Кожичка на пенис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кожичка на пенис
Penis glans and foreskin.jpg
Кожичка која e повлечена наназад и нанапред. Видливост на главата на пенисот при повлекување на кожичката.
Латински Praeputium
Греј p.1250
Артерија дорзална артерија на пенис
Вена површинска вена на пенис
Нерв дорзален нерв на пенис
Прекурзор генитална туберкула, урогенитални набори
MeSH Foreskin
Дорланди/Елзевиер Preupuce

Кожичка на пенис или препуциум — двоен кожен набор од мазно мускулно ткиво, крвни садови, кожа и слузница кои ја прекриваат главата на пенисот. Кожичката на пенисот ги заштитува главата на пенисот и надворешниот отвор на мочниот меур кога пенисот не е во ерекција. Кожичката е подвижна, многу еластична и делува како природен лубрикант.

Обично, кожичката е повлечена врз главата на пенисот. Покриеноста на главата во мека и ерективна состојба зависи од должината на кожата.[1] Кожичката е прикачена на главата и во детството обично не се влече наназад.[2] Возраста на која детето може да ја повлече кожичката и да ја открие главата варира, но според истражувањата 95% од мажите биле во можност да ја повлечат кожата во возрасната доба.[3] Неможноста да се повлече кожичката во детството може да се смета за проблем освен ако нема други симптоми.[4]

Светската здравствена организација дебатира за практичната функција на кожичката. Според нив, кожата ја „чува главата влажна, го заштитува развојот на пенисот и го зголемува сексуалното задоволство поради присуството на нервните завршетоци“.[5]

Кожичката може да стане предмет на бројни патолошки состојби.[6] Повеќето состојби се ретки и лесно се лечат. Отстранувањето на кожичката поради медицински, религиски или културни причини се нарекува обрежување.

Анатомија[уреди]

Приказ на гребенестиот набор и слузницата.

Надворешниот дел на кожичката е продолжеток на кожата од телото на пенисот. Внатрешниот дек на кожата е слузокожна мембрана, како на пример слузницата во устата. Слузокожната зона е спојот на слузокожата со кожата. Гребенестиот набор, кој е составен од чувствително ткиво, се наоѓа веднаш под врвот на кожичката. Како и очниот капак, така и кожичката може да се движи нанапред и наназад, така што се открива главата на пенисот. Кожичката е споена со главата на пенисот преку френулумот.

Според Тејлор, во кожичката има присуство на кројзерови и мејснерови зрнца.[7] Нивното присуство е поголемо во гребенестиот набор.[7] Врз нив влијае староста, нивното присуство се намалува со староста.[8] Мејснеровите зрнца не може да се пронајдат кај сите мажи.[9] Според Колеџот на лекари и хирурзи во Британска Колумбија, кожичката е „составена од надворешна кожа и внатрешна слузница која е богата со специјализирани чувствителни нервни завршетоци и ерогено ткиво“.[10]

Развој[уреди]

Долга кожичка. Главата на пенисот е сосема прекриена.

Осум седмици по оплодувањето, започнува да се создава кожичката на главата од пенисот. Кожата ја покрива главата целосно до 16 седмица. Во таа фаза, кожичката и главата споделуваат слузокожен слој кој спојува двата дела. Така е до моментот кога кожичката се одделува од главата.[11]

Според студијата на Гејрднер од 1949 година, кожичката е се уште сподена со главата при раѓањето.[11] Како што се развива детето, тие постепено се одделуваат.[12] Има различни извештаи за тоа во кој период кожичката може да се повлече. Торвалдсен и Мејхоф (2005) изјавиле дека 21% од 7 годишните момчиња кои биле опфатени во нивната студија не биле во можност да ја повлечат кожата. Оваа бројка паднала на 7% кај момчињата во пубертет. Првото повлекување на кожичката може да е на, просечно, 10 години.[13] Гејрднер (1949) изјавил дека само 10% од 3 годишните момчиња не можеле да ја повлечат кожичката,[11] но сепак тој бил во грешка за развојот за повлекувањето на кожичката.[2][14] Рајт (1994) тврди дека треба да се избегне насилно повлекување на кожичката и самото дете треба да ја повлече првиот пат својата кожичка.[2] Обидите на насилно повлекување може да се болни и да предизвикаат повреда.[15]

Кај децата, кожичката најчесто ја покрива целата глава од пенисот, но кај возрасните може да не е така. Шеберлејн (1966) спровел истражување со 3.000 млади мажи во Германија и заклучил дека 49,6% од мажите имале сосема покриена глава, 41,9% имале делумно покриена глава и 8.5% имале непокриена глава, од кои 4% имале атрофирана кожичка без операција.[16] За време на ерекција, степенот на автоматско повлекување на кожичката варира, кај некои возрасни кожата повтрно ја покрива главата, целосно или делумно. Често повлекување и миење на кожичката е препорачана за сите возразни, но особено за тие со долга кожичка.[17] Кога кожичката е подолга од главата, таа нема спонтано да се повлече при ерекција.

