Кланица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија се однесува за самиот индустриски објект, додека за истоимената населба во Битола, погледнете ја Кланица (Битола).
Во кланицата, слика од 1893 г. на Ловис Коринт

Кланица — објект потврден и регистриран од страна на овластени државни органи за контрола, каде се врши колење на животните наменети за исхрана на луѓето. Во кланиците со припрема на современи принципи на хигиена, а под надзор на органите од ветеринарно-санитарната инспекција се произведува месо, а во некои и преработка од месо.[1]

Кланиците треба да бидат така изградени, технички уредени и опремени, а работата во нив да е така организирана, што искрвавувањето на животните се врши на хуман начин, односно се спроведуваат сите ветеринарно-санитарни мерки, со кои во текот на производството се овозможува добивање на здравствено исправно месо. Кланиците треба да обезбедат услови за нештетно отстранување на одпадоците и конфискатите од деловите на труповите и органите од закланите животни, како и отпадните води со цел да се спречи загадувањето на околината и се спречи ширењето на добиточните заразни и паразитарни болести.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стојановски, Митре (2010). Вовед во производството и преработка на месото. Битола. стр. 1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]