Класична логика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Класична логика е класа на формалните логики кои се изучувале најисцрпно и применувале најшироко. Нив ги карактеризираат низа својства[1]; некласични логики се оние кои немаат едно или повеќе од овие својства, кои се:

  1. Закон на исклучената средина и Закон за двојната негација;
  2. Принцип на непротивречност;
  3. Монотоност на импликацијата и Идемпотенција на импликацијата;
  4. Комутативност на конјункцијата;
  5. Де Морганова двојност: секој логички оператор е двојник на некој друг.

Класичната логика е бивалентна, т.е. користи само Булови функции. Иако неусловени од претходните услови, современите расправи за класичната логика обично занимаваат со исказна и логика од прв ред.[2][3]

Примери за класичната логика[уреди]

  • Во АристотеловиотОрганон“ се запознаваме со неговата теорија на силогизми, што е логика со ограничен облик на расудувања: тврдењата се една од четирите форми, Сите P се Q, Некои P се Q, Ниедно P не е Q и Некои P не се Q. Овие расудувања ги наоѓаме во два пара на два двојни оператора, каде секој оператор е негација на другиот, соодноси кои Аристотел ги резимира како логички квадрат на спротивности. Аристотел експлицитно го формулирал законот на исклучената средина и принципот на непротивречност во прилог на овој систем, иако овие закони неможат да се изразат како расудувања во силогистички рамки.

Некласични логики[уреди]

Во книгата Deviant Logic, Fuzzy Logic: Beyond the Formalism, Сузан Хак ги дели некласичните логики на девијантна, квазидевијантна и проширена логика.[3]

Наводи[уреди]

  1. Gabbay, Dov, (1994). 'Classical vs non-classical logic'. In D.M. Gabbay, C.J. Hogger, and J.A. Robinson, (Eds), Handbook of Logic in Artificial Intelligence and Logic Programming, volume 2, chapter 2.6. Oxford University Press.
  2. Shapiro, Stewart (2000). Classical Logic. Во „Стенфордска енциклопедија на философијата“ [веб]. Стенфорд: Лабораторија за метафизичко истражување. Пристапено 28 октомври, 2006, од http://plato.stanford.edu/entries/logic-classical/
  3. 3,0 3,1 Haack, Susan, (1996). Deviant Logic, Fuzzy Logic: Beyond the Formalism. Chicago: The University of Chicago Press.


Портал „Логика