Кобалт-60

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кобалт-60 (Co-60 или 60Co) е радиоактивен изотоп на кобалтот, со период на полураспаѓање од 5,27 години. Кобалтот-60 по пат на бета распаѓање се трансформира во стабилен изотоп никел-60 (60Ni). При процесот на бета распаѓање, кобалтот-60 емитира еден електрон со енергија до 315 keV и два гама зраци со енергии од 1,17 и 1,33 MeV.

Радиоактивноста на еден грам 60Co изнесува 1,85 ТBq и истата резултира во доза од 0,5 Gy во минута. Доколку човековиот организам прими дозен еквивалент од 3-4 Sv, леталниот ризик изнесува 50% за 30 дена. Оваа вредност се постигнува за време од 6-8 минути изложување на 1 грам 60Co на блиски растојанија до човековото тело.

Историја[уреди]

Радиоактивниот изотоп кобалт-60 е откриен од Глен Т. Сиборг и Џон Ливингуд од Универзитетот Беркли, Калифорнија, во 1938 година.

Производство[уреди]

Кобалтот-60 се произведува за комерцијална примена во линеарните акцелератори. Исто така може да се добие и како нус-производ во нуклеарните реактори, резултат на изложеност на градежните материјали на неутронско зрачење, како на пример челикот.

Примена[уреди]

  • Како трасер во хемиските реакции,
  • Стерилизација на медицинска опрема,
  • Радиоактивен извор во медицинската радиотерапија,
  • Радиоактивен извор во индустриската радиографија,
  • Радиоактивен извор во уредите за мерење на ниво и дебелини,
  • Радиоактивен извор во озраченоста на храна
  • Радиоактивен извор во во лабораториска примена.

Надворешни врски[уреди]