Функција[уреди]

Кожичката се повлекува при ерекција. Споредба на еректиран и мек пенис.

Светската здравствена организација изјавува дека „има дебата за улогата на кожичката, со можни функции вклучутелно и зачувување на главата влажна, заштита при развојот на пенисот или за зголемено сексуално задоволство поради присуство на нервни рецептори“.[18]

Заштита[уреди]

Гејрднер (1949) изјавува дека кожичката ја заштитува главата на пенисот.[11] Кожата одржува влажност под слузницата, која се меша со ислупените клетки од кожата за да се создаде смегмата. Американската академија на педијатрија вели дека „нема достапни контролирали научни податоци за имунолошката функција на пенис со или без кожичка“.[19] Нискиот степен на хигиена е поврзан со балантитис,[20] иако претераното миење може да предизвика дерматитис.[21]

Секс[уреди]

Некои тврдат дека кожичката е специјално ткиво кое,покрај другото, е составено од нерви.[22]

Кралскиот австроазиски колеџ на лекари изјавува дека ефектите од обрежувањето врз сексуалната возбуда не се јасни, и има извештаи и за зголемено и намалено сексуално задоволство по обрежувањето кај возрасните и има слаба свест за придобивките и недостатоците при обрежувањето кај децата“.[23] Кралското холандско медицинско здружение (2010) изјавува дека голем број сексолози гледаат на кожичката како „сложена, еротогенска структура која игра важна улога при механичната функција на пенисот за време на сексуалниот акт, како на пример пенетрирачкиот однос или мастурбацијата“.[24] Според некои рани истражувања, пенетрирањето е олеснето со кожичката.[25][26][27]

Модификации на кожичката[уреди]

Најпозната модификација на кожичката е обрежувањето, делумно или целосно. Обрежувањето може да се изврши поради религиски причини, културни причини, здравствени причини или како резултат на личната волја поради хигиенски или естетски причини.

Препуциопластика е мал хируршки зафат кога се ослободува, расширува, кожичката од пенисот. Кожата не се отстранува како кај обрежувањето.

Обновување на кожичката од пенисот е техника кога се возобновува кожичката на пенисот кај лица кои извршиле обрежување. Овој зафат се извршува кај лица кои имаат мала кожичка на пенис (па така со зафатот се прекрива целата глава).[28]

