Клонирање

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Клонирањето претставува умножување што подразбира укинување на секаква индивидуална различност. Во биологијата, клонирањето е процес на создавање група генетски идентични организми од една единка по бесполов пат. Клонирањето предизвикува делби на телесна клетка со кои се добиваат нови единки идентични и со организмот од кој се изведени и меѓусебно.

[уреди] Биологија

Во биологијата, клонот претставува ред директни потомци на наследно еднородни организми (или на одвоени клетки во култури) што настанале како резултат на бесполово или вегетативно размножување од еден заеднички предок.

[уреди] Микробиологија

Во микробиологијата клонот претставува севкупност на потомци од една клетка на родоначалникот. Преку ова се наследуваат гените само на еден предок т.е., само на таткото или само на мајката.

[уреди] Информатика

Во информатиката клонот претставува сметачки систем кој, според можностите што ги нуди, претставува успешна копија на друг стандарден сметачки систем. Најчесто се однесува на сметачки системи складни со оригиналниот.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици