главниот лик Ријо Хазаки (Ryo Hazuki) во видео игра наоѓа автомати на ќошињата од улицте и вистински лименки, кои се продаваа во Јапонија во 1986 година, што и всушност е основата на видео играта. Понекогаш, Ријо добива специјални лименки за кои зема награди.