Кејт Милет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кејт Милет (родена како Кетрин Мареј Милет на 14 септевмри 1934 во Сент Пол, Минесота) е американска феминистичка писателка и активистка. Најдобро е позната по нејзината книга „Сексуална политика“ напишана во 1970 година.

Кариера[уреди]

Кејт Милет

Кејт Милет ја добила својата диплома на Универзитетот Минесота во 1956 година, каде што била член на сестринството „Капа Алфа Тета“. Подоцна, таа ја добива и дипломата од прв степен со почести од колеџот Св. Хилда, Оксфорд во 1958 година. Во 1961година Милет заминува во Јапонија. Две години подоцна таа се враќа во САД, со нејзиниот пријател, скулптор Фумио Јошимура со кој 'ќе стапи во брак во 1965 година. Во 1985 тие го прекинале својот брак. Таа била активна во феминистичката политика во доцните 1960-ти и раните 1970-ти. Во 1966 таа стана член на комитетот на Националната организација за жените. Сексуална политика произлезегла од нејзината докторска дисертација, која била наградена од Универзитетот Колумбија во 1970 година. Во неа Милет понудува детална критика на патријархатот во западното општество и литература. Милет особено ги критикува сексизмот и хетеросексизмот на современите романсиери Д. Х. Лоренс, Хенри Милер и Норман Мејлер, споредувајќи ги на нивните перспективи со спротивставената гледна точка на авторот Жан Жене, кој бил хомосексуалец. Во 1971 година, Милет започнува во купување и обновување на полиња и згради во близина на Покипси во Њујорк. Проектот подоцна станал женска уметничка колонија и фарма за дрвја. Колонијата претставува заедница од женски уметници и писателки, која е поддржана преку продажбата на Милетовите печати на свила и продажбата на божиќни дрвја, кои биле рачно украсени од страна на уметниците во резиденцијата. Филмот на Милет, „Три животи“, снимен во 1971 година, е дукументарен филм снимен од страна на целата женска екипа (вклучувајќи ја и Сузан Клекнер како режисер, Ленор Бод како камерман и Робин Мајд како уредник) под името „Слободното кино на жените“. 70 минутниот филм ги пренесува спомените на три жени кои ги прераскажуваат своите животни стории. Ликови се Малори Милет-Џонс (сестра на режисерката), Лилијан Шрив, хемичарка, и Робин Мајд, уметничка. Во нејзината книга „Летање“ раскажува за нејзиниот брак со Јошимура и нејзините љубовни афери со жени. „Сита“ е размислување на Милетовата осудена љубовна афера со раководителка во колеџ, која била 10 години постара од неа. Во 1979 година Милет заминува во Иран да се бори за женските права, од каде што подоцна била депортирана. За искуството во Иран таа пишува во својата книга Патување во Иран. Во „Лудото патување“ (1990) таа го опишува нејзининото искуство за тоа како е да се биде затворен во психијатриска болница, искуството од дијагноцтицирање биполарност и нејзината одлука да престане со литиумската терапија. Таа ја доби својата парница св. Пол. Благодарение на нејзиниот адвокат, двајцата го сменија законот за обврзување во државата Минесота. Милет била учесничка во On The Issues Magazin и интервјуирана од страна на Мерли Хофман за списанието во кое доби цела статија. Милет е активна и во анти-психијатриското движење. Како претставник на MindFreedom International, таа отворено зборувала против мачењето во психијатриските болници, за време на преговорите на Обединетите нации за Конвенцијата за Правата на луѓето со посебни потреби (2006). Во доцните 1990-ти и раната 2000-та, Милет била вклучена во спор со органите на Њуjорк, кои сакале да ја исселат од својот дом на улицата 295 Бауери како дел од големиот развоен план. Милет и останатите станари се побуниле, но веднаш ја изгубиле битката. Нивната зграда била срушена, а станарите преселени.

Контроверзност[уреди]

Полу научно-фантастичната книга на Милет за убиството на Силвија Ликенс, „Визбата: Разговори за човечкото жртвување“, довела контроверзност поради нејзината одбрана на злоупотребувањето и убиството на Ликенс. Милет го објаснила убиството од феминистичка гледна точка. Убиството на Силвија Ликенс е приказна за поттиснувањето на женитe

Филмови[уреди]

  • Цвеќиња за Симон де Бовоар (2007)
  • Вистинската Јоко Оно (2001)
  • Обележувач (1 епизода, 1989)
  • Ќерките на де Бовоар (ТВ епизоди 1989)
  • Ова не е љубовна приказна: Филм за порнографијата (1981)
  • Три животи (1971)
  • Плејбој: Приказната за Х (1998)

Дела[уреди]

  • Сексуална политика (1970)
  • Дукументите за проституција (1973)
  • Летање (1974)
  • Сита (1977)
  • Визбата (1979)
  • Патување во Иран (1979)
  • Лудото патување (1990)
  • Верувај ми, не сакаш да го замислиш тоа (1991)
  • Политиката на суровост (1994)
  • А.Д. Мемоар (1995)
  • Мајка Милет (2002)