Клунари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клунари
Период: рана креда - денес
Ехидна
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Поткласа: Prototheria
Ред: Monotremata
C.L. Bonaparte, 1837
Семејства

† Kollikodontidae (изумрени)
Ornithorhynchidae
Tachyglossidae
† Steropodontidae (изумрени)

Клунари (лат. Monotremata) се цицачи чии млади се раѓаат од јајце со мека лушпа. Тие се изведуваат по неколку денови и цицаат се додека во целост не се развијат.

Општи карактеристики[уреди]

Како и другите цицачи, клунарите имаат брз метаболизам, телото им е прекриено со влакна и младите ги хранат со млеко.

Клунарите одржуваат константна температура на телото без оглед на околината во која се наоѓаат, иако до неодамна се сметаше дека не е така.

Физиологија[уреди]

Клучна физиолошка разлика меѓу клунарите и другите цицачи е што тие (Monotreme значи еден отвор - на грчки) имаат клоака (еден отвор за репродукција, уринирање и дефекација), како што е случај кај влекачите. Другите цицачи имаат посебни отвори: вагина, уретра и анус.

Монотремите носат јајца кои женката ги снабдува со хранливи состојки.

Распространетост[уреди]

Единствените живи клунари живеат во Австралија, Нова Гвинеја и Тасманија[1], иако постојат фосилни докази дека некогаш биле многу пораспространети.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Monotreme, Encyclopædia Britannica (анг.)