Кипарско прашање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Cyprus districts named.png

Кипарското прашање претставува спор помеѓу Грција и Турција околу островот и државата Кипар, која се наоѓа на источниот дел од Средоземно Море.

Главната причина за изладување на грчко-турските односни во текот на 20 век било кипарското прашање. Во времето кога островот бил под британски протекторат, грчкото население на островот броело вкупно 82% ов вкупниот процент на население.

Грчките Турци до одреден степен се согласувале со формирање на една заедница, но сепак грчката влада била принудена на неколку пати да интервенира кај Велика Британија, од која барала островот да се приклучи кон територијата на Грција. Во 1950-тите години, кипарското прашање повторно се разјадило од страна на Грчките Турци, кога архиепископ Макариос III направил сојуз со Грција, и заедно со EOKA извршиле паравоени дејства на островот - воглавно против Англија, но исто така и нанеле колатерална штета и на другите партии и цивили. Конечно, грчкиот премиер Александар Папагос кипарското прашање го поставил пред ООН.

Турските националистички чувства се зголемиле на идејата на Грција дека Кипар ќе биде преотстапен на Грција. Како одговор на тоа, Грција ги прекинала дипломатските односи со Турција, а со тоа се распаднал и Балканскиот пакт. Во 1960 година било пронајдено компромисно решение околу кипарското прашање. Кипар станал независен. Грчките и турските војници се стационираниле на островот за да ги заштитат своите области. Грчкиот премиер Константин Караманлис бил главниот архитект на овој план, кој довел до итно подобрување на односите со Турција, особено откако Аднан Мендерес бил отстранет од власта во Турција.

Но во текот на 1963-1964 година, немирите на островот биле обновени. Во 1963 година Макариос предложил 13 уставни амандмани, кои би го овозможиле нормалното функционирање на Кипар. Веднаш започнале немирите помеѓу Турците и Грците. На 21 декември 1964 година загинале двајца Турци и еден грчки полицаец. Во текот на конфликтот починале 191 Турци и 133 Грци. Бидејќи полицијата била деблокирана, а Кипар немал своја сопствена војска, во конфликтот се вмешал ЕОКА кој им нанел големи штети на турските сили. По ова во преговорите за мир се вклучил Обединетото Кралство.

По воспоставувањето на примирје, Макариос до некој степан успеал да ги убеди Кипарските Грци дека би било подобро Кипар да остане независен од Грција. Но, од друга страна, Кипарските Турци не верувале на тие зборови на кипарските административни власти, па тие создале своја администрација. Така, во следните неколку години мирот се одржал. Но во 1967 година во Грција се дошло до државен удар кое довело до промена на власта и доаѓање на грчката хунта. Во 1974 година, со помош на Грција, на островот Кипар на сличен начин како и во Грција се случил државен удар. Претседателот Макариос бил симнат од власта, па тој побегнал во Лондон, а на власт дошла ЕОКА Б. Местото претседател го заземал Никос Сампсон, дотогашен член и главен уредник на кипарските новини. Во такви услови, за власта во Кипар не постоела некаква препрека да островот се приклучи односно обедини со Грција.

Поради тоа, Турција извршила инвазија на островот на 20 јули 1974 година, а како главна причина односно барање им било ситуацијата на островот да се врати онаква каква што била пред државниот удар. Таа инвазија се претворила во трајна окупација на околу 37% од вкупната територија на островот Кипар. Десантот бил извршен во градот Киренија. Турција по само три дена успеала да освои уште 3% од територијата на островот. Така, на 22 јули повторно била воведена демократијата на островот. На мировниот договор од 14 август истата година, Турција барала да се формира федерална држава и да Турците добијат 34% од територијата на островот.

По овој предлог, грчкиот преговарач најпрвин побарал 36 часови пауза, за да може да се консултира со државниот врв и истите заедно да земат решение. Но, турската страна не го исчекала одговорот, па на 15 август 1974 година тргнале кон втора инвазија кон поголемиот дел од островот, сè додека не освоиле 37% од Кипар. Американскиот секретар Кисинџер дал вето на одлуката да се забави турската инвазија. По ова, турската армија веќе без проблеми започнала да го освојува островот место по место, село по село. На териториите кои ги освојувале не останал ниту еден Грк бидејќи истите биле протерувани. Така, околу 200.000 Грци заминале принудено од островот.

Причината поради која турците толку лесно го заземале островот била веројатно фактот што грците не ни очекувале таков развој на настаните, а можеби и поради тоа што Кипар се наоѓал многу поблиску до Турција отколку до Грција. По неколку денови, Турција зазела една третина од островот, по кое престанале со нападите, но ги задржиле своите позиции. Ова довело до повторен политички удар, овој пат врз грчката и кипарската хунта. Наскоро, од Лондон повторно се вратил Макариос, и повторно го зазел местото претседател на Кипар.

Војната завршила, но островот бил поделен со “зелена линија“ на турски и грчки дел и така останал до денес. Таа линија минува низ Никозија, која го дели градот на два дела. Сепак, оваа линија е под контрола на УН, а на некои места таа е широка и до 10 километри. Во неговата внатрешност останале многу објекти, како никозискиот аеродром на пример. Околу 100.000 Грци останале без своите имоти, а околу 50.000 турски војници се наоѓаат на северниот дел од Кипар. Во Северен Кипар се насеиле голем број на Турци.

Во 1983 година, Кипарските Турци прогласиле своја држава, под името Турска Република Северен Кипар, но истата освен од Турција до денеска не е признаена од никоја друга земја. Во 2004 година било предложено обединување на двете земји, според кој план Кипар би се состоил од две конфедерални единици. Во 2004 година, Кипар влегол во составот на ЕУ, и прашањето било дали и северниот дел на островот да се приклучи кон унијата. Но, спроведениот референдум не бил прифатен од страна на Грците.