| Клодион |
| Крал на Салиските Франки |
 |
| Наследник |
Меровех |
| Потомци |
| Меровех оспорувано |
| Целосно име |
| Клодион |
| Татко |
Теудемерес или Фарамонд (и двајцата оспорувани) |
| Мајка |
непозната или Аргота (оспорувано) |
| Погреб |
непознато |
Клодион (c. 392/395[1]–445[1]/448; исто така нарекуван и Клодио, Клодиус) бил крал на Салиските Франки од династијата Меровинзи. Тој бил познат како Долгокосиот крал и живеел на територијата на Турунгија, во замокот на Дуисбург. Тој станал водач на Теруанското подрачје во 414. Оттука, ja нападнал Римската империја во 428, поразувајќи ги римските сили во Камбре, и се утврдил во Северна Галија, каде веќе живееле и други групи Салиски Франки. Иако бил напаѓан од страна на Римјаните, успеал да ја задржи својата положба и 3 години подоцна, во 431, го проширил своето кралство јужно од реката Сома во идната Франкија. Во 448, 20 години по започнувањето на неговото владеење, Клодион бил поразен во неидентификувано место во Галија кое Флавиј Етиј, командант на римската војска го нарекува Викус Хелена (Vicus Helena). Како и сите меровиншки кралеви, Клодион носел долга коса како ритуален обичај. Негов наследник веројатно бил Меровех, според кој династијата го добила името 'Меровинзи'. Несовремената Liber Historiae Francorum вели дека негов татко бил Фарамонд, за кој многумина веруваат дека бил легендарна личност поврзана со оваа лоза некаде околу 8-от век. Денешните историски истражувања сугерираат дека Фарамонд впрочем бил Вараздат соборен регент и принц на протераната Сиуниска династија;[2] сепак, фамилијарната поврзаност не може да се потврди со апсолутна сигурност. Фредегарската хроника го прикажува Клодион како син на Теудемерес, еден од водачите на Салиските Франки и крал на Теруана (409-414).[3]
Надворешни врски [уреди]