Покрај горенапоменатото, се сретнуваат и пирсови.[29]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Coverage Index“. http://www.newforeskin.biz/CI/CIchart.htm. конс. 3 ноември 2013. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Шаблон:Vcite journal
  3. Øster, Jakob (April 1968). „Further Fate of the Foreskin Incidence of Preputial Adhesions, Phimosis, and Smegma among Danish Schoolboys“. „Archives of Disease in Childhood“ (Department of Paediatrics, Central Hospital, Randers, Denmark) 43 (228): 200–202. doi:10.1136/adc.43.228.200. PMID 5689532. PMC: 2019851. http://www.cirp.org/library/general/oster/. конс. 14 ноември 2011. 
  4. „Phimosis (tight foreskin)“. http://www.nhs.uk/conditions/phimosis/Pages/Introduction.aspx. конс. 3 ноември 2013. 
  5. „Male circumcision: Global trends and determinants of prevalence, safety and acceptability“ (PDF). World Health Organization. 2007. http://whqlibdoc.who.int/publications/2007/9789241596169_eng.pdf. 
  6. Manu Shah (January 2008). „The Male Genitalia: A Clinician's Guide to Skin Problems and Sexually Transmitted Infections“. Radcliffe Publishing. стр. 37–. ISBN 978-1-84619-040-7. http://books.google.com/books?id=cwede8Un55YC&pg=PA37. 
  7. 7,0 7,1 Taylor, JR; Lockwood, AP; Taylor, AJ (1996). „The prepuce: specialized mucosa of the penis and its loss to circumcision“. „Br J Urol“ 77 (2): 291–5. doi:10.1046/j.1464-410X.1996.85023.x. PMID 8800902. http://www.blackwell-synergy.com/doi/pdf/10.1046/j.1464-410X.1996.85023.x. 
  8. Шаблон:Vcite journal
  9. Шаблон:Vcite journal
  10. College of Physicians and Surgeons of British Columbia (2009). „Circumcision (Infant Male)“ (PDF). архивирано од оригиналот на 23 декември 2010. http://web.archive.org/web/20101223230345/https://www.cpsbc.ca/files/u6/Circumcision-Infant-Male.pdf. конс. 22 април 2012. 
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Gairdner, D (1949). „Fate of the Foreskin“. „BMJ“ 2 (4642): 1433–7. doi:10.1136/bmj.2.4642.1433. PMID 15408299. PMC: 2051968. http://www.cirp.org/library/general/gairdner/. 
  12. Шаблон:Vcite journal
  13. Thorvaldsen MA, Meyhoff H (2005). „Phimosis: Pathological or Physiological?“. „Ugeskr Læger“ 167 (17): 1858–62. http://www.cirp.org/library/normal/thorvaldsen1/. 
  14. Шаблон:Vcite journal
  15. „Circumcision of infant males“ (PDF). RACP. стр. 7. http://www.racp.edu.au/index.cfm?objectid=65118B16-F145-8B74-236C86100E4E3E8E. 
  16. „The Significance and Frequency of Phimosis and Smegma“. Male-initiation.net. 1966. http://www.male-initiation.net/library/medicus/schoeberlein_eng.html. конс. 16 април 2013. 
  17. Chengzu, Liu (2011). „Health Care for Foreskin Conditions“. „Epidemiology of Urogenital Diseases“. Beijing: People's Medical Publishing House. 
  18. „Male circumcision: Global trends and determinants of prevalence, safety and acceptability“ (PDF). World Health Organization. стр. 13. http://whqlibdoc.who.int/publications/2007/9789241596169_eng.pdf. 
  19. Circumcision policy statement. American Academy of Pediatrics. Task Force on Circumcision“. „Pediatrics“ 103 (3): 686–93. March 1999. doi:10.1542/peds.103.3.686. PMID 10049981. http://pediatrics.aappublications.org/cgi/pmidlookup?view=long&pmid=10049981. 
  20. Шаблон:Vcite journal O'Farrell N, Quigley M, Fox P (2005). „Association between the intact foreskin and inferior standards of male genital hygiene behaviour: a cross-sectional study“. „Int J STD AIDS“ 16 (8): 556–9. doi:10.1258/0956462054679151. PMID 16105191. 
  21. Шаблон:Vcite journal
  22. Vern L. Bullough; Bonnie Bullough (14 January 2014). „Human Sexuality: An Encyclopedia“. Routledge. стр. 120–. ISBN 978-1-135-82502-7. http://books.google.com/books?id=-cqlAgAAQBAJ&pg=PA120. 
  23. Paediatrics & Child Health Division, The Royal Australasian College of Physicians (September 2010) (PDF). „Circumcision of Infant Males. http://www.racp.edu.au/index.cfm?objectid=65118B16-F145-8B74-236C86100E4E3E8E. конс. 22 април 2012. 
  24. „Non-therapeutic circumcision of male minors (2010)“. KNMG. 12 јуни 2010. http://knmg.artsennet.nl/Diensten/knmgpublicaties/KNMGpublicatie/Nontherapeutic-circumcision-of-male-minors-2010.htm. 
  25. Whiddon D (August 1953). „I. Should baby be circumcised?“. „Lancet“ 265 (6781): 337–8. PMID 13085774. http://www.cirp.org/library/general/widdicombe/. 
  26. Шаблон:Vcite journal
  27. Шаблон:Vcite journal
  28. „Dunn HP. Non-surgical management of phimosis. ''Aust N Z J Surg'' 1989;59(12):963“. Cirp.org. http://www.cirp.org/library/treatment/phimosis/dunn1/. конс. 16 јули 2012. 
  29. „Paraphimosis : Article by Jong M Choe, MD, FACS“. eMedicine. http://www.emedicine.com/med/topic2874.htm. конс. 16 јули 2012. 

Надворешни врски[уреди]