Клеман Грение

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клеман Грение
Clément Grenier.jpg
Лични податоци
Роден на 7 јануари 1991 (1991-01-07) (23 г.)
Роден во Аноне, Франција
Висина &100000000000001860000001,86 м
Положба среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Лион
Број 7
Младинска кариера
ФК Аноне
Лион
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009- Лион 65 (5)
Репрезентација
2012 Франција 21 5 (0)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Клеман Грение (роден на 7 јануари 1991) е француски фудбалер кој во моментов игра за францускиот клуб Олимпик Лион во Лига 1. Тој е поранешен младински репрезентативец на Франција во сите можни младински категории. Тој е познат по својата техничка способност, дриблинг, и изведување на слободни удари. Грение може да игра на десната страна во средниот ред, како и на позицијата зад напаѓачот.

Кариера[уреди]

Рана кариера[уреди]

Грение ја започнал својата кариера во клубот од неговиот роден град ФК Аноне. Тој му помогнал на клубот да стигне до одделенското финалето на Националниот куп за играчи под-9 години[1] Грение подоцна го привлекол вниманието на професионалниот клуб Олимпик Лион чии скаути му препорачале на младото момче да продолжи да се развива придружувајќи му се на клубот. Конечно, во јули 2002 година, тој обезбедил трансфер во Лион и и се приклучил на младинската школа на клубот[2].

Лион[уреди]

Грение го продолжил неговиот развој, за да во Лион брзо стане еден од најдобрите таленти на клубот. Тој направил забележителни перформанси за време на сезоната 2007-08 играјќи многу добро во домашниот фудбал и на репрезентативно ниво, па така се здобил со интерес од шпанскиот великан Реал Мадрид, англиските клубови Арсенал и Челзи и италијански Интер, чии скаути го споредувале играчот со Бразилецот Кака[3][4]. И покрај интересот, на 15 мај 2008 година, Грение, заедно со колегата од младинската школа Јанис Тафер, го потпишал својот прв професионален договор со Лион и се согласил на три годишна верност кон клубот до 2011 година.[5] Тој бил унапреден во сениорскиот тим и го добил дресот со број. 22.

Иако Грение беше на сениорскиот тим и запишал неколку одлични предсезонски натпревари за клубот во пресрет на сезоната 2008-09, тој го поминал поголемиот дел од кампањата играјќи за резервниот тим на клуботво ЦФА, четвртата лига на францускиот фудбал. Грение одиграл 16 натпревари во лигата и постигнал само еден гол за тимот против Адге[6]Слично на претходната сезона, Грение ја започнал сезоната 2009-10, играјќи за резервниот тим на клубот. Тој постигнал гол во своето деби против Гап. На 24 септември 2009 година, Грение бил повикан за сениорскиот тим да игра во лигашкиот натпревар против Тулуз на 26 септември. Тој го направил своето деби во тој натпревар појавувајќи се како замена за Бафетимби Гоми. Лион го добил натпреварот со 2-1[7] На 17 април 2010 година, тој го направил своето враќање појавувајќи се како замена во ремито 2-2 со Бордо. Две недели подоцна, Грение направил уште едно појавување како замена во победата 1-0 над Монпелје.

Титули[уреди]

Франција Лион[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Фудбалски клуб Аноне“. 
  2. „Фудбалски клуб Аноне“. 
  3. „"El Madrid sigue los pasos de Clement Grenier"“. 
  4. 178183/talk „Арсенал, Челзи го следат детето на Лион, Грение“. http://www.tribalfootball.com/node/ 178183/talk. конс. 27 септември 2009. 
  5. „Yannis Tafer - Clément Grenier, Les Nouvelles pépites de l'OL“. 
  6. foot-national.com/fiche-match-football-11355.html „Лион против Адге извештај од натпреварот“. http://www. foot-national.com/fiche-match-football-11355.html. конс. септември 27, 2009. 
  7. „Лион против Тулуз извештај од натпреварот“.