Кеша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Kesha Кеша

Кеша во Шладминг, Австрија во декември, 2010
Биографски податоци
Родено име Кеша Роуз Шеберт
Роден(а) март 1 1987 (1987-03-01) (27 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Потекло Нешвил, САД
Жанрови Електропоп, денс-поп, кранккор[1]
Занимања Пејач, текстописец
Инструменти Вокали, пијано, гитара
Период на активност 2005–сега
Издавачи RCA, Kemosabe
Соработници Фло Рида
Мреж. место keshasparty.com

Кеша Роуз Шеберт (анг. Kesha Rose Sebert; родена на 1 март, 1987), подобро позната како Кеша (стилизирано и како Ke$ha), е американска поп пејака-текстописец. Во 2005, на 18 години, Кеша потпишала договор со издавачката куќа на Dr. Luke, Kemosabe Entertainment. Иако таа била активен музичар уште од тогаш, била позадински вокал и пишувала песни за други музички артисти, нејзиниот пробив на музичката сцена допол во раната 2009 откако се појавила на синглот број-еден од Фло Рида, „Right Round“.

Нејзиниот прв сингл, „Tik Tok“, издаден кон крајот на 2009, се искачил на првото место во 11 држави. Нејзиниот прв албум, Animal е издаден во јануари, 2010 година и се искачил на прво место во САД, Канада и Грција. До септември, Кеша продала два милиони копии од албумот ширум светот и издала уште три топ-десет синглови од Animal.[2] Подоцна Кеѓа го издала и EP албумот, Cannibal, во ноември истата година, чиј водечки сингл „We R Who We R“ се искачил меѓу првите синглови на табелите.

Кеша рекла дека на неа музички влијанија имаат артистите како Мадона, Деби Хари, Queen, Џони Кеш, Ерон Невил, Боб Дилан и Beastie Boys. Нејзината музика сдржи елементи од денс-поп музика, како и рап музика на многу песни.

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Кеша.

Турнеи[уреди]

Наводи[уреди]

  1. http://www.allmusic.com/album/r1818489
  2. 2,0 2,1 RCA Music Group (27 август, 2010). "Kesha Continues Her 2010 World Domination". Соопштение за печат.  (консултирано на 28 август, 2010)

Надворешни врски[уреди]