Клодовик I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клодовик I
François-Louis Dejuinne (1786-1844) - Clovis roi des Francs (465-511).jpg
Клодовик крал на Франките од Франсоа Луј Дежуин (1786–1844)
Крал на Франките
На престол 509 - 511
Претходник Франкија освоена
Наследник Клотер I (Соасион)
Хилдеберт I (Париз)
Клодомир (Орлеан)
Теудерик I (Ремс)
Крал на Салиските Франки
На престол 481 - 509
Претходник Хилдерик I
Наследник Francia conquered
Сопружник Клотилда
Деца
Ингомер
Хлодомер
Хилдеберт I
Клотар I
Клотилда
Династија Меровинзи
Татко Хилдерик I
Мајка Базина од Турингија
Роден(а) c. 466
Починал(а) 511
Вероисповед католик

Клодовик (c. 466–511) (Ch-)Leuthwig (Ludwig, Louis) бил првиот крал на Франките кој ги обединил сите франкиски племиња под еден владетел. Тој исто така бил и првиот католички крал кој владеел со Галија . Бил син на Хилдерик I и Базина. Во 481, кога имал 15 години, го наследил татка си.[1] Салиските Франки биле едно од двете франкиски племиња кои тогаш го заземале западното подрачје на долна Рона, со нивен центар во подрачјето познато како Токсадрија, меѓу реките Меза и Шелда (што денес е Холандија и Белгија). Подрачјето на владеење на Клодовик било југозападно од тоа, долж денешната граница меѓу Франција и Белгија. Клодовик ги поразил околните кралства на Салиските Франки и се поставил себеси за единствен крал на Салиските Франки пред својата смрт. Малата црква во која бил крстен денес се викаСен-Реми, и во неа може да се види статуа на неговото крштевање. Клодовик и неговата жена Клотилда се закопани во црквата Сент-Женевјев (Свети Петар) во Париз. Значајно за Клодовик е што тој ја намалил моќта на Римјаните во 486 поразувајќи го римскиот владетел Сијагриј во битката кај Соасон.[2]

Кловис се преобратил во католик, спротивно на аријанското христијанство вообичаено меѓу Готите кои владееле со поголемиот дел на Галија во тоа време, по барање на неговата жена, Клотилда, бургундска готска принцеза која била католик и покрај аријанизмот со која била опкружена во дворецот. Тој бил крстен во мала црква близу катедралата во Ремс, каде повеќето идни француски кралеви ќе бидат крунисани. Овој чин бил од огромно значење за последователната историја на Западна и Централна Европа, бидејќи Клодовик го проширил своето царство низ речиси сите провинции на старата римска провинција Галија (модерна Франција). Тој се смета за основач на меровиншката династија која ќе владее со Франките во следните два века.

Име[уреди]

Во првичните извори името на Клодовик се спелува во бројни варијанти: франкискиот облик Chlodovech била латинизирана како Chlodovechus, од каде дошло латинското име Ludovicus, кое еволуирало во францускиот облик Луј ( Louis). Клодовик владеел со Франките од 481 до 511 AD. Името понатаму често се споменува во историјата: три други меровиншки кралеви се викале Клодовик (Clovis), додека девет други каролиншки владетели и тринаесет француски кралеви како и еден цар на Светото римско царство го носеле името Луј ( Louis). Речиси секој европски јаик си развил свој облик на истото име. Louis (француски), "Chlodwig" и Ludwig (германски), Lodewijk (холандски), Людовик (руски), Luis (шпански), Luigi (италијански), и Lewis (англиски) се само 7 од 100 можни варијанти. Историчарите се раликуваат во однос на точното значење на неговото име. Повеќето веруваат дека Chlodovech е составено од германскиот корен Chlod- и -vech. Chlod- = (модерен англиски) гласен, како и постарата конотација славен. -vech = "борец" (модерен англиски). Споредено со модерниот германски luid (тежок звук или бучава), luiden (глагол – најстарото значење е: да се слави гласно) и vechten (глагол – се бори). Chlodovech значи "славен борец".[3]

Историја[уреди]

Обединување на Франките[уреди]

Клодовик I кој ги води Франките во победа во Битката кај Толбијак, во сликата на Ари Шефер од 19-от век

Во 486, со помош на Ragnachar, Клодовик го поразил Сијагриј, последниот римски посланик во Галија, кој владеел со подрачјето околу Соасон денешна Пикардија.[4] Оваа победа кај Соасон го проширила франкиското владеење северно кон реката Лоара. После ова, Клодовик обезбедил сојуз со Остроготите со тоа што ја омажил неговата сестра Аудофледа со нивниот крал Теодорик Велики. После таа победа следела и друга во 491 кога победил помала група на припадници на племето Туринги на исток од франкиските територии. Подоцна, со помош на друг франкиски поткрал, ги поразил Аламаните во Битката кај Толбијак.

Христијански крал[уреди]

Клодовик се оженил со христијанската бургундска принцеза Клотилда (подоцна канонизирана како Св. Клотилда), и според Грегор од Тур, како реултат на неговата победа кај Толбијак (496), се преобратил во нејзината католичка вера. Преобраќањето на Клодовик во католик го оддалечило Клодовик од другите германски кралеви на тоа време, како оние на Визиготите и Вандалите, кои се преобратиле од паганското верување во аријанско христијанство. Тоа му обезбедило исто така и поддршка од католичката гало-романска аристократија во неговите подоцнежни битки против Визиготите, коишто ги протерал од јужна Галија (507). Според легендата, бидејќи го повикал бога преку својата христијанска жена, Клотилда, тој го поразил непријателот. Клотилда секако била значајна во одлуката тој да го прифати католицимот.

