Ким Ки-Дук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ким Ки-Дук на Венециски интернационален филмски фестивал во 2012

Ким Ки-Дук (김기덕, 20 декември,1959, Бонгва, Јужна Кореја) - е корејски филмски режисер и сценарист.

Студирал убави уметности во Париз 1990-1992. Во 1993 ја добива наградата на Просветниот Институт за Сценарио (Educational Institute of Screenwriting) со сценаријата "Сликар" и "Злосторник осуден на смрт".

Подоцна добива уште две високи награди за сценарио и следи неговото филмско деби со филмот "Крокодил" (1996). Следат уште неколку филмови, за подоцна, во 2000 година, неговиот филм "Островот" да биде избран во официјалната програма на фестивалот во Венеција. Во 2004 година има номинација за Златна Мечка на Берлински филмски фестивал, а добива сребрена статуетка за филмот "Самарјанка" на истото.

Важи за еден од носителите на современиот кино минимализам, а заштитен знак му е минималната присутност на дијалог во неговите филмови.