Клодомир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клодомир
Крал на Орлеан
Division of Gaul - 511.jpg
Поделба на Галија по смртта на Клодовик, која го покажува кралството на Клодомир заедно со оние на неговите браќа
Крал на Орлеан
На престол 509 - 511
Претходник Клодовик I
Наследник Клотер I
Династија Меровинзи
Татко Клодовик I
Мајка Клотилда
Роден(а) c. 495
Починал(а) 524
Битка кај Везеронс


Клодомир, исто така наречен и Хлодомер или Клодомер (роден околу. 495) бил вториот од четирите синови на Клодовик I, Крал на Франките. По смртта на неговиот татко, во 511, тој го поделил кралството на Франките со своите тројца браќа: Теудерик I, Хилдеберт I, и Клотар I. Иако Теудерик, најстариот, добил повеќе, Клодомир пола од кралството си го поделил со останатите двајца браќа. Тоа било кралството на Орлеан, земено од претходното кралство Сијагриус. Кралството ги вклучувало градовите Тур, Поатје и Орлеан. Клодомир се оженил со Гунтека, со која имал три деца: Теодебалт, Гунтар, и Клодоалд.

Во 523–24, веројатно по барање на неговата мајка Клотилда, која барала одмазда за својот внук убиен од страна на Зигизмунд од Бургундија, Клодомир им се приклучил на браќата во воен поход против Бургундите. Откако го заробил Зигизмунд, Клодомир се вратил во Орлеан. Сепак, братот на Зигизмунд Гондомар триумфално се вратил во Бургундија со својата војска потпомогната од неговиот сојузник Теодорик Велики кралот на Остроготите. Тој го масакрирал гарнизонот на Франките кои останале во Бургундија.

Клодомир наредил Зигимунд и неговите синови Гизалд и Гондебауд да бидат убиени на 1 мај 524. Тогаш тргнал со втор поход против Бургундите. Бил убиен за време на овој воен поход, пролетта или летото истата таа година, во Битката кај Везеронс. Неговите синови биле оставени да ги чува мајка му додека пак неговата вдовица се омажила со Клотер I. Клотер, сепак, ги убил децата на Клодомир, иако Клодоалд успеал некако да побегне. Тој подоцна станал опат на Ногент, откажувајќи се од долгата коса, симбол на кралската крв, со цел да си го зачува животот.

Потекло[уреди]

Понатамошни четива[уреди]

Клодомир
Роден(а): 495 Починал(а): 524
Претходник
Клодовик I
Крал на Орлеан
511–524
Наследник
Клотер I