Китара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аполон Китаред со китара во рацете

Китарата била антички грчки музички инструмент од фамилијата на цитри. На латински се нарекува cithara (цитара), а во модерниот грчки јазик зборот κιθάρα (китара) го добил значењето гитара.

Китарата била професионална верзија на седум-жичената лира. Спротивно на попростата лира, која била фолклорен инструмент, китарата примарно се користела од страна на професионални музичари (видете китароде, цитароедус). (Барбитосот бил бас верзија на китарата популарна во источниот Егеј и античка Мала Азија.)

Китарата имала длабока, дрвена звучна кутија составена од две резонирачки табли, или рамни или благо заоблени, поврзани со ребра или страни со иста широчина. На врвот, нејзините жици биле врзани со јазол околу трансверзалните штимери (зугон) или со прстените околу штимерите, или паг околу дрвени цевки. Другиот дел од жиците бил поврзан со друг дрвен дел на дното откако минувал над рамна кобилица, или пак дрвениот дел и кобилицата биле комбинирани. Се свирела со плектрум кој се држел во десната рака, со лактото истегната и дланката свиткана навнатре, додека жиците биле свирено со исправените прсти на левата рака.

Китарата се свирела примарно со цел да ги придружува танците и епските рецитали, рапсодии, оди и лирски песни. Исто така се свирела самостојно на приеми, банкети, национални игри и тестови на вештина.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]


 Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост„“. Енциклопедија „Британика“ (XI). (1911). Cambridge University Press.