Кимско Езеро
| Кимско езеро | |
|---|---|
| Местоположба | Баварија |
| Координати | 47°53′24″N 12°28′12″E / 47.89°N 12.47°EКоординати: 47°53′24″N 12°28′12″E / 47.89°N 12.47°E |
| Тип | Природно езеро |
| Земји во сливот | Германија |
| Површина | 79.9 km² |
| Макс. длабочина | 72.7 m |
| Водна зафатнина | 2,048 mio m³ |
| Брежна должина1 | 63.96 km |
| Надм. височина на површината | 518.19 m |
| Острови | (Херенинсел, Фрауенинсел, Краутинсел, Скалч) |
| 1 Брежната должина не е добро утврдена мерка. | |
Кимското езеро (германски: Chiemsee) е езеро во јужна Германија. Затоашто е и најголемо езеро во Баварија, се нарекува и "баварско море". Трето е по големина во Германија, ама има најголем волумен од сите.
Како и многу други предалпски езера, ова езеро настанало на крајот на леденото доба, пред околу 10,000 години со топење на еден глечер. Првобитното езеро покривало површина од скоро 240 km² што е скоро три пати повеќе од сегашното. Притоки на езерото се реките Тиролски Ахен и Пријен, нанесуваат големи количини на песок и земја, а со тоа помалку го затрпуваат. Во послендните 100 години, површината на езерото се смалила за околу 200 хектари. Само езерото, местото Киминг како и целото подрачје Кимгау, носат име по грофот Ким.
Содржина |
[уреди] Околината на езерото
Најголема притока на езерото е Тиролски Ахен, додека пак најголем остров на езерото е Алц.
Околината на езерото и Кимагу се едни од омилените туристички региони во Баварија. Езерото е познато и по своите острови:
- Женски остров (238 хектари): Остров со манастир.
- Машик остров (15,5 хектари): Парк со стар дворец (бивш манастир) и новиот дворец Херенкимзе на Лудвиг II кој е копиран од Версајскиот дворец.
- Билски остров (3,5 хектари) е ненаселен.
Освен овие, постојат и три многу мали острови:
- Шалх (22 -{m}-2), западно од Женскиот остров
- два без имиња, островчиња покриени со дрвја, 50 односно 80 метари јужно од Билскиот остров.
[[Слика:Peter von Hess 001.jpg|мини|200п|Слика од Петер фон Хес на Кимскиот острву, во средината на 19 век Во близина се наоѓаат брдата Хохфелн, Хохгерн и Кампенванд.
Езерото е под заштита на интернационалната Рамсарска конвенција.
Северно од езерото пред околу 500. п. н. е., наводно паднала комета (позната како поимот Кимагу импакт).
[уреди] Изговор на името
Името на езерото исклучително се изговара со почетна буква К.
[уреди] Галерија
[уреди] Литература
- Михаел Ломан: германски: Chiemsee-Naturführer.
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Кимско Езеро“ |
- Институт за хидрографија кај Кимското езеро (германски)