Клондајк (река)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клондајк
Klondike River
Река
Клондајк кај автопатот „Депстер“
Земја  Канада
Територија Јукон
Извор Огилви
Утока Јукон
 - местоположба Досон, Јукон, Канада
 - координати 64°03′08″ СГШ 139°26′27″ ЗГД / 
Должина 160 км
[1][2]

Клондајк (англиски: Klondike River) — река во територијата Јукон во Канада и притока на реката Јукон. Најпозната е по Златната треска на Клондајк. Реката извира во венецот Огилви и се влева во Јукон кај градот Досон.

Името доаѓа од поимот „чонтак“ (/ʈʂʼontək/) на ханските индијанци, со значење токмачки камен, кој се користел за набивање на колците на кои се закачувале мрежите за фаќање лосос.

Во 1896 г. во притоките на Клондајк е откриено злато, кое се експлоатира и денес. Реката е спомената во расказот „Реликт од плиоценот“ од Џек Лондон, каде е наречена Ирвасова Река (Reindeer River).[3]

Глаерија[уреди]


Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Клондајк“. Енциклопедија „Британика“(конс. 5 март 2010) (англиски)
  2. „Клондајк“. Министерство за природни ресурси на Канада. http://geonames2.nrcan.gc.ca/cgi-bin/v9/sima_unique_v9?english?KADJR?C. конс. 5 март 2010.  (англиски)
  3. "A Relic of the Pliocene", Collier's Weekly, 1901

Надворешни врски[уреди]