Кловска палата (Киев)
| Кловска палата Кловський палац |
|
| Податоци | |
|---|---|
| Локација | Киев |
| Земја | Украина |
| Архитект | Готфрид Шадел Василиј Нејелов |
| Завршена | 1756 |
Кловската палата (украински: Кловський палац) е седиштето на Врховниот суд на Украина во Киев. Зградата го носи името Клов според населбата во Печерскиот округ во која се наоѓа.
Барокниот објект бил изграден во периодот од 1752 до 1756 година со средства обезбедени од страна на Киево-печерската лавра. Руските цареви требало да остануваат во палатата при нивните посети на пештерниот манастир. Како главни архитекти за изградба на палатата биле Готфрид Шадел и Василиј Нејелов, додека пак крајот на градбата бил надгледуван од страна на Степан Ковнир. Градината околу палатата била изградена во текот на 1760 година.
Палатата никогаш не била посетена од страна на царското семејство. Катерина II кога била во посета на Киев во 1787 година, како седиште за престој ја искористила Маринската палата.
Во текот на 1858 година, палатата била опфатена од пожар и истата била повторно санирана наскоро по пожарот, со додавање на горниот кат. Палатата исто така била опожарена и во времето на Руската револуција, а реставрацијата била спроведена во 1970-тите години.
|
|||||||||||||