Клодовик бил крстен во Ремс на Божиќ 496, 498 или 506 од страна на Saint Remigius.[5] Преобраќањето на Клодовик во католичко христијанство, религија на поголемиот број негови поданици, ги зајакнало врските меѓу неговите римски поданици, поттикнати од нивните католички владици, и нивните германски освојувачи. Сепак, Bernard Bachrach вели дека ова преобраќање од неговиот франкиско паганство оттуѓило многу други франкиски поткралеви и ја ослабело неговата воена положба во тек на следните неколку години[6] Во битката кај Дижон во 500 година, Кловис не успеал да го покори Бургундското кралство. Се чини дека некако добил поддршка од Оверњците во тек на следните години, бидејќи тие му помогнале да го порази визиготското кралство во Тулуз во Битката кај Вује (507) со што била отстранета визиготската моќ во Галија и тие биле потиснати накај Хиспанија и Септиманија; со битката кралството на Клодовик го добила поголемиот дел на Аквитанија.[4] Потоа тој го поставил Париз за своја престолнина,[4] и воспоставил опатија посветена на Свети Петар и Павле на јужната страна на реката Сена. Подоцна таа била преименувана во Опатија Сент-Женевјев, во чест на светицата-заштитничка на Париз.[7] Според Грегор од Тур, после Битката кај Вује, византискиот император Анастасиј I, на Клодовик му ја доделил титулата конзул.

Слики од Кралот

Последните години и смртта[уреди]

Галија по смртта на Клодовик.

Кусо пред неговата смрт, Клодовик го повикал синодот на галските епископи да се состанат во Орлеан за да ја реформираат црквата и да создадат силна врска меѓу Круната и Католичката епископија. Ова бил Првиот Орлеански Совет. Присуствувале 33 епископи и биле донесени 31 уредба за обврските и должностите на поединците, правото на духовност и црковна дисциплина. Овие уредби, еднакво применливи и за Франките и за Римјаните, утврдиле еднаквост меѓу освојувачите и поразените.

Гробот на Клодовик I во базиликата Сен-Дени

Се вели дека Клодовик умрел на 27 ноември 511; сепак, Liber Pontificalis сугерира дека тој сé уште бил жив во 513.[8] После неговата смрт, Клодовик е закопан во Опатијата Сент-Женевјев во Пари. Посмртните останки подоцна биле преместени во базиликата Сен-Дени кон средината на 18-от век.

По неговата смрт кралството било поделено меѓу неговите четири синови: Теудерик, Клодомир, Хилдеберт, и Клотер. Оваа делба создала нови политички целини – Кралствата на Ремс, Орлеан, Париз и Соасон и започнал период на неединство кое ќе трае, со куси прекини, сé до крајот (751) на неговата меровиншка династија.

Наследство[уреди]

Клодовик е запаметен по три главни достигања:

  1. Унификација на франкиските народи.
  2. Освојување на Галија.
  3. Неговото преобраќање во христијанство.

Предци[уреди]

Наводи[уреди]

Фусноти
  1. Датата 481 е добиена со броење наназад од Битката кај Толбијак, која Грегор од Тур ја сместува во петнаесеттата година од владеењето на Клодовик.
  2. Frassetto, Michael, Encyclopedia of barbarian Europe, (ABC-CLIO, 2003), 126
  3. Etymologisch Woordenboek van het Nederlands, Amsterdam: Amsterdam University Press, 2003-, for the words luid (loud) and vechten (to fight)
  4. 4,0 4,1 4,2 „Iron Age Braumeisters of the Teutonic Forests“. „BeerAdvocate“. http://beeradvocate.com/news/stories_read/668. конс. 2 јуни 2006. 
  5. Geary, Patrick J. (1988) Before France and Germany: the creation and transformation of the Merovingian world. Oxford; p. 84
  6. Daly, William M., "Clovis: How Barbaric, How Pagan?" Speculum 69.3 (July 1994:619-664)
  7. Опатијата била разрушена во 1802. Останала само "Кулата Клодовик," која денес е во темелите на гимназијата Анри IV, источно од Пантеонот во Париз.
  8. Collins, Roger, Early Medieval Europe
Општи информации
  • Daly, William M. (1994) "Clovis: How Barbaric, How Pagan?" Speculum, 69:3 (1994), 619–664.
  • James, Edward (1982) The Origins of France: Clovis to the Capetians, 500–1000. London: Macmillan, 1982.
  • Kaiser, Reinhold (2004) "Das römische Erbe und das Merowingerreich", in: Enzyklopädie deutscher Geschichte; 26. Munich (германски)
  • Oman, Charles (1914) The Dark Ages 476-918. London: Rivingtons
  • Wallace-Hadrill, J. M. (1962) The Long-haired Kings. London
Клодовик I
Роден(а): 466 Починал(а): ноември 27 511
Владејачки титули
Претходник
Хилдерик I
Крал на Салиските Франки
481 – c. 509
ја освоил Франкија
Освојување
на Франкија
Крал на Франките
c. 509 – 511
Наследник
Клотер I
во Соасон
Наследник
Хилдеберт I
во Париз
Наследник
Клодомир
во Орлеан
Наследник
Теудерик I
во Ремс
Политички функции
Претходник
Флавиј Енодиј Месала,
Areobindus Dagalaiphus Areobindus
Конзул на Римска империја
507
со Анастазиј I
Venantius Junior
Наследник
Basilius Venantius,
Celer

Надворешни врски[уреди]


| NAME =Клодовик 01 | ALTERNATIVE NAMES = | SHORT DESCRIPTION = | DATE OF BIRTH = 466 | PLACE OF BIRTH = | DATE OF DEATH = 511 | PLACE OF DEATH = }}