Кензингтонски дворец

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кенсингтонска палата)
Прејди на: содржини, барај
Кенсингтонска палата
Kensington Palace

Поглед кон палатата
Општи информации
Град Кенсингтон, Лондон
Земја Англија, Велика Британија

Кенсингтонската палата (англиски: Kensington Palace) е палата која се наоѓа во Кенсингтон, Лондон, Англија. Оваа палата е една од повеќето резиденции на англиското кралско семејство.

Овој имот бил купен од страна на кралот Вилијам III. Главен архитект бил Кристофер Рен. Во 1694 година во оваа палата починала неговата сопруга Марија II Стјуардска. По неколку години, во овој објект присуствувал рускиот цар Петар Велики, како во официјална посета на кралството. Во времето на кралицата Ана бил изграден паркот околу палатата. Првите владетели од Хановерската династија исто така ја претпочитале оваа палата пред палатата Свети Јаков.

Во оваа палата се родила идната кралица Викторија. Принцезата Дијана исто така живеела во овој комплекс, од 1991 година до нејзината смрт во 1997